Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Тимот на тренерот Микел Артета е во трка за двојната круна на крајот од сезоната – титулата шампион на Англија и Лигата на шампионите. Доколку успеат да ги освојат двата трофеи, играчите на Арсенал ќе добијат милиони во бонуси. Откако го елиминираа Атлетико Мадрид, „топџиите“ стигнаа до финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кое ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, а се исто така блиску до освојување на Премиер лигата, нивна ...
Страстите во Битола никако не се смируваат. После една преспиена ноќ и натаму фановите на Пелистер не можат да се помират со убедливиот пораз од Вардар од 15 гола разлика. „Чкембри“ на својата официјална страница испратија прашања до сопствениците, стручниот штаб и до ракометрите. „Јавно прашање до СОПСТВЕНИЦИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И РАКОМЕТАРИТЕ! Со што Битола и Чкембари заслужија да си играте мајтап со името Пелистер??? Дали сте свесни дека ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го одреди списокот за двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година. Предводникот на нашиот најдобар национален тим одбра 20 имиња, меѓу нив е Васил Гогов од Вардар, се врати и Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис. Собирот е закажан за во недела, Македонија првиот меч го игра на гостински терен во Прешов на 14. мај, реваншот е закажан за три дена ...
Вардар 1961 сезоната ќе ја заврши на најдобар можен начин. Ја врати титулата после три години, го освои Купот на Македонија, стигна до четвртфинале во Лигата на шампиони. Печат на титулата стави со убедлива победа над Пелистер од 15 гола разлика. За разлика од лани, сега „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ се радуваа. Гоце Георгиевски не криеше дека токму поради последниот меч од минатата сезона сега носеле голем товар, кој конечно им ...
Вардар 1961 е новиот првак во македонскиот ракометен шампионат, откако го симна Пелистер од тронот, кој таму беше цели три години. „Црвено-црните“ ставија печат на шмпионската титула на три кола до крајот на плеј-офот и со убедлива победа над битолчани. Од СЦ „Јане Сандански“ стигна најава, а ќе се чека и потврда – Вардар 1961 после четири години може да се врати во Лигата на шампиони. За таму ќе аплицира за вајлд-карта, бидејќи Македонија ...
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс поведоа со 2:0 во полуфиналната серија од плејофот за титулата во НБА. Чет Холмгрен и Шај Гилџус-Александар постигнаа по 22 поени во победата над Оклахома Сити од 125-107 над Лос Анџелес Лејкерс, додека Пистонс ги победија Кливленд Кавалирс со 107-97 и го зголемија водството. За актуелните шампиони од Оклахома, кои сè уште се непоразени во плејофот и имаат скор од 6:0, Мичел постигна 20, ...
Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка против играчите и има намера да изрече максимална можна казна. Според клупските прописи, „сериозно недолично однесување“ може да резултира со суспензија и одземање на плата за период од 3 до 10 натпревари, додека „многу сериозно недолично ...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од меѓународниот меморијален турнир “Миљан Миљаниќ” што ќе се одржи на терените на Спортскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова. Покрај домаќинот Србија и репрезентацијата на Македонија на турнирот ќе партиципираат националните тимови на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во полуфиналето Македонија на 12 мај се среќава со Црна Гора, а почетокот на ...
Викендов на програмата се сите шест натпревари од 31.коло во ПМФЛ. Ќе се играат три меча во сабота и три во недела. Инаку познато е дека во сабота на Арената “Тодор Проески“ во Скопје во сабота Вардар може да ја прослави титулата. Имено на три кола до крајот лидерот има 74 бодови или +6 во однос на Шкендија. Па така ако тимот на Гоце Седлоски против Силекс победи, а тетовци не слават дома со Струга ТЛ тогаш Вардар по шест години и официјално ...
Вардар 1961 на најдобар можен начин стави печат на шампионската титула. Сега новиот првак го победи Пелистер со 15 гола разлика и на своите навивачи им приреди незаборавна ракометна претстава, како знак на благодарност за поддршката која ја добиваа и во добрите, и во лошите денови. После завршување на натпреварот следеше традиционалното славје и заеднички фотографии за историја. Ракометарите на Вардар 1961 победата и титулата ја посветија на ...
Европа вечерва и официјално ги доби финалните двојки во уште две европски натпреварувања, покрај она во Лигата на шампионите. Во второто по ранг европско натпреварување, Астон Вила го прегази Нотингем Форест во реванш дуелот од англиската пресметка со високи 4:0 и по минималниот пораз на првиот натпревар, момците на Унаи Емери на 20 мај патуваат за Истанбул, каде ќе се сретнат со Фрајбург во битката за европскиот трофеј. Оли Воткинс го ...
Кошаркарите на ТФТ доживеаја убедлив пораз н апрвиот бараж меч за влез во АБА лигата. На гостувањето во Чачак кај екипата на Борац, домашните на крајот славеа со убедливи 97:61. Во првиот период ТФТ некако успеваше да се справи со притисокот на гостинскиот терен во првите минути, но Борац до првиот одмор веќе имаше 10 поени предност (26:16). Ништо подобро не мина ни вториот период по кој домашните на пауза заминаа со висока предност од ...
Пелистер, како што доликува на еден голем тим на својата „Фејсбук“ страница испрати честитки до Вардар за освоената титула. Битолскиот тим не криеше дека оваа сезона не блескаше и дека не ги исполни целите, но истата треба да биде поука за следната што доаѓа. Иако е рано, сепак од таборот на Пелистер најавија дека нивната цел е да ја вратат титулата назад во Битола. Пелистер, како што доликува на еден голем тим на својата „Фејсбук“ ...
После три години пауза, Вардар 1961 и официјално се враќа на тронот. Најтрофејниот ракометен колектив со стил ја завери 16-тата титула. На домашен терен славеше убедливо во вечното дерби против Пелистер со 34-19 (18-12).Крунисувањето на новиот првак ќе се случи во последното коло кај Бутел Скопје на гостински терен. На три кола до крајот на плеј-офот, Вардар 1961 има 56 бода, додека Пелистер остана на третото место 46 бода или два помалку од ...
Јасно е дека топ – тема во светот на фудбалот денеска е ПСЖ и успехот на овој тим, кој втора сезона во низа ќе игра во финалето во ЛШ со шанса да го освои вториот трофеј. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е горд и јасно е дека не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на Парижаните во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стратег како најдобар тренер во светот и призна дека ...
Пелистер ниту од близу не беше рамноправен противник на Вардар 1961 во дерби пресметката. „Црвено-црните“ ги симнаа битолчани од тронот со убедлив триумф од 34-19. Поразот од 15 гола разлика предизвика револт кај фановите на Пелистер, социјалните мрежи вријат, а „Чкембари“ имаа кратка порака: Играте како „п*чки“. После три години, Вардар 1961 се врати на тронот и кон крајот на месецот ќе биде крунисат со шампионската титула, која е број 17 ...
Вардарци вечерва имаат причина за славје, откако убедливо го совладаа Пелистер и успеаја и математички да ја вратат титулата во Скопје. Еден од ракометарите кои играат извонредна сезона е Јака Малус. „Мислам дека никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само на мене лично, туку цела екипа, кога почнавме турнири и подготовки. Со секој натпревар правиме чекор напред и уште чекориме напред. Мислам дека сме на вистински пат за следната ...
Дел од медиумите на албански јазик, денеска излегоа со информација дека на вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу Шкендија Арачиново и Шкендија (Т) (0:2, полувреме 0:0) имало сомнителни случувања. Како што пишува infosport.mk, неофицијално дознаваат дека на полувремето имало незадоволство кај 5-6 домашни фудбалери, бидејќи не сакале да играат според одредени наредби, што довело до нивна замена во текот на ...
По Фухсе Берлин, Алборг и Барселона, од вечерва го имаме и последниот патник на Ф4 турнирот од ракометната Лига на шампиони. На оваа тројка им се придружи и бранителот на тронот Магдебург, кој убедливо славеше во реваншот од четвртфиналето против Пик Сегед на домашен терен со 45:37. Дека Магдебург се сметаше за учесник во Фајналфорот беше јасно уште по првиот натпревар во Унгарија. Европскиот шампион го доби со 35:28, па реваншот беше чиста ...
Фантастична партија на Нено Димитријевиќ и нова победа на кошаркарите на Баерн во германското првенство. Вечерва на гостувањето против Лудвигсбург, Баерн славеше како гостин со 78:86, а нашиот репрезентативец имаше одлична вечер со 19 постигнати поени. Димитријевиќ заврши како најдобар стрелец на натпреварот, а освен 19 поени зад своето име запиша и 4 скока и дури 8 асистенции. Фантастична партија на Нено Димитријевиќ и нова победа на ...
Пресреќен од победата и враќањето на шампионската титуа во Скопје, тренерот на вардарци, Иван Чупиќ пред новинарите им се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес во оваа двојна титула. „Секогаш може и подобро, но навистина благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со ваков конкурент, да ја завршиме работата и да ја освоиме титулата, не можевме подобро ни да сонуваме. Ова беше вистински маратон, но на крај заслужено ја вративме титулата ...
Манчестер Сити ја доби првата битка за титулата со Арсенал во Англија. Тимот на Манчестер стана шампион во женска конкуренција откако Арсенал одигра нерешено 1-1 со Брајтон. Сити победи на 17 од своите 21 лигашки натпревари во првата сезона под водство на Андре Јеглерц, кој беше назначен за постојан наследник на Гарет Тејлор во летото 2025 година. Со ова „небесно – сините“ ја прекинаа серијата на Челзи од шест последователни лигашки титули. ...
Македонската одбојкарска репрезентација полека ги стартуваше подготовките за првата фаза од годинешните летни обврски. Од вчера во Крушево, сениорите под палката на селекторот Јошко Миленкоски почнаа со првите базични подготовки очекувајќи го комплетирањето со пристигнувањето на преостанатите репрезентативци во текот на следната недела. Миленкоски уште во првиот ден од работата ги постави насоките, кои главно се однесуваат на физичката ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, отишол во болница со капитенот Федерико Валверде по тепачката со Орелиен Чуамени. Претходно беше објавено дека играчите се степале за време на тренингот на тимот, по што Уругваецот бил испратен во болница. Соиграчите се карале уште од вчерашната сесија. Клубот одржа итен состанок веднаш по тепачката. Според „Ас“, сè започнало кога Валверде одбил да се ракува со Чуамени во соблекувалната. Овој гест ...
Првиот човек на Ц.Звезда, Звездан Терзиќ и тоа како внимава што говори, што изјавува. Сепак понекогаш знае да каже нешто што за многумина е насфатливо, а за некои е и смешно. Па така е и најновата негова изјава кога прави паралели меѓу Кристијано Роналдо и фудбалерот на неговиот клуб, Немања Радоњиќ кој е суспендиран токму од него и кој летово ќе си оди од “Маракана“, Ова за некои е и изјава на деценијата, дадена за српски “Курир“: „Срцето ...
Во „Јане Сандански“ полека се е подготвено за старт на големото суперлигашко и македонско дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер. Навивачите на Вардар, „Комити“ во очекување на стартот на натпреварот на гостинската трибина им приредија изненадување на гостите, со декорација од бели и зелени балони и порака на банер. Вардар вечерва посакува победа за официјално да почне прославата на шампионската титула. Во „Јане Сандански“ полека се е подготвено ...
Килијан Мбапе минува низ тежок период во Реал Мадрид. Еве веќе втора сезона нема трофеј и за него и за “кралевите“, од друга страна неговиот поранешен клуб, ПСЖ просто “растура“. На 31 мај има шанса да дојде до својот втор трофеј во низа, нешто што Мбапе може само да сонува во Реал Мадрид. Иако реално игра добро, најдобар стрелец е, сепак нешто недостига неговиот тим да биде нај, нај. Кога ќе се земат в предвид сите скандали кои што се ...
Не секој ден, туку секој час избиваат скандали во Реал Мадрид. Ова веќе не е клуб туку “селска задруга“, ова е далеку од еден Реал Мадрид. Имено вчера медиумите лиферуваа вест дека Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени се степале, но денеска според “Марка“ и двајцата одново на тренинг си размениле по некој удар па Уругваецот, кој е и капитен на тимот, завршил во болница. “Тензиите во Реал Мадрид не само што не се смирија по вчерашната тепачка ...
Саша Зверев предизвика бурни реакции откако изјави дека се гледа себеси во истата група играчи како Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ. По тешкиот пораз од Јаник Синер во финалето во Мадрид, Германецот изјави дека постои јаз помеѓу Синер и остатокот од турнејата, но дека тој, Алкараз и можеби Ѓоковиќ се зад него. На Рене Стабс, поранешната број еден во двојки, тоа воопшто не ѝ се допадна, па жестоко го нападна. „Како може да се стави во иста ...
Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа. Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери ...