Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Интер забележа убедлива победа против Кремонезе во шестто коло, во Серија А. Во победата 4:1 блескаше поранешниот напаѓач на Парма, Бони. Интер ја забележа четвртата победа во сезоната и полека фаќа приклучок со водечките тимови. Кремонезе по одличниот старт, две победи во првите две кола, во наредните три одигра нерешено, а вечерва го забележа првиот пораз во Серија А. Првиот гол на натпреварот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез, по ...
Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт во Франкфурт со 3:0 (2:0) во натпреварот од 6-то коло на германската Бундес лига. Натпреварот го одбележа Колумбиецот Луис Дијас, кој постигна два гола за Баварците, од кои првиот по само 15 секунди игра. Штом трагнаа од центарот домашните фудбалери, Серж Гнабри одзеде една топка го проигра Дијаз на втората статива за рано водство. Ова е најбрзиот гол дпостигнат сезонава во Бундес лигата. Дека ...
Челси го доби Ливерпул со 2:1 во дербито одиграно во 7.коло, во Премиер лигата. Херој на Челзи е 17-годишниот Бразилец, Естевао, кој погоди за победа во 95.минута. Актуелниот шампион е во криза, потрошените речиси 500 милиони евра во преодниот рок, засега не даваат резултат. На почетокот на сезоната, Ливерпул се вадеше со голови во финишот на натпреварите, а сега бележи порази на идентичен начин. Во минатото коло, во Премиер лигата,Ливерпул ...
Фудбалерите на Тотенхем со победа на „Еланд Роуд“, ја отворија денешната програма од седмото коло во Премиер лигата. Спарс славеа против домаќинот Лидс со 2:1. Тотенхем со четвртата победа во сезоната, привремено скокна на второто место со 14 поени. Тотенхем поведе на „Еланд Роуд“ со прекрасниот гол на Матис Тел во 23-та минута. За младиот напаѓач ова е прв гол сезонава во Премиер лигата. До паузата, Ноа Окафор, по шутот на Бренден Аронсон во ...
Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа спектакуларен натпревар (3:3) на „Олимпико“ во рамките на 6. коло од Серија А. Два гола беа постигнати во судиското надополнување на времето. Прво, Саул Коко постигна гол во 90+2 за Торино и се чинеше во тој момент, обезбеди победа за „биковите“, бидејќи натпреварот беше продолжен четири минути. Сепак, следеше трилер завршница – дефанзивецот на Торино, Марипан го собори Тијани Нослин во шеснаесетникот, ...
Вистинска драма се одвива во Дортмунд поради недоразбирањата меѓу семејството Белингам и тренерот Нико Ковач. Таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, и помалку познатиот помлад фудбалер на Борусија Дортмунд, Џоб, Марко Белингам, му се заканил на тренерот на германскиот тим. Причината е што тој не е задоволен колку неговиот син минува на теренот. Џоб ова лето пристигна во Дортмунд од Сандерленд, со кого успеа да избори промоција од ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал забележаа идентични победи (2:0) во натпреварите од 7. коло од Премиер лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ го победи Сандерленд со 2:0 и, барем до следната недела, го симна огромниот товар на притисок што го трпат од навивачите, јавноста, аналитичарите… Втор натпревар по ред, гол за Јунајтед постигна репрезентативецот на Словенија Бенјамин Шешко. Во 31. минута, Шешко ја дуплираше предноста на тимот на ...
Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави 44-ти роденден, и како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а се пофали со својот избор на социјалните мрежи со пораката: „Среќен роденден Златан“, пишува „Aftonbladet“. Неговата гаража е побогата за „Ferrari F80“, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матес Нилсон објаснува како ова бил логичен потег за познатиот фудбалер. „Тој е апсолутно ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморм, ќе добие отказ доколку попладнево неговиот тим не забележи победа над Сандерленд.ѓ Позицијата на Аморим во клубот не е сигурна, а дополнително се влоши по поразот од Бренфторд минатата недела. Поради тоа медиумите во Англија тврдат дека денешниот меч може да биде последен за Аморим на клупата на Јунајтед. „Лошата игра и неуспехот против Брентфорд минатиот викенд го вклучија алармот кај клупските ...
Тимот на Мекларен може да ја освои шампионската титула на трката во недела за Големата награда на Сингапур. Мекларен можеше да ја освои шампионската титула кај конструкторите во 2025 година во Азербејџан, на градската патека во Баку, но го имаа најлошиот викенд во сезоната со освоени само шест бода. Тие победија на 12 трки во сезоната, седум пати возачите на папаја тимот беа на првите две позиции и со причина се први фаворити за освојување на ...
Гилберто Рафаел Мора Замбрано, или само Мора, млад мексикански фудбалер го привлече вниманието на неколку великани на европскиот фудбал. Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите кои го сакаат момчето кое игра за Тихуана и, верувале или не, има само 16 години. Тој полни 17 години во средината на октомври, а интересно е што дебитираше на само 15 години и 10 месеци кога стана најмладиот играч во историјата на Тухуана. ...
Сасуоло како гостин славеше над Верона. Натпреварот од шестото коло на Серија А беше решен со голот во 71-та минута. Андреа Пинамонти погоди откако пенал му одбрани голманот Монтипо. Напаѓачот на Сасуоло налета на одбиената топка и ја смести во голот. Со овој дуел го започна шестото коло од елитното ниво на италијанскиот фудбал, а ова е втор триумф на Сасуоло по ред по поразот од Интер, додека Верона, која не знае за победа, остана на три ...
За прв пат оваа сезона, Осасуна успеа да го сврти резултатот и да победи, На домашен терен, Осасуна го совлада Хетафе со 2:1 со голот на Алехандро Катена во судиското надополнување на времето. Гостите поведоа во првото полувреме преку Борха Мајорал, кој го искористи центаршутот на Луис Миља. Сепак, домашните успеаја да израмнат во последните моменти од првиот дел, кога Абел Бретонес со спектакуларен удар од далечина го погоди горниот агол за ...
Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз се повлече од претстојниот Мастерс 1000 турнир во Шангај, а тоа би можело да доведе до промена на врвот на АТП листата. Алкараз го победи Американецот Тејлор Фриц (АТП:5) со 6:4, 6:4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио, стигнувајќи до својот осми трофеј во сезоната и 24-ти вкупно во неговата професионална кариера. Сепак, во текот на целиот турнир имаше проблеми со повредата на зглобот, која ја ...
Иако до крајот на сезоната во Мото ГП првенството остануваат уште четири трки, Марк Маркез ја обезбеди титулата. Шпанецот утринава на трката за Големата награда на Јапонија заврши како втор зад Франческо Бањаја, што беше доволно да се израдува на трофејот. За мотоциклистот на Дукати тоа е седма титула во кариерата во „Кралската класа“, прва по 2019 година. Со тоа Маркез се израмни со легендарниот Валентино Роси, а пред нив останува само ...
Фудбалерите на Борнмут го победија Фулам со 3:1 во првиот натпревар од 7. коло од Премиер лигата, по големиот пресврт во второто полувреме. Првото полувреме беше лошо, монотоно. Единствено нешто што вреди да се забележи е повредата на српскиот репрезентативец Саша Лукиќ, поради која тој ја напушти играта. Во второто полувреме, се случи спектакл. Откако Сесењон го совлада Ѓорѓе Петровиќ во 70. минута по совршено „двојно додавање“ со Чуквуезе, ...
Реал Мадрид остана сам во проектот наречен Европска Суперлига. Најверниот сојузник на Реал, Барселона, се откажа од проектот. Како што објави Радио Каталуња, Барселона е задоволна од промените што ги направи УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите, па затоа повеќе не сака да го турка проектот околу новото натпреварување. Мотивот за основање на Суперлигата беше токму од финансиска природа. Најбогатите европски клубови се обидоа да ...
Бразилскиот репрезентативец Савињо потпиша нов долгогодишен договор со Манчестер Сити и ќе остане до летото 2031 година. Само една сезона по пристигнувањето од Троа, 20-годишниот крилен напаѓач се наметна како еден од највозбудливите млади таленти во Премиерлигата со 48 настапи, 3 гола и 13 асистенции во својата дебитантска година, придонесувајќи и за освојувањето на Комјунити Шилд. Савињо веќе има 13 настапи за националниот тим на Бразил и ...
Проблеми за Барселона, но и за селекцијата на Шпанија во пресрет на октомврискиот репрезентативен циклус. Имено Ламине Јамал повторно се повреди и ќе биде во “аут“ околу две до три недели. Оваа информација ја потврдија и од самиот клуб. “Јамал се повреди на мечот со ПСЖ. Почуствува болка во пределот на препоните па ќе отсуствува две до три недели. Нема да биде во комбинација за следниот меч со Севиља“ се огласија од таборот на Барселона, ...
Капитенот на кошаркарите на Олипијакос, Костас Папаниколау, во поразот на својот тим во Мадрид, од Реал (89:77), испиша нова страница во клупската историја. Папаниколау, против Реал го одигра 748-от натпревар во дресот на Олимпијакос. Тој стана играч со најмногу одиграни натпревари во дресот на Олимпијакос. На вечната листа мина уште една клупска легенда, Јоргос Принтезис. Папаниколау има 370 настапи за Олимпијакос во Евролигата, 339 во ...
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20 години од „Спортско радио 90,3 ФМ“. На едно место ќе бидат најголемите македонски ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, ...
Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет. Во текот на првото полувреме се водеше сосема рамноправна борба, се играше по принципот гол за гол, а Барса отиде на полувреме со предност од еден гол – 13:12. Иан Баруфет постигна пет гола, Блаж Јанц три, Дика Мем ...
Денвер Нагетс се сериозни во врска со трошењето огромни суми пари за обнова на шампионскиот тим околу Никола Јокиќ. Српскиот ас веројатно ќе потпише максимален договор следната сезона, а челниците на тимот од Колорадо сакаат да го осигурат останувањето на играчи кои ќе му помогнат да и донесе на франшизата уште една титула. Во оваа група е и Кристијан Браун, кој ја одигра најдобрата кошарка во својот живот во сезоната 2024/25. Одличниот бек ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ е именуван од УЕФА за член на HatTrick комисијата на Европската фудбалска Асоцијација. Првиот човек на македонскиот фудбал е вклучен во работата на една од најбитните комисии на УЕФА која вклучува развој на инфраструктурни проекти во рамки на фудбалските асоцијации членки на УЕФА и едукативни програми за фудбалски администратори. Во важен период за македонскиот фудбал, ...
Селекторот на белгиската репрезентација, Руди Гарсија, го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, вклучително и за дуелот против Македонија на 10 октомври во Гент. Како што се очекуваше, на списокот се наоѓаат најголемите ѕвезди на белгискиот фудбал, што е најава за вистински спектакл и огромен предизвик за нашите репрезентативци. На списокот на Гарсија се наоѓаат имиња ...
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14). Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место. ...
Официјачна промоција имаше топката што ќе се користи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Топката создадена од Адидас го симболизира единството на трите нации – САД, Канада и Мексико, домаќините на првенството, но исто така носи и важен технолошки исчекор. Нејзиниот напреден сензор работи на фреквенција од 500 херци во секунда и ги евидентира сите детали од движењето во реално време. Информациите се испраќаат до ВАР ...
Ангелос Постекоглу беше во својот 24-ти ден како менаџер на Нотингем Форест кога Митјиланд дојде на „Градскиот стадион“, во четврток вечерта. Речиси три децении, точно 29 години, навивачите чекаа европски натпревар на нивниот стадион. Натпреварот заврши со скандирањето „утре ќе добиеш отказ“. За само 24 дена и шeст натпревари, Постекоглу успеа да стане најлошиот менаџер во историјата на Нотингем Форест. Тој е првиот менаџер по сто години кој ...
Трофејниот италијански тренер Лучано Спалети беше главен кандидат да го преземе тимот на шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, откако ја одби понудата, клубот од Џеда, реши да го ангажира. Спалети ја напушти функцијата селектор на Италија ова лето и со месеци има понуди каде што би можел да ја продолжи тренерската кариера, но очигледно не брза бидејќи смета дека првенството на Саудиска Арабија не е доволно привлечно. Затоа, клубот се ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6:2, 6:2. Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера. Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја ...