Јошко Гвардиол, еден од најдобрите стопери во денешниот фудбал, член на Манчестер Сити и селекцијата на Хрватска, во интервјуто за ЕСПН, одговори на прашањето кој е најдобар во светот на фудбалот. “Секогаш кога одговарам на тоа прашање, одговорот е ист – Лео Меси. Во три наврати имав можност да играм против него. Кога сака може без проблем да направи разлика на теренот и да го сврти натпреварот во корист на неговиот тим“ посочи Хрватот. По ова ...

Од денеска селекцијата на Косово е на 84.место на ФИФА листата. Со ова репрезентацијата на нашиот северен сосед испиша историја, ова е најдобриот пласман во историјата на оваа селекција. Досега тоа беше 91.место, но по победата над Шведска и по ремито со Словенија направи скок од седум места. Ова е само доказ дека Косово во последно време игра одлично и со малку среќа има шанси да се пласира директно на СП 2026 или во најмала рака да игра бараж ...

Прво Жалгирис, а вечерва и Реал Мадрид падна пред Ц. Звезда во меч од Евролигата во Арената во Белград под водство на новиот стратег Саша Обрадовиќ. Се гледа дека под водство на Обрадовиќ, “црвено- белите“ се некоја друга димензија. Да се победи Реал Мадрид со 90:75 секако дека не е мала работа, посебно ако се знае дека по првата четвртина гостите од Мадрид имаа +5. Сепак носени од своите фанови, од тактичките замисли на својот тренер, Ц.Звезда ...

Анжелика Митровиќ блескаше во дресот на Фрибург, и со тоа му помогна на својот тим да слави против Берое и тоа на гости во 2.коло во Еврокупот. Најдобрата наша кошаркарка постигна 25 поени, а имаше и пет скока и осум асистенции за вкупно 36 индексни поени. Токму затоа Митрашиновиќ се најде во тимот на колото во ова натпреварување. They REALLY SHOWED OUT this week! 🌟 Who was your MVP of #EuroCupWomen Gameday 2? 👀 🗳️ CLICK & VOTE BELOW — ...

Ракометарите на РК Вардар 1961 вечерва на гости кај Куманово победија со 25:32 и со тоа дојдоа до осмата победа во Суперлигата. Значи некогашниот двоен европски првак сега има “осум од осум“ и затоа се наоаѓа на чело на табелата во нашата елитна ракометна лига. Вечерва во Куманово во меч од 8.коло, домашните во првиот дел одиграа добри минути, тука беа некаде резултатски, му парираа на големиот фаворит. Сепак гостите во второто полувреме ...

И покрај најавите, до пред извесно време и од него самиот, Пеп Гвардиола нема намера така брзо да прави одмор и од Манчестер Сити и од фудбалот воопшто. Да потсетиме дека од 2008 година кога Пеп ја презеде Барса, па до денеска тој има имаше една сезона “луфта“ и тоа пред да седне на клупата на Барн Минхен. Можеби затоа неговиопт поранешен аналитичар Карлес Планшарт, неодамна изјави дека најдобро за Гвардиола е да земе малку одмор. Еве на тоа ...

Уште еден одличен потег на раководството на Фудбалската федерација на Македонија која донираше возило за ЈЗУ Ошта болница со проширена дејност Борка Талески. Се разбира дека после ова со пригодно зборови од прилепската болница за заблагодарија на оваа донација: „Изразуваме искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и до потпретседателот Марјан Стојкоски – Мантата за нивната вредна донација на возило. Вашата поддршка е ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, верува дека неговиот тим ќе ја покаже својата реакција на три последователни порази со својот настап во дербито во недела против Манчестер Јунајтед. Според него, „Црвените ѓаволи“ играат подобро отколку што покажува пласманот на тимот. Холанѓанецот, исто така, ги смири загриженостите за состојбата на Рајан Гравенберг и Ибрахима Конате, кои имаа проблеми со повреди по меѓународните натпревари. „Рајан Гравенберх ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер во понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа купот против Превидза од Словачка. Ова ќе биде прв историски домашен европски меч на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот. Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари. Влезниците за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во „ЗИКС“ во понеделник ...

Овој викенд поради Локалните избори нема да има спортски настани во Македонија. Познато е уште поодамна дека мечевите од 10.коло во ПМФЛ се презакажани за следниот викенд. Но затоа во вторник и среда се играат пет натпревари од втората рунда или осминафиналето во Купот на Македонија, а последниот на 19 ноември. Веднаш да кажеме дека две екипи се веќе во третата рунда и тоа второлигашите Детонит и Охрид: ОВА СЕ ТЕРМИНИТЕ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО ...

Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во шампионатот во Узбекистан. Македонецот во дресот на Согдиана попладнево, во меч од 25.коло во елитната лига беше стрелец на нов гол за својот тим. Се играше 10.минута кога резултатот на мечот Согдиана – Термез беше 1:0, за да некогашниот репрезентативец на Македонија ја затресе мрежата на гостите за 2:0. На крајот резултатот гласеше 2:1 за домашниот состав. Ова за Дориев беше 14-ти гол сезонава по ...

Ламине Јамал повеќе не потпишува дресови во тренинг-центарот на Барселона, пишува каталонскиот Mundo Deportivo и додава: „На Јамал, луѓето кои ги управуваат неговите маркетиншки договори му советувале да престане да дава автограми. И понатаму ќе се фотографира со навивачите, но повеќе нема да потпишува, потврдија извори од клубот. Во иднина потписот на Јамал на дрес, топка или фотографија ќе има своја цена.“ Mundo Deportivo наведува: „Јамал ...

Од денеска и официјално Драган Стојковиќ – Пикси не е веќе селектот на Србија. Она што беше познато, од денеска е и официјално. Раководството на Фудбалкиот сојуз на Србија, денеска објави дека е договорено со Пикси да се раскине договорот и затоа тој нема да добие никаква отштета, туку само платите додека бил селектор, значи заклучно со овој месец. Пикси беше селектор на Србија 4,5 години и за тоа време оваа селекција настапи на СП 2022 и на ЕП ...

Македонската кадетска машка репрезентација со пораз стартуваше на „Трофеј Карпати“, откако беше убедливо поразена од Полска со 39-28. На овој турнир, покрај домаќинот Романија учествува и селекцијата на Србија, истиот е во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП 2026 што ќе се играат во Луксембург, а освен домаќинот ривали на Македонија ќе и бидат Грција и Финска. Македонија беше рамноправен противник во првите 15. минути до кога се ...

Германскиот стопер Антонио Ридигер ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната 2025/26, кога му истекува договорот, пишува германскиот „Билд“. Ридигер (32) пристигна во шпанскиот клуб во 2022 година како слободен агент од Челзи, а во изминатите три сезони беше еден од клучните играчи во одбраната, пишува „Дејли меил“. Искусниот дефанзивец одигра 157 натпревари за Реал и освои осум трофеи, но оваа сезона падна во втор план под водство на ...

Претприемачот од Лимасол и претседател на кипарскиот второлигаш Кармиотиса, 49-годишниот Ставрос Демостенус, беше убиен во петокот наутро во престрелка додека се наоѓал во својот автомобил. Тој починал на пат кон болница, а полицијата поради истрагата затвори дел од автопатот, што предизвика големи сообраќајни метежи, пренесува Cyprus Mail. Демостенус, претседател на второлигашкиот фудбалски клуб Кармиотиса ФК, бил застрелан пред 10 часот во ...

По завршување на октомврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026 година, ФИФА го објави најновиот ранкинг. Македонија падна две места на најновата листа, се наоѓа на 65. место. Оваа позиција доаѓа после двете ремија против Белгија и Казаахстан во квалификациите за Мундијлот. Нашта фудбалска репрезентација не успеа да го искористи домашниот терен против Казахстан и силно да зачекори кон СП. Шпанија ја зацврсти својата ...

Микел Хансен ја скрати долгата коса која беше негов заштитен знак со години. Причината за ваквиот потег на данската и светска ѕвезда е кампањата за поддршка на болните од рак. Според Данското здружение за рак, околу 130 Данци се дијагностицираат со рак секој ден. Речиси 400.000 луѓе во Данска или имаат рак или го имале во минатото. „И мојот татко беше погоден од рак – за среќа денес е добро. Ова е мој начин да покажам дека стоиме заедно против ...

Словенечкиот репрезентативец и кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, е именуван за официјален амбасадор на ФИФА за областа Лос Анџелес пред претстојното Светско првенство во фудбал, кое покрај САД ќе го организираат и Канада и Мексико. „Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемиот спортски настан во светот и многу сум возбуден. Отсекогаш сум гледал фудбал, а го гледам и сега. Тоа е голем дел од мојот живот“, рече Дончиќ. ...

Енцо Мареска се почесто размислува за заминување од Челзи, иако на кормилото на лондончани дојде во 2024 година. Според лондонски извори, Мареска има сериозни сомнежи за својата иднина во лондонскиот клуб, а таа информација стигнала и до Италија. Се вели дека големиот Јувентус е многу заинтересиран да го доведе Мареска во клубот доколку тој на крајот на сезоната реши да го напушти Челзи. Мареска наводно е незадоволен од неколку работи во Челзи. ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денес објави дека се продадени повеќе од еден милион билети за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. Најголема побарувачка имаше од клиенти во САД, Канада и Мексико, а билети купиле навивачи од 212 различни земји, иако само 28 од 48-те учесници се познати. ФИФА изјави дека меѓу првите 10 земји по број на купени билети се Англија, Германија, Бразил, Шпанија, ...

Главната ѕвезда на лондонски Челзи, Кол Палмер ќе отсуствува уште шест недели од фудбалските терени, поради повреда. Ова лично го потврди менаџерот на тимот, Енцо Мареска. „Погрешив со враќањето на Палмер. За жал, му требаат уште шест недели. Се обидуваме да го заштитиме колку што е можно повеќе. Медицинскиот тим не е магионичар. Се надеваме дека шест недели ќе бидат доволни“, рече Енцо Мареска, истакнувајќи дека на играчот, за среќа, не му е ...

Оваа година, играчите на Реал Мадрид повторно си добија автомобили од нивниот спонзор БМВ, со кого „кралскиот клуб“ соработува веќе четврта сезона. Прв својот нов автомобил го избрал тренерот Чаби Алонсо, кој се одлучил за луксузниот BMW i7, чија цена започнува од 135.000 евра, а чиј мотор од 544 коњски сили овозможува максимална брзина од 240 км/ч. Овој модел се покажа како најпопуларен меѓу играчите, затоа што за него се одлучија и Едер ...

Фудбалската федерација на Косово објави дека официјално го формализираше новиот договор со селекторот Франко Фодa за уште 2 години. Договорот со Фодa бил потпишан уште на првиот ден од собирот на репрезентацијата во октомври. Со новиот договор, Фода ќе ја предводи репрезентацијата на Косово до крајот на 2027 година, со можност за автоматско продолжување во случај на квалификација за Европското првенство во 2028 година. Франко Фода ја презеде ...

Фантастичниот цепелин на Никола Митревски и Дејан Манасков е прогласен за најдобар погодок во 5. Коло во ракометната лига на шампиони. „Ремек-делото“ на ракометарите на нашиот првак несомнено е потег на колото и сосема заслужено го добива признанието и од Европската куќа на ракометот. 🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje! 1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister 2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin 3️⃣ Martim Costa – Sporting ...

Новото бековско засилување на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, ќе биде подготвен за гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Англичанецот се повреди на натпреварот против Олимпик Марсеј во септември и имаше сериозни сомнежи дека ќе биде подготвен за големиот судир со клубот од неговиот роден град. Пред два дена тој и Даниел Карвахал учествуваа на тренингот на Реал Мадрид и веќе преземаат чекори кон враќање во игра. Ова нема да се ...

Славниот бразилски фудбалер Тиаго Силва е веќе херој на Флуминенсе, за кого игра втора сезона по ред, а синоќа стана херој и во победата над Хувентуд. Поранешниот играч на ПСЖ, Челзи и Милан и на 42 години успеа да постигне еден феноменален погодок и тоа во 98-та минута, со полуножички, со што му донесе победа на својот тим. Силва беше шампион на Италија со Милан, шампион на Франција со ПСЖ седумпати, додека ја освои Лигата на шампионите во ...

Шкендија следната недела ќе го одигра првиот домашен натпревар во лигашката фаза на Конференциската лига. Од клубот веќе ги објавија и цените за билетите за мечот против Шелбурн закажан за во четврток, а продажбата започнува денеска. Цените варираат од 500 до 800 денари, во зависност од трибината и блокот. Билетите ќе се продаваат онлајн преку „МкТикетс“, а физички ќе бидат достапни во Тетово, во „Монако Тобако“. На денот на натпреварот, билети ...

Британската кошаркарска федерација потврди дека машката репрезентација на Велика Британија е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања под капата на ФИБА и дека ќе ги пропушти претстојните натпревари. Поточно, како резултат на суспензијата, репрезентацијата на Велика Британија нема да го игра својот домашен натпревар против Литванија во Лондон на 27 ноември, ниту пак селекцијата ќе учествува на некои гостувања во овој период. Одлуката ...

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, одбојкарите на Штип УГД, денеска ќе имаат сериозна контрола во очекување на почетокот на новата сезона и премиерните настапи на клубот на европската сцена. Штипјани попладнево во Солун ќе одиграат силен пконтролен натпревар против еден од најдобрите грчки состави, екипата на ПАОК, чиј предводник веќе неколку сезони е актуелниот селектор на на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски. Ова ќе биде ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
72%
1024
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
90%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
98%
1026
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.24
79%
1020
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
96%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1021
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Паладиум

46650.73

Иридиум

145787.60

Родиум

256402.20

Сребро

2008.67

Платина

53749.14

Злато

135736.19

Кобалт

58.42

Цинк

3.26

Бакар

10.84

Рутениум

29192.88

Калај

40.84

Никел

467712.99