Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Италијанскиот гигант Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, објави „Газета дело Спорт“. Како што е познато, поништениот црвен картон на напаѓачот, кој му овозможи да настапи против Белгија, предизвика големи реакции на Светското првенство 2026. Покрај Балогун, Бјанконерите сакаат да ангажираат уште еден фудбалер кој настапи на Мундијалот. Станува збор за капитенот на Брегот на Слоновата Коска, ...
Европскиот првак Шпанија е чекор поблиску до пласман во финалето на Светското првенство, откако има водство од 1-0 по првото полувреме од полуфиналната пресметка со Франција. Клучен момент беше грешката на Лукас Дињ, кој направи прекршок над Јамал во шеснаесетникот, а успешен реализатор на најстрогата казна беше Микел Ојарзабал во 22-та минута. GOL | Fransa 0-1 İspanya ⚽️ 22' Oyarzabal (P) pic.twitter.com/tgvYGQMGiu — Goller Cebinde ...
Манчестер jунајтед официјално го потврди ангажманот на Јури Тилеманс, кој пристигнува од Астон Вила и потпиша петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. За трансферот на белгискиот играч за врска, Јунајтед издвои 41 милион евра, односно 35 милиони фунти, активирајќи ја откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила. ☎️ When Manchester United call, you don't think twice. pic.twitter.com/9MsGHelapj — Manchester United (@ManUtd) July ...
Македонскиот првак Вардар одигра одличен натпревар против КуПС во Финска, славеше со 0-2 по 90 минути и се избори за продолженија, но победата од 2-3 по дополнителните 30 минути не беше доволна за пласман во следната рунда. По натпреварот, тренерот на Црвено-црните, Кристијан Фабијани, не го криеше разочарувањето од елиминацијата, но им оддаде признание на своите фудбалери за прикажаната игра и борбеноста во текот на сите 120 минути. ...
Искусниот белгиски фудбалер Леандро Тросар веќе не е играч на Арсенал, откако англискиот шампион официјално го потврди неговиот трансфер во Бешикташ. Веста која се најавуваше во текот на летото доби официјална потврда, а белгискиот репрезентативец, доколку успешно ги мине лекарските прегледи во Истанбул, ќе го облече црно-белиот дрес на турскиот гигант. Со оглед на тоа што поранешниот фудбалер на Брајтон имаше договор со Арсенал и за следната ...
Македонскиот шампион Вардар доживеа елиминација од КуПС откако по продолженија загуби со вкупен резултат 4-3 во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Беше драматично во Куопио, каде Вардар одигра одличен меч, славеше со 0-2 во регуларниот тек и се избори за продолженија, но таму КуПС беше за еден гол подобар. Во регуларниот дел, Вардар направи подвиг, го совлада КуПС со 0-2 и целосно ја анулира негативата од првиот натпревар во ...
Фудбалерите на Барселона во понеделникот се вратија во тренинг-центарот на клубот на задолжителни лекарски прегледи пред почетокот на претсезонските подготовки. Меѓу нив беа повредените Роналд Араухо и Френки де Јонг, на кои им беше дадена дозвола за подолга пауза по учеството на Светското првенство, но решија порано да се вратат дома. Сепак, радоста од нивното враќање брзо беше засенета од непријатните вести од медицинскиот персонал. Според ...
Македонскиот првак Вардар го победи КуПС со 0-2 на гости во Финска и возврати со иста мера за поразот во Скопје. Сега ќе следат продолженија, во кои Црвено-црните имаат реални шанси за пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите. По првото полувреме немаше голови во Куопио, но Вардар заигра многу подобро кога беше најпотребно. Во 59-та минута македонскиот првак поведе со автоголот на Саволаинен, а по воздушниот дуел со ...
Натпреварите Шпанија – Франција веќе се класика, двете репрезентации повторно се вкрстуваат за да напишат ново поглавје во соперништвото кое сега достигна 38 средби, со 18 победи на Шпанија наспроти 13 на Франција. Тоа е натпревар со висок влог каде што останувањето смирен, особено ако противникот го преземе водството, ќе биде од клучно значење. Ова се два тима кои досега не се соочија со вистински притисок. Ниту Франција ниту Шпанија не ...
Македонскиот првак Вардар има водство од 0-1 во Куопио против КуПС и сега се враќа во ритам за пласман во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. На Црвено-црните сега им недостига уште еден гол за да ја анулираат негативата (0-2) од Скопје. Вардарци поведоа во 59-тата минута со автоголот на Саволаинен. Најголемата работа ја завршија Бобан Николов, кој центрираше и Азер Омерагиќ, кој во воздушен дуел го принуди дефанзивецот ...
Македонскиот првак Вардар и по првото полувреме на реваншот во Куопио има два гола негатива во двомечот со КуПС, кои финскиот шампион ги обезбеди на првиот дуел во Скопје. На денешната пресметка Вардар одигра добри 45 минути во првиот дел, но резултатот и понатаму е почетниот (0-0). Бобан Николов имаше убава можност во четвртата минута, откако одзеде топка во критичната зона, но потоа шутираше за малку непрецизно од работ на шеснаесетникот. ...
Група од неколку навивачи на Вардар се наоѓаат на трибините на стадионот во Куопио, Финска, каде Црвено-црните играат меч од квалификациите во фудбалската Лига на шампиони. Иако мала, оваа поддршка сигурно е значајна и мотив за играчите. Не е мала работа што овие фанови пропатуваа над 3.000 километри за да ја покажат љубовта и верноста кон клубот. Група од неколку навивачи на Вардар се наоѓаат на трибините на стадионот во Куопио, Финска, ...
Белгискиот фудбалер Леандро Тросар е на пат кон Истанбул и пред полетувањето веќе го облече дресот на неговиот нов клуб Бешикташ. Трансферот на Тросар од Арсенал во Бешикташ е вреден 20 милиони евра. Тросар ќе го носи дресот со број 19 во Бешикташ. Во минатата сезона, 31-годишниот Белгиец одигра 50 натпревари за Топчиите, постигнувајќи осум гола и запишувајќи 11 асистенции. Договорот со Орлите од Истанбул му е на 3+1 години, со годишна ...
Лекарот на фудбалската репрезентација на Сенегал немал соодветно специјализирано искуство за да биде дел од националниот тим за време на Светското првенство. Скандалот го откри претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фол. Лекарот бил „обучен за гинеколог“, а проблемот бил откриен доцна, што предизвикало загриженост кај фудбалерите околу нивото на медицинската поддршка што им била достапна. „Врз основа на повратните ...
Таму каде што Атлантикот бесно се крши од карпите, а Пиринеите гордо стојат на стража, живеат луѓе од посебен вид. Горди, жилави, лојални на земјата и на својот ген. Баскијци. И токму таму, во таа зона каде што границата меѓу Франција и Шпанија постои само на хартија, беа создадени двајцата тренери кои ги држат клучевите од фудбалската планета. Во Далас во Тексас, „револверашка фудбалска битка“ ќе бијат Дидие Дешан и Луис де ла Фуенте. ...
Манчестер јунајтед официјално го објави потпишувањето на договорот со голманот на репрезентацијата на Велс, Карл Дарлоу, кој го напушти Лидс јунајтед како слободен играч. Договорот со 35-годишниот голман е со важност до 30 јуни 2028 година. Дарлоу прими 27 гола на 22 натпревари во Премиер лигата за Лидс во сезоната 2025/26, а на пет натпревари не прими гол. Голманот претходно беше член и на Њукасл и на Нотингам форест. Во Премиер лигата ...
Европската ракометна федерација, ЕХФ, на социјалните мрежи му посвети објава на македонскиот првак Вардар кој после неколку години пауза се враќа во Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои во 2017 и 2019 година. „Ноќите на ЕХФ Лигата на шампионите се повторно во Скопје. Двократните шампиони Вардар се враќаат. Дали се подготвени уште еднаш да ја изненадат Европа?“, објави ЕХФ. Тука се и снимки од некои од најинтересните моменти од ...
Специјалот на Sport Life може да го искористите за да одиграте нешто на нестандардни игри кои се привлечни и примамливи за обложувачите. Една од игрите е да погодите кој ќе биде прв стрелец. Фаворити се Мбапе, Ојарзабал, Јамал и Дембеле. Јамал даваше гол на последните две соочувања со Франција, Мбапе исто така на два различни дуела со Шпанија давал гол, а одлична е квотата дека кога било во текот на мечот гол ќе постигне Микел Мерино, човекот ...
Актуелниот светски шампион Аргентина ќе го носи својот темносин гостински дрес кога ќе се соочи со Англија утревечер во Атланта во полуфиналето на Светското првенство. Англија ќе игра во својата препознатлива бела боја. Аргентинците го носеа темниот дрес само еднаш за време на СП 2026, во победата од 3-1 против Јордан во групната фаза. Медиумите во Аргентина сугерираат дека барањето да играат во таа комбинација е поврзано со суеверие – ...
По повеќе од еден месец возбудувања, дојде моментот да се дознаат двете репрезентации кои ќе играат во финалето на Светското првенство. Вечерва ќе играат Франција – Шпанија, а за утревечер е закажан дуелот меѓу Англија и Аргентина. За двете средби во Sport Life има посебен Бонус тип за неколку интересни комбинации, во коишто има зголемена квота. Една од опциите е да се одигра дека на двата меча во првото полувреме нема да има повеќе од еден ...
Полуфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Англија ќе го суди американскиот судија Исмаил Елфат. Нему ќе му помагаат сонародниците Кори Паркер и Кајл Аткинс, додека улогата на четврти судија ќе ја игра Маурицио Маријани од Италија. ФИФА претпочита таканаречена „конфедеративна неутралност“ кога се среќаваат тимови од два различни континента (на пр. Европа против Јужна Америка). Во такви ситуации, тие често делегираат ...
Неверојатна понуда дури од 18 различни комбинации се нуди во Бет билдерот на Sport Life за двата полуфинални меча од Светското првенство. Една од многуте комбинации е и таа четирите најголеми ѕвезди во тимовите да упатат по 1,5 шутеви во рамките на голот на противникот. Добитна квота од 20 ќе биде ако тоа го направат Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Џуд Белингам и Лионел Меси. Со 30 коефициент се вреднува комбинацијата да има повеќе од 1,5 голови ...
Франција и Шпанија се двете репрезентации кои доминираат во светскиот фудбал во изминативе неколку години, па не случајно нивната денешна пресметка во полуфиналето на СП 2026 година е „финале пред финалето“. Двете селекции одиграа речиси перфектно и на Мундијалот. Франција победи на сите шест натпревари што ги одигра, а Шпанија е со пет победи и само едно реми, и тоа на стартот против Зелено’ртски Острови. Многумина приматот на фаворит на ...
Шпанската фудбалска репрезентација ќе има посебен мотив за денешниот дуел против Франција. Самиот факт дека ова ќе биде борба за влез во финалето на Светско првенство е доволно да се даде максимумот, но Шпанците имаат уште еден мотив плус да останат непоразени. Црвената фурија е во неверојатна низа од 37 натпревари без пораз. Од јуни 2023 година досега, Шпанија има 30 победи и седум нерешени со вкупна гол-разлика од 96 дадени и само 26 ...
6044 КуПС – Вардар (17 ч.) Шампионот на Финска првпат победи на гостински терен во европски меч пред една недела, во Скопје против Вардар со 2:0. КуПС сега пред своите навивачи треба само да го потврди местото во следната фаза. Тоа е тим кој игра одлично и во домашното првенство е лидер на табелата по 15 кола, а во просек дава по два погодока. Вардар мора да тргне офанзивно, нема што да калкулира и треба да нападне, да постигне погодок за да ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар попладнево од 17 часот во Финска ќе игра реванш-дуел од првото квалификациско коло против тамошниот првак КуПС. Вардар е во незавидна ситуација затоа што на гостувањето пристигна со негатива од 0:2 по првиот меч кој минатиот вторник се играше на Арената во Скопје. Тренерот на ФК Вардар, Кристијан Фабијани, посака неговиот тимот да биде организиран, борбен и дисциплиниран. Аргентинскиот стратег верува дека ...
Завршија Вимблдон, но продолжуваат вознудувањата во тенисот. Дури шест тениски пресметки се дел од понудата на Супер типот во Sport Life, каде може да најдете зголемени коефициенти. Димитров да слави над Сврчина има зголемена квота од 1.55, а Бусе да го победи Циципас е со квота од 1.82. Шериф ја има фаворитснака улога во дуелот со Галфи и квотата за „кец“ е 1.67. Освен тенисот, стандардно во оваа понуда доминира фудбалот. Дури 10 фудбалски ...
Прославениот холандски фудбалски судија Роб Диперинк почина на 38-годишна возраст, само неколку недели откако беше отстранет од листата на судии на ФИФА за овогодинешното Светско првенство. Холандската фудбалска асоцијација (KNVB) ја потврди неговата смрт во понеделник, изразувајќи длабока тага поради загубата на еден од најпочитуваните судии во земјата. Според холандскиот весник „AD“, полицијата започна истрага откако на улицата каде што ...
Пет интересни мечеви меѓу кои се и дуелот на Вардар во квалификациите од Лига на шампиони и полуфиналето од Светското првенство меѓу Франција и Шпанија се дел од понудата во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.58. КуПС да постигне барем еден гол во дуелот против Вардар и да има повеќе погодоци во второто полувреме е комбинација која се вреднува со ...
Норвешката фудбалска репрезентација се врати од настапот на Светското првенство, а во Осло имаше феноменален пречек. Норвешка беше најпријатното изненадување на планетарниот турнир и на крајот заврши на петото место, а може и да жали што не се пласираше во полуфиналето. Сепак, елиминацијата во четвртфиналето не значеше разочарување кај навивачите кои приредија спектакуларен дочек на своите нови спортски херои. На плоштадот пред Кралската ...