
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Кошаркарите на Оклахома сити тандерс одиграа одличен меч и убедливо со 124:94 ја победија Минесота тимбервулфс за вкупен триумф од 4:1 во победи, во западното финале. Со оваа победа, Оклахома потврди дека е најдобриот тим во Западната конференција оваа сезона и го доби конференцискиот пехар, но и можноста да се бори за трофејот за шампион во НБА. За Оклахома ова ќе биде прво НБА финале по пауза од 13 години, каде ќе го чекаат подобриот од ...
Ривалството помеѓу Севилја и Бетис е едно од најжестоките во Шпанија, а доказ за тоа е и вечерашната провокација од Севилја до градскиот ривал кој загуби финале на Конференциската лига. Од Севилја не сакаа ептен дрско да објават дека го прославуваат поразот на Бетис од Челзи, иако е јасно дека и во клубот и нивните навивачи уживале во тоа. Но, од Севилја најдоа друг начин индиректно да го „боцнат“ Бетис, па не го спомнаа Бетис туку јавно ...
Одложувањето на натпреварот Алкалоид – АЕК од финалето на Европскиот куп на ЕХФ предизвика чудење во некои ракометни кругови, а се коментира и по регионалните медиуми. Така во хрватскиот „Спортске новости“, објавен е текст во кој новинарот коментира дека викендов се случила голема срамота која ја уништува сликата за ракометот и редно е да се прекине до такви работи во 21-ви век. „Ракометот доби уште еден шамар и уше една приказна зошто не може ...
Челзи е освојувач на Конференциската лига за сезоната 2024/2025. Лондонските Сини со пресврт дојдоа до победа од 4-1 во финалето против Бетис. За шпанските клубови ова е прво загубено финале од странски клуб после 24 години. Бетис водеше до 65-та минута, но се распадна откако прими гол за 1-1, а пет минути подоцна и за 1-2. Санчо откако влезе во игра, од својот прв шут погоди за 3-1, додека точка стави Каиседо во судиското продолжение. Челзи ...
Со голови на Енцо Фернандез кој ја носи капитенската лента, и Николас Џексон, Челзи за пет минути даде два гола со кои направи пресврт и води со 2-1 во финалето на Конференциската лига против Бетис. Така Челзи сега може да се пофали дека на сите мечеви сезонава во Конференциската лига дал барем по еден гол. Кол Палмер беше асистент при двата гола кои беа постигнати со глава, а особено мајсторски беше центаршутот при првиот погодок. Chelsea get ...
Освен што има голем број фанови во Вроцлав на финалето на Конференциската лига, Бетис има силна поддршка и на својот стадион „Бенито Вилјамарин“ каде се собрани 60.000 негови поддржувачи кои „грмат“, иако фудбалерите не можат да ги слушнат, но знаат дека се таму и им претставуваат мотивација во битката со Челзи. Бетис води со 1-0 против фаворизираниот противник, а кога Ез Абде даде гол, имаше „експлозија“ од радост на стадионот на кој Бетис игра ...
Мануел Пелегрини со 71 година и 254 дена вечерва стана најстариот тренер во историјата кој водел екипа во финале на некој од европските клупски купови. Овој искусен стручњак седи на клупата на Бетис и во првото полувреме му одржа лекција на многу помладиот колега Енцо Мареска кој го води Челзи. Сепак, Челзи губи само со 0-1, а на сите досегашни мечеви во Конференциската лига сезонава, Сините дава гол, па со право се надеваат дека ќе се извлечат ...
Дуелот од второто коло на „Ролан Гарос“ против Французинот Корентен Муте, Новак Ѓоковиќ нема да го игра на централниот терен „Филип Шатрие“ туку на вториот по големина, „Сузан Ленглен“. Ѓоковиќ како тенисер кој е рекорд во историјата со 24 гренслем титули, обично игра на централниот терен, но организаторите за утре решија да го преселат Србинот, затоа што на главниот стадион мора да играат првиот рекет Јаник Синер и француските ѕвезди Ришар ...
Бетис кој е дебитант во финалињата на некој од европските купови, покажа дека ни најмалку не се плаши од Челзи и после само 9 минути, тимот од Севилја постигна гол со кој поведе со 1-0 во финалето на Конференциската лига. По грешката на Густо, Бетис направи акција при која Иско убаво асистираше, а Мароканецот Абде Езалзули со прецизен шут ја затресе мрежата на Сините за радост на фановите на Бетис кои вечерва во полски Вроцлав се во поголем број ...
Тренерот Жозе Мурињо под чие водство пред 15 години Интер за последен пат беше европски првак, рече дека сака Нераѕурите да ја освојат Лигата на шампионите сезонава, но на шега кажа дека бил „загрижен“ од можноста Интер да освои тројна круна (ЛШ, првенство на Италија и Куп на Италија). Португалецот е единствениот во историјата кој освоил тројна круна со италијански тим. Интер не ги освои скудетото во Серија А и Купот, му остана само уште ЛШ во ...
Тренерите Мануел Пелегрини и Енцо Мареска ги објавија почетните состави на Бетис односно Челзи за вечерашното финале во Конференциската лига. Шпанскиот тим ќе биде во формација 4-3-3 со Антони, Ез Абде и Бакамбу во нападот, додека Челзи е во 4-2-3-1, со Џексон во шпицот и Мадуеке, Палмер и Педро Нето кко поддршка од втор план. Фановите на двата тима синоќа и денеска правеа серија инциденти низ Вроцлав и се тепаа меѓусебе и со полицијата, а ...
Репрезентативецот на Италија, но роден Бразилец, Жоржињо, по две и пол години си заминува од Арсенал откако му истече договорот. Триесет и четиригодишниот фудбалер зимата 2023 година од Челзи се пресели во редовите на Топчиите за сума од 11,3 милиони евра, а сега си оди како слободен фудбалер. „Кога дојдов во Арсенал, не дојдов само во клуб, дојдов во едно семејство, многу страствено. Секој ден давав сè од себе, на секој натпревар. Не само ...
Финалната серија на Западната конференција може да заврши вечерва, но само ако Оклахома пред својата публика слави над Минесота. И квотите во Sport Life велат дека НБА-лигата вечерва ќе го добие својот прв финалист. Оклахома е голем фаворит со квота за победа од 1.31, додека изненадувањето на Минесота има квота од 4.00. Гостите ќе се обидат да останат „живи“ во оваа серија со брејк, но Оклахома веќе победи двапати на домашен терен, а славеше и ...
Легендарниот уругвајски напаѓач и член на Интер Мајами, Луис Суарес, во 2018 година во својата татковина основа фудбалска академија во која денес членуваат околу 3.000 деца, а има и 80 вработени. Овој проект сега добива нова димензија бидејќи му се приклучи и неговиот соиграч од Интер Мајами, Лионел Меси, па академијата прераснува во клуб кој ќе се натпреварува и во сениорска конкуренција. Клубот го доби името Депортиво ЛСМ и ќе се натпреварува ...
Денеска од 18:30 часот започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари. Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – платформата на ФФМ, (https://eticket.ffm.mk/). Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: ...
Фудбалската репрезентација на Македонија во јунскиот прозорец на ФИФА ќе одигра два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026. Во Sport Life веќе се објавени квотите и за двата натпревари, а она што може да се забележи на прв поглед е дека тие не ни се наклонети. Македонија е голем аутсајдер на дуелот против Белгија во Скопје, кој ќе се одигра на шести јуни. Гостите имаат квота од 1.38 за победа, но затоа изненадувањето на ...
Откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да покрене дисциплинска постапка и против Алкалоид и против АЕК, поради неодиграниот реванш-меш од финалето на Европскиот куп, иако не е јасно каде е грешката на нашиот претставник, од грчката екипа се јавија со ново соопштение, во кое се чудат зошто се предадени на дисциплинската комисија, но и бараат мечот повторно да биде закажан и да се игра, но под нивни услови. АЕК сега прифаќа да добие ...
Манчестер јунајтед го загуби првиот меч на мини азиската турнеја. „Црвените ѓаволи“ загубија со минимални 1-0 од „ѕвездите на Југоисточна Азија“ во меч кој се одигра во главниот град на Малезија, Куала Лумпур. За Манчестер јунајтед настапија Онана, Мегваер, Далот, Угарте, Каземиро, Хојлунд … а од клупата за резерви влезе и Бруно Фернандеш, но сепак победата им припадна на „ѕвездите на Југоисточна Азија“, состав за кој настапија тотални анонимуси ...
Екипите на Осогово од Кочани и Големо Коњари од истоименото прилепско село се последните учесници во Втората лига за следната сезона откако денес во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за пополнување на испразнетите места поради откажувањето на Гостивар и Воска. Во конкуренција беа трите екипи кои ги загубија баражите за пополнување на Втората лига, па Преспа од Ресен остана единствената екипа која не обезбеди пласман во повисок ранг. ...
Интер во сабота го игра финалето од Лигата на шампионите против ПСЖ, но раководството на клубот веќе го договори првото засилување за следната сезона. Се работи за крилниот напаѓач на Олимпик Марсеј, Луис Енрике. Екипата од Милано за Бразилецот ќе плати 23 милиони евра фиксно, но и дополнителни два милиони евра во бонуси. Договорот на Луис Енрике со Интер ќе биде со важност до 2030 година. 🚨⚫️🔵 EXCL: Luis Henrique to Inter, here we go! Verbal ...
Македонската репрeзентација до 18 години одигра 1:1 на првиот контролен натпревар против Словенија на гостински терен во Птуј. Нашата млада селекција одигра одличен меч, посебно во второто полувреме. Имавме неколку солидни шанси и навистина можеме да жалиме што не постигнавме втор погодок. Голот за Македонија го постигна Ненад Дамјановски. Нашата селекција средбата ја започна во следниот состав: Давид Илковски, Златко Радевски, Горазд ...
Аргентинскиот тренер Гиљермо Милано и следната сезона останува на кормилото на поранешниот европски шампион Вардар. Милано во Скопје пристигна во ноември минатата година, а сега иако сезоната не е завршена, неговиот договор е продолжен за уште една година. Вардар има шанси да дојде и до двојната круна оваа сезона, со оглед на тоа дека претстојниов викенд се игра завршницата од Купот на Македонија, а во првенството има еднаков број бодови со ...
Во Неготино дефинитивно има експерт за погодување мечеви од хокеј понудата во Sport Life. На тикет уплатен уште во саботата одиграни се четири хокеј пресметки и сите се погодени. Едмонтон со 6:1 славеше над Далас за погодена комбинација „кец и 7+“. Убедлива беше и Флорида, која со 6:2 славеше над Каролина и тука е погодена комбинацијата „кец и 7+“. На мечевите од Светското првенство во хокеј САД со 6:2 ја победи Шведска, додека Швајцарија беше ...
Фудбалската репрезентација на Албанија освои три бода по првите две кола во квалфикациите за пласман на Светското првенство 2026 година. За разлика од нив, Србија која е во нивна група, уште нема одиграно ниту еден дуел. Првиот меч во овие квалификации за Србија е „огнено крштевање“ во Тирана, на гости против Албанија. Ривалството меѓу овие два соседи на Македонија е големо на секој план, па така и на фудбалски. Мечот ќе се игра во Тирана на 7 ...
Легендарниот голгетер Тјери Анри синоќа потсети на своите најдобри денови, постигнувајќи прекрасен погодок од слободен удар. Иако има 47 години, Анри уште ја има „магијата“ која го красеше за време на играчката кариера и со која ги воодушевуваше навивачите во целиот свет. Анри беше дел од пријателскиот меч кој го организираше Џибрил Сисе, а се одигра во Оксер. Меѓу себе играа „Легендите на Оксер“ против „Џибрил Сисе ол-стар тимот“. Покрај Анри, ...
Челзи и Бетис вечерва во Варшава ќе играат во борба за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Иако се работи за третото по вредност натпреварување во Европа, двете екипи се максимално подготвени и го посакуваат трофејот. На хартија, фаворитската улога ја има англискиот тим, но тренерот на Челзи, Енцо Мареска, знае дека формалната улога на фаворит не му носи предност, туку неговите играчи треба на терен да покажат квалитет ако сакаат да ...
Манчестер јунајтед ја заврши најлошата сезона во последните неколку децении, а според англиските мериуми, ќе има и големи промени во составот. Еден од оние за кои се верува дека го одиграл своето во Манчестер е Алехандро Гарначо. Најавите се дека тренерот Рубен Аморим веќе воопшто не смета на услугите на Гарначо. На тимскиот состанок во Карингтон, Аморим му се обратил на 20-годишниот Гарначо со зборовите „Моли се на Бога да најдеш клуб кој ќе ...
Од денеска попладне треба да започне продажбата на билетите за дуелот меѓу Македонија и Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Мечот против една од најсилните селекции во Европа ќе се игра на 6 јуни, на Арената „Тодор Проески“, а селекторот Благоја Милевски ветува дека нашата селекција нема да се предаде против фаворитот. Од Фудбалската федерација на Македонија брифираа дека билетите за овој меч ќе се движат по цена ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски верува во успешен настап на следните два меча во квалификациите против Белгија и Казахстан, но потенцираше дека повторно има проблеми со повредени и недоволно закрепнати фудбалери. „Имаме еден дебитант во составот, тоа е Стефан Деспотовски. За жал имаме проблеми со повредени играчи и фудбалери кои се неизвесни за настап како што се Миовски и Алими. Но, Македонија докжала дека ...
Македонската фудбалска репрезентација повторно ќе се собере за продолжување на мисијата, а тоа е пласман на Светското првенство во 2026 година. По првите две кола, Македонија е лидер на табелата со четири бода, колку што има и Велс. Следат два нови предизвици. Прво на домашен терен во Скопје ќе играме против фаворитот во групата, Белгија, на 6 јуни, а три дена подоцна ќе гостуваме во Казахстан. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на ...