Македонскиот вицепрвак Шкендија го засили својот напад со 26-годишниот Марко Ѓорѓиевски кој потпиша договор на две години. По испаѓањето на романски Херманштат во понизок ранг, македонскиот интернационалец експресно пронајде нов ангажман и се враќа во домашниот шампионат. Претходно, тој блесна во дресот на Силекс каде беше најдобар стрелец во Првата македонска лига во 2024/2025, по што прејде во Клуж, а во својата кариера настапувал и за ...
Македонскиот репрезентативец Јован Манев е нов член на Шкендија. Централниот дефанзивец пристигнува од хрватска Риека и со тетовскиот клуб потпиша договор до летото 2028 година. Шкендија ја потврди соработката со 25-годишниот стопер, кој по успешно поминатите медицински прегледи стави потпис на двегодишен договор во присуство на спортскиот директор Ардијан Цуцули. Тетовци добиваат искусен дефанзивец со меѓународно искуство, кој веќе подолг ...

