Шпанија – Австрија 1:0 е исходот од првото полувреме од натпреварот од 1/16 финалето кој се игра во Лос Анџелес. Стрелец на водечкиот гол беше Ојарзабал во 36.минута. Според шансите европскиот првак требаше и мораше да има поубедливо водство. Јамал, Ојарзабал, па потоа во судиското продолжение на Баена и Јамал, но на пауза се замина само со 1:0 а Австријците можат да бидат и среќни. Од она што се виде во првото полувреме, Шпанија која важи ...

Фудбалерите од Хрватска и Португалија играат натпревар од 1/16 финалето на Светското првенство, а овој натпревар е под закана да биде прекинат. Дербито од оваа фаза е закажано за 1 часот вечерва или утринава, кога се предвидува пеколна жештина. Според прогнозите, температурата за време на натпреварот ќе биде околу 32 степени, додека субјективното чувство ќе биде дури 42 степени, поради високата влажност на воздухот. Дополнително ...

Силекс – Балкани 4:0 е исходот од пријателскиот меч кој се одигра попладнево на стадионот на Автокоманда во Скопје. Ова беше “генералка“ за кратовци во пресрет на гостувањето кај Динамо Минск во рамките на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Интересно, се играше 4Х30 минути во договор на двајцата тренери. Стрелци на головите против косовскиот состав беа Богдановски, Хасукиќ, Донов и Николовски. Со оглед на ...

Јасно е дека на Мундијалот, особено во нокаут – фазата и најмалиот пад на концентрацијата не се простува, но она што им се случува на африканските тимови на ова првенство ги надминува границите на тактичките пропусти и полека преминува во царството на сериозен мистицизам и сурово проклетство. Наречете го недостаток на дисциплина, недоволна тактичка зрелост или вуду магија, но фактот е неоспорен и болен – Африка на ова Светско првенство ...

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација, вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, успеа да слави убедлива победа против составот на Р.Ирска со 77:56. Ова е уште една победа за нашите кошаркар во претквалификациите за ЕП, па така сега одиме во главната рунда. Андреј Јакимовски уште еднаш беше одличен и беше лидер во нашиот состав со 19 поени. По мечот тој истакна: „Очекувавме физичка игра од страна на Ирска, така играа и на првиот меч на ...

ГФК Тиквеш од 25 месецов е во погон кога со новиот тренер Оливер Богатинов стартуваа со подготовките. Досега се работеше во домашни услови, а како што велат од Кавадарци викендов експедицијата се сели во Турција. Тиквеш заминува во зимскиот центар Дарваз каде што условите за летни подготовки се идеални. Има и доста турски екипи кои што се подготвуваат таму, а со дел од нив секако Тиквеш ќе одигра и пријателски средби. Што се однесува до ...

Легендата на шпанскиот фудбал, Санти Казорла и официјално ја заврши својата богата играчка кариера. Сега веќе 41. годишниот напаѓач мина повеќе од две децении на терените, а во кариерата настапуваше за Овиедо, Рекреативо Уелва, Малага, Виљареал, Арсенал и Ал Сад. „Мислиме дека животот нè води во различни насоки сè додека не сфатиме дека некои приказни никогаш не завршуваат, тие само нè враќаат на почетокот – како бројка осумка. Мојата ...

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша петтиот триумф во претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Нашите кошаркари покажаа дека се класа за Ирска, на домашен терен славеа со 77-56 и го заверија првото место во својата група. Ова значи дека Македонија ќе обезбеди директен пласман во квалификациите за континенталното натпреварување на кое нема играно од 2015 година. После релативно изедначена прва четвртина во која ...

Најавено, па потврдено. Она што пред неколку дена „СпортСпорт“ ексклузивно го најави, од денес е и официјално. Имено Димитар Трајков е нов играч на Вора, клуб од елитната лига на Албанија. Инаку напаѓачот е и капитен на нашата У-21 млада репрезентација, а ова за него е и уште една шанса да ги искаже квалитетите надвор од Македонија, уште еден предизвик во кариерата. Инаку интересно е тоа што луѓето задолжени за социјалните мрежи на Вора, го ...

Ете, и тоа го има, кога еден од организаторите на СП го третира најдобриот фудбалер на сите времиња како криминалец. Апсурдно. Дали нешто вакво е навистина потребно? Најдобриот фудбалер на очигледно се забавуваше, Лео Меси ја сметаше целата постапка за бескрајно забавна и симпатична, додека обезбедувањето со сините ракавици ја извршува својата работа што е можно попрофесионално. Некои ќе речат дека ова се одлични снимки, други повторно ...

Португалците ќе се сретнат со Хрватска во 1/16 финалето на Светското првенство вечерва или утре наутро од 01 часот, на 3 април во Торонто, а тоа ќе биде многу емотивен натпревар за сите членови во селекцијата на Португалија. Натпреварот се совпадна точно со првата годишнина од смртта на Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година заедно со својот брат Андре Силва. Напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат загинаа во ...

Двајца претставници има македонската одбојка меѓу официјалните лица на Европското првенство У18 за жени, кое од вчера па до 12 јули ќе се одржува во Литванија и Летонија – делегатот Симон Џинес и интернационалната судијка Елеонора Петровска. Џинес и Петровска се дел од официјалните лица во групата два во литванскиот град Шијаулиаи. Џинес е технички делегат на ЦЕВ на сите натпревари и за него ова е второ континентално натпреварување во млади ...

Најдобриот македонски кошаркар од вчера и официјално е нов член на Арис, на еден од најдобрите клубови во Грција. Ненад Димитријевиќ вчера беше промовиран од страна на својот нов клуб, а веќе денеска го даде своето прво интервју за клупскиот сајт на Арис, кое ви пренесуваме во целост… Нено Димитријевиќ ќе биде играч на АРИС Бетсон во следните две години и не го крие возбудувањето за новиот предизвик во неговата кариера. 28-годишниот бек ги ...

На среде Мундијал, и со одработени медицински прегледи во Канзас, САД, Елиот Андерсон и официјално стана член на тимот на Манчестер Сити. Неговиот досегашен клуб, Нотигнем Форест доби фантасични 135 милиони фунти обештетување за англискиот репрезентативец, кој што дефинитивно го прави трансферот на овој летен преоден рок до овој момент. Секако, официјалната промоција на играчот ќе се случи откако експедицијата на Англија ќе се врати од ...

Македонскиот тенисер Обрад Марковски успеа да се пласира во второто коло на MACEDONIAN OPEN 2026 откако во продолжението на мечот денеска го совлада Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови (76(2), 06 и 63). Мечот беше прекинат вчера поради дождот при водство на македонскиот тенисер од 1-0 во сетови. Во денешното продолжение Борисов изедначи на 1-1 добивајќи го вториот сет без загубен гем, а во третиот сет Марковски се врати во игра ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец, искусниот лев бек, Теодор Тодески и во иднина ќе биде дел од тимот на РК Бутел Скопје. Клубот предмалку ја објави соработката со Тодески, која што вели дека е потпипан дил за следните две години. Поточно, Тодески останува дел од РК Бутел Скопје минимум до 2028 година. Клубот летово, е еден од најактивните на домашната ракометна трансфер сцена и констатно има новости на оваа тема. Се ...

Нотингем Форест го раскина договорот со главниот тренер Витор Переира на необичен начин, објави новинарот Бен Џејкобс. Договорот со Португалeцот содржеше клаузула што му дозволуваше на клубот да го раскине до 30 јуни. Вечерта на 30 јуни во 23:58 часот, Форест му испратил и-меил на Переира со кој го известува за раскинувањето на нивното партнерство. Според изворот, Переира веќе ги испланирал предсезонските подготовки на клубот во Португалија. ...

Нашата машка младинска репрезентација на Македонија запиша уште една победа во рамките на подготовките за Европското првенство. После двете контроли со Саудиска Арабија, нашите момци беа подобри од своите врсници од Грција. Избраниците на селекторот Игор Илиевски, денес забележаа победа над репрезентацијата на Грција со резултат 29:25, прикажувајќи квалитетна игра и уште една успешна проверка во рамки на подготвителниот период. Во делот на ...

Тренерот на РК Вардар, Иван Чупиќ очигледно дека и тоа како добро ја заврши задачата во својата премиерна сезона како прв тренер на нашиот најтрофеен клуб, затоа што од страна на ЕХФ е номиниран за тренер на годината во конкуренција од учесниците на изминатата Лига на Европа. Вардар стгина до четвртфиналето во ова натпреварување изминатата сезона, а ако на ова се додаде и двојната круна во домашниот шампионат, како и кам бекот во Лигата на ...

Серџо Скариоло и официјално повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид. Клубот и официјално се раздели со искусниот стратег, и следната сезона ќе има нов стратег на кормилото. „Реал Мадрид и Серџо Скариоло се договорија спогодбено да стават крај на неговиот ангажман како главен тренер на првиот кошаркарски тим. Реал Мадрид, кој секогаш ќе биде негов дом, му се заблагодарува за посветеноста, трудољубивоста и професионалноста што ...

Искусниот ракометен стартег Фарук Мемиќ ќе биде новиот асистент на Бранко Ангеловски кој што ја презема функцијата прв тренер на тимот на Е.Пелистер. Во исто време тој ќе ја обавува функцијата и координатор на младинските категории на клубот, една од најважните функции во тимот од Битола. Мемиќ е добро познато лице во Битола затоа што е повеќе од деценија дел од клубот. Искусниот ракометен стартег Фарук Мемиќ ќе биде новиот асистент на ...

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (18 часот, сала „Лазар Лечиќ“) ја пречекува Ирска во петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2029 По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот ...

Поранешниот дефанзивец на Англија, Џејми Карагер, рече дека не верува дека Гордиот Албион има какви било шанси да го освои Светското првенство во 2026 година. Селекцијата предводена од Томас Тухел, ќе игра против Мексико во 1/8 финалето на турнирот. „Кејн веројатно чувствува дека играњето за Англија сега е како играње за Тотенхем, кога знаеше дека без разлика колку голови ќе постигне или колку блиску ќе биде до совршени 10 од 10 за неговите ...

Во текот на денешниот натпреварувачки ден на програмата се уште три натпревари од 1/8 финалето на тековниот Мундијал. Секако дека во преден план е мега – дуелот меѓу Португалија и Хрватска, меѓу Роналдо и Модриќ. За еден од овие двајца овој меч ќе биде последен во нивните кариери на светските првенства. Шпанија игра со Австрија, Швајцарија со Алжир. Шпанија и Австрија се борат на стадионот „СоФи“ за место во осминафиналето на Светското ...

Тотенхем го објави ангажманот на 21-годишниот централен играч за врска Матеус Фернандеш од Вест Хем. Претходно беше објавено дека Спарс ќе плати 85 милиони фунти за играчот од средниот ред, што го прави најскапиот трансфер во историјата на клубот. „Навистина сум возбуден што го правам следниот чекор. Тотенхем е огромен клуб. Менаџерот одигра клучна улога во мојата одлука да се приклучам на клубот“, рече играчот. Минатата сезона, Фернандеш ...

Капитенот Војдан Стојановски вечерва повторно ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во натпревар кој може да го потврди пласманот во квалификациите за Евробаскет 2029. Македонија од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска во натпревар од 5. коло од претквалификациите, а евентуалната победа ќе значи и официјална потврда на местото во следната фаза. Иако Македонија славеше на првиот меѓусебен ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши својот историски настап на Светското првенство, откако синоќа во првата елиминациска рунда загуби од домаќинот Соединетите Американски Држави во Сан Франциско со 2:0. Веќе на почетокот, Босанците имаа две големи шанси за гол, но ниту Емедин Демировиќ, а малку подоцна и Керим Алајбеговиќ не успеаја да го совладаат американскиот голман. За жал, по израмнетата игра и поништениот гол на ...

Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2026/2027, Одбојкарската федерација на Македонија од вчера го отвора летниот преоден рок за домашните одбојкари и одбојкарки, кој ќе трае се до 31 август 2026 година. Овој трансфер период е дефиниран од ОФМ и се однесува за играчите кои настапуваат во клубовите од националните првенства, додека за странските играчи, односно интернационалците можноста за „промената на средината“ трае се до почетокот ...

Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, екипата на Охрид, денеска потврди дека не успеа да го задржи миленикот на охридската публика Косуке Јасухира и за следната сезона, но како што објавија охриѓани, тој ќе се врати во „Билјанини Извори“ во сезоната 2027/2028! Косуке ќе игра за ГРК Охрид уште најмалку 2 сезони, откако следнава сезона ќе ја помине во екипата на Бурган од Кувајт, со кого има актуцвен договор до 2027 година. “Среќен сум што само ...

Во текот на изминатиот ден се одиграа три и тоа како супер интересни натпревари од 1/16 финалето на Мундијалот. Англија со 2:1 се “провлече“ на мечот со ДР Конго, Белгија на еден драматичен начин славеше со 3:2 против Сенегал, а БиХ беше поразена од САД со 0:2. Наш гостин во рубриката “Коментар на денот“ е редовниот коментатор на “СпортСпорт“, Срѓан Захариевски. -Ако не беше Хари Кејн… „Ако не беше Хари Кејн тешко дека Англија ќе ја минеше ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76