Големите фудбалски клубови не ги забораваат своите легенди. Еден таков е и германскиот бундеслигаш Мајнц 05 кој еден дел од трибините на стадионот го посвети на нашиот Николче Новески. Поранешниот репрезентативец на Македонија остави длабока трага во поновата историја на германскиот клуб и не случајно го доби статусот „Легенда“, како што впрочем гласеше и денешната објава на Мајнц на социјалните мрежи. Новески во периодот од 2004 до 2015 ...

ТФТ не успеа ниту на домашен терен да дојде до победа против Борац Чачак, а на тој начин да се избори за „мајстрока“ во втората шанса да се најде во јадранската елита. Македонскиот тим на домашен терен беше совладан од Борац Чачак со убедливи 65-97 за крај на сите надежи дека сепак ќе се најде во одбраното друштво во АБА-лига. Гостите овој меч го решија после едно полувреме по кое имаа предност од 35-45, нешто подобра игра од ТФТ видовме во ...

Македонскиот интернационалец во дресот на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски, ја продолжи голгетерската форма. Вечерва во меч од 35. коло на српската Суперлига, екипата на ТСЦ славеше со високи 6:1 дома против Јавор, а Тодороски повторно беше прецизен. Нашиот потенцијален репрезентативец погоди за водство на домашните од 1:0 уште во 8. минута на средбата. За Тодороски ова беше деветти сезонски гол кој го носи во ТОП 10 листата на најдобри ...

Вечерашново „Ел Класико“ тргна со фантастичен погодок на Маркус Рашфорд од слободен удар. Барселона која сака со победа да стави печат на титулата во Шпанија, тргна со водство од 1:0 во 9. минута, кога Рашфорд постигна спектакуларен гол од прекин. Подоцна стигна и голот на Феран Торес за 2:0 во 18. минута. Вечерашново „Ел Класико“ тргна со фантастичен погодок на Маркус Рашфорд од слободен удар. Барселона која сака со победа да стави печат ...

Крива Паланка испиша историја, за првпат го освои шампионскиот пехар во сениорска женска конкуренција, откако на четвртиот меч славеа против Бадел 1862 со 73-75 за конечни 3-1 во финалето на плеј-офот. До победата, новиот првак дојде после голема драма. Домашниот тим успеа во самиот финиш да дојде до 73-73 со поените Ива Чолакоска, но не остана време, на другата страна Робинсон од линијата за слободни фрлања ги постави конечните 73-75 ...

Докторите, физиотерапевтите заедно со фудбалерите и стручниот штаб на ФК Тиквеш, денеска на враќање од Скопје кон Кавадарци на клучката кај Мирковци притрчаа во прва помош на повредени лица во една сообраќајна несреќа. Имено, автобусот со кој фудбалерите на Тиквеш се враќаа во Кавадарци по победата над Македонија ЃП во домашното првенство, запре на автопатот за дел од медицинските лица притрчаат во помош на настраданите за да се спасат ...

Арсими и Башкими одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 31. коло од фудбалскиот шампионат. На стадионот во Гостивар, домашниот тим беше подобар противник во првото полувреме и поведе со 1:0, додека Башкими во вториот дел беше поактивен и успеа да израмни. Првиот гол беше постигнат во 6. минута по една топка упатена кон Рамадани, кој успеа да го мине противничкиот фудбалер и да избегне офсајд позиција, по што со силен удар ја затресе мрежата ...

Фудбалерите на Рома со неверојатен пресврт го победија тимот на Парма како гости со 3:2 во драмата на 36-то коло од италијанската Серија А. До 94-тата минута „волчицата“ губеше со 2:1 и беше далеку од победа, а потоа во судиското продолжение направи чудесен пресврт и остана во трка за место во Лигата на шампионите. Гостите поведоа во 22-та минута кога најдобриот стрелец на тимот, Донел Мален, ја искористи асистенцијата на Дибала и рутински ...

И тоа се случи. Некогашниот македонски шампион, освојувач на Купот на Македонија, претставникот во многу наврати на меѓународна сцена, и матичниот клуб на десетици македонски репрезентативци, екипата на Работнички и официјално испадна од прволигашката конкуренција. Денеска, во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот, Работнички одигра реми во Струмица кај Брера со 2:2, и на тој начин на две кола до крајот и официјално е второлигаш. ...

Искусниот Американец Бранден Џенкинс го предводеше Пелистер до победа во вториот полуфинален натпревар од домашниот кошаркарски плеј-оф против шампионот МЗТ Скопје. Битолчани во своја сала славеа со 81:76 и се изборија за „мајсторка“ која ќе се игра на теренот на шампионот. Неверојатниот Џенкинс денешниот дуел го заврши со дури 31 постигнат поен, на кој придодаде и два скока и две асистенции. Во стил го следеа уште двајца Американци вос ...

Фудбалерите на Арсенал дојдоа на чекор до освојување на титулата во Премиер Лигата, откако ја совладаа екипата на Вест Хем со 0:1. Момците на Микел Артета одиграа многу тежок и тврд натпревар, но на крајот успеаја да стигнат до нова победа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Леандро Тросар во 83-тата минута. До крајот на мечот домашните притискаа и успеаја да постигнат гол преку Калум Вилсон во 95-тата минута, но судијата го поништи ...

Младинците на РК Мулти Есенс се новите (стари) шампиони на Македонија во оваа возрасна категорија. Во рамките на 6. коло од плејофот, екипата на Мулти Есенс го победи Бутел Скопје (31:27) и ја осигура титулата. Најдобар стрелец во составот на новиот шампион беше Дарјан Ѓоќески со седум гола, а Марин Крстевски постигна шест гола. Мулти Есенс трета година по ред е младински шампион на Македонија. Младинците на РК Мулти Есенс се новите ...

Попладнево во Штип, пред околу 5.000 публика на Градскиот стадион под Исарот, во дербито на 28.коло во ВМФЛ, Брегалница и Шкендија (А) одиграа 1:1. Бод со кој штипските “сини“ и натаму се во пол позиција за директен пласман во елитата. Имено сега имаат заедно со Скопје по 65 бода на две кола до крајот, но Брегалница има подобар меѓусебен скор и затоа е во предност. Се разбира дека треба да победи во последните две кола. Затоа велиме дека ...

Трите дуели од пладневната програма во Премиер лигата завршија без победник односно со нереѓен резултат. Во оној во кој што играа екипите на Барнли и Астон Вила беа постигнати четири гола, а конечниот резултат гласи 2:2. Ентони донесе водство, а израмни за гостите Рос Баркли. Воткинс погодува за 1:2, а конечниот резултат го постави Флеминг. Со идентичен резултат 2:2, заврши и дуелот Кристал Палас – Евертон. Тарковски за 0:1, Сар израмни по ...

Конечните 1:4 на дуелот помеѓу Македонија ЃП и Тиквеш денеска одигран во Ѓорче Петров во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот значат само едно. Дека некогашниот државен шампион и освојувач на Купот, тимот на Македонија ЃП и официјално следната сезона ќе игра во второлигашката конкуренција. Немаше спас за „Лавовите“ денеска кои што губеа уште на полувреме со 0:2, за да по половина час вече имаат и три гола негатива. Окере и Сила погодија ...

Андреј Јакимовски и неговите соиграчи во тренто извојуваа многу важна победа над Милано со 84:74 и се уште се во игра за последното место кое води во италијанскиот кошаркарски плеј-оф. Нашиот репрезентативец и денеска беше солиден во составот на Тренто постигнувајќи седум поени за околу 24 минути кои ги помина на паркетот. Покрај тоа, Андреј мечот го заврши и со еден скок и две асистенции. Статистички, Андреј погоди две тројки од четири ...

Валенсија на Столе Димитриевски направи уште еден голем чекор кон обезбедувањето опстанок во Ла Лига, откако попладнево на гостувањето кај Атлетик во Билбао, славеше со 1:0. Димитриевски кој е прв голман на Валенсија, успеа и денеска да ја зачува својата мрежа празна и да му помогне на својот тим да направи голем исчекор кон обезбедувањето место во елитата и следната сезона. Со ова победа Валенсија на три кола до крајот има пет бода предност ...

Откако Брегалница во 67.минута од пенал успеа да дојде израмнување на мечот со Шкендија Арачиново, дојде до вистински хаос и прекин на натпреварот. На теренот влегоа неслужбени лица, веројатно од гостинска страна кои бараа објаснување од судијата Александар Грујоски за тоа зошто покажал на белата точка за домашните на 0:1 за нив. Тука се приклучија и фудбалерите на тимот од Арачиново. Хаосот продолжи, сепак мечот продолжи. Откако ...

Возачот на тимот на Априлија, Хорхе Мартин е победник на трката во „кралската класа“ на патеката Ле Ман, која што се возеше попладнево. Временските услови за оваа класа се подобрија денеска, па најдобрите моторциклисти на светот можеа во целост да ги покажат своите квалитети. Откако испандаа браќата Маркес, за Мартин се отвори простор да обезбеди победа. Втор завршу Марко Бецеки, додека пак последен на пиедесталот се искачи Ај Огура исто ...

На само саати пред вечерашното големо дерби „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во семејството на тренерот на Барселона се случи трагедија. Почина таткото на Ханси Флик. Оваа информација е пренесена попладнево, а според истата Флик нема да одуствува денеска, туку напротив, ќе го води тимот на овој меч. Каталонскиот клуб се огласи преку соопштение, во кое изразува поддршка на својот тренер во овие тешки моменти. „Барселона и целото ...

Над 2000 учесници од 16 земји беа дел од 10. јубилејно издание на трката, која уште еднаш го претвори главниот град во центар на спортот, енергијата и заедништвото. Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го ...

Како што информираат од Федерацијата на Училишен Спорт на Македонија, државниот првак од средното училиште СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во футсал, кое од 10 до 26 мај се одржува во Бања Лука. Нашите ученици ќе бидат дел од континенталниот шампионат на кој ќе учествуваат 250 учесници од 11 земји. Европското отворено првенство во футсал е наменето за ученици до 18 години, а ќе се ...

Тимот на Дрита повторно е шампион на Косово. Екипата која што ја води Зекирија Рамадан, а во која што играат Егзон Бејтулаи, Флорент Рамадани и Блертон Шеји, уште еднаш е број еден кај нашиот сосед. Овој клуб одлично „гази“ во изминатиот период со нашите интернационалци во составот, а минатата година играше и во Конференциската лига. Бејтулаи пак преку игрите во овој тим се врати во А националниот тим на Македонија, а за него ова е петта ...

Во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот во моментов се играат три меча. Во Ѓорче Петров, со головите на Окере и Сила, тимот на Тиквеш води со 0:2 во дуелот со Македонија. Во Струмица пак, иако поведе со голот на Хоџа, Работнички губи од Брера со 2:1. Величковски направи комплетен пресврт со два погодока, а згора на тоа промаши и пенал за хет трик. Во Гостивар пак Арсими со голот на Гафури води со 1:0 против Башкими. Во рамките од 31. ...

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше пеналот досуден во 31. минута со кој гостите поведоа со 0:1. Сепак, на полувреме не заминаа со предност затоа што Ведат Муриќи израмнји на 1:1 уште пред полувремето. Во вториот дел домаќинот токму преку Муриќи имаше две до три ...

Македонската ракометна репрезентација ознчи старт на мини подготовките за пласман на Светското првенство 2027 година. На патот до нов Мундијал стои селекцијата на Словачка, првиот меч се игра на гостински терен на 14 мај, додека реваншот е за три дена во СЦ „Борис Трајковски“. „Ова е бараж за Светко првенство, и имаме големо искуство и ние како стручен штаб, и одреден дел од играчите. Без разлика на противникот, ова се одлучувачки ...

Време е за собирање сликички и пополнување на албумот на Панини за СП 2026. На такво нешто не можата да одолеат и најголемите фудбалски ѕвезди. А секако дека Маркињос како капитен на ПСЖ и член на селекцијата на Бразил и тоа како е тоа. Така, бразилскиот дефанзивец Маркињос се најде во центарот на вниманието, откако реши да собира сликички од Светското првенство со своите деца и објави видео кое воодушеви многумина. Ѕвездата на ПСЖ купи ...

Полјакот Јан Беднарек и неговото семејство доживеале вистинска драма во Порто, кога група крадци провалиле во нивниот дом, што предизвикало шок во Португалија. Според извештаите на португалските медиуми, полскиот стопер се вратил дома околу 21 часот по вечерата и во својата куќа пронашол пет непознати лица. Се наведува дека станува збор за четири мажи и една жена кои зборувале шпански. Ситуацијата одеднаш се влошила кога еден од напаѓачите ...

Нема дилеми дека Манчестер Сити не се откажува од трката за титулата. Тоа го кажа и самиот Пеп Гвардиола кој изјави дека Сити ќе го брка Арсенал до самиот крај во трката за титулата во Премиер лигата, откако неговиот тим ја намали разликата на само два бода со победа против Брентфорд. Сити славеше со 3-0 со головите на Џереми Доку, Ерлинг Халанд и Омар Мармуш, ставајќи притисок врз Арсенал пред нивното денешно гостување кај Вест Хем. ...

Уште еден доказ дека “кралевите“ не се навикнати на пораз. Ништо ново од нив.Имено Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, нема да биде во ложата на „Камп Ноу“ вечерва за да го гледа „Ел Класико“ против ФК Барселона. Барселона го потврди ова на својот список на гости во ВИП ложата. Највисок претставник на мадридскиот клуб ќе биде Пири, неговиот почесен претседател. Емилио Бутрагењо, директор за институционални односи на Реал Мадрид, ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
75%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
3.58
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
79%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
79%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
87%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
1.79
61%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
87%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
75%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Родиум

257205.97