Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Сега е веќе официјално, од попладнево нема веќе дилеми. Елмин Растодер со својот Тун е ШМПИОН на Швајцарија. Иако на последните два меча тимот на нашиот репрезентативен напаѓач беше поразен, сепак по денешниот пораз на Сент Гален од Сион дома со 0:3, Тун испиша историја, за првпат во својата историја е првак на својата земја. А за тоа свои големи, огромни заслуги има Македонецот кој на три кола до крајот запиша 13 голови и шест асистенции, ...
Струга ТЛ – Брера 0:1 и Тиквеш – Арсими 1:1 се исходите од последните два меча од 30.коло во ПМФЛ кои се играа попладнево во Струга и Кавадарци, со што се затвори ова коло. Така е тоа во фудбалот, кога нема да постигнеш гол од 5-6 шанси, тогаш следува казна, жестока. Така беше денеска во Струга каде Брера успеа да ја победи Струга ТЛ со 0:1 и тоа со голот на Петровиќ во 87.минута. Гол за огромна победа, победа која е златна за струмичани со ...
На 4 кола до крајот на првенството, екипата на ЖФК Скопје и официјално е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција. Фудбалерките на ЖФК Скопје во моментов имаат 18 бода предност пред второпласираниот тим Тиверија, откако во тековното коло со 8.0 ја совладаа екипата на Топ Гол. Скопје ја освојува својата прва титула од 2019 година, кога сè уште се викаше Драгон. Ако на оваа титула се додадат и оние на тимот со поранешното име, тоа е ...
Јаник Синер го прегази Александар Зверев со 6-1, 6-2 во финалето на Мадрид Опен. Тенисерот број еден во светот стигна до трофејот многу убедливо, а со оваа победа стана првиот играч кој освоил пет последователни титули на турнирите Мастерс 1000. Синер ја забележа својата 23-та последователна победа против третиот светски тенисер. Тој веќе ги освои турнирите Мастерс 1000 во Монте Карло, Мајами и Индијан Велс оваа година, додека славеше и во ...
Фудбалерите на Сасуоло го победија тимот на Милан на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А. Избраниците на Фабио Гросо направија изненадување во Реџо Емилија против фаворитот, чија трета позиција во италијанското првенство сега е разнишана. А сè започна во петтата минута кога Доменико Берарди во свој стил ја изврте топката по додавањето на Лориенте и ја испрати зад Мењан. Веројатно клучниот ...
По 17 години Левски е првак на Бугарија и тоа титула со стил освоена пред Лудогорец и ЦСКА. Софија е сина а фудбалската јавност во земјава треба да знае дека еден од креаторите и прв асистент на шпанскиот стратег Веласкез е токму нашиот Дарко Тасевски. Сега првак, а беше и играч во 2009 година кога Левски и Тасевски последен пат се радуваа на титулата. И токму во свој стил, Даре во текот на денов ја прослави шампионската титула, прва во ...
Одлична партија на Андреј Јакимовски и гостинска победа за екипата на Тренто во мечот во Удине во рамките на 29. коло во италијанското првенство. Тренто славеше на гостувањето со 69:76, а Јакимовски средбата ја заврши како трет најдобар стрелец во победничкиот состав. Нашиот млад репрезентативец денеска запиша 12 поени, надополнети со четири скока и една асистенција. За Тренто ова беше прва радост по серија од три порази, но и победа која им ...
Интернетот просто гореше обидувајќи се да открие која е атрактивната бринета што го натера снимателот да заборави што му е работата среде експертска анализа на Формула 1, но сега сè е јасно. Девојката која лежерно се прошета покрај поранешниот светски шампион Џенсон Батон и го натера механичарот на Мекларен да остане воодушевен од најпознатата убавица и навивачка на Хрватска, Ивана Кнол. Таа очигледно не пропушта големи спортски настани, а ...
Струга Трим Лум почувствува дека има шанса за втората позиција и има максимално големи мотиви да ја победи АП Брера на денешниот дуел од 30.коло во Првата лига. По ремито на Шкендија во Кратово, стружани заостануваат шест бода, но таа негатива можат да ја преполоват со евентуален триумф против АП Брера, а потоа следи и дербито во Тетово со второпласираната Шкендија. Марко Ангелети, италијанскиот голман кој ја игра својата прва сезона во ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа против Ливерпул на својот стадион со 3:2, во големото дерби од 35-тото коло од Премиер лигата. Видовме одличен меч, по едно полувреме за двата тима и донекаде малку среќна победа за домашните. Јунајтед одигра перфектно прво полувреме во кое водеше со 2:0, со головите на Куња и Шешко, но „црвените“ магично се вратија на почетокот од второто полувреме кога со головите на Собослај и Гакпо дојдоа до 2:2. ...
Баерн (М) останува неприкосновен лидер во германското првенство и по 32. коло во кое на домашен терен извојува тесна победа над екипата на Вехта со 90:88. Нашиот репрезентативен „плеј“, Ненад Димитријевиќ имаше скромен учинок на мечот од 3 постигнати поени за нешто повеќе од 13 минути кои ги помина на теренот. Статистички Нено имаше и 3 скока и 5 асистенции. Ова беше 27-мата победа за Баерн во домашното првенство во кое има само пет порази. ...
Во меч од 27.коло во ВМФЛ, попладнево Г.Коњари и Преспа одиграа 0:1. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Карамачоски. Инаку познато е дека и двете екипи во следната сезонашќе играат во Третата лига со оглед на тоа дека уште пред неколку кола и официјално се испадната. Да кажеме и тоа дека во самиот финиш на мечот имаше немили сцени на теренот во Г.Коњари. По еден судир со противнички играч, домашен фудбалер потешко се повреди и ...
Во моментов се игра големото дерби во Англија меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Секако кога играат овие две екипи, во ложата е и Алекс Фергусон, легендарниот тренер на Јунајтед, но тој нема да го следи мечот понатаму. Имено му се слошило и морал итно да си замине од стадионот. Да се надеваме дека се ќе биде во ред со легендата на Манчестер Јунајтед. 🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Sir Alex Ferguson has left Old Trafford after feeling unwell. ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, истакна дека е задоволен од тоа како неговиот тим се справил со големиот притисок во текот на целата сезона. „Топџиите“ го победија Фулам со 3:0 дома вчера, па на три кола пред крајот на Премиер лигата, тие имаат +6 на чело на табелата во споредба со Манчестер Сити, но и два натпревари повеќе. „Го одржуваме сонот за титулата жив“, изјави Артета за новинарите по натпреварот и додаде: „Она што го направија ...
Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, се осврна на ситуацијата во која играч на теренот, покрај неговите ривали од другата страна на мрежата, мора да се бори и против публиката. Иако порано не беше случај, овој пат не можеше а да не го пофали Новак Ѓоковиќ, кој е неспоредлив во вакви ситуации. „Мислам дека секој има свој пристап во вакви ситуации. Новак Ѓоковиќ го прави тоа многу мудро, тој е најдобар во тоа“, рече Синер. Синер се најде во ...
Иако се големи ривали, сепак РК Вардар денеска јавно, преку своите социјални мрежи му го честиташе големиот успех на РК Охрид, пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. „Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија. На ГРК Охрид – GRK Ohrid му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден ...
Завршија првите полувремиња од последните два меча од 30.коло кои се на програмата попладнево. Во Струга, домашниот состав на Струга ТЛ не успеа да поведе против Брера. Стружани имаа неколку шанси, посебно Малески, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Во Кавадарци играат Тиквеш и Арсими, а таму резултатот е 1:1. Домашните поведоа со 1:0 со голот на Рамадани во 24.минута, за да Гони пет минути подоцна израмни на 1:1. Инаку од ...
Во моментов се игра мечот од 30.коло во Струга меѓу Струга ТЛ и Брера. Мечот како главен судија го започна Благојче Ралески, но тој уште во првите минути се повреди, по првата интервенција се обиде да го продолжи мечот, но сепак во 8.минута се откажа. Не негово место “влезе“ стружанецот Јован Качевски кој беше четврти судија, како главен судија на местото на Ралевски. Ова му е првпат на Качевски во кариерата да и суди на Струга ТЛ. Малку ...
Ова лето, од 11 јуни до 19 јули во Канада, Мексико и САД ќе се одржи СП и тоа со 48 селекции кои ќе се натпреваруваат за титулата светски првак. Во пресрет на Светското првенство, од северноамериканскиот континент пристигна донекаде шокантна вест за најавата за проширување на светскиот турнир за следното издание. Според американскиот ESPN, управното тело на светското фудбал сериозно размислува за одржување на Светското првенство во 2030 ...
Една голема ера завршува. По 10 години на клупата на „граѓаните“, Пеп Гвардиола веројатно ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона. Иако сè уште ништо официјално не е потврдено, се очекува легендарниот стручњак наскоро да го објави своето заминување од клубот, а веќе е познато кој ќе го наследи. Главен кандидат е Енцо Мареска. „Се очекува Пеп Гвардиола да ја напушти функцијата менаџер на Манчестер Сити на крајот од сезоната. ...
Барселона е на еден чекор од својата 29-та титула во шпанското првенство. Доколку Реал Мадрид не го победи Еспањол во вечерашниот натпревар, прославата на каталонскиот гигант можат да започнат. Сепак, тренерот на Барса, Ханси Флик, не е премногу загрижен за тоа што ќе направи неговиот најголем ривал. Германецот е свесен дека трката е веќе завршена и воопшто не е заинтересиран за натпреварот помеѓу Еспањол и Реал. Тој ова го кажа јавно по ...
Луис Енрике покажа дека размислува за сегашноста и иднината. Тренерот на Пари Сен Жермен го пронајде своето следно засилување во Мадрид, во редовите на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, новата мета на францускиот гигант стана еден од најталентираните дефанзивци на Реал Мадрид, младиот Жоан Мартинез. „Марка“ тврди дека парижаните внимателно го следат развојот на 18-годишниот дефанзивец. Спортскиот советник на клубот, Луис Кампос, познат ...
Сензационален или шокантен пораз на Интер Мајами и тоа по водство од 3:0. Ова на Лео Меси претходно не му се случило, неговиот тим да има вакво водство а потоа да биде поразен. Нема што, спектакуларен меч меѓу Интер Мајами и Орландо кој на крајот заврши со резултат 4:3 за Орландо. Ништо не укажуваше дека ќе биде така по првото полувреме, бидејќи Меси и неговите соиграчи имаа сигурно и убедливо водство кое по природа на работите би било ...
Како што потврдија организаторите, поради предвидената бура на територијата на Мајами, Ф1 трката ќе започне три часа порано наместо закажаното 22:00 часот по средноевропско време, тоа значи дека стартот е поместен за 19:00 часот, што секако е добро за гледачите во Европа и можат да уживаат во неа малку порано. Како што е наведено во соопштението, одлуката е донесена со цел трката да се прекинува што е можно помалку, да се обезбеди максимален ...
Сите во Шалке имаа ноќ за паметење по големиот успех и враќањето во друштво на најдобрите, во првата Бундеслига. Во Гелзенкирхен, прославата продолжи до раните утрински часови, а атмосферата беше токму онаква каква што би се очекувало по голем клупски триумф – гласна, емотивна и целосно опуштена. Прославата продолжи во ВИП просторот на стадионот, каде што играчите, членовите на тренерскиот штаб и луѓето од клубот заедно го прославија ...
По завршувањето на ТОП 6 сегментот од „МТЕЛ“ Супер лигата, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, го утврди распоредот на натпреварите во третиот дел од натпреварувањето, доигрувањето за шампионската титула. Пласман во полуфиналето на плеј-офот, обезбедија првопласираните четири екипи: ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Маџари. Согласно со системот за натпреварување, полуфиналето на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар ...
По вчерашната победа над Башкими и по ремито на Шкендија во Кратово, сега и дефиитивно е јасно дека Вардар само милиметри го делат од титулата, прва после шест години и 12-та во самостојна Македонија или 13-та вкупно во својата клупска историја. Имено сега по 30.коло Вардар има 74 бода а Шкендија 68, тоа се +6 бода на три кола до крајот. Што значи дека Вардар веќе следниот викенд може да ја официјализира титулата. Лидерот игра со Силекс дома ...
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов испиша историја со Левски Софија, ја освои шампионската титула во Бугарија, откако минимално славеа против ЦСКА 1948 со 1-0. Бодовите од овој дуел беа доволни за големо славје на четири кола пред крајот на првенството. Левски стави крај на неверојатната 14-годишна доминација на Лудогорец и го освои првиот шампионски пехар после пауза од цели 17 години. Официјалното крунисување и доделувањето на ...
Во пресрет на денешниот првенствен натпревар меѓу Тиквеш и Арсими, фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа, зборуваше за важноста на оваа средба, потенцирајќи дека неговиот тим патува во Кавадарци со јасна цел освојување на позитивен резултат. Мустафа истакна дека екипата е свесна за тежината на натпреварот, но дека подготовките се одвивале на високо ниво и со голема концентрација. Според него, секој бод во оваа фаза од сезоната има голема ...
Кими Антонели од Мерцедес ја обезбеди пол-позицијата за Големата награда на Мајами. Ова е негова трета последователна пол-позиција оваа сезона, со што ја зацврсти својата позиција во борбата за шампионската титула. Но, подеднакво важна вест е враќањето на Макс Верстапен и Ред Бул во борбата за врвот, откако Холанѓанецот го освои второто стартно место во преродениот автомобил. Антонели, кој ги престигна Верстапен и Шарл Леклер во ...