Црногорската фудбалска легенда, Предраг Мијатовиќ, кој е поранешен играч на Реал Мадрид, во емисијата „Ел Ларгеро“ на радиото „Кадена СЕР“, зборуваше за доаѓањето на Маркус Рашфорд во Барселона. „Рашфорд е играч кој требаше да стане вистинска ѕвезда, но имаше многу лоша серија. Кога правите такви работи (потпишување на позајмен играч), тоа е или затоа што немате пари или затоа што не сте сигурни дека ќе игра добро“, искоментира популарниот Пеѓа. ...

Управата на ФК Вардар АД ќе им додели на играчите премија од 100.000 евра, ако нашиот клуб го помине второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, против швајцарскиот претставник Лозана. Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешното 1-во квалификациско коло. Швајцарскиот претставник, минатата сезона беше исто така 5-то пласиран во домашното првенство, кое има далеку ...

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, минимално ја победи Словачка со 65-64 на последниот меч на Европското првенство Б дивизина во Ереван, Ерменија. За тимот на селекторот Горан Самарџиев тоа беше четврта победа во седум одиграни натпревари, па затоа и конечниот пласман на 17-то место не е задоволителен, па и неправеден. Марко Луканоски кој сега треба да му се приклучи на А тимот, имаше дабл-дабл ефект од 19 ...

Екипата на Милан го објави списокот на фудбалери за претсезонската турнеја во Азија и Австралија, а во тимот на тренерот Масимилијано Алегри ќе ги нема Лука Модриќ и Сантијаго Хименес. Милан на пријателските мечеви ќе игра со Арсенал (во Сингапур на 23-ти јули), Ливерпул (на 26-ти во Хонг Конг) и Перт глори (31-ви јули во Перт). Шанса да заиграат ќе добијат сите други ѕвезди на Милан како Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, и приновите Самуеле ...

Американскиот УФЦ борец, Дастин Поарие, ја имаше последната борба во својата кариера. На УФЦ 318 настанот во Њу Орлеанс, тој загуби од сонародникот Макс Холовеј со едногласна одлука на судиите. По борбата во која го претрпе десеттиот пораз во кариерата (имаше 30 победи), некогашниот привремен првак во лесна категорија демонстративно ги соблече ракавиците и ги стави во октагонот, означувајќи го крајот на неговата кариера. Laying the gloves down ...

Ливерпул ја зголеми понудата на напаѓачот на Ајнтрахт, Уго Екитике, и сега нуди дури 90 милиони евра, со што се очекува да падне договор со кој Французинот ќе им се приклучи на Црвените. Англискиот првак летово постави премиерлигашки рекорд со плаќањето над 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Но, не се задоволуваат само со Вирц, бараат и висок централен напаѓач, а откако им пропадна идејата да го купат Александер Исак од ...

2805 Митјиланд – Оденсе (18.00 часот) Ова е меч од првото коло во данската лига. Фаворити на хартија се домашните кои во подготвителниот период одиграа четири пријателски натпревари и на сите постигнаа два или повеќе голови. Пред една недела го победија Слован Братислава со 4-1, пред тоа со 3-1 беа подобри од Динамо Киев, што покажува дека се добро подготвени. Оденсе е повратник во елитното данско друштво, на последните три контроли не примија ...

Македонскиот репрезентативен лев бек, Езџан Алиоски, доби шанса да заигра за Лугано на пријателскиот меч против италијански Про Верчели, и со тоа Џани го имаше првиот настап за Лугано после пауза од осум години, кога си замина од таму. Затоа на социјалните мрежи на клубот за Алиоски напишаа: „Повторно дома“. Швајцарскиот тим победи со 2-0, а Алиоски не беше стартер, но кога влезе во игра покажа квалитет и дека брзо ќе се адаптира во новата ...

Доколку ги уплатите петте предлози како квоти на денот во Sport Life, ќе добиете убава вкупна квота од 64.82, што значи дека со 100 денари уплата, можната бруто добивка би ви била над 100 евра. Првиот предлог е со квота од 2.60 и тоа дека на мечот Халмстад – Хакен двата тима ќе постигнат гол и дека нема да заврши нерешено, туку дека ќе победи еден од тимовите. За Супер куп дуелот во Белгија помеѓу Унион Сен Жилоа и Клуб Бриж, може да одиграте на ...

Во денешната Супер тип 16-ка на Sport Life, има зголемени квоти за фудбал, тенис и безбол. Доминира фудбалот, а она што посебно ги прави привлечни џокерите со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на денешните тикети уплатени во Sport Life, е дека за конечен тип речиси сите мечеви се „сигурици“ и потребно е многу големо изненадување за да не бидете добитни. Дури и вака зголемени, квотите за конечен тип во Супер типот се од 1.38 до ...

Германската голманка Ан-Катрин Бергер ја однесе својата репрезентација во полуфинале на Европското првенство за жени. Во четвртфиналето против Франција, Германките уште во 13-та минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Хендрих, а една минута подоцна противникот поведе со 1-0 од пенал. Тоа изгледаше како невозможна мисија за Германките, но тие и со играч помалку дадоа гол за 1-1, а потоа работата ја доврши 34-годишната Бергер која ...

Лионел Меси со двата гола од игра кои ги постигна рано утрово на дуелот со Њујорк ред бул во победата на Интер Мајами од 5-1, го престигна Кристијано Роналдо според бројот на голови, без да се сметаат пеналите. Меси има 874 голови, а 764 голови му се од игра и слободни удари, а Роналдо има 763 такви. Но, Португалецот има многу повеќе реализирани пенали и затоа е прв стрелец во историјата на фудбалот. Меси по шести пат на последните седум меча ...

Италијанскиот калчолигаш Болоња и официјално се пофали дека во новата сезона во своите редови ќе го имаат Федерико Бернардески. Некогашниот италијански репрезентативец доаѓа како слободен играч, откако пред неколку месеци се договори за раскин на договорот со Торонто, тим кој се натпреварува во американската МЛС. Бернардески во Болоња ќе го носи дресот со бројот 10 и ќе биде една од главните ѕвезди во тимот. Fede puts pen to paper ✍️#WeAreOne ...

Трансфер сагата поврзана со Брајан Мбеумо доби разрешница. За овој играч веќе неколку месеци истерес покажуваше Манчестер јунајтед, а сега е јасно дека гигантот од „Олд Трафорд“ ќе уплати 74 милиони евра на сметката на Брентфорд, за да го добие овој фудбалер. По реализација на овој трансфер, со сеир коментар се јавија од еден познат ланец за пици. На профилот на „Доминос пица“ пред два дена се појави статус кој пишуваше: „Продадовме 752599483 ...

Италијанскиот шампион Наполи мора да покаже скромност и да учи од грешките што ги направи за време на катастрофалната одбрана на титулата во сезоната 2023-24, предупреди тренерот на Наполитанците, Антонио Конте. Наполи ја освои титулата во 2023 година под водство на Лучијано Спалети, но имаше бурна следна сезона, завршувајќи на 10-то место и менувајќи три тренери откако тренерот Спалети го напушти клубот. Конте, кој освои три титули во Серија А ...

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед Хавиер Ернандес – Чичарито се најде во центарот на вниманието поради предизвикување на сексистички скандал. Мексиканецот го навлече гневот на кај жените откако рече дека жените „ја искоренуваат машкоста“ и дека треба да се грижат за породувањето, чистењето и одржувањето на домот. Популарниот Чичарито, исто така тврди дека жените го прават општеството „пречувствително“. Во видео на Инстаграм, тој рече: ...

Нејмар продолжува да импресионира со своите ексцентрични купувања, додавајќи вистински бисер во својата обемна гаража. Бразилецот купи реплика на Бетмобилот од филмот „Бетмен почнува“ од 2005 година. за 8,3 милиони бразилски реали (околу 1,5 милиони долари). Автомобилот е опремен со мотор, но не е дозволено да се вози по јавни патишта. Возилото не е опремено со трепкачи и ретровизори потребни за регистрација и не ги исполнува безбедносните ...

Италија се најде во големи проблеми кога се работи за нивната организација на Европското првенство во 2032 година. Италија, заедно со Турција ја добија довербата да бидат домаќини на континенталниот собир, но факт е дека Аѕурите имаат големи проблем поврзани со инфраструктурата. Инспекцијата на УЕФА потврди дека само еден стадион во Италија ги исполнува условите за организирање на Европското првенство. Стадионот на Јувентус во Торино е ...

Со мечевите мешу Црвена ѕвезда – Јавор и Чукарички – Напредак вечерва започна новата сезона во фудбалското првенство на Србија. Како увертира на мечот кој се игра на стадионот „Рајко Митиќ“, се случи навивачки инцидент. Навивачи на Црвена ѕвезда од една страна и фанови на Партизан од друга страна се степаа на „Бањица“. На снимката која излезе на социјалните мрежи се гледа дека има една голема група на луѓе, а некој вели дека се во „црн-бели“ ...

Мнгу ретки се трансферите на играчи кои директно се прават меѓу Реал Мадрид и Барселона. Секогаш кога има таква ситуација, тоа се моменти за спектакл. Иако досега не навестуваше дека може да се случи нешто такво, од денеска во оптек е опцијата ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго да направи трансфер во Барселона. Родриго кој има 24 години не е во опциите на новиот тренер Чаби Алонсо и најавено е дека Бразилецот ќе мора да си замине од ...

Вардар ја архвираше епизодата наречена Ла Фиорита. Со победа од 3:0 и реми 2:2, Црвено-црните се пласираа во второто коло од квалификациите за пласман во Конференциксата лига на УЕФА. Следен ривал е тимот на Лозана. Се работи за швајцарска екипа која заврши на петото место во првенството. Тоа што е интересно е дека пред само две години, овој клуб играше во втората лига, но со вистински вложувања, носење на квалитетни засилување, Лозана сега е во ...

Нико Вилијамс летово беше означен како главна „мета“ за доведување во Барселона. Иако се чинеше дека договорот ќе биде постигнат, на крајот Вилијамс остана во Атлетик Билбао и потпиша нов 10-годишен договор. Многумина беа збунети како се случи Вилијамс да остане во Атлетик, затоа што многу работи беа договорени за трансфер во каталонскиот гигант. Шпанските медиуми откриваат како пропаднал трансферот во Барселона. Што се случило? Спортскиот ...

Себастијан Тил постигна неверојатен гол на натпревар од првото коло во втората полска лига. Фудбалерот на Стал Жешов го украде шоуто иако неговиот тим загуби 1-2 против Погон Гроѕиск Мазовјецки. Луксембуршкиот фудбалер кој игра за Стал, даде гол со шут од голема далечина, со бомбата ќе ја скинеше мрежата и доби заслужен аплауз. Голот погледнете го ТУКА. Całkowicie zwyczajne uderzenie w @_1liga_ ⚽️ Sebastien Thill z pierwszej piłki 🤯 🔴📲 ...

Екипите на Ланус и Росарио Централ ќе одиграат историски натпревар во аргентинскиот Торнео Бетано. На стадионот „Ла Форталеза“, за прв пат по повеќе од една деценија, ќе се одигра меч во елитата елитното натпреварување во Аргентина и ќе има гостински навивачи. Се очекува дека на трибините да присуствуваат над 6.500 навивачи на Росарио. „Сакаме да патуваме и знаеме како да го правиме тоа“, додаде сопственикот на Росарио Централ, Николас Русо. ...

Легендата на Арсенал, Французинот Тјери Анри, во еден подкаст даде смело предвидување пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, тврдејќи дека лондонските Топчии можат ја освојат титулата. Во мај, Анри не штедеше критики кон клубот кој одамна нема важен трофеј, во Премиер лигата им стана навика да бдат втори, изрази незадоволство од трансферната политика на клубот, но сега во интервју за подкастот „Men in Blazers“, Французинот ги отфрли ...

Маркус Рашфорд ќе игра за Барселона во претстојната сезона. Манчестер јунајтед и Барса се договориле Рашфорд сезонава да игра како позајмен, со опција Каталонците целосно да го откупат Англичанецот следното лето. Рашфорд не криеше дека сака да игра за Барса, но за клубот тој беше трета опција на листата на желби. Нико Вилијамс ги откачи Каталонците и остана во Билбао, а Луис Дијаз од Ливерпул им е прескап, па го активираа „Планот Ц“ за кој ...

Фудбалерите на Партизан беа елиминирани на пенали од АЕК Ларнака во квалификациите за Лига Европа, а една фотографија од крајот на натпреварот брзо стана вирална на социјалните мрежи. Еден навивач на Партизан беше снимен како држи шише вињак во рацете. Фотографијата брзо ја обиколи Европа. Алкохолот е строго забранет на стадионите во светот, а вистинското прашање е како овој навивач на Партизан успеал да внесе цело стаклено шише на трибините. ...

Екипата на Лајпциг попладнево игра пријателски меч, прв во подготвителниот период летово, а Елиф Елмас го нема во составот, што е јасен сигнал дека двете страни ќе се разделат. Елмас е под договор со Германците, но во претстојната сезона ќе игра на друго место, прашањето е само дали како позајмен или ќе направи трансфер. Македонскиот репрезентативец настапуваше за Торино во изминатата полусезона. Елмас е дел од групата од неколку играчи на ...

Според хрватскиот портал „24сата“, ракометниот клуб Вардар 1961 платил отштета од 30.000 евра за тренерот Иван Чупиќ кој дојде од Метковиќ. Легендарниот Хрват е играчка легенда и на Црвено-црните, со негов гол Вардар првпат стана европски првак, а во претстојната сезона ќе го води тимот од клупата. Не е баш вообичаено во хрватскиот ракомет, Метковиќ е еден од ретките хрватски клубови кои добиле отштета за тренер, и тоа од 30.000 евра, ...

Искусниот габонски напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг, после само една сезона во Саудиска Арабија, се враќа во Европа. Обамејанг го раскина договорот со Ал-Кадсија, имаше понуда од Ал-Етифак да остане во саудиската лига, но тој реши да се врати во Олимпик Марсеј, клубот за кој настапуваше во сезоната 2023/2024, пред да прејде во Ал-Кадсија. Во претстојната сеона Марсеј ќе биде дел од Лигата на шампионите и тоа го привлече Габонецот роден во ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
4.12
36%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
26%
1015
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.44
12%
1015
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
29%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.17
35%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
18%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
24%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
6.17
27%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
11.83
57%
1014
Currency

61.535

Currency

52.8448

Currency

71.2376

Currency

34.3325

Currency

38.1999

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303