
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Македонскиот прволигаш Струга Трим Љум го промовираше Бледи Шкемби како нов предводник на екипата, на местото на Илчо Ѓорѓиоски. 45-годишниот стратег од Корча е познато фудбалско име во регионот, најмногу по својата лидерска улога во доминацијата на Скендербег, кој шест пати по ред беше шампион на Албанија и настапи во групната фаза од Лига Европа. Тренерската кариера на Шкемби вклучува ангажмани во Тирана, во две различни етапи, Теута, Динамо ...
Четири натпревари се играат денеска на Светското клупско првенство, а во понудата на Sport Life има шест супер интересни Бет билдер комбинации на кои квотите се движат од 10 до 20. Одлична квота од 20 се дава на мечот Фламенго – Челзи, а за да биде добитна, потребно е: Челзи да победи и двете екипи да постигнат гол, Челзи да изведе повеќе од 2,5 корнери во првото полувреме, Пулгар Ерик да направи барем еден фаул и Нето Педро да упати над 1,5 ...
РK Вардар 1961 од денеска има нов предводник, но добро познато лице, кое освојуваше титули во „Јане Сандански“. Тоа е легендарниот хрватски ас Иван Чупиќ, кој во минатото беше и дел од шампионската генерација и го постигна клучниот гол за првиот трофеј во ЛШ. Чупиќ денеска е претставен за нов кормилар на Црвено-црните. „Прво да му се заблагодарам на мојот тим Метковиќ, кој ми дозволи да си заминам веднаш штом добив повик да бидам тренер на ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 го промовираше новиот тренер. Тоа е легендарниот хрватски ас Иван Чупиќ, кој во минатото беше и дел од шампионската генерација и го постигна клучниот гол за првиот трофеј во ЛШ. Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, го претстави новиот проект кој стартува со ангажманот на Иван Чупиќ. „Вардар минатата сезона за жал го освои само Купот, а во Европа буквално за влакно не ја поминавме групната фаза. Многу сум ...
Ривер плејт со 3:1 славеше над Урава редс, а освен четирите гола кои беа постигнати, ово натпревар го одбележа и еден необичен потег, и тоа од капитенот на јапонскиот тим. Предводникот на Урава на теренот, Норвежанецот Мариус Хоибратен, едноставно само помина покрај фудбалерите на Ривер плејт без да се поздрави, што е вообичаено пред да започне средбата. Фудбалерите на Ривер плејт збунето го гледаа капитенот на Урава, а добро е затоа што ...
6000 Бенфика – Оукленд сити (18.00 часот) Откако примија 10 гола од Баерн Минхен, сега целта на новозеландскиот тим ќе му биде да прима што помалку во дуелот со Бенфика, која е апсолутен фаворит и само прашање е со колку голови разлика ќе го добие овој меч на „мачка и глушец“. Лисабонските Орли во првото коло одиграа 2-2 со Бока јуниорс, што за нив беше четврти меч по ред без победа. Денеска сигурно ќе победат против аматерите од Океанија, и ...
Славниот кошаркар и член на Куќата на славните, Владе Дивац, доживеа сообраќајна несреќа на црногорското приморје откако паднал од својот мотоцикл во близина на селото Луштица. Според очевидци, несреќата била сериозна, Дивац не можел сам да стане по падот, по што бил итно пренесен во најблиската болница. Како што пренесуваат српските медиуми, лекарите веднаш реагирале и извршиле итна операција, при што му бил вграден вештачки колк. Дивац е добро ...
Шест тениски дуели и десет фудбалски пресметки се на денешната понуда во Супер типот каде може да најдете одлични зголемени квоти. Возбудувањата ќе започнат уште предпладне за кога е закажан дуелот на кој Данил Медведев е фаворит за победа и има квота од 1.46. Интересно е дека сите тениски квоти за победи на фаворитите се движат од 1.37 до 1.63, што значи дека треба да има „сигурици“. Фаворити за победа се и Лајовиќ, Сабаленка, Руне и Бадоса. ...
Интер Мајами со 2:1 го победи Порто што е историски триумф. Интер Мајами стана првиот тим од САД уште успеал да победи европски ривал во офцијален натпревар под капата на ФИФА. Лионел Меси постигна фантастичен гол од слободен удар со кој Интер Мајами стигна до победа од 2:1, откако Порто прв поведе. По мечот, тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, откри дека Меси играл повреден и дека пред средбата имало дилема дали треба да настапи. „Меси ...
Три меча од Светскоо клупско првенство во комбинација со два дуели од ирскиот шампионат се дел од денешната понуда во Квоти на ден. доколку сите пет комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 55.75. Челзи не треба да загуби од Фламенго во дуел на кој двете екипи ќе постигнат гол, за да биде добитна квотата од 2.50. Шамрок и Корк Сити треба да одиграат меч со погодоци на двете страни, а потребно е да има ...
Сосема неочекувано Пари Сен Жермен загуби од Ботафого со 1:0 во второто коло од Светското клупско натпреварување. Европскиот првак имаше целосна доминација на теренот, дури 75 отсто посед на топка, но Ботафого упати двојно повеќе удари во рамките на голот, а бразилците одлично ја бранеа својата мрежа. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике призна дека Ботафого одлично се бранел и дека тоа е клучот за поразот на Светците. Енрике вели дека сезонава ниту ...
Лионел Меси уште еднаш го маѓепса фудбалскиот свет откако постигна спектакуларен погодок од слободен удар кој на крајот се покажа и како победнички за Интер Мајами во дуелот против Порто. Ова беше прва историска победа на еден тим од САД во официјален меч со ривал од Европа. За Меси ова беше 68-ми погодок од слободен удар во кариерата, а вкупно има 866 голови во кариерата. Ако се додадат и асистенциите кои ги има Меси, се стигнува до бројката од ...
Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен неочекувано загуби со 0:1 од Ботафого, во второто коло на Светското клупско првенство во САД. Францускиот гигант беше огромен фаворит пред мечот, но на теренот, играчите на Ботафого успеаа да го задржат еден од најдобрите напади во светот и на крајот дури и да победат со 1:0. Единствениот гол на мечот го постигна Игор Жезус во 36 минута. Бразилците беа фокусирани да се бранат и со повремени напади да го ...
Кошаркарите на Индијана славеа над Оклахома со 108:91, во последниот меч на домашен терен за оваа сезона. Со оваа победа на Индијана, кулминацијата во НБА плејофот го одстигнува врвот. Индијана израмни на 3:3 во победи и новиот НБА првак ќе се одлучува во мајсторката, односно седмиот меч, кој ќе се игра на теренот на Оклахома. Гостите од Оклахома само во почетните неколку минути беа во позитива. Поведоа со 10:2, но Индијана брзо се врати и ...
Легендата на српската кошарка и поранешна НБА ѕвезда, Владе Дивац, денес бил вклучен во сообраќајна несреќа на црногорското приморје, при што паднал од мотоцикл во близина на Луштица. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, очевидци сведочеле дека Дивац по падот не можел сам да стане, поради видливи повреди. Итната медицинска служба пристигнала на местото на настанот и му пружила прва помош, по што тој бил префрлен во болница за ...
Лионел Меси постигна фантастичен гол од слободен удар кој донесе победа на Интер Мајами со 2:1 против Порто, во второто коло од Светското клупско првенство. Аргентинскиот виртуоз погоди за 2:1 и Интер Мајами стана првиот тим од Северна Америка кој славел над европски ривал во официјален меч во натпреварување под покровителство на ФИФА. За Меси ова беше јубилеен 50-ти гол во дресот на Интер Мајами. Тоа што е интересно е дека освојувачот на осум ...
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси блесна во полн сјај за Интер Мајами во триумфот од 2-1 против Порто, во дуел од Светското клупско првенство. Тој изведе магија од слободен удар во 54-та минута и постигна погодок за пресврт и победа на мечот против португалскиот гигант. REF CAM: best view in the house to witness Messi greatness 📹 Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld ...
Првото „Дерби на Италија“ за сезоната 2025/26 меѓу Јувентус и Интер ќе се одигра на 13 септември (сабота) на „Алијанц стадион“ со почеток во 18 часот. Ова стана јасно откако Серија А ја објави точната програма за првите три кола од новата сезона. Актуелниот шампион Наполи ќе ја започне одбраната на титулата против новајлија, а почетокот на сезоната ќе понуди и неколку големи дерби мечеви. ⚽️🇮🇹Serie A, orari: INTER-Torino lunedì 25 agosto ore ...
Најдобриот тенисер во моментов, Јаник Синер, беше елиминиран во осминафиналето на турнирот во Хале, откако загуби од Казахстанецот Александер Бублик со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 4-6). Мечот траеше два часа и четири минути. Синер ја бранеше титулата од минатата сезона, па со поразот загуби 450 поени, но неговото прво место на АТП листата не е загрозено. За Бублик ова е прва победа во кариерата против тенисер кој е број 1 во светот. Во ...
Флоријан Вирц веќе се наоѓа во Англија и ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи пред официјализацијата на неговиот трансфер во Ливерпул. Германскиот репрезентативец пристигна во Манчестер, пред да се упати кон Мерсисајд, каде што ќе потпише долгорочен договор со актуелниот шампион на Англија. 🚨🎥 Florian #Wirtz landing in Manchester at 16:42 local time – set to begin his medical later this evening! #LFC 🛬 📸 @Sky_Marlon89 | @SkySportDE ...
Македонскиот прволигаш Работнички продолжува активно да се засилува во пресрет на настапите на европската сцена. Најново име во редовите на клубот од Дебар Маало е босанскиот интернационалец Амир Велиќ (26), кој настапува на позицијата централен дефанзивец. Велиќ потпиша договор на две години и се приклучува на екипата на тренерот Бојан Маркоски, кој ова лето значително ја реконструира одбраната. Во својата досегашна кариера, Амир Велиќ ...
Парма официјално го назначи Карлос Куеста за нов тренер по заминувањето на Кристијан Киву, кој се приклучи на Интер. Договорот на 29-годишниот доскорешен помошник на Микел Артета во Арсенал е со важност од 2+1 година. Тоа значи дека Шпанецот станува втор најмлад тренер во историјата на Серија А. На својот деби натпревар за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена. Единствениот кој бил помлад од него како тренер во ...
По ангажманот на Флоријан Вирц, Ливерпул тргнува и по Александер Исак, напаѓачот на Њукасл. Од Островот денеска пристигнуваат бомбастични информации дека Ливерпул е подготвен да го „одврзе ќесето“ и да плати 100 милиони фунти, односно 117 милиони евра фиксно за шведскиот напаѓач, плус бројни бонуси, со што можно е дури и да биде надминат трансферот на Флоријан Вирц. Германецот пристигнува на „Енфилд“ од Баер Леверкузен за сума од 136 милиони ...
Палмеирас и Ал-Ахли играат при резултат 2-0 во Њујорк во вториот натпревар од групата А на Светското клупско првенство. Мечот е прекинат по 63 минути, поради најава за невреме. Весам Абу Али си постигна автогол во 49-тата минута, а во 59-тата минута стрелаше резервистот Хозе Лопес. Во првите натпревари и двете екипи одиграа без голови, Бразилците со Порто, а Египќаните со Интер Мајами. 63' The game is interrupted due to bad weather! Watch the ...
Македонскиот првологаш Пелистер од денеска има нов претседател. На денешното одржано официјално собрание, прифатени се оставките на досегашната управа и избрана е нова. Нов генерален извршен директор на ФК Пелистер АД е Александар Стефановски, кој е дел од одделението за јавни дејности и директно вклучен во областа спорт при Општина Битола. „Ми причинува задоволство што ми е доверен овој нов почеток на клубот. Наскоро ќе го промовираме новиот ...
Живиот ѕид кој го постави мексиканскиот тим Монтереј на натпреварот од Светското клупско првенство против Интер Милано, стана вистински хит на социјалните мрежи. Имено, играчите на Монтереј не знаеја дали ќе им шутира фудбалер со лева или со десна нога, па создадоа двоен жив ѕид кога Интер имаше слободен удар на приближно 17 метри од голот. Притоа Мексиканците оставија отворен простор во средината, а ги покрија левата и десната страна од својот ...
Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен, доцна вечерва против Ботафого ќе игра меч во Лос Анџелес од Светското клупско првенство, и по тој повод, на еден ѕид на Авенијата Мелроуз во „Ел-Еј“, беше нацртан мурал во чест на тимот од Париз. На ѕидот се прикажани ликовите на главните играчи на ПСЖ. ICI C’EST PARIS » – Booba feat Blessd 🎶❤️💙 ▶️ https://t.co/3ghF1rdkXH 🎨 Gustavo Zermeño Jr 📍 7753 Melrose Avenue LA pic.twitter.com/0ej5lYCfLI — ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои Златната топка за својот египетски народ. Салах е еден од фаворитите за освојување на признанието за најдобар фудбалер откако сезонава постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и беше прв стрелец во најсилната лига. „Ако ја освојам, ќе биде одлично. А, и ако не ја освојам, ...
Она што беше најавено одамна во Евролигата, сега стана и официјално, елитното европско клупско натпреварување ќе има рекордни 20 учесници од следната сезона. Ќе дебитираат Дубаи и Хапоел Тел Авив, Валенсија се враќа, а Алба Берлин го напушти натпреварувањето и ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА. Останатите 17 екипи се исти како и минатата сезона. Сите тимови ќе играат меѓусебно дома и на гости, па ќе имаме вкупно 38 кола, првите шест екипи ...
Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е во болница, објави клубот во официјално соопштение. Францускиот репрезентативец има „акутен гастроентеритис“ (запаление на цревата и желудникот) и е под лекарски надзор. Тој ќе биде подложен на разни тестови во наредните часови, додадоа од Реал. Мбапе вчера го пропушти натпреварот на Реал против Ал-Хилал на Светското клупско првенство во САД. Следниот меч за Кралскиот клуб е за три дена, на 22-ри ...