Осиек му нанесе пораз на Хајдук од 2-0, а ова и не е толку големо изненадување иако Хајдук се бори за титула во Хрватска. Белите веќе четири кола по ред немаат победа, а на делба се на врвот со Риека со која имаат ист број бодови. Вечерва Риека му гостува на Динамо Загреб, па ако победат Модрите ќе настане хаос на врвот на табелата и трите тима кандидати за титула ќе бидат во само еден бод разлика. Хајдук за кој игра Александар Трајковски, во ...

Екипата на Гостивар наводно незадоволна од судењето си замина во соблекувална откако прими гол за 1-2 против Работнички и направи скандал како оној на Воска спорт против Вардар. Ова фрла нова темна дамка врз фудбалот во Македонија, а бидејќи е втор случај во краток период станува симптоматично и веќе постојат шпекулации за организирана „акција“ во која е вмешана и политика. РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Работнички прекинато при 1-2, Пелистер – Тиквеш ...

Работнички даде гол за водство од 2-1 против Гостивар и тоа беше знак за домашната екипа наводно незадоволна од судењето, да го напушти теренот, имитирајќи го скандалозниот потег на Воска спорт која за тоа беше казнета со одземање на 9 бодови. При 1-0 за Гостивар, Ли Ервин доби црвен картон, потоа Работнички даде два гола за пресврт, а гостиварци решија да се повлечат во соблекувалната на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Судиите ...

Во Варна на стадионот „Спартак“ започна ревијалниот хуманитарен меч помеѓу фудбалските легенди на Бугарија и Македонија, а парите ќе бидат донирани за настраданите во пожарот во Кочани. За нашиот источен сосед играат членови на славната генерација која во 1994 година стигна до полуфинале на Светското првенство во САД. Капитен на Бугарите е некогаш најдобриот фудбалер на светот, Христо Стоичков. Капитенската лента во македонската селекција ја ...

Рома го победи Интер со 1-0 во дербито на Серија А, а овој меч потврди дека Волчицата е најопасен италијански тим во моментов, додека на Нераѕурите како приоритет да им е Лигата на шампионите. За Интер кој в среда игра со Барселона во полуфиналето на ЛШ, ова е втор пораз по ред и тоа е шанса Наполи вечерва да биде осамен на чело на табелата со еден или три бода повеќе од Интер кој е актуелен италијански првак. За првпат после 13 години, на Интер ...

Борнмут и Манчестер јунајтед попладнево одиграа 1-1 во дуел од Премиер лигата. Домашните голот за водство го дадоа во 23-та минута, а од 68-ма минута беа со човек помалку по исклучувањето на Еванилсон. Гостите предноста ја искористија дури кога Хојлунд во 96-та минута израмни на 1-1. Борнмут има историски најуспешна сезона како членови на елитното англиско друштво, моментниот број на бодови им е 50 што е најмногу во нивното постоење. Борнмут ...

Вечерва во кошаркарската НБА лига се играат четири натпревари од плејоф серии во кои тимови водат со по 2-1 во победи, па овие четврти дуели може да бидат клучни бидејќи враќањето посе 1-3 е многу тешко и затоа целта на оние што се во негатива е да израмнат на 2-2. Детроит и Њујорк одиграа три интересни мечеви, нема зошто да не биде така и вечерва. Никс има предност, па на потег е Пистонс кој е фаворит за победа според квотите во Sport Life. На ...

На Ливерпул му треба победа или нерешен резултат против Тотенхем за вечерва да ја прослави својата 20-та шампионска титула во Англија, но прва после пауза од 35 години пред своите навивачи. На 28-ми април 1990 година кога Црвените по 18-ти пат станаа прваци на Англија, никој не ни помислуваше дека е можно тогаш најтрофејниот клуб толку долго да чека на наредната титула. Наредната се случи во 2020, но поради коронавирусот, Ливерпул немаше прилика ...

Италијанскиот тенисер Матео Беретини со победа стартуваше на Мастерсот во Мадрид, а во еден момент кога побара медицински тајм-аут, следуваше хистерија на трибините меѓу припадничките на понежниот пол. Беретини кој важи за еден од најголемите заводници меѓу тенисерите, ја соблече маицата и го покажа телото и тетоважите. Во тој момент, повеќе девојки и жени почнаа да го фотографираат Беретини, ситуација која стана хит на социјалните мрежи. ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, можеби веќе нема да заигра сезонава, доколку добие долга суспензија од шпанската федерација за однесувањето кон судијата на синоќешниот меч со Барселона. Ридигер кој не го доигра финалето поради повреда, од клупата фрли кеса со мраз кон судијата и доби црвен картон, а одвај го запреа да не тргне и физички да се пресмета со Де Бургос Бенгоечеа. Ридигер може да добие суспензија од 4 до 12 меча, а до ...

Милан победи со 2-0 на гостувањето кај Венеција, а Комо со 1-0 беше подобар од Џенова во првите денешни натпревари од италијанската Серија А. Росонерите до победата против претпоследниот тим на табелата дојдоа со гол на Американецот Кристијан Пулишиќ уште во 5-тата минута, а точка стави Хименес во финишот. Пулишиќ сега има двоцифрен број на голови и асистенции сезонава. Росонерите се деветти на табелата и уште имаат шанса да изборат пласман во ...

Не престануваат реакциите по натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид од финалето на шпанскиот Куп на кралот, напротив, постојано излегуваат нови моменти кои покажуваат каков хаос беше на терен по завршувањето на мечот кој Каталонците го добија по продолженија со 3-2. Во шпанските медиуми излезе снимка на која се гледа како нервозниот и разочаран Џуд Белингам само поминува низ тунелот кој го направија играчите на Барса и одби да се поздрави со ...

Германскиот стратег на клупата на Барселона, Ханси Флик, во својата тренерска кариера седумпати ги предводел екипите кои ги тренира во финале на некое натпреварување и секогаш успевал да победи. Со Баерн Минхен ги освојуваше германскиот Куп и Супер куп, но и Лигата на шампионите, европскиот Супер куп, како и Светското клупско првенство. Со Барселона има два од два и тоа победувајќи го најголемиот ривал, Реал Мадрид, во финалните натпревари и во ...

Нова успех и потврда на квалитетот на Дарио Ивановски дојде денеска, тој победи на полумаратонот во Дубровник, каде низ целта на популарниот Страдун мина носејќи го македонското знаме. На полумаратонот во овој хрватски град, Дарио ја уништи конкуренцијата и постави рекорд на патеката од 1 час, 8 минути и 2 секунди. Второпласиран беше Хрватот Жељко Цота кој имаше дури 6,24 минути послабо време од Дарио. На полумаратонот учествуваа околу 1.000 ...

Жерар Пике цели 14 сезони беше дел од Барселона, играше и во најголемите успеси на „каталонците“ и сосема заслужено навивачите го сметаат за жива легенда на клубот. Поранешниот капитен на Барселона не ја пропушти шансата да го провоцира вечниот ривал после победата од 3-2 во финалето на шпанскиот Куп. Пике на социјалните мрежи напиша: „На крајот секогаш победуваат добрите момци“, веројатно алудирајќи на провокации на противникот пред мечот, ...

Актуелниот освојувач на македонскиот ракометен Куп, скопски Алкалоид, вечерва е пред историска шанса за пласман во финалето на Европскиот куп. „Фармацевтите“ имаат предност од пет гола (42-37) од првиот меч одигран во Скопје, па во Норвешка ќе треба да ја одбрани оваа предност и да ја израдува ракометна Македонија. Иако Алкалоид победи со пет гола на првиот натпревар, сепак квотите во Sport Life го фаворизираат норвешкиот состав, Рунар, со квота ...

Фудбалските возбудувања ширум Европа нема да изостанат и денес, а најпопуларната споредна работа во светот секогаш е поинтересна со одличните квоти на Sport Life. Бет билдерот за недела нуди квоти дури и до 40.00 за најинтересните фудбалски натпревар, а врвни екипи денес ќе ги играат своите натпревари. Во Премиер лигата се среќаваат Борнмут и Манчестер јунајтед со квоти од 20 и 40, а Ливерпул може да ја прослави титулата против Тотенхем со две ...

1091 Нотингем форест – Манчестер сити (17:30) Спасот на сезоната за Манчестер сити е англискиот ФА куп, единственото натпреварување во кое се уште имаат шанса да освојат трофеј. „Граѓаните“ ќе треба прво да го минат Нотингем форест во полуфиналето, а дури потоа да излезат на мегдан со Кристал палас во големото финале. Пеп Гвардиола сигурно дека ќе фрли се на една карта на денешниот меч и ќе сака да се повтори резултатот од домашниот меч против ...

Нови 16 натпревари се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Фудбалот доминира со 14 меча, додека последните два се од тенисот. Првиот натпревар од Супер типот започнува во 12:15 часот, а тоа значи дека треба да побрзате и да ги посетите уплатните места на Sport Life, да го одберете вашиот пар и да ја зголемите добивката на вашите тикети. Помеѓу фудбалските натпревари, најинтересни се дуелите на Интер и Рома, односно ...

Првата македонска фудбалска лига влегува во самиот финиш од првенството, а попладнево со почеток во 16 часот ќе се одиграат четири меча. Колото го отвори Вардар со победа над Беса од 3-1 уште вчера, додека треба да биде затворено утре со дуелот на Брера и Воска, кој ќе го добијат домашните со 3-0 службено, поради откажувањето на прволигашот од Охрид. Попладнево најинтересно се очекува да биде во скопската населба Маџари, каде во битката за ...

Тековното коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е започнато, но преостанатите шест може да ги одиграте на тикет. Вкупната квота според типовите на преку 2.000 играчи изнесува 107, а на тикетот има четири меча од денес и два од утре. Според играчите на Спортската прогноза, на денешните дуели фаворити се Борнмут, Бохум, Нант и Ривер Плата, додека италијанците своите натпревари ќе ги одиграат ...

Пет фудбалски натпревари од врвниот европски фудбал се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 47.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.25. Милан е голем фаворит на гостувањето кај Венеција, а квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако ја оправдаат фаворитската улога во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола. Ефикасно се очекува да мечот помеѓу Виљареал и Еспањол ...

Францускиот интернационалец, Жул Кунде, е херојот на Барселона и стрелец на победничкиот гол во финалето од шпанскиот Куп. Дефанзивецот го пресече проигрување на Лука Модриќ до Брахим Дијас, а потоа одлучи сам да ја завршува акција, што се покажа како полн погодок и доволно за 32-риот трофеј од Купот за „каталонците“. „Ова беше посебна вечер, крунисана со мојот гол. Видов дека Модриќ ќе го одигра тоа проигрување, го очекував тоа. Видов и ...

Барселона на спектакуларен начин дојде до трофејот од Купот на Шпанија, откако после продолженија го победи Реал Мадрид со 3-2. За „каталонците“ ова трета победа над вечиот ривал оваа сезона и втора во битката за трофеј, после она финале во Супер купот. На мечот му претходеа големи протести од „кралевите“ кон судиите кои беа делегирани, па свој коментар околу тие настани имаше и претседателот на „каталонците“, Жоан Лапорта. „Уште од натпреварот ...

Кошаркарите на Денвер нагетс успеаја да го вратат брејкот и да израмнат на 2-2 во серија против ЛА Лејкерс. Никола Јокиќ беше лидер со 36 поени во победата на од 99-101, која беше остварена на уникатен начин. Арон Гордон со звукот на сирената при резултат 99-99, успеа со забивање да ја донесе победата за Денвер, нешто што никогаш претходно не се случило во историјата на НБА лигата, барем не откако се води детална статистика, а тоа е од сезоната ...

Реал Мадрид после вистинска драма остана без трофејот од Купот на Шпанија, откако загуби со 3-2 од Барселона после продолженијата. „Каталонците“ имаа водство, па „кралевите“ направија пресврт, за на крајот Барселона не само што се спаси, туку и победи. Карло Анчелоти смета дека Реал Мадрид бил подобриот противник на теренот и повеќе го заслужил трофејот. „Имавме контрола на теренот, но работите се сменија кога тие се започнаа да играат. Мора да ...

Барселона со 3:2 го победи Реал Мадрид во финале на Купот, кој буквално траеше два дена. Ел Класикото кое се играше на неутрален терен во Севилја, започна во 22 часот, а откако заврши 2:2 по регуларниот дел, имаше дополнителни 30 минути. Токму во тие дополнителни минути, Кунде даде гол за голема радост и победа на Барселона, а мечот завшри во 40 минути после полноќ. На крајот Барселона се израдува на рекордниот 32 куп трофеј. Ова се ...

Барселона е освојувач на трофејот во Купот на Шпанија, откако по голема борба и 120 минути игра, со 3:2 го победи вечниот ривал Реал Мадрид. Клучниот гол го постигна Кунде во 116 минута кога донесе водство за Барселона од 3:2. Во последните моменти од мечот, Антонио Рудигер доби црвен картон и тоа додека беше на клупата за резерви. Бекот на Реал Мадрид не можеше да се исконтролира и со мраз фрли кон главниот судија Де Бургос. Antonio Rüdiger ...

Вечерва во Каталонија нема да се спие, ќе се пее и ќе се слави, и тоа во чест на Барселона, која дојде до 32-риот трофеј од Купот на Шпанија. Трофеј кој не е обичен, туку е освоен со победа над вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и тоа после продолженија. Барселона и Реал Мадрид одиграа меч кој ќе се памети, но и ќе се прераскажува уште долго. „Каталонците“ поведоа преку Педри, Реал направи пресврт со головите на Мбапе и Чуамени, но Феран Торес ја ...

Фантастично второ полувреме и вистинска драма во Севиља, каде Барселона и Реал Мадрид се уште го играат финалето од шпанскиот Куп. После 90 минути игра нема победник, резултатот е нерешен, 2-2, па ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а можеби и пенали. „Каталонците“ имаа водство од 1-0 со голот на Педри во 28-мата минута, Реал Мадрид беше буквално невидлив во првиот дел, но во второто полувреме комплетно различна слика на теренот. ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
1.54
23%
1005
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
27%
1001
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
80%
1004
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
18%
1007
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.97
23%
1003
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1006
weather icon

Атина

38ᴼ / 35ᴼ
7.2
26%
1006
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
35%
1008
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
65%
1006
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
4.12
30%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
85%
1004
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 27ᴼ
4.12
100%
1007
Currency

61.525

Currency

52.441

Currency

71.4369

Currency

34.1864

Currency

38.4798

Currency

65.861

Currency

7.32473

Currency

0.66628

Currency

0.36012

Currency

0.52599

Currency

1.31224

Currency

0.61147

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67