Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Голманот на Барселона Жоан Гарсија ја повреди ногата при крајот од реваншот против Њукасл во осминафиналето на Лигата на шампионите (7:2, прв натпревар 1:1). Според новинарот на „Ас“, Чави Мигел, Гарсија ќе мора да отсуствува 2-3 недели поради мала повреда на левиот мускул на листот. Ова не е добар знак за Барселона, затоа што уште двајца фудбалери по денешниот дуел со Њукасл се пожалиле на повреди, но за нив ќе се чекаат утрешните прегледи. ...
Селекторот на репрезентацијата на Данска, Брајан Ример, за локалните медиуми тврди дека еден од клучните фудбалери во данскиот национален тим Микаел Дамсгард, ќе игра на мечот со Македонија, и покрај најавата дека тој е повреден. Нашата репрезентација идниот четврток во Копенхаген против Данска го игра баражот за пласман на СП 2026. Микел Дамсгард мораше да го напушти последниот меч за својата екипа Брентфорд во Премиерлигата против ...
Ракометната репрезентација на Словачка направи голем чекор кон пласманот во втората рунда од баражите за Светското првенство 2027. Словаците вечерва како гости славеа против селекцијата на Украина со 24:27 и со една нога зачекорија кон бараж пресметка со нашата репрезентација во финалниот круг од баражите кои водат на светскиот шампионат. Словачка одигра одличен меч и во двете полувремиња, успевајќи да најде начин како да го запре ...
Трета сезона едноподруго Барселона ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Вечерва на „Камп Ноу“, Каталонците го прегазија Њукасл во реванш дуелот со 7:2 и покажаа дека англискиот тим е недораснат за предизвикот наречен четвртфинале. Иако видовме извонредна драма во првиот дел, Њукасл тотално се распадна на стартот на второто полувреме. Барса поведе со голот на Рафиња во 6. минута, но Еланга брзо израмни на 1:1 во 15. ...
Грчкиот репрезентативец и кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо доживеа нова повреда на коленото од левата нога. 31-годишниот кошаркар се повреди на натпреварот против екипата на Индијана и поради тоа ќе мора да паузира најмалку една недела. Адетокумбо отсуствуваше долго откако се повреди уште на крајот на јануари и пропушти дури 17 натпревари во низа. Очигледно е дека оваа сезона е навистина лоша за грчкиот кошаркар, бидејќи пред ...
Вечна е дилемата дали Диего Марадона или Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Некој ќе каже тоа е Пеле, некои пак Кристијано Роналдо, некој смета дека тоа е “вистинскиот“ Роналдо или Јохан Кројф. Но за Аргентинцте нема дилеми. Секоја чест за Лео, но Диего си е Диего. И двајцата освоија СП, првиот во 1986 во Мексико, вториот во 2022 во Катар. Сепак Аргентина смета дека Марадона треба да е пред Меси, барем засега, барем ...
Кошаркарите на Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски се елиминирани во четвртфиналето на Еврокупот. Вечерва на мечот во Истанбул против екипата на Бешикташ, Тренто загуби минимално со 77:76 и не успеа да направи изненадување против најдобриот состав од регуларниот дел од сезоната. Јакимовски имаше лоша шутерска вечер и постигна само еден поен за 23 минути на паткетот. Нашиот репрезентативец имаше 0/5 за два поени и 0/2 за три ...
По оној хет – трик против Манчестер Сити минатата недела, јасно е дека Федерико Валверде, капитенот на Реал Мадрид и еден од најдобрите во светот. Сепак малкумина знаат дека еднаш бил “турнат“ во професионалниот свет од Кларенс Сидорф, славниот Холанѓанец и некогашен фудбалер на “кралевите“. Во текот на сезоната 2017/18, Валверде играше на позајмица во Депортиво Ла Коруња, тим, кој беше предводен од клупата од легендарниот Холанѓанец. ...
Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во 59-тата минута од овој натпревар. Парискиот клуб денес објави дека Баркола претрпел сериозно истегнување на десниот глужд и посочи дека ќе биде надвор од терените во следните неколку недели. Сепак, „Л’Екип“ објави дека играчот ќе биде надвор од терените приближно еден месец. ...
Фудбалерите на Брага лесно ја совладаа екипата на Ференцварош со 4:0 во осминафиналниот дуел од Лигата на Европа. Португалскиот тим имаше негатива од 2 гола по првиот натпревар кој се одигра пред 6 дена, но на домашен терен успеа да ја анулира предноста на унгарците и се пласираше во следната рунда Прашањето на победник беше решено уште во првото полувреме, бидејќи по почетните 45 минути домашниот тим веќе имаше предност од 3 гола. Рикардо ...
Иако станува збор за еден од најдобрите фудбалери во светот, сепак Винисиус не може да се пофали дека е многу популарен. Веројатно тој е респектиран само од неговите најблиски, дури некогаш и на фановите на Реал Мадрид им оди на нерви. Каде и да игра Реал, Бразилецот прави “хаос“. Тоа е неговиот карактер. Така беше вчера и на „Етихад“. And he wonders why people don’t like him. pic.twitter.com/lnN9lJmjQK — Barça Touchline (@BarcaTouchline) ...
Не сакаше да се поздрави или не го виде? Трето нема. Дали ова е гаф на славниот Пеп Гвардиола или едноставно не го виде младиот фудбалер на Реал Мадрид, Тиаго Питарч. Манчестер Сити и во реваншот беше поразена од Реал Мадрид, а шпанскиот стручњак, и покрај разочарувањето, покажа одличен спортски дух. Но делумно. По натпреварот, Гвардиола помина покрај играчите на Реал и се ракуваше со речиси сите, честитајќи им ја големата победа. Сепак, ...
Чудо во Загреб. Неверојатни вести доаѓаат од хрватската јуниорска кошаркарска лига. Марко Мариќ (18), млад центар од Кошаркарската академија Мрав, постигна неверојатни 91 поен во натпреварот против своите врсници од КК Боско. По натпреварот, тој седеше во соблекувалната со насмевка на лицето и држеше лист хартија со бројот 91 во раката. Неговиот тим славеше со резултат од 130-100. Покрај постигнувањето на 91 поен, овој центар висок 213 ...
Денеска во просториите на РФМ се одржа редовна седница на Управниот Одбор, на која се најдоа девет точки на дневен ред. -Новитет во националните тимови е машка репрезентација до 13 и до 15 години. За селектор на репрезентацијата до 15 години е Никола Матлиески, додека пак Филип Миркуловски ќе биде селектор на репрезентацијата до 13 години. -Федерацијата извести дека инвестира во нови канцеларии, кои ќе бидат во склоп на салата „Јане ...
Познати се термините и сатниците од 24.коло во нашата елитна фудбалска лига. Овие шест средби ќе се играат од петок до недела, како што е вообичаено за оваа сезона, по два меча во еден ден, и тоа од оправдани причини. Во недостиг на класично дерби, секако дека погледите ќе бидат свртени кон Гостивар и Скопје, каде во сабота Вардар и Шкендија им гостуваат на Арсими и Македонија ЃП. Познати е дека во пресрет на ова 24.коло Вардар е лидер на ...
Германскиот стручњак Ханси Флик треба да го продолжи договорот до 2028 година, а Жоан Лапорта го сака во Барса до 2031 година. Колку и да трае неговиот мандат во Каталонија, поранешниот тренер на Баерн планира да заврши со тренерската работа по него. Тој дојде како човек од кого не знаевте што да очекувате, и стана еден од најдобрите избори на Барселона за тренер од времето на Луис Енрике. Ханси Флик е сè што му требаше на Барса. Освојува ...
Струга ТЛ – Шкендија 2:2 или 6:7 на пенали е исходот од последниот четвртфинален меч во Купот на Македонија, кој се одигра попладнево на Градскиот стадион во Струга. Па така Шкендија успеа да се пласира во полуфиналето каде за ривал ќе ја има Шкендија Арачиново. Стружани можат да жалат, двапати водеа, имаа 2:1 до 90+5.минута но сепак тетовци со многу среќа и умешност дојдоа до пенали, а таму сите погодија освен Јевтоски кој беше трагичарот. ...
Дека фудбал се игра, и тоа добар фудбал, и во регионите во Македонија, односно во третите лиги доказ е и мечот во Велес меѓу Борец – Тополка кој заврши со резултат 2:0. Двата гола беа дело на Илхан Имери, но посебно беше фантастичен оној првиот за 1:0 во 20.минута. Едноставно перфекција, ваков гол ни Меси, ни Роналдо па ни Јамал, не даваат. Браво, секоја чест, што друго да се каже. Погледнето го првиот гол и воодушевувајте се: Видеото е ...
Секако, апсолутно заслужено. Имено Јака Малус, ракометарот на РК Вардар се најде во идеалниот тим на ЕХФ во главната рунда во Лигата на Европа. Средниот бек на Вардар, едноставно на последните мечеви ја искажа сета своја класа и заслужено се најде меѓу најдобрите, според медија – тимот на ЕХФ. Словенецот беше одличен на средбите со Бенфика и Мелсунген. Да потсетиме дека Вардар го освои првото место во групата од главната рунда и со тоа се ...
Во овој момент се одржува седницата на Управен одбор при РФМ, точка на дневен ред е извештај за настапот на македонската ракометна репрезентација на послендото Европско првенство на кое го освои 14-то место. Прво се обрати претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој не го криеше своето задоволство, а потоа и селекторот, Кирил Лазаров. „Самиот пласман на 14-то место на ЕП ги задоволува нашите очекувања, сето тоа ни донесе поволна ждрепка ...
Вечерва во стандарните термини ќе се одиграат последните четири реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно би требало да биде на “Камп Ноу“ и на „Енфилд“ каде Барселона дома се среќава со Њукасл, а Ливерпул го пречекува Галатасарај. Нималку едноставна работа нема да имаат гигантите, па затоа велиме дека на потег се Барселона и Ливерпул. Тимот на Ханси Флик мора да победи ако се знае дека на првиот меч ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов пред Управниот одбор изнесе предлог за награда на ракометарите за настапот на Европското првенство оваа година од два милиони денари. Со оглед на тоа дека селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци го освоија 14-место на послендото континентално натпреварување, најдобро во последните три првенства, истиот предлог беше веднаш изгласан. Челновите на Управниот Одбор го ...
Заврши првото полувреме од последниот 1/4 финален меч во Купот на Македонија меѓу Струга ТЛ и Шкендија и тоа со водство на домашните од 1:0. Стрелец на голот беше Марјан Радески во 13.минута, откако убаво се снајде пред голот на тетовци. Претходно Мици со фантастичен шут ја погоди стативата на тетовци. Интересно, и Радески и Мици се некогашна играчи на Шкендија. Струга ТЛ до 30. минута беше подобра, имаше повеќе од играта, поопасни без ...
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија, кој ќе се одржи во периодот од 23 до 31 март 2026 година. Нашата надежна селекција на 25. март на воведниот натпревар ќе се соочи со репрезентацијата на Фарски Острови. Против домаќинот Холандија го играме мечот од второто коло на 25. март, а турнирот го затвораме со дуел против ...
Само два месеци по освојувањето на Африканскиот куп на нации на теренот, на играчите на Сенегал им беше одземен трофејот со шокантна одлука од Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF). Во преседан што ги потресе темелите на африканскиот фудбал, CAF го поништи конечниот резултат и му ја додели титулата на Мароко, домаќинот на турнирот, на зелената маса. Одлуката предизвика поплава од лути реакции, од пркосни пораки од играчите до директни ...
ТФТ беше убедливо поразен (101-86) на првиот четвртфинален натпревар против Златибор во плеј-офот во АБА2-лига. Македонскиот тим прими 19 тројки, нешто што ретко се гледа на еден меч, противникот на дело покажа зошто е фаворит. Тренерот Боро Смилковски потенцира дека мора да го промени фокусот, но и да го спроведат планот во текот на сите 40 минути. „Им честитам на домашните за апсолутно заслужената победа. Мислам дека одиграа фантастичен ...
Трета година по ред, Реал Мадрид го сопре Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Овој пат тоа се случи во осминафиналето, во кое шпанските гиганти победија со вкупен резултат 5-1, по 3-0 во првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу и 2-1 во вчерашниот реванш на Етихад. „Изгубивме со 1-5, успехот на Реал е заслужен“, рече Гвардиола по натпреварот, а потоа иронично, пишува Марка, додаде: „Честитки до ...
В.Ј. од Куманово освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 5.963.476 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Вампајр најт”, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип”, на 11.03.2026 година, во Куманово. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 09.03.2026 до 15.032.2026 година, Видеолотарија ...
Селекторот Александар Ашаданов има само пофални зборови за своите кошаркарки, без оглед на конечниот исход на средбата со Хрватска „Пред стартот на овој квалификациски „прозорец“, во договор со федерацијата, направивме значително подмладување на репрезентацијата, со цел да изградиме тим кој ќе носи резултати во иднина. Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри моменти, а младите играчи покажаа карактер и ...
Македонската ракометна репрезентација од денеска ќе биде комплетна, последен на подготовките во ЕХФ-неделата се приклучи и капитенот Филип Кузмановски. Селекторот, Кирил Лазаров за овој собир повика 20 ракометари, дел од нив се најдоа за првпат на списокот, па ќе имаат шанса да се изборат за место во иднина. Македонија додека го чека својот противник за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година, ќе одигра пријателски ...