Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Свој коментар во пресрет на утрешното финале на Мундијалот имаа и селекторот на Шпанија и капитенот, Луис де ла Фунте и Родри. Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека пласманот во финалето на Светското првенство е привилегија и рече дека неговиот тим сака да ужива во борбата за трофејот против актуелниот шампион Аргентина. Шпанија ќе игра против Аргентина во финалето на Светското првенство на стадионот ...
По 19 години се случува историја. Сега веќе познатата слика од Меси, создадена во времето кога тој се пробиваше во Барселона, и многу малиот, штотуку роден Јамал, добија на важност дури и во времето кога Ламин се проби до првиот тим на Каталонците и го достигна статусот на ѕвезда. А потоа таа предизвика неверица во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но сега повторно е ажурирана за време на Светското првенство и повторно стана хит по ...
Новата сезона на Бугарската прва лига започна на спектакуларен начин, а веќе во првото коло, љубителите на фудбалот имаа можност да видат гол кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Стрелец на тој прв гол во сезоната беше Македонецот Георг Стојановски. Натпреварот помеѓу Спартак Варна и ЦСКА 1948 Софија заврши со резултат 2:2, но по последниот свиреж на судијата, најкоментираниот гол беше оној на Стојановски. Денеска цел Балкан ...
Јован Манев и официјално го облече “црвено – црниот“ дрес на Шкендија. Како што велат од тборот на тетовскиот клуб, македонскиот репрезентативец потпиша двогодишен договор, што значи Манев ќе биде во дефанзивата на Шкендија најмалку до 2028. Ова секако дека е еден од најголемите трансфери ова лето во мак – фудбалот. Манев важи за еден од нашите најдобри дефанзивци,актуелен репрезентативец а доаѓа од Ријека. Играше и за Осијек, во Адана ...
Она што вчера “СпортСпорт“ ексклузивно го најави, попладнево е и офцијално. Јован Манев и дефинитивно е ново име во таборот на Шкендија. Ова е големо, екстра засилување за тимот од Тетово кој денеска и ја детонираше “бомбата“, втора за два дена. А тоа е дека Шкендија и тоа како ја засили својата одбрана во пресрет на стартот на нова сезона и секако за Европа. Репрезентативниот стопер во наредниот период ќе го носи “црвено – црниот“ дрес на ...
Абдул Руватубаје (29), искусен дефанзивец од Руанда, во следната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново. Има договор меѓу двете страни, се очекува само уште официјална потврда од клубот и секако промоција. Ова за Руватубаје ќе биде враќање во ПМФЛ, ако се зна дека до пред две години играше за Шкупи и за Брера Струмица. Секако дека ова е големо засилување за тимот од Арачиново. Сега веќе и дефинитивно може да се каже дека дебитантот ...
Според францускиот весник „Л’Екип“, некои француски репрезентативци му се обратиле на селекторот Дидие Дешамп со необично барање. Играчите сакале дозвола да се забавуваат во Мајами пред натпреварот за бронзениот медал. Таквиот предлог не наишол на одобрување од искусниот тренер, кој веднаш го отфрлил нивното барање. Дешамп не сакал ни да помисли на какво било опуштање пред последниот натпревар на Франција на Светското првенство оваа година. ...
Познато е дека по елиминацијата на Силекс, Македонија остана со два претставника во втората квалификациска рунда, тоа се Шкендија и Вардар. Тетовци за ривал го имаат Браво од Словенија, а Вардар има двомеч со Рига од Летонија. Иако ни првите мечеви нема да бидат одиграни, и Шкендија и Вардар ќе ги дознаат можните противници за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа во понеделник. Ждрепката е закажана за 14 часот, а некаде околу ...
Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид продолжува кога станува збор за трансферот на Хулијан Алварез, како што се огласи еден од лидерите на клубот, а со своите зборови, се чини дека создаде уште поголем проблем. Не е тајна дека Барселона се обидува да го доведе Хулијан Алварез ова лето, и испрати понуда од 100 милиони евра до Атлетико Мадрид, но таа беше одбиена. Атлетико е лут што Барселона го контактираше и играчот бидејќи Алварез ...
✍ Марија Ковачева МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата заложба за унапредување на младинската кошарка и развојот на домашните таленти. Во таа насока, клубот воспостави соработка со Саша Димитријевиќ, основач на Basket Grow Zone и креатор на „Dimitrijević Method“, кој ќе ја извршува функцијата консултант за развој на млади играчи и младинска кошарка. За Димитријевиќ оваа соработка има и посебна емотивна вредност, бидејќи неговите први ...
Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје ќе мора многу да вложи во својот ростер со оглед на тоа дека направи чекор напред и конечно излезе во европски рамки, нешто што требаше и одамна да се практикува. Тимот од Аеродром покрај АБА2-лига, ќе настапува и во ФИБА Евро-Купот. Во меѓувреме дојде информацијата дека младиот македонски репрезентативец, Марин Петков заминува во НЦАА-лигата, што пак остава празнина на плејмејкерската позиција. Според ...
Фудбалерот кој во минатото со успех и гордо го носеше дресот на младата репрезентација на Македонија сега повторно е во фокусот. Алекса Амановиќ со години е најдобриот стопер во шампионатот на Казахстан, кој по одличните сезони во Тобол и шампионските во Астана сега е дел од екипата на Ордабаси. Тим кој е лидер на табелата во својата земја и тим кој со Амановиќ во одбраната игра во одличен ритам. „Минав добри години во Астана но сега беше ...
Мајкл Рубин, бизнисмен со околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурент, една од најголемите ѕвезди во НБА, направи селфи со шпанскиот капитен Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и Англија, Рио Фердинанд, Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт додека го држи ...
Интересот за финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија ги зголеми цените на билетите на неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Побарувачката за билети е огромна од крајот на полуфиналето, а цените на пазарот секојдневно растат. Според податоците од платформите за продажба и препродажба на билети, најевтиниот билет што моментално е ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Џани Инфантино за „уште една одлична одлука“ откако привремено беше поништена суспензијата од еден натпревар на Фоларин Балогун. Тоа се случи откако Трамп имаше телефонски повик со претседателот на ФИФА за црвениот картон на американскиот напаѓач што предизвика голем скандал на Светското првенство. На настан во Трамп Тауер на Менхетен во петокот – каде што ниту Трамп ниту Инфантино не одговараа ...
Ламин Јамал ќе го игра првото финале на Светското првенство во својата кариера против Аргентина во недела, но во пресрет на најголемиот натпревар на турнирот, интересна статистика го привлече вниманието на јавноста и започна дискусија за судењето. Младиот претставник на Шпанија е еден од играчите кои најмногу влегуваат во дуели „еден на еден“, но и покрај ова, тој е меѓу фудбалерите на кои судиите им досудија најмалку прекршоци. Јамал одигра ...
Англискиот фудбалер Џуд Белингам проговори за прв пат откако загуби од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство и се збогува со борбата за титулата. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид објави емотивна порака на социјалните мрежи, заедно со песна напишана од американскиот говорник и мотивациски автор Мајкл Чендлер, истакнувајќи дека таа најдобро ги опишува неговите чувства по турнирот. „Тешко ми беше да ги најдам вистинските ...
Двата преостанати македонски претставници во Европа, екипите на Вардар и Шкендија в понеделник со ждрепката која што во седиштето на УЕФА ќе се одржи во 14:00 часот ќе ги дознаат потенцијалните противници за третото квалификациско коло во Лигата на Конференции. Како што е добро познато, шампионот Вардар оди на мегдан против тимот на Рига од Летонија, во двомечот кој што најпрво се игра во Скопје, додека пак, Шкендија по триумфот над ...
Така е тоа, кој си знае, и тоа како си знае. Имено македонскиот интернационалец во дресот на Спартак Варна, Георг Стојановски е стрелец на првиот гол во новата сезона во елитната лига на Бугарија. Стојановски попладнево на мечот Спартак Варна – ЦСКА Софија 1948 успеа во 13.минута на својот тим да му донесе водство од 1:0 и со тоа да се запише во историјата како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во елитната лига на Бугарија. Се ...
Екипата на Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во Европската лига во новата сезона. Битолчани се најдоа во доста интересна група, ќе играат против Ла Риоха, Вибеже Гдањск и Гумерсбах. ЕХФ и официјално го објави распоредот за групната фаза. Пелистер тргнува на домашен терен против Ла Риоха, по што е гостин на полскиот тим. Групната фаза стартува на 29/30 септември, а додека завршува на први декември. 1 коло, 29/30 септември, ...
ФИФА го реши прашањето за паузата на полувремето во финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра оваа недела на стадионот „МетЛајф“. Паузата ќе трае 17 минути, само две минути подолго од стандардната. Информацијата беше официјално потврдена од управното тело на фудбалот, објавува „Марка“. Шпанската и аргентинската федерација се информирани дека музичките настапи на Шакира, Мадона и Џастин Бибер ќе траат вкупно ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз на првиот од двата договорени контролни натпревари против Бугарија, одигран во Софија. Во израмнет и неизвесен натпревар, домашната селекција славеше со 65:64, откако двете репрезентации водеа голема борба во текот на сите 40 минути. Селекторот Дејан Стојановски им даде можност за настап на 12 кошаркари, а најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој забележа ...
Пеп Гвардиола откри дека во моментов не чувствува желба да се врати на тренерската работа по неговото заминување од Манчестер Сити. Каталонскиот стручњак кој има 56 години објасни дека по речиси две децении под постојан притисок на врвниот фудбал се посветил на личниот живот и семејството. Тој ја донесе својата одлука да го заштити своето ментално здравје и да најде задоволство надвор од секојдневниот фудбал, пишува Goal.com. Гвардиола ...
Жозе Мурињо го спречи Гонзало Гарсија да го напушти Реал Мадрид бидејќи не гледа класичен централен напаѓач во сегашниот тим, пишува мадридски АС. Младиот напаѓач требаше да биде еден од кандидатите за продажба за време на летниот преоден рок, но новиот тренер сака прво да го оцени за време на подготовките. Мурињо се врати во Реал ова лето, кој го водеше од 2010 до 2013 година. Шпанскиот клуб го назначи за тренер на првиот тим до летото 2029 ...
Фудбалскиот клуб Барселона во петокот објави дека собрал 105 милиони евра преку емисија на покриени обврзници. Обврзниците достасуваат во октомври 2036 година и имаат фиксен купон од 5,14%. Според каталонскиот клуб, операцијата привлече силен интерес од меѓународни инвеститори, особено во Соединетите Американски Држави. Клубот објасни дека побарувачката го надминала двојно понудениот износ, со преплата од повеќе од 200%. Целата емисија била ...
Фудбалските репрезентации на Франција и Англија во сабота од 23 часот ќе одиграат натпревар за третото место на Светското првенство. нашето време. Французите загубија од Шпанија во полуфиналето, додека Аргентинците беа подобри од Англичаните. Натпреварот го најави Килијан Мбапе, капитен на Франција. “Дидие значи многу за нас и за францускиот народ и тоа не се промени. Како играч и како тренер испиша неверојатна приказна. Ова е негов последен ...
И повеќе од успешна “генералка“ за Струга ТЛ во пресрет на стартот на новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Имено денеска во Корча, Струга ТЛ во пријателски натпревар го победи Скендербег со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше Арби Воша во 50.минута. Според извештаите од Корча, тимот на Бледи Шкемби одиграл квалитетно на овој натпревар, креирал неколку шанси а на крајот заслужено победил. Ова значи дека Струга ТЛ подготвено влегува ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар. По извлекувањето на групите, Берокал оцени дека Македонија ја очекуваат двајца сериозни ривали, а акцентот го стави на добрата подготовка и желбата ...
Повратникот во елитата продолжува да ги засилува своите редови на една недела до стартот во новата сезона во ПМФЛ. Па така штипјани успеаја да договорат две квалитетни прволигашки засилувања. Тоа се Кристијан Стојкоски, кој доаѓа во Штип од Тиквеш, и Филип Алексовски од Башкими. Се е договорено, само останува официјална промоција и на двајцата. Интересно е што и двајцата потекнуваат од Македонија ЃП. Да потсетиме дека во изминатите денови ...
Мохамед Салах е на прагот да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пишува инсајдерот Санти Ауна за „Фут Меркато“, а такви информации се достапни и од фудбалските инсајдери Саша Таволиери и Николо Скира. Египетскиот фудбалер се согласил да се пресели во турскиот клуб како слободен агент, откако му истече договорот со Ливерпул. Се очекува Салах да потпише едногодишен договор со истанбулскиот клуб, кој вклучува опција за продолжување за ...