Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Коби Мејно нема да го напушти Манчестер Јунајтед на позајмица оваа зима, како што се претпоставуваше. Тренерската смена на клупата на „црвените ѓаволи“ доведе до пресврт во ситуацијата со младиот фудбалер. 20-годишникот веднаш ја доби довербата на новиот главен тренер Мајкл Керик и тој ќе биде во тимот до крајот на сезоната и ќе се бори за место во првиот состав. За време на поранешниот тренер Рубен Аморим, Мејно размислуваше да оди на ...
Италијанскиот фудбалски гигант Милан е непоразен во Серија А веќе 20 натпревари. Ова на „росонерите“ им се случува за првпат од сезоната 1992/93, кога Фабио Капело со Милан го освои италијанското првенство. Тимот на Масимилијано Алегри има седум нерешени натпревари и 13 победи. За да ја повтори својата серија без пораз од 90-тите, Милан мора да остане непоразен во следните три натпревари, во кои ќе се соочат со Рома (25 јануари), Болоња (3 ...
Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот натпревар од групната фаза на Европско првенство, за противник ја има селекцијата на Романија. Дуелот се игра со почеток во 18 часот, а правдата ќе ја делат Словенците Бојан Лах и Давид Сок. Овој натпревар ќе биде од големо значање за нашите ракометари, ќе мора да дојдат до што поубедлива победа, а потоа да чекаат услуга од Данска која игра со Португалија. Нова задача на ...
Најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане, изјави дека ќе ја заврши својата репрезентативна кариера доколку неговата репрезентација го победи Мароко во финалето на Африканскиот куп на нации. Тоа се случи, но офанзивниот играч реши да ја повлече претходната одлука. Садио Мане беше прогласен за најдобар играч на престижниот турнир, а неговиот Сенегал го крена пехарот по победата над домаќинот (1:0) што ќе се памети долго, ...
Последните информации од Островот велат дека Челзи не го смета веќе Енцо Фернандез за недопирлив и дека ако дојде добра понуда секако дека истата ќе се разгледа и дека нема ништо чудно да биде светскиот шампион со Аргентина да биде продаден. Да потсетиме дека Енцо пред три години за 121 милиони евра од Бенфика дојде на “Стемфорд Бриџ“, и дека овој трансфер и натаму е во ТОП 10 на сите времиња. Малку чудно ако се знае дека парите не се ...
Многу врева се крена во светката фудбалска јавност, по синоќешното финале во Африканскот куп во кое Сенегал со гол во судиското продолжение обезбеди триумф од 0:1 против Мароко, инаку домаќин на турнирот, и на тој начин го подигна пехарот по втор пат во својата историја. Се би било во ред, ако не беше претходната драма која траеше скоро половина час, во која Мароко доби пенал длабоко во судиското продолжение од регуларниот дел по кое ...
Уште еден драматичен натпревар во „Јиске Банк Боксен“ Арена. Во првиот меч од последното коло во групата А, Србија е поразена од Австрија со 26-25, резултат кој им дава надеж на избраниците на Раул Гонзалес дека имаат шанса за пласман во главната рунда, ќе чекаат пораз на Германија од Шпанија. За Автрија овој шампионат заврши. Илиќ имаше шест гола кај Србите, на другата страна ист број на погодоци имаше Вагнер. Првото полувреме мина ...
Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, го заврши натпреварот од Ла Лига против Реал Сосиедад (1:2) со непријатност во бутот и поради тоа нема да биде дел од тимот кој заминува на мечот од Лигата на шампионите. Шпанецот нема да лета со тимот за Прага, каде што Барселона ја очекува натпреварот од Лигата на шампионите против Славија во среда. Се верува дека играчот има мала повреда на тетивата, па затоа неговото учество во натпреварот против ...
Откако и дефинитивно ја загуби битката со Манчестер Сити за Марк Гуеи, Ливерпул мора во од да ги менува своите планови. Ибрахим Конате е без договор на крајот од сезоната и прашањето е дали ќе го продолжи иако наводно има понуда на маса. Не може да се каже дека е во добра форма ниту оваа сезона, иако истото важи и за Вирџил ван Дајк. Италијанецот Џовани Леони е надвор од теренот цела сезона поради скинати лигаменти на коленото, а уште еден ...
Искусниот германски голман, и член на тимот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген се договори сезоната да ја доигра како позајмен играч во тимот на Џирона. Како што јаввуваат медиумите, загубеното стартно место во Барселона, Тер Штеген ќе го менува со Џирона, каде што би требало да ја добие потребната минутажа. Жоан Гарсија едноставно во моментов е незаменлив на Ноу Камп, а главната причина поради која што Тер Штеген го прави ова е фактот што ...
Уште еден новитет во таборот на Пелистер предмалку беше претставен од страна на битолскиот прволигаш. Битолчани се на подоготовки во Анталија, а од таму, лиферуваат засилувања во јавноста како на филмска лента. По Лука Милојевиќ, Томче Гроздановски денеска еве и Филип Петровиќ е претставен со дресот на Пелистер. Се работи за напаѓач, кој што последно играл за тимот на Раднички Пирот. Уште еден новитет во таборот на Пелистер предмалку беше ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов, испрати поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија во рамките на второто коло на Европското првенство. Дуелот заврши со реми (29-29), а за првиот човек тоа е еднакво на победа. Воедно тој испрати апел до ракометарите дека не треба да имаат притисок за утрешниот дуел со Романија. „Ова реми е еднакво на ...
Новиот тренер на ракометниот клуб Е.Пелистер, Стевче Алушовски денеска и официјално почна со работа. Одработувајќи го првиот тренинг со екипата, искусниот стратег, означи нова етапа како во неговата тренерска кариера, така и во работењето на еден од нашите два најдобри ракометни колективи. Алушовски пред неколку дена и официјално беше промовиран за нов стратег на нашиот претставник во Лигата на Шампионите, со надеж дека токму со него до ...
Денеска тимот на Пелистер, кој што патем во моментов се подготвува во Анталија, го претстави Томче Гроздановски како нов играч. Некогашниот македонски младински но и сениорски репрезентативец ги засили битолчани во насока, напролет Пелистер да изгледа сосема поинаку одколку до сега. „Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна ...
По се она што се случуваше вчера на финалето на АФКОН, по сите оние скандали и инциденти, јасно е дека сите оние кои нешто значат во светот на фудбалот си имаат што да кажат. Некои сметаат дека Сенегал треба да остане без титулата, односно мечот да биде прогласен со 3:0 за Мароко ако се знае дека Сенегалците го напуштија теренот, па после се вратија на барање на Садио Мане. Од друга страна и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино имаше свој ...
Во рамките од подготовките во Анталија, тимот на Струга Трим Лум попладнево одигра пријателски дуел против екипата на Тренчин од Словачка. Конечниот резултат гласи 2:2, во игра во која Стружани се покажаа како добар противник. Создадоа шанси, две од нив искористија, против квалитетен противник. Радески погоди во 10. минута, па противникот направи комплетен пресврт, за да во 79. минута Кристијан Малески од пенал ги постави конечните 2:2. ...
Македонската ракометна репрезентација има уште еден натпревар од групната фаза на Европското првенство. После ремито против Португалија шансите за пласман во следната рунда се живи, но сценариото е тешко остварливо. Но, никогаш не треба да се губи надеж. Со оглед на исцрпувачкиот дуел против Португалците, а важноста на мечот против Романија (20.01/18 часот), селекторот Кирил Лазаров одлучи денешниот тренинг да го откаже за да можат ...
Екипата на Силекс денеска ја стартуваше серијата на пријателски мечеви кои што ќе ги игра во Анталија, на базичните подготовки. Кратовци попладнево се поразени, од екипата на Бундјоткор, со конечни 1:2. Единствениот гол за тимот на Силекс го постигна Али Адиќ. Следниот дуел на кратовци е в петок против тимот на Словачко, на 23 јануари. Екипата на Силекс денеска ја стартуваше серијата на пријателски мечеви кои што ќе ги игра во Анталија, ...
И дефинитивно фудбалска Шпанија “гори“. Имено секој реален фудбалси фан забележа дека Барселона вчера на гостувањето кај Сосиедад беше оштетена. Барса беше поразена, но во Шпанија, а посебно во Каталонија се вели дека ова бил фудбалски грабеж од страна на судијата Манзано. На гостите им беа поништени три гола, а не беше суден и еден пенал. Свој коментар даде и капитенот Френки де Јонг, но секако дека во преден план беше изјавата на ...
Денеска на програмата се шест средби на ЕП 2026. Секако дека најинтересно ќе биде во групата А, каде се среќаваат Србија-Австрија и Германија – Шпанија. По маестралната победа на Раул Гонзалес и неговите момци над Германија, сега тие и тоа како се прашуваат. Со победа над Австрија, било каква, и дефинитивно одат во следната фаза. Има и други математики, но сега Србија и Раул сами си ја решаваат својата судбина. На вториот меч од групата меѓу ...
Во Германија се повеќе се шират гласини за можно враќање на Чаби Алонсо во Бундеслигата, овој пат како тренер на Ајнтрахт Франкфурт. Позицијата остана празна по отпуштањето на Дино Топмелер. Според германското издание „Билд“, раководството на клубот го гледа шпанскиот тренер како престижна опција, а спортскиот директор Маркус Кроше инсистира на средба со него за да се истражи можноста за негово привлекување. Веста доаѓа само неколку дена ...
Традиционално за време на Европските и Светските првенства, македонските фанови секогаш ја почитуваат традицијата и големиот православен празник Богојавление Водици. Десетина фанови во еден од базените во данскиот град Архаус го одбележаа празникот, а крстот му припадна на најмладиот, 12-годишниот Марко, кој мина 2.300 километри за да ги бодри македонските ракометари. 1 Традиционално за време на Европските и Светските првенства, ...
Денеска се одржа ждрепката за 1/4 финалето во Копа дел Реј, или Купот на Кралот во Шпанија. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својата Валенсија за ривал го доби тимот на Атлетик Билбао. Со оглед на тоа дека се игра еден меч, еве голема шанса за Столе и неовите соиграчи да стигнат и до полуфиналето. Останатите четвртфинални двојки се Албасете – Барселона, Алавес – Сосиедад и Бетис – Атлетико Мадрид. Мечевите се ...
Најдобриот на сите времиња дојде до 100-тата победа на АО. Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на АО во Мелбурн. Успеа да го победи Шпанецот Педро Мартинез со 3:0 во сетови и со тоа да го почне својот поход кон 25-тиот гренслем трофеј во својата кариера. Се чини дека и полесно од очекувањата. Мартинез немаше никакви шанси на овој меч. Србинот првиот сет го доби со 6:3 во гемови, за да потоа во вториот и третиот сет беше 6:2. Овој дуел траеше ...
Марко Стојковиќ го игра најтешкото првенство во неговата кариера. Пикерот на Алкалоид непосредно пред Европското првенство го загуби својот татко. Иако болката е голема, сепак Стојковиќ на теренот покажа дека е голем професионалец. Овие денови на негова адреса стигна голема поддршка од македонските фанови. „Голема благодарност до цела јавност поддршката. Ние сме професионалци, приватниот живот го оставаме на страна. Сите треба да го ...
И тоа како беше скандалозно финалето на АФКОН меѓу Мароко и Сенегал, во кое славеа гостите. Финале во кое имаше од се по нешто, се разбира во негативна конотација а и самиот прес по мечот беше одбележан со голем скандал. Судирите од натпреварот се проширија и на прес-конференцијата. Иако помина повеќе од еден час помеѓу крајот на финалето и церемонијата на доделување на трофеите и прес-конференцијата, тензиите не стивнаа. Кога Папе Тијао ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е новиот рекордер во редвовите на националниот тим по постигнати голови на Европските првенства. Тој во ремито против Португалија постигна 15 голови со што го мина сегашниот селектор, Кирил Лазаров, кој на ЕП 2012 против Данска постигна 13 погодоци. Го прашавме Лазаров за новиот момент и рекордот на Кузмановски, кој вчера додека не го прашавме не беше запознаен. „Мене ми ...
СпортСпорт во Хернинг, Марија Ковачева По проспиената ноќ по се она што се случуваше на средбата со Португалија, денеска селекторот Кирил Лазаров со свое видување за тоа што следува утре против Романинја. Инаку Лазаров вчера, тоа треба да се напомене, на маестрален начин го водеше репрезентативниот тим кој со малку повеќе среќа можеше и да победи. „Се подготвувавме многу за Португалија, да, треба да сме свесни дека направивме добар резултат ...
Јасно е дека капитенот Филип Кузмановски со своите 15 голови и новиот рекорд, заслужено беше прогласен за МВП на средбата со Португалија, но исто така јасно е дека она што го направи нашиот голман Мартин Томовски во последната минута од мечот беше нешто фантастично. Тој успеа да одбрани два удари на Португалците, посебно важен беше тој вториот со кој и донесе бод на Македонија. И кога е така, а така е секако, тогаш и медија – тимот на ЕХФ ја ...
Иако се далеку од дома, од Битола, денеска фудбалерите на Пелистер покажаа дека и тоа како ја почитуваат традицијата, својата вера и секако денешниот празник Водици. Имено битолчани се во Анталија, но и таму, барем на симболичен начин го прославија празникот со фрлање во хотелскиот базен. Сепак, празникот мора да се испочитува. Бог се јави. За многу години Богојавление! Иако се далеку од дома, од Битола, денеска фудбалерите на Пелистер ...