Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Урош Луковиќ со многу емоции и со емотивна порака се збогува со КК Куманово. Тој преку своите социјални мрежи испрати порака дека нема веќе да биде дел од куман0вскиот клуб. Србинот кој беше миленик на кумановските фанови сиве овие години им се заблагодари на сите кои биле дел од неговиот престој во овој клуб: „Овој клуб за мене никогаш не бил само место каде што се игра кошарка. Ми беше втор дом, семејство, дел од животот што ме обликуваше ...
Време е за „Ел Класико“, време е за најголемото клупско дерби во светот на фудбалот.Фудбалскиот свет се подготвува за уште едно издание на „Ел Класико“, но овој пат влоговите се поголеми од кога било. Вечерва од 21 часот нна „Камп Ноу“ Барселона го пречекува Реал Мадрид во натпревар од 35-то коло на Ла Лига. Со 88 бода на чело, Каталонците се на работ на втората последователна титула, додека Мадрид, кој е на втората позиција со 77 бода, ќе ...
Со конечни 3:1, тимот на Ренџерс со Бојан Миовски во составот, не успеа да обезбеди поволен резултат во големото дерби против тимот на Селтик. Нашиот интернационалец влезе во второто полувреме како засилување за нападот, при резултат 3:1, и успеа да ја погоди гредата со удар со глава но не и да погоди во домашната мрежа. Селтик, овојпат одигра далеку подобар меч и заслужено ги освои трите бода. Со ова битката за титулата во шкотскиот ...
ТФТ вечерва (21 часот) во салата „Лазар Лечиќ“ го игра вториот меч против Борац Чачак за пласман во АБА-лига. После убедливиот пораз на гостински терен (97-61), македонскиот тим мора да победи ако сака да го живее сонот – јадранска елита. Кошаркарите на ТФТ немаа многу време за одмор, но ниту имаат простор да се жалт, не се откажуваат, ќе се обидат да се изборат за „мајсторка“. „Овие неколку дена ги поминавме во физичко закрепнување и ...
Во 31. рунда од домашниот фудбалски шампионат, Македонија ЃП на домашен терен го пречекува Тиквеш. Составот предводен од Боби Божиновски во дуелот кој ја решава за опстанок во елитното друштво ќе се обиде да забележи нова победа со што ќе ја продолжи триумфалната низа во самата завршница од првенството. Македонија ЃП во претходните два меча кои ги играше на домашен терен славеше во соочувањата со Шкупи и Работнички. Во првиот против екипата ...
Фудбалерите на АП Брера остварија екстремно важна победа во минатото коло на гостувањето во Струга, но тие бодови нема да значат премногу во трката да се избегне баражот, ако денеска не надополнат со нови три од дуелот со Работнички. Младиот тим на Шефки Арифовски ја прекина низата лоши резултати, но сега треба да покаже и дека може во континуитет да игра на потребното ниво. „Подготвени сме за ново надигрување. Ќе биде ова уште еден мошне ...
Иако Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Рим уште на самиот почеток, најдобриот тенисер на сите времиња има голема причина да биде среќен – Ле Ман се врати во Лига 1 по долги 16 години! Клубот чиј гигант на белиот спорт е ко-сопственик го потврди враќањето во француската елита со победа во Бастија (2:0), со што го прескокна Сент Етјен и го заврши натпреварувањето на второто место. Ќе биде многу интересно да се гледа тимот од ...
Стив Кер и Голден Стејт Вориорс се договорија за ново двегодишно продолжување на договорот, што ќе го задржи Кер како најплатен тренер во НБА. Веста, која прв ја објави Шамс Чаранија од ESPN, доаѓа по неколку недели шпекулации за иднината на Кер во тимот. Новиот договор ќе го задржи Кер како најплатен тренер во лигата, заработувајќи 17,5 милиони долари минатата сезона. Договорот следува по обемни разговори меѓу Кер и раководството на ...
Арсими денеска, пред своите навивачи во Гостивар, ќе го одигра еден од најважните натпревари во тековната сезона. Против екипата на Башкими, гостиварската екипа ќе атакува на исклучително важни три бода, кои значително би ја доближиле до обезбедување опстанок во Првата лига. Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој потенцира дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но целта е јасна, а тоа е ...
Денеска од 16 часот се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ, и сите три се значајни во битката за опстанок. Сепак во преден план е мечот во Струмица меѓу Брера и Работнички. Имено се знае дека Работнички, некогашниот гигант во мак – фудбалот, мора, ама баш мора да победи. Во спротивно уште денеска ќе се официјализира како “второлигаш“ за следната сезона. Јасно е дека клубот од Градски парк е под притисок, да не говориме за играчите и ...
И дефинитивно ЛА Лејкерси без Лука Дончиќ се немоќни во полуфиналната серија на западот со Оклахома. И дефинитивно актуелните шампиони се доближија чекор поблиску до финалето со доминантен настап и победа од 131:108 за водство во серијата од 3:0. Лејкерси се пред елиминација. Херој на вечерта беше Аџај Мичел, кој постави лични рекорди во кариерата во плејофот со 24 поени и 10 асистенции. Шај Гилџус – Александар додаде 23 поени и девет ...
Пелистер и МЗТ Скопје денеска го играат вториот полуфинален натпревар во плеј-офот. Актулениот првак го дели победа до пласман во финалето, мечот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот. Првата пресметка ја понуди целосната возбуда, битолчани паднаа во последниот период. Српскиот интернационалец верува дека „пелистерци“ со помош на публиката можат да дојдат до триумф и да се изборат за мајсторка во полуфиналето „Штета, ...
Денеска од 16 часот се играат сите осум средби од 28.коло во ВМФЛ. Сите погледи ќе бидат свртени кон Штип каде се игра дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. И тоа како ќе биде “жешко“ во Штип, се очекува голема посета на трибините а фановите на Брегалница очекуваат победа. Нема дилеми дека овој меч е најважниот за “сините“ кои во случај на триумф и три бода и тоа како милиметри ќе бидат блиску до враќање во елитата. Од друга страна ...
Требаше да биде шампионско славје, требаше, ама ништо од тоа. Имено Славија Прага беше на прагот да ја освои шампионската титула во прашкото дерби против Спарта, но дојде до општ хаос. Благодарение на предноста во бодовите, на Славија ѝ беше потребна победа во саботното дерби против својот најголем ривал за математички да ја потврди титулата. Сè помина според планот за домаќините – тие водеа со 3:2 во судиското продолжение, а навивачите веќе ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ќе означи старт на мини-подготовките за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Селекторот Кирил Лазаров денеска (13:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ја закажа прозивката. На скратениот список се најдоа 20 ракометари. Првиот натпревар се игра на 14 мај во Прешов, додека реваншот е закажан три дена подоцна во СЦ „Борис ...
Малкумина веруваа дека може да се случи такво сценарио, но UFC повторно покажа зошто е еден од најнепредвидливите спортови во светот. Шон Стрикленд повторно е шампион во средна категорија откако го победи претходно непоразениот Хамзат Чимаев во спектакуларна борба на UFC 328 и создаде една од најголемите сензации во последните години. Борбата одржана во познатиот Пруденшал Центар во Њуарк донесе вистинска војна во Октагонот, а Стрикленд ...
Познато е дека има идеја и иницијатива, Јужната трибина на Арената „Тодор Проески“ во Скопје или Градски како вардарци милуваат да го нарекуваат нашиот најголем спортски објект, да се именува во „Васил Рингов“. Се чини убава идеја ако се знае кој беше Васе, легендарниот фудбалер на Вардар еден од најголемите кој Македонија го имала и кој неодамна почина. Од денеска и “Комити“ се придружија на таа идеја откако на мечот со Силекс, тие истакнаа ...
Првата македонска лига има нов шампион. Тоа е екипата на Струмица 2001 која што во серијата за пласман во ранг погоре беше подобра од екипата на Бутел од Скопје. Во одлучувачкиот дуел, струмичани беа подобри со конечни 81:76, и победија во серијата со конечни 2:1. Струмичани имаа постојано водство во текот на сите 40.минути, и во ниту еден момент не му дозволија на гостинскиот тим да се понадева, да размислува за било какво изненадување. По ...
Шкендија – Струга ТЛ 3:1 е исходот од попладневниот меч од 31.коло под Шара. Со оваа победа тетовци ја одложија шампионската прослава на Вардар, и натаму имаат -6 бода на две кола до крајот. Се надеваат дека токму Струга ТЛ во следното коло ќе го победи Вардар за да во последното 33.коло на гости кај лидерот решаваат за титулата. Добар меч, добра Шкендија иако беше ослабена со неиграњето на неколку клучни играчи. Инаку се почна со ударот на ...
Иницијативата јужната трибина на Арената Тодор Проески во Скопје да го носи името на легендарниот вардарови фудбалер Васил Рингов кој неодамна почина, зема се поголем замав. Се повеќе засегнати институции се приклучуваат и даваат „зелено светло“ за истата. Фудбалската Федерација на Македонија, на чело со претседателот Масар Омерагиќ и официјално со допис се согласи надлежните да го променат името на трибината. „Големо име, ќе стои и ќе ...
Македонските интернационалци Јован Манев и Стефан Деспотовски имаа супер попладне во Белград, откако со своите екипи изборија одлични резултати против големите Црвена Звезда и Партизан. Манев со својот Нови Пазар го шокираше тимот на Црвена Звезда среда „Рајко Митиќ“ и го победи со 1:2, иако домаќинот имаше водство од 1:0. Со голови во финишот на мечот пазарците успеаа да направат комплетен пресврт. Само неколку стотини метри подолу, на ...
Претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико, по многу што е уникатен и изненадува. По државите каде што се одржува, по грандиозните стадиони кои што се претежно за Американски фудбал, по цените на билетите кои се екстремно скапи, и што ли уште не. Еден од раритетните податоци поврзани со овој турнир е оној кој што вели дека школскиот систем во Мексико комплетно се затвора дури четириесет дена порано поради ...
Лидерот на прволигашката конкуренција, тимот на Вардар во рамките од 31. Коло од ПМФЛ шампионатот на Арената Тодор Проески попладнево го совлада тимот на Силекс со 2:1. И покрај најавите дека беше можно освојување на титулата сезонава, сепак, ова коло за Вардар до крај нештата не се поклопија. Второпласираната Шкендија обезбеди три бода во дербито со Струга ТЛ, и на тој начин го одложи славјето во таборот на „црвено – црните“. Сепак, Вардар ...
Некогашниот македонски младински репрезентативец, а потенцијален сениорски, Дин Аломеровиќ потпиша нов договор со тимот на Ута Арад. Левиот бек одлично се снајде во романскиот тим, каде што се презадоволни од него, и каде што не дозволија формата која што ја има Аломеровиќ во моментов да го одведе на друга дестинација. Менаџментот на тимот поита со Аломеровиќ да потпише, нова двегодишна соработка, и да го „врзе“ нашиот интернационалец на ...
Душан Влаховиќ погоди во првата минута од дуелот на Јувентус против Лече и тоа беше доволно за тимот од Торино да победи на ова гостување со конечни 0:1. Во буквално првиот напад Јуве реализираше за водство, кое што го задржа до крајот на дуелот. Во второто полувреме, Влаховиќ односно Калулу погодија но и двата гола беа поништени поради офсајд. Јуве со оваа победа стигна до 68 бодови од 36 кола и е трет, додека Лече има сеуште и тоа како ...
Во пресрет на утрешниот дуел меѓу Вест Хем и Арсенал, голем шок за фановите на Тотенхем. Дали навивачите на Тотенхем се молат Арсенал да не ја освои титулата? Да. Дали навивачите на Тотенхем се молат Тотенхем да не испадне? Секако. Единственото прашање сега е што им е поважно, бидејќи Арсенал и Вест Хем се среќаваат во директен дуел, првиот кандидат за титулата и ќе биде на дофат на трофејот ако слават, додека „Чеканите“ се директен ривал на ...
Лајпциг и официјално следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите откако денес го победи Ст. Паули со 2:1. Победата им беше неопходна, со соодветниот резултат во натпреварот помеѓу Штутгарт и Леверкузен, а бидејќи на тој натпревар немаше нерешено, јасно е дека ќе одат во ЛШ. Уедраго ја имаше првата шанса, едноставно е неверојатно како не успеа подобро да реагира, а гостите се заканија преку Карс кој ја погоди пречката од многу веројатна ...
Алкалоид ги освои бодовите против ГРК Тиквеш на гостински терен, откако славеше со 23-30. Избраниците на Кирил Лазаров победникот го решија во второто полувреме, во кое го зголемијата темпото кое беше доволно за освојување на целиот плен. Кавадарчани го имаа водството во првите десет минути, 6-4, по што гостите со серија од 3-0 поведоа со 6-7 и од овој момент го наметнаа своето темпо. После 11-12 на одморот, Алкалоид почна да ја гради ...
Лео Меси и Кристијано Роналдо ги одбележаа последните две децении. Станува збор за едни од најдобрите фудбалери на сите времиња. Како играчи на Барса и Реал тие мечеви беа епски, а исто така епска беше битката меѓу нов кој ќе ја освои „Златната топка“. Тие времиња ќе се паметат. Денови Лионел Меси се посети за неговото соперништво или ривалство со Кристијано Роналдо, кое се карактеризира со меѓусебно почитување. „Тоа е нешто природно во ...
Дербито помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 заврши во корист на домашниот тим, кој славеше со 26-24 и воедно испиша историја, бидејќи за првпат слави против вардарци. Ова беше натпревар од осмото коло во плеј-офот. Пилиповиќ имаше 11 одбрани, Јасухира и Иванковиќ постигнаа по 6 погодоци, на другата страна Да Силва имаше пет гола. Во првото полувреме дуелот беше поделен, на стартот водеше охридскиот тим, а потоа темпото го наметна своето темпо, па ...