Лука Дончиќ ја потврди својата неверојатна форма во победата на Лејкерси над Мајами од 134:126. Тој постигна 60 поени за 37:36 минути на теренот. Тој шутираше 18/30 од поле и 9/17 од тројки. Тој погоди 15 од 19 слободни фрлања. Додаде седум скока, три асистенции и пет украдени топки. Дончиќ постигна 100 поени во последните 24 часа, откако постигна 40 во победата против Хјустон само еден ден претходно. Во последните 24 часа, Дончиќ постигна ...

Ова лето, од 14-19 Јуни, Охрид ќе биде домаќин на специјализиран кошаркарски камп – “PERFORM ELITE“, кој е наменет за млади и перспективни кошаркарки кои сакаат да го унапредат своето знаење и вештини на повисоко ниво. Станува збор за прв ваков камп во Македонија наменет исклучиво за кошаркарки, организиран од страна на Јелена Антиќ — поранешен Евролигашки и Еврокуп играч со богата интернационална кариера, како и репрезентативка на ...

Кошаркарите на ТФТ по продолжение славеа на гостувањето кај Куманово во мечот од 19. коло во домашниот кошаркарски шампионат. ТФТ победи со 76:83 и ја задржува втората позиција на табелата зад шампионот МЗТ Скопје А. Гостите од Скопје тргнаа со подобра игра на денешното гостување и имаа минимална предност по првите 10 минути од 18:22. МКК Куманово во вториот период се врати и успеа да надомести дел од разликата, по што ТФТ со само поен ...

Шампионите во НБА лигата за 2021 година се преед пресвртница – со или без Јанис Адетокумбо и целосна реконструкција на тимот. Ова прашање не е ново, се актуелизира веќе најмалку една година и им тежи на двете страни на преговарачката маса, а на крајот на краиштата, ќе влијае и на резултатите на Бакс, кои по долго време нема да се пласираат во плеј-офот оваа сезона. Милвоки влегува во сезоната на 11-то место на Истокот, осум победи зад првиот ...

На седницата на Управниот одбор, која се одржа вчера, беше разгледано и прашањето за одржување на Редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија. За новото раководство на „куќата на ракометот“, предводено од претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, ова ќе биде прво собрание откако ја презедоа одговорноста да го водат македонскиот ракомет. Очекувањата се дека на Собранието ќе се отворат ...

Македонската женска ракометна репрезентација е на добар пат да се пласира на Европското првенство 2026 година. Против Белгија успеа да дојде до првата победа, откако претходно беше поразена од истата селекција на гостински терен. До крајот на квалификациите остануваат уште два меча против Словенија и Германија, а против фаворитите нашите ракометарки ќе мораат да се изборат за што подобра гол-разлика за да можат да се надеваат дека како ...

ГРК Охрид, во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп, за противник, го доби тимот на Олимпијакос. Со оглед на вжештената атмосфера по минатогодишното финале во ова натпреварување помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК, двата клуба во соработка со ЕХФ одлучија да не продаваат билети на гостински навивачи на двата меча. Ова го потврдија од таборот на ГРК Охрид, а во целост ви го пренесуваме нивното соопштение. ГРК Охрид, во четвртфиналето на ЕХФ ...

Екипата на Пелистер (до 18 години) ќе се бори за нов пласман во завршницата во Лигата на шампиони. Овој пат ќе биде дел од турнирот кој ќе се одржи на 30/31.03.2026 година во Пореч, Хрватска, каде во првиот полуфинален натпревар ќе ги одмери силите со екипата на РК Алборг од Данска. Во второто полуфинале ќе се соочат Загреб и Фуксе Берлин, а победниците од двете средби ќе играат за место на Ф4. Од таборот на клубот го претставија тимот кој ...

Така е тоа кога имаш екстра селектор и тоа еден Раул Гонзалез, некогашниот стратег на Вардар со кој стана европски шампион во 2017 година и екс – селектор на Македонија. Имено селекцијата на Србија вечерва во Ниш, во првиот меч од претквалификациите за пласман на СП 2027, успеа да ја победи Литванија со убедливи 42:25 (21:12). Иако има реванш, сега веќе се знае дека четата на Раул ќе се пласира понатаму и во главниот бараж за Мундијалот ...

Македонската ракометна репрезентација после неколку денови подготовки денеска заминува за Австрија каде ќе одигра пријателски натпревар против истоимената селекција. Натпреварот е закажан на 21 март во 18 часот во градот Брегенц. Селекторот, Кирил Лазаров за ЕХФ-неделата повика 20 ракометари. За овие мини-подготовки одлучи да ги одмори Никола Митревски и Жарко Пешевски, а поради повреди ги нема Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов. Во составот се ...

Извршната комисија на ИХФ ги распредели градовите домаќини за Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Претходно беше познато дека Германија ќе игра во групата А во Минхен, додека Данска во групата Г во Кил. Хрватска ќе игра во Минхен – група Ц, Швајцарија во Штутгарт – Група Б, додека Исланд ќе игра групата „Х“ во градот Магдебург. Репрезентацијата на Франција ќе игра во градот Штутгарт – група Д, а Шведска исто како и ...

Лоши вести од Србија за стратегот на РК Вардар, Иван Чупиќ а и за сите во клубот. Имено десното крило, Вукашин Воркапиќ се повредил на вчерашниот меч на кој неговата Србија ја декласира Литванија во претквалификациите за СП 2027. Познато е дека ракометниот репрезентативец на Србија е еден од најважните играчи на Вардар во последно време и затоа ако не може да игра тогаш за “црвено – црните“ тоа ќе биде голем хендикеп на претстојните мечеви, ...

Завршија првите полувремиња од денешните два меча од 24.коло во ПМФЛ, на кој играат аспирантите за титулата, Вардар и Шкендија. Арсими – Вардар 1:0 и тоа со прекрасниот гол на Гони во 43.минута. Спахиу и Велковски имаа свои шанси да му донесат предност на Вардар, но голманот Силјановски остана несовладан. На другата страна Гафури се закако по голот на Талески. И тогаш Шпанецот Гони донесе радост за домашните во таа 43.минута. Во Ѓорче ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше задоволен по победата од 1-0 над Каљари. Победата го искачи неговиот тим на второто место на табелата, барем привремено. Тренерот призна дека клубот го следи лидерот Интер, но не сака да дава празни ветувања дека ќе се бори за титулата, бидејќи разликата останува голема. „Направивме премногу грешки. Можевме подобро и повеќе да ја контролираме играта, со оглед на тоа што Каљари не нè притискаше. Во ...

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ја продолжува својата правна битка со својата поранешна свршеница, Анамарија Голтес, која моментално е во Словенија со своите ќерки. Според TMZ, Лука поднел правни документи до судот во Лос Анџелес и бара од мајката на неговите деца да го отфрли барањето за алиментација. Причината е што нема основа овој спор да се покрене пред суд во Калифорнија, бидејќи таа е во Словенија со своите ќерки. Според ...

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го нападна Нејмар, велејќи дека и покрај неговиот талент, никогаш не го сметал за играч од врвно ниво како Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Поранешниот напаѓач на Англија изјави дека кариерата и достигнувањата на Бразилецот не биле импресивни. Коментарите беа дадени за време на интервју за подкастот „The Overlap“ и доаѓаат откако играчот на Сантос не е повикан од Анчелоти пред Светското ...

Сопствениците на Ливерпул се откажаа од плановите за проширување на својот бизнис со купување на дополнителен клуб, откако „Фенвеј Спортс Груп“ го запре проектот за формирање на систем со повеќе клубови. Иако амбициите за проширување на фудбалското портфолио беа објавени уште во 2024 година, а враќањето на Мајкл Едвардс беше поврзано со тој план, се чини дека преговорите и анализите сè уште не донеле конкретен заклучок. Во претходниот период ...

Долгогодишниот соработник на Жозе Мурињо, Силвино Луро, почина на 67-годишна возраст. Тој беше погребан вчера во Лисабон според исламските обичаи, а Специјалниот со солзи се прости од него. Во џамијата во Лисабон, Жозе Мурињо со солзи се прости од својот голем пријател и соработник Силвино Лур, кој почина ненадејно на 67-годишна возраст. Силвино беше погребан во Лисабон според исламските обичаи, а Жозе не ги криеше солзите за загубата на ...

Во рамките на презентацијата на извештајот на работата на управниот одбор и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна и на уште една горлива тема која што беше многу важна во оваа измината година од неговиот мандат. А тоа секако се индициите за наместени натпревари од домашниот ПМФЛ и ВМФЛ шампионат, а за кој што јавноста ревносно е заинтересирана. Омерагиќ објави дека наскоро ќе има целосна и транспарентна информација околу овие ...

Ливерпул гостува кај Брајтон во натпреварот од 31-то коло од Премиер лигата, и доколку биде успешен, шампионот ќе влезе меѓу првите 4 на привремената табела. Натпреварот требаше да започне во 13:30 часот, но е одложен за 15 минути поради сообраќајна несреќа на автопатот А27. Екипата на Арне Слот одигра два последователни разочарувачки лигашки натпревари, освојувајќи само еден бод, но во неделата одигра еден од најсилните настапи во сезоната, ...

Нашиот Елиф Елмас и Данецот Расмус Хојлунд денеска беа на исти страни и во иста соблекувална. Така нема да биде за само неколку дена во Копенхаген. Двајца од највпечатливите фудбалери во составот на Антонио Конте во Наполи оваа сезона, по денешниот меч на Сардинија и победата над Каљари од 1:0 заминуваат на собирите со своите репрезентативни колеги. Елмас во Скопје, Хојлунд во Копенхаген. За неколку дена, Елмас и Хојлунд повторно ќе истрчаат ...

Арсими го очекува уште една исклучително тешка пресметка, овојпат против актуелниот лидер Вардар, во натпревар од 24. коло на првата лига. Гостиварскиот состав се надева дека ќе ја продолжи подигнатата форма и дека може да стигне до позитивен резултат, иако задачата е многу комплексна. Еден од најискусните фудбалери на тимот, Башким Велија, верува дека Арсими се движи во вистинска насока и покрај минималниот пораз од Шкендија во претходното ...

После пласманот во полуфиналето на Купот со победата на пенали над Струга ТЛ, екипата на Шкендија ја очекува уште една гостинска задача и во Првата лига на Македонија, и дуел против Македонија ЃП. Шампионот влегува во пресметката со полн оптимизам, затоа што остана единствениот тим кој може на крајот да дојде до двата пехари, а дефанзивецот Мевљан Мурати очекува до крајот на сезоната екипата да го даде максимумот да дојде до двојната круна. ...

Реал Мадрид сега се соочува со нова тешка задача во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тоа е средба со Баерн Минхен, кој игра атомски фудбал оваа сезона. Паралелно со натпреварите оваа сезона, Флорентино Перез работи и на засилувања за следната сезона, а главниот играч што го сака е ѕвездата на тимот од Минхен. Станува збор за Михаел Олисе, а самиот Флорентино Перез е лицето кое ги водеше преговорите со играчот и неговиот табор од ...

Денвер Нагетс ги победија Торонто Репторс со 121:115 по одлична борба и пресврт во последната четвртина, а Никола Јокиќ повторно одигра клучна улога. Српскиот центар го заврши натпреварот со 22 поени, осум скока и девет асистенции и беше многу блиску до уште еден трипл-дабл. Иако Денвер не изгледаше убедливо во поголемиот дел од натпреварот, Јокиќ беше најважниот играч во моментите кога резултатот се кршеше. Нагетс лошо го започнаа ...

Времето на Рандал Коло Муани во Тотенхем истекува, а неговото враќање во Јувентус е на повидок на лето. Напаѓачот на Пари Сен Жермен ја помина втората половина од минатата сезона со гигантот од Серија А, постигнувајќи десет гола на 22 натпревари. Тоа го натера Јуве да побара летен трансфер за ѕвездата, што не се реализираше во преодниот рок. Тоа им овозможи на Спарси да се приближат и да го обезбедат 27-годишникот на позајмица до крајот на ...

Ливерпул го прегази Галатасарај на „Енфилд“ со 4:0 и го потврди своето место во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Црвените“ брзо успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч во Истанбул (0:1) и во еден отворен меч дојдоа до убедлива победа, која на крајот и не соодведствува целосно со случувањата на теренот. според шансите и понитените голови, Ливерпул вечерва можеше да ја наполни мрежата на Галата со најмалку 6-7 погодоци. Сепак ...

Денеска некаде после 16:30 часот ќе дознаеме кој ќе биде противник на Шкендија Арачиново во полуфиналето во Купот на Македонија, Струга ТЛ или тетовска Шкендија? Имено денеска два од трите наши најдобри клубови, кои се на втората и третата позиција на табелата во ПМФЛ, во меч од 1/4 финалето ќе решат кој ќе оди натаму. Како што е познато натпреварот се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток од 14:30 часот. Во пресрет на денешниот ...

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона – Атлетико Спортинг – Арсенал Првите натпревари ќе се играат на 7 и 8 април, а реваншите на 14 и 15 април. Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници ...

Голманот на Барселона Жоан Гарсија ја повреди ногата при крајот од реваншот против Њукасл во осминафиналето на Лигата на шампионите (7:2, прв натпревар 1:1). Според новинарот на „Ас“, Чави Мигел, Гарсија ќе мора да отсуствува 2-3 недели поради мала повреда на левиот мускул на листот. Ова не е добар знак за Барселона, затоа што уште двајца фудбалери по денешниот дуел со Њукасл се пожалиле на повреди, но за нив ќе се чекаат утрешните прегледи. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1015
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
60%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
66%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.7
48%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
93%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
9.26
45%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
31%
1022
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1019
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Иридиум

253540.09

Паладиум

46200.62

Рутениум

52984.43

Калај

49.49

Платина

62147.39

Алуминиум

3.54

Злато

147447.44

Бакар

11.92

Кобалт

45.39

Родиум

321507.47

Сребро

2365.28

Цинк

0.00