
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Џан Пјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, се уште сонува еден ден да ја преземе клупата на Јувентус, клубот во кој започна и освои трофеи на јуниорско ниво. „Враќањето во Јувентус по 20 години би било круна на мојата кариера“, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинците, од 1994 до 2003 година. Во овој период, Гасперини го предводеше младинскиот тим ...
Како бомба одекна веста дека Барселона и тоа како била заинтересирана за Хулиан Алварез, напаѓачот на Атлетико Мадрид. По веста дека Хоан Лапорта и Деко би можеле да го доведат Дарвин Нуњез од Ливерпул на лето, фановите на каталонската гордост не го криеја своето разочарување, но затоа оваа вест за Аргентинецот од Атлетико и тоа како ги воодушеви, посебно ако се знае дека во лудото реми од 4:4, токму Алварез постигна гол против Барса во 47 ...
Со втора последователна победа, екипата на Вест Хем полека излегува од опасната зона на табелата во англиската Премиерлига. Вечерва во Лондон, „чеканите“ славеа сигурна победа од 2:0 над екипата на Лестер и веќе можат слободно да дишат, со оглед на тоа што веќе имаат предност од дури 16 бода пред трите тима кои се наоѓаат во „црвената зона“. Победата на Вест Хем вечерва ја донесоа Сучек со голот во 21. минута и Боувен кој успеа да погоди на две ...
Денвер Нагетс уште еднаш не успеаја да добијат натпревар кога Никола Јокиќ запиша трипл-дабл. ЛА Лејкерси во дербито на Западот славеа над Минесота, а Стеф Кари во Орландо ја доби револверашката пресметка со Паоло Банкеро. Милвоки го победи Денвер со 121:112. Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 32 поени, 14 скокови, 10 асистенции. Србинот го запиша 27.трипл-дабл сезонава, 157. во кариерата. Не доби поддршка од соиграчите, го следеше само ...
Пелистерци до крајот на групната фаза од ЛШ имаат уште две средби, а шансите за нокаут-рунда постојат, а во тоа верува и играчот на овој тим Павле Атанасијевиќ. -Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и ...
Распродадени се сите билети за фајналфорот на Евролигата, кој годинава ќе се игра во Абу Даби, соопштија денеска од седиштето на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување. Билетите за фајналфорот во Абу Даби се распродадени. За сите што успеаја да обезбедат билет, се гледаме во Абу Даби“, стои во соопштението на Евролигата на социјалната мрежа „Х“. Фајнл-форот на Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај во главниот град на Обединетите ...
Навивачите на Манчестер Јунајтед се уште жалат што Давид Де Хеа мораше да го напушти „Олд Трафорд“. Клуботреши да не му понуди нов договор на 34-годишниот Шпанец, кој го напушти Јунајтед по 12 години, пред почетокот на минатата сезона, бидејќи тогашниот менаџер Ерик тен Хаг сакаше голман кој знае да игра со нога. Тен Хаг се реши за Онана со кого работеше во Ајакс, а Јунајтед на Интер му плати 50 милиони евра. Сепак, поранешниот голман на Ајакс ...
Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години. Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел. Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и ...
Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига. Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво низа. Предводници на овој триумф беа незапирливиот Малик ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај. Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај. Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија. Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе ...
Руската тенисерка Мира Андреева стана најмладата шампионка на ВТА турнир од серијата 1.000. Андреева ја освои титулата во Дубаи. Андреева во финалето во Дубаи ја победи Клара Таусон со 7:6(1), 6:1, по еден час и 47 минути битка. Таа стана најмладата тенисерка која некогаш победила на ВТА турнир од серијата 1.000 откако оваа категорија беше додадена во календарот во 2009 година. Од утре таа ќе стане и најмладата Топ 10 тенисерка (ќе биде деветта ...
Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли прашан за позицијата на тренерот Тиаго Мота по елиминацијата од Купот на Италија, вели дека засега се останува како што беше и досега, со тоа што притисокот е да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. „Се согласуваме со она што го кажа тренерот. Овој настап беше неприфатлив. Ние, тренерот и тимот, сите сме убедени во тоа. Утрово разговаравме со претседателот Фереро со чист ум. Јасно ...
Нема веќе дилеми дека раководството на Ливерпул направи фантастичен потег со ангажманот на Арне Слот за наследник на Јирген Клоп. „Редси“ под водство на Холанѓанецот маршираат кон титулата во ПЛ, а тука се и перфектните настапи во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека ова на Арне Слот му е прва сезона во Премиерлигата, а досега само четворица пред него успеале во својата деби сезона да дојдат до титулата во најсилната фудбалска лига во светот. ...
Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025. Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи Гвинеја. И во Главната групна фаза забележа победа ...
Тимот на Баерн Минхен објави дека ја достигна границата од 400.000 членови, што се верува дека ќе го направи најголемиот спортски клуб во светот. „Имаме невиден пораст на членството“, изјави претседателот на Баерн Херберт Хајнер на синоќешната прослава на 125.годишнината на Баерн. „Баерн се залага за спортски успех, финансиска стабилност и социјална посветеност. Клубот е достапен, што одекнува кај луѓето“, додаде тој. Членството порасна од ...
Клаудио Ечевери од денеска и официјално е дел од тимот на Манчестер Сити. Тој иако беше купен уште во 2024 година од страна на англискиот тим сепак, остана на позајмица во Ривер Плата се до сега. Тој од овој момент му се става на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола. Ечевери екстремно добро го одигра У20 шампионатот на Јужна Америка, каде што Аргентина заврши како втора, а тој постигна шест гола на девет меча. – Не можам да ви кажам колку сум ...
Џошуа Кимих е еден од најреспектабилните играчи на својата позиција во светот. Дефанзивецот на Баерн е во одлилна форма, најголемите клубови се распрашуваат за него, а од Баварија денеска пристигнува информацијата дека клубот ја повлекува најновата понуда за потпишување на договор со Кимих. Поточно, Баерн Минхен ја одби понудата за нов договор за Кимих, објави SPORT BILD. Неодамна договорот со Кимих се чинеше речиси сигурен, а спортскиот ...
Нема среќа играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Низ текот на целата негова кариера во дресот на Мадрид тој се мачи со повреди, а на оваа тема сега има најнова информација. На Куп натпреварот против тимот на Реал Сосиедад, Себаљос ја повреди тетивата. Денешните прегледи потврдуваат дека се работи за нешто посериозно и дека тој ќе мора да паузира околу два месеци. Во последно време и тоа како доби шанса во првите единаесет од страна на тренерот ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен по победата од 3-2 над Ипсвич. Тој ги пофали своите играчи за борбеноста што ја покажаа. „Црвените ѓаволи“ постигнаа успех, иако во првото полувреме беа скршени. „Денес не сум лут. Го контролиравме натпреварот од првата минута и можев да видам дека момците се трудеа многу и успеаја да постигнат два гола. Црвениот картон го промени текот на натпреварот, но тимот покажа борбеност, многу ...
Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса. Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. ...
Манчестер јунајтед минатиот викенд успеа да ремизира против Евертон (2:2) во возбудлив премиерлигашки натпревар, а вчера го победи Ипсвич со 3:2. Бруно Фернандеш со својот гол од слободен удар го започна камбекот на „црвените ѓаволи“ против Евертон. Сепак, овие резултати не го импресионираа легендарниот поранешен капитен на Јунајтед, Рој Кин. Кин, познат по своите остри коментари ги критикуваше играчите на Манчестер јунајтед, смета дека тимот ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одговори на вчерашните напади на ФК Силекс кој по вчерашниот пораз од Вардар го истури гневот врз судиската тројка на чело со главниот судија Идризи Фуркан. Вардар со 1-0 го победи Силекс на „Градски“ и се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија. Веднаш по натпреварот кратовскиот тим излезе со жестока реакција за судењето. Тие сметаат дека црвено-црните имале помош од судијата, а како најспорен ...
Поранешниот шпански репрезентативец Џерар Пике има идеја како да ги направи натпреварите уште поатрактивни за навивачите. Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот на Икер Касиљас даде предлог дека на тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови да не добијат по еден бод. На тој начин, рече, ќе бидат казнети за таквиот пристап. Тој додаде дека е апсурдно навивачите да трошат стотици евра за да дојдат на натпревар, а потоа да гледаат два ...
Формула 1 тимовите претпладнево на патеката „Сакир“ во бахреин ги започнаа тестирањата во пресрет на новата сезона. Три дена тимовите ќе тестираат во Бахреин. Во центарот на вниманието беше седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, кој го имаше првиот официјален настап како возач на Ферари. Британецот го постави петтото најбрзо време по четиричасовната утринска сесија, со заостанување од 406 илјадити делови од секундата зад лидерот во новиот ...
Нов конфликт во Манчестер Јунајтед или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат. Аморим, пред два месеци не го вклучи Гарначо во протоколот против Манчестер сити, тогаш во составот не беше и Маркус Рашфорд. Тренерто се правдаше дека овие двајца не се ангажирале доволно на тренинзите. Синоќа, кога на ...
Ливерпул продолжува да маршира кон титулата во Премиер лигата, но напаѓачот Дарвин Нуњез се повеќе го „троши кредитот“ кај тренерот Арне Слот. Уругваецот, кој е вториот најплатен играч на Ливерпул, на теренот не го оправдува она што клубот го вложува. Она што првенствено се истакнува како негова слабост се пропуштените шанси во текот на натпреварите, но холандскиот тренер го критикува и за други работи. „Му помогнав со тоа што му кажав дека може ...
Полуфиналниот натпревар на Реал во Копа дел Реј против Реал Сосиедад (0:1) во средата беше накратко прекинат поради скандирањата од публиката упатени кон дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио. Натпреварот на стадионот „Реале Арена“ беше прекинат непосредно пред полувремето, кога капитенот на Реал, Винисиус Жуниор го известил судијата Хозе Марија Санчез Мартинез дека играчите слушнале скандирања „Асенсио, умри“. Судијата го активираше шпанскиот ...
Со победа од 1:0 на гостински терен во Сан Себастијан, Реал (М) направи чекор кон големото финале во Купот на Шпанија. Мечот беше решен уште во 19. минута кога мадриѓаните ја освоија топката пред својот шеснаесетник и веднаш тргнаа во брза акција. Белингем на крајот испрати долга топка до Ендрик, кој ја прими на градите, влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот Ремир за 0:1. Првите пет минути од вториот дел донесоа многу возбудувања. ...
Обвинителството на Верона побара судски процес против Лука Кампедели, поранешен претседател на Киево Верона, под обвинение за измама во процесот на банкрот на клубот. Истрагата спроведена од Финансиската полиција откри „механизам за измама со кој раководството ја претстави навидум добрата економска состојба на клубот кој се нтпреварува во четвртата лига, прикривајќи го колапсот и ерозијата на имотот на компанијата со што клубот доби дозвола да ...
Полската ракометна репрезентација ќе добие нов селектор откако раководството на федерацијата реши да му врачи отказ на досегашниот кормилар Марсин Лијевски. Легендарниот ракометар не се снајде најдобро во селекторската функција, не само што не ги донесе посакуваните резултати, туку и влезе во конфликт со дел од клучните играчи во националниот тим. Токму поради недоразабирањето со селекторот пивотот Сипжак ја напушти репрезентацијата за време на ...