Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На денешната прес-конференција, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, одговори и дали ќе остане селектор после завршувањето на квалификациите за СП 2026. Договорот на Милевски е до 30-ти ноември, што значи дека гостувањето кај Велс може да му биде и последен меч на клупата на националниот тим. „Максимално сум фокусиран на тоа што следи, двата меча, а дури потоа ќе размислуваме што понатаму. Уште сум под ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крег Белами, повика 26-мина играчи за ноемвриските средби со кои ќе ги завршат квалификациите за Светското првенство во 2026 година и најавува две победи против Лихтенштајн и Македонија. Ако Велс ги добие двата меча, ќе го освои второто место во групата и ќе игра бараж за СП. Македонија за да биде втора, треба да го победи Велс, или со реми во Кардиф, но ќе треба претходно Велс да не го победи ...
Натпреварите од Лигата на Европа и Конференциската лига се во центарот на вниманието, а токму овие мечеви се дел од понудата со најголемите квоти во Македонија, кои достигнуваат до неверојатни 185.00. Вкупно 10 натпревари од Лигата на Европа се застапени во Бет билдерот на Sport Life со по една опција, а квотите се движат помеѓу 13.00 и 20.00. Тука се натпреварите на кои ќе настапат Црвена ѕвезда, Селтик, Нотингам форест, Портон, Астон вила, ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со 28 повикани фудбалери за дуелите против Летонија и Велс. Акцентот е ставен на мечот против Велс, кој ќе одлучува за второто место на табелата и подобра позиција во баражот за пласман на Светското првенство 2026. „Списокот е ист од минатиот собир плус тројцата повратници што ги имаме. Сите сме свесни за предизвиците кои се пред нас и верувам дека ќе ...
Фудбалскиот клуб Пелистер излезе со соопштение во кое информираше дека се оштетени дел од столчињата на старата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на која беа сместени навивачите на ФК Вардар и поради тоа во иднина нема да дозволи присуство на гостински навивачи на нивниот стадион. Воедно, битолчани информираа дека ги прекинуваат сите односи со вечнот ривал, пред се поради, како што велат, неспортските коментари и големото ...
Репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари овој месец, контролен меч против Летонија на 13. ноември на домашен терен и последниот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс во Кардиф на 18. ноември. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од комбинација отпадна повредениот Езѓан Алиоски, а повратнци во тимот се Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски. Во составот на ...
6885 Шкендија – Јагелонија (21:00) Шкендија по победата над Шелбурн (1-0) во претходно коло, сега е пред нов предизвик во Конференциската лига. Во Скопје гостува полската Јагелонија, а тетовци сакаат нова европска победа. Сепак, противникот ја има фаворитската улога, но одличната квота во Sport Life за Шкендија да постигне еден гол во второто полувреме е она што вреди да се одигра за вечерниот натпревар. Предлог тип: Т1 1+ второ (2.07) 6865 ...
Аталанта со голот на Самарџиќ во 90-тата минута победи со 0-1 на гостувањето кај Марсеј, но 15-тина минута претходно се случи инцидент на гостинската клупа. Тренерот на Аталанта, Иван Јуриќ, направи измена и во игра во внесе Муса на местото од првата ѕвезда на екипата, Адемола Лукман. Нигериецот незадоволен од измената, нешто му дофрли на Хрватот, кој го фати за рака и започна расправија, која лесно можеше да премине и во физичка пресметка ...
Натпреварите од Лигата на Европа и од Конференциската лига се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Сите 16 меча се од европските клупски натпреварувања, а првиот натпревар од понудата започнува во 18:45 часот. Тоа значи дека во Супер типот за четврток има зголемени квоти на максимални 80 игри, а освен на конечен тип, може да се одигра и на голови, „гол-гол и 3+“, како и комбинација од конечен тип и голови. Во Супер ...
По поразот од Ливерпул со 1-0 во Лигата на шампионите, Флорентино Перес веднаш реагирал и го договорил трансферот на одличниот дефанзивец на Барен Минхен, Дајот Упамекано, кој треба да пристигне во Мадрид бесплатно, со оглед дека договорот му истекува налето. Вредноста на Упамекано во моментов изнесува 60 милиони евра, а Баварците за неговите услуги му платија на Лајпциг 42,5 милиони евра пред четири години. Францускиот интернационалец е ...
Четири фудбалски и еден кошаркарски натпревар се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 41.9, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.40. Црвена ѕвезда во меч од Лигата на Европа го пречекува француски Лил, а квотата од 1.85 ќе биде добитна само ако има победник на дуелот на „Рајко Митиќ“, но и ако бидат постигнати помеѓу два и пет гола. Квотата од 1.95 за мечот на Динамо Загреб и Селта ...
Битола чекаше 30-тина години за повторно да гледа репрезентативен фудбал „под Тумбе кафе“, но поразот од Вардар во вечното дерби предизвика бура од реакции во Градот на конзулите. „Црвено-црните“ победија со гол од пенал во 83-тата минута, за кој од Судиската комисија при ФФМ истакнаа дека е оправдано досуден, но исправни биле и останатите одлуки на судиите. Сепак, по социјалните мрежи има и различни мислења од ова стручно толкување, како и ...
Барселона одигра само 3-3 на гостувањето кај Бриж, а најдобриот поединец на „каталонците“ несомнено беше Ламин Јамал. Фудбалерот постигна два гола, а голот за израмнување на 2-2 многумина ги потсети на „магијата“ која ја имаше Меси во своите нозе додека настапуваше за Барселона. „Мојот гол ве потсетува на Меси? Тој има постигнато вакви голови илјада во кариерата, не можам јас да се споредувам со него.“ – рече Јамал. Lamine Yamal reminded us of ...
Никола Јокиќ продолжува со фантастичните игри оваа сезона и веќе дојде до петтиот трипл-дабл на седум меча за Денвер. Србинот беше најзаслужен за новата победа на Денвер од 122-112 над Мајами на домашен терен. Јокиќ го заврши мечот со ефект од 33 поени, 15 скока и 16 асистенции. Сринот имаше ефект 12/18 од поле, а до троен ефект дојде на шест ипол минути пред крајот на третата четвртина со офанзивен скок. Резултати: Кливленд – Филаделфија ...
Раководството на Реал Мадрид донело важна одлука, да го продаде бразилскиот напаѓач Винисиус јуниор на крајот од сезонатa, тврди весникот „Билд“. Конечното решение е донесено по инцидентот на натпреварот против Барселона. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е изморен од провокативното однесување на играчот и сака да покаже дека никој не е поважен од клубот. На 26 октомври Реал Мадрид ja победи Барселона со 2-1 на домашен терен во ...
Италијанската фудбалска легенда Даниеле де Роси е на чекор да стане нов тренер на Џенова, објавија италијанските медиуми. Двете страни постигнале договор до крајот на сезоната, кој автоматски ќе се продолжи за уште една година доколку тимот успее да го задржи местото во Серија А. Платата на Де Роси ќе изнесува околу 800.000 евра. Поранешниот капитен на Рома ќе го наследи Патрик Виера, кој беше отпуштен по слабото отворање на сезоната. За ...
Клуб Бриж и Барселoна приредија голеада во Белгија играјќи 3-3. Домаќинот дури трипати имаше водство, но Барса наоѓаше можност да израмни. Тресолди го отвори резултатот во шестата минута, а Феран Торес израмни две минути подоцна. Форбс во 17-тата минута повторно обезбеди предност за Клуб Бриж. Ламин Јамал во 61-та минута погоди за 2-2, а Карлос Форбс со својот втор гол повторно донесе предност три минути подоцна. Сепак, Цолис во 77-та минута си ...
Македонскиот суперлигаш Пелистер го доживеа третиот пораз во ФИБА Европа купот, откако вечерва на домашен терен загуби од Цедевита Јуниор со убедливи 74-95. Со ова, битолскиот тим остана на последното место на табелата, а пласманот во топ 16 фазата останува само теоретска опција. Пелистер беше конкурентен само во третата четвртина, кога успеа целосно да ја достигне високата предност на Цедевита Јуниор и да израмни на 56-56. Од финишот на првата ...
Кошаркарите на Црвена ѕвезда вечерва приредија вистински спектакл во „Штарк арената“, совладувајќи го Панатинаикос со убедливи 86-68 и преземајќи го врвот на Евролигата. Црвена ѕвезда изгледа помоќна од кога било. По двата почетни пораза во сезоната, тимот на Саша Обрадовиќ врза седум последовни победи и сега се наоѓа на врвот со скор 7-2. Вечерашниот натпревар беше доминација од почеток до крај. Поддржани од грмогласната публика, Црвено-белите ...
Фудбалерите на Шкендија и стручниот штаб на тетовскиот клуб, по одработениот официјален тренинг пред утрешниот дуел со Јагиелонија од Конференциската лига, се фотографираа во знак на поддршка за повредениот Ване Крстевски. Напаѓачот на тетовци претрпе потешка повреда поради која ќе мора подолго време да отсуствува од терените, но неговите соиграчи и клубот не го заборавија и му испратија силна порака на охрабрување пред новиот европски ...
Стручната судиска анализа од првенствениот дерби натпревар од 12-тото коло на Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар покажа дека судиите добро ја завршиле работата. Четири клучни одлуки, проценети правилно и прикажани високо квалитетни судиски перформанси од судискиот тим. Првата ситуација е во 42 минута, кога топката удира во рака на одбранбениот играч на домашната екипа која е во природна положба, без зголемување на волумен на ...
Светскиот клупски првак Челзи одигра само 2-2 на гости во Азербејџан против тимот на Карабах. Шпанскиот Виљареал загуби на гости на Кипар од Пафос со 1-0. Ова се изненадувачки резултати на првите два меча од денешната програма во Лигата на шампионите. Естевао во 16-тата минута донесе водство за Челзи, но Карабах направи пресврт до паузата. Леандро Андраде во 29-тата минута израмни, а Јанковиќ од пенал се погрижи тимот од Азербејџан да има ...
Прославениот италијански тренер Карло Анчелоти ги има освоено сите најважни трофеи на клупско ниво, а од неодамна има нов предизвик. Пред неколку месеци Анчелоти беше назначен за нов селектор на Бразил и успешно ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство кое следната година ќе биде во САД, Мексико и Канада. „Да се води бразилската репрезентација, најуспешната во историјата, беше можност што не можев да ја одбијам. Знаев каква ...
Фудбалерите на Партизан го победија Јавор Ивањица во заостанат натпревар од второто коло на Суперлигата на Србија со 2-3. Партизан со ова ја прекина низата од два порази, а се искачи и на првото место на табелата. Двоен стрелец за Партизан беше Јован Милошевиќ, а вториот негов и победнички беше спектакуларен, со атрактивни ножички. Еден гол од белата точка постигна и Бибарс Натхо. За Јавор погодија Пантелиќ од пенал и Зувиќ. По оваа победа, ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија и домаќинот Бугарија на 9-ти септември следната година, во Софија ќе го отворат Европското првенство 2026. Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред за ЕвроВолеј 2026. Според распоредот, после мечот со домаќините кои се светски вицепрваци, Македонија на 10-ти септември ќе биде слободна, а потоа на 11-ти септември, во второто коло од групата ќе се соочи со Украина. ...
Втора победа по ред на Вардар на гостувањата кај вечниот ривал Пелистер, вечерва скопските Црвено-црни славеа со 2-1 и се искачија на прво место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, додека битолчани остана долу во опасната зона која води во Втора лига. Сите три гола паднаа во второто полувреме. Вардар поведе со убав гол на Мато, потоа домашните израмнија со гол кој прво беше поништен, па ВАР ја исправи одлуката бидејќи немаше офсајд. ...
Вечерва по полноќ во кошаркарската НБА-лига ќе се играат дури 11 натпревари, а најинтересен треба да биде оној во Лос Анџелес, каде што Лејкерс е домаќин на Сан Антонио. Езерџиите предводени од Лука Дончиќ имаат скор 6-2, додека Спарс на Виктор Вембањама има 5-1, а поразот им беше на шестиот меч откако отворија со 5-0, што им е клупски рекорд. На продолжување на победничките серии освен Лејкерс, се надеваат и Детроит, Хјустон, се разбира и ...
Легендарниот португалски напаѓач на Ал-Наср од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, во интервјуто со Пирс Морган откри што е најскапото нешто што некогаш го купил. „Хмм… Најскапата работа што некогаш сум ја купил? Авион. Да, авион“, рече Роналдо. Морган се заинтересиран каков авион е тоа. „Го заменив пред една година. Значи, малку е скап. Имав авион 13 години, но го заменив со подобар. Но, како што реков, за мене тоа е прашање на удобност. ...
Ѕверскиот старт на Луис Дијас над Ашраф Хакими го остави мароканскиот десен бек без учество на претстојниот Афикански куп на нациите кој ќе се игра во Мароко. Прегледите на ногата на Хакими покажале дека нема скршеница или скинати лигаменти во глуждот и не мора да биде опериран, тоа е добрата вест. Ќе мора целосно да одмора две недели, ногата ќе му биде имобилизирана во овој период, а потоа ќе следува период на рехабилитација од шест до осум ...
Утре во салата „Зетра“ во Сараево ќе се игра меч од кошаркарската Евролига помеѓу Дубаи и Хапоел Тел Авив, средбата ќе се игра пред празни трибини, а босанските навивачи кои се Муслимани и кои сметаат дека Израел врши терор врз луѓето во Газа, протестираат и не сакаат во нивниот град да игра тим од Израел. Гостувањата на Хапоел се проблематични, освен Дубаи, и други клубови мораа да бараат алтернативи или да играат во празна сала. Навивачката ...