Тимот на Селта изненадувачки попладнево триумфираше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0:1, и на тој начин ги задржа своите шанси да биде дел од Лигата на Шампионите следната сезона. Единствениот гол на овој меч го постигна Иглесиас во 62. минута, а потоа домаќинот не успеа повеќе да се врати во игра. Атлетико и натаму е четврти со 63 бодови, додека пак Селта е шест со 50. Главниот конкурент на тимот на Селта во моментов е Бетис кој што е ...

Со високи, убедливи и заслужени 3:0, тимот на Манчестер Сити предмалку на свој терен го совлада тимот на Брендфорд и ја одржа во статус кво битката за титулата во Премиер лигата. Фаворитот се мачеше во првиот дел и не постигна гол за да во продолжението нештата ги постави на свое место. Најпрво во 60. минута Доку го отвори резултатот, за да петнаесет минути подоцна, Халанд зголеми на 2:0. Во судиското продолжение, Мармуш ги постави конечните ...

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим кај тимот на Лацио, Интер обезбеди висока и убедлива победа од 0:3. Лаутаро по само шест минути игра успеа да погоди за 0:1, за да Сучиќ во 39. минута зголеми на 0:2. Мхтаријан во 76. минута го постави конечниот резултат 0:3. Интер го освои 85. бод ...

Утре нè очекува најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на “Камп Ноу“, кој со децении ги собира најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и го привлекува вниманието на милиони фанови ширум светот. „Ел Класико“, сепак, не е само судир на големи ривали на теренот, туку и споредба за огромни договори и милионски плати. Реал Мадрид и Барселона денес имаат едни од најскапите играчи во своите редови, а податоците ...

Брајтон со убедливи 3:0 го победи Вулверхемптон на својот „Амекс“ во 36-то коло од Премиер лигата. Рутинска победа за тимот на Фабиен Хирцелер, која беше креирана во првите пет минути. На самиот почеток од натпреварот, ударот со глава на Џек Хинселвуд во трката за промена на резултатот на семафорот. Се играше само 36 секунда. Во петтата, Брајтон го дуплираше водството преку Луис Данк, кој исто така со глава го погоди центаршутот на Максим Де ...

Во пресрет на утрешните натпревари од Прва и Втора МФЛ и завршницата од првенствената сезона, Фудбалската федерација на Македонија преку Одделот за безбедност и интегритет упатува апел до клубовите, навивачите и сите поддржувачи за фер, спортско и достоинствено навивање. ФФМ апелира да не се користат скандирања, пораки или било какви содржини што поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство врз основа на верска, национална или расна ...

Екипата на Вардар е на само чекор од освојување на шампионската титула во овогодинешиот прволигашки шампионат. Денеска во рамките од 31. коло, „црвено – црните“ на свој терен го совладаа Силекс со 2:1, и на тој начин се само на бод од титулата на две кола до крајот. Вардар има 77 бода, Шкендија 71, и на последните два меча на Вардар му е потребен само бод. Против Струга ТЛ односно Шкендија во последното коло. Во меѓувреме, „Комити“ веќе ...

Во Куманово успешно се реализираа третите од вкупно четирите Мини Олимписки игри 2026, организирани во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност. На настанот учество земаа 240 ученици и 20 наставници од основните училишта, кои преку спортски и едукативни активности ги промовираа олимписките вредности – фер плеј, почит, тимска работа и пријателство. Мини Олимписките игри свечено ги отворија претседателот на Македонскиот ...

Струга Трим Лум сѐ уште се надева дека може да стигне до втората позиција на табелата, иако има заостанување од шест бода во однос на Шкендија, а денеска гостува токму во Тетово. Капитенот на тимот, Буњамин Шабани, вели дека тој и соиграчите се подготвени за надигрување. „Нѐ очекува дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен меч и празник за сите љубители на фудбалот. Што се однесува до нас како екипа, ...

Како што наближува крајот на сезоната во ПМФЛ, комбинаториките во борбата за подобри позиции стануваат погласни, при што секоја страна јасно знае кон што цели. ФК Пелистер како прволигашки клуб со голема традиција е повеќе од локален бренд, но оваа година имаше слаб старт на сезоната и сѐ уште го нема потврдено опстанокот во елитното друштво за следната година. Оттука, целта на битолските „зелено-бели“ е јасна и недвосмислена, а резултатите ...

Денеска продолжуваат натпреварите во плеј-офот. Новиот првак, Вардар само два дена после дербито со Пелистер на кое го потврди кам-бекот на тронот, денеска е гостин на ГРК Охрид. Натпреварот се игра со почеток во 18 часот, во СЦ „Билјанини Извори“. Охриѓани кои стигнаа до финалето на ЕХФ Европскиот Куп и во овој момент го делат второто место на табелата со битолчани, сонуваат да испишат нова историја и да дојдат до триумф против ...

Утре од 21 часот се игра веројатно најголемото клупско дерби во светот на фудбалот, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Не е тајна дека односите меѓу двата клуба се затегнати. Уште еден доказ за тоа е откажувањето на заедничкиот ручек на претставниците на Барса и Реал, поточно на претседателите Хоан Лапорта и Флорентино Перез, во пресрет на „Ел Класико“. Истиот нема да се одржи, така пренесуваат медиумите во Шпанија и тоа на барање на двајцата. ...

Завршија првите полувремиња од трите попладневни мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Вардар на Арената во Скопје има водство од 2:0 против Силекс и тоа со головите на Цветковиќ во 3. и Закариќ од пенал во 17.минута. Познато е дека Вардар чека кикс на Шкендија во Тетово за да попладнево и официјално стане шампион. Сепак во Тетово домашните водат по првото полувреме против Струга ТЛ со 2:1. Красничи од пенал донесе водство за Шкендија во 25.минута. ...

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, славеше во спринт трката што се возеше во рамките на Гран При на Франција, петтата рунда од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот ја освои својата втора победа во спринтот во Ле Ман оваа сезона, откако стигна до претходната во Остин, по неверојатен старт од осмата позиција. Најблиску до Мартин беше Франческо Бања на Дукати, додека на третото скалило на подиумот беше вториот возач на Априлија, Марко ...

Лејкерси моментално губат со 2-0 во серијата, а натпреварот на „Крипто“ Arena во Лос Анџелес ќе биде нивниот прв домашен натпревар. Ова ќе биде деветтиот плејоф натпревар што Лука Дончиќ го пропушти оваа сезона, откако на 2 април претрпе повреда на тетивата од втор степен. „Правам сè што можам“, рече Дончиќ во средата, додавајќи: „Секој ден го правам она што треба да го правам. Очигледно, моментално сум во фаза на закрепнување и работа. ...

Раководството на францускиот фудбалски клуб ПСЖ и шпанскиот главен тренер Луис Енрике се блиску до потпишување на нов договор, тврди новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи. Новиот договор веројатно ќе биде на четири години. Се забележува дека договорот би можел да биде потпишан по завршувањето на сезоната, бидејќи Шпанецот во моментов е фокусиран на своите тековни задачи, вклучувајќи го француското првенство и Лигата на шампионите. ...

Позната е конечната одлука за тоа дали Иран ќе игра на Мундијалот. Имено Иранската фудбалска федерација денеска потврди дека националниот тим ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но во исто време побара од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада – да ги прифатат нивните услови во контекст на војната на Блискиот Исток. Ова барање дојде откако Канада му забрани на претседателот на иранската федерација да влезе на Конгресот на ...

Ливерпул – Челзи 1:1 е исходот од попладневниот меч од 36.коло во Премиерлигата кој се одигра на „Енфилд“. Па така со ова реми “сините“ од Лондон конечно ја прекинаа црната серија од шест порази во низа во Премиерлигата. Иако е освоен само бод, сепак не е седми пораз, ако е за утеха на сите во Челзи. Инаку “Редси“ поведоа со голот на Гравенберг во 6.минута. Во тие моменти се чинеше дека составот на Арне Слот нема да има проблем да ја ...

Иако сеуште е далеку од тоа дека и официјално се враќа во Мадрид, сепак според медиумите во Шпанија, Жозе Мурињо има план како да ја среди ситуацијата во Реал Мадрид. Имено неговиот прв чекор бил „шут – карта“ за Винисиус. Се шпекулира дека „Специјалниот“ не можел да го смисли Бразилецот и дека тоа било еден од условите тој повторнио да го преземе најголемиот клуб во светот. И јасно е, кога веќе искочија вакви информации, веднаш почнаа да се ...

Неверојатно е тоа што се случува во БиХ, поточно во Сараево во врска со сликичките Панини. Од раните утрински часови, улиците на Сараево се преплавени со колекционери, кои во потрага по нови сликички ги „преплавија“ продажните места. Вработените во трафиките известуваат за неверојатни сцени, наведувајќи дека поединци купиле по 100 пакетчиња одеднаш, додека залихите од 500 пакетчиња исчезнале за помалку од еден час. Пребарувањето станало ...

Панатинаикос пропушти две победи на гости против Валенсија, загуби двапати на ОАКА Арената и сега мора да се подготви за решавачкиот натпревар во Валенсија, против одличен тим предводен од клупата Педро Мартинез. Во овие два натпревари, Панатинаикос немаше помош од сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос, кој, поради суспензијата заработена по вториот натпревар не можеше да присуствува на натпреварите во Атина, но му останува уште еден ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, на прес-конференцијата пред гостувањето против Барселона зборуваше за моменталната ситуација во клубот како сè да е во ред, и ја опиша атмосферата во соблекувалната како – нормална. Арбелоа првично се обиде да го оправда судирот меѓу Валверде и Чуамени споредувајќи го со Крег Белами и Арне Рис. Ако се сеќавате, имаше судир во 2007 година во кој Белами го удри Рис со палка за голф. „Имав соиграч кој ...

Уште еднаш медија тимот на ЕХФ се воодушеви од магијата на Дејан Манасков, но и од Никола Митревски. Левото крило на Пелистер само ја заврши акцијата со прекрасен гол која ја започна голманот на битолчаи и репрезентацијата на Македонија. Токму тој го на мечот меѓу Пелистер и Барселона во Битола, ЕХФ го прогласи за најубав во сезоната 2025/26 во ракометната Лига на Шампиони. Магија, едноставно магија на двајцата мајстори на ракометната игра, ...

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди 500 вработени во клубот со целосно финансирано патување на финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Катарскиот бизнисмен има за цел да им обезбеди незаборавно искуство на луѓето кои работат во клубот и да ги награди за ...

Со пласманот во финалето на Купот, Силекс ја оствари својата цел откако стана јасно дека тимот од Кратово нема да дојде до третата позиција на табелата во ПМФЛ. Кратовскиот тим сега му останува да ги доиграат само уште трите натпревари во првенството, а целиот фокус е кон трофејот во Купот и финалето против тетовска Шкендија. Денеска кратовскиот тим му гостува на Вардар. И покрај тоа што бодовите не се императив, од Силекс велат дека нема да ...

Капитенот на Аргентина, освојувачот на Светското првенство, Лионел Меси откри кои други тимови ги смета за фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека некои од нив се во подобра форма. „Мора да разбереме дека има други фаворити кои се пред нас и ќе пристигнат во подобра форма. Франција повторно изгледа многу силно и има толку многу играчи од врвно ниво. Исто така и Шпанија и Бразил, кои не се во најдобра ...

Виктор Вембањама има уште еден маестрален настап. Тој постигна 39 поени и 15 скока во победата на Сан Антонио Спарс против Минесота од 115-108. Спарс го добија третиот натпревар и поведоа со 2-1 во НБА плејофот. Вембањама шутираше 13 од 18 од поле и 10 од 12 од линијата за слободни фрлања, заедно со пет блокади, доминирајќи во играта во текот на целата вечер. 39-те поени беа најмногу што Вембањама ги постигна во плејоф натпревар во својата ...

Денеска од 16 часот на програмата се три средби од 31.коло во ПМФЛ. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон Арената во Скопје и стадионот во Тетово. Имено можно е денеска околу 18 часот Вардар и официјално да стане шампион на Македонија за сезоната 2025/26. Познато е дека до крајот има уште три кола, а Вардар има 74 бода или +6 пред втората Шкендија. За да денеска нашиот најтрофен клуб се закити со 12-тата шампионска ...

Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, репрезентацијата на Македонија загуби од Андора и тоа по подобро изведување на удари од белата точка. По 90 минути натпреварот заврши нерешено 2:2 и според правилата победникот се решаваше не пенали. Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79-тата Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути избраничките на селекторката Катерина Милеска ...

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер изјави дека играчите не го добиваат почитувањето што го заслужуваат и не ја исклучи можноста најголемите ѕвезди да ги бојкотираат Гренд слем турнирите поради спор околу наградните фондови. Италијанецот зборуваше во Рим пред неговото појавување на турнирот Мастерс 1000 таму, откако белоруската тенисерка Арина Сабаленка предупреди дека играчите би можеле да ги прескокнат најголемите турнири. Група водечки ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
75%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
81%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
87%
1013
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
74%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39