На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби легендарниот Аиртон Сена. Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид и со брзина од 305 км/ч удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои ...

Лос Анџелес Клиперс ги победија Денвер Нагетс со 111:105 iизминатата ноќ и се изборија за мајсторка. Резултатот во серијата е 3:3, а седмиот натпревар ќе се одигра во ноќта меѓу сабота и недела во Денвер. Нагетсите повторно беа предводени од српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 25 поени, но 15 реализира во втората четвртина и речиси никаде го немаше во второто полувреме. Тој постигна само три поени во третата и само два во четвртата ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија изрече жестоки казни за Фудбалскиот клуб Гостивар. Фудбалерите на Гостивар го напуштија теренот во 85.минута, при резултат 1:2 за Работнички. На клубот му се одземени девет бода, претседателот на клубот Енес Уста, капитенот Алпер Потук и шефот на стручниот штаб Блажо Панов добија двегодишни суспензии. Парични казни добија сите фудбалери кои беа во протиколот на натпреварот. „Алпер ...

Прашање на време е кога Флоријан Вирц ќе стане најскапата продажба во историјата на Баер Леверкузен. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити се риозно се заинтересирани за неговите услуги. Баерн од лани воспоставил контакти, најпрвин со родителите на Вирц, а потоа и со неговиот менаџер. „Лекип“, тврди дека Баварците подготвиле пакет тежок 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Вирц. Според овој извор, Баерн е подготвен да плати ...

Ракометниот клуб Вецлар им врачи откази на Франк Карстенс и неговиот помошник Филип Миркуловски. Клубот се реши за ваков потег поради лошите резултати, Вецлар доживеа осум порази на последните девет натпревари. Синоќа, Вецлар загуби од Лајпциг. Планот на клибот бил во летниот преоден рок да извршат смена на тренерската позиција, но новиот пораз ги натера да реагираат со откази. Новиот тренер беше избран уште претходно, но тој порано од ...

Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа. Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските и светски првенства ...

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Лопота (Грузија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка во првото коло се соочи со домашната претставничка Зозија Кардава, тенисерка која дојде до главниот ждреб со вајлд карта. Лина ја оправа фаворитската улога и тоа со победа во два сета и тоа прва „рунда“ во која противничката даде силен ...

Селекторот на младата машка ракометна репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ го објавуви списокот на повикани за подготовките за Светско првенство за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во Полска. Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 8 мај е предвиден натпревар против младинската екипа на РК Бутел Скопје а ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК ...

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека Ерик Даер, како слободен играч, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. „Разговаравме со Ерик за новиот договор. Тој ни кажа дека не сака да го продолжи и дека ќе нè напушти. Се надевам дека ќе го круниса својот престој во клубот со својата прва титула“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд. Според извештаите, Дајер постигнал договор со Монако, каде што ќе добие подолг договор од оној ...

Пари Сен Жермен, потврди дека Усман Дембеле претрпел повреда на мускулот, што го става под знак прашалник, неговиот настап против Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите следната недела. Дембеле го постигна единствениот гол на „Емирати“ во вторник вечерта. Го совлада Давид Раја во четвртата минута и му обезбеди на ПСЖ минимална предност пред решавачкиот дуел во Париз. Сепак, Дембеле мораше да ја напушти играта во второто ...

Ракометарите на Фуксе Берлин и Нант успеаа да се пласираат на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите. Бундеслигашот Фуксе Берлин доби уште една голеада со Алборг, овојпат со 40:36 и со вкупни 77:65 обезбеди место на Ф4 во Келн. „Лисиците“ беа подобар ривал во двете полувремиња, а одново во елемент и лидер беше Гидсел со девет погодоци. Кај данскиот претставник се истакна Бјорсен со девет голови. Инаку ова беше меч кој го судеа нашите ...

Претставници на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) преговараат со Карло Анчелоти, но тие разговори се комплицирани од фактот дека италијанскиот тренер има договор за уште една сезона со Реал Мадрид, потврдија два анонимни извори од CBF за агенцијата АП. Еден извор изјави дека претседателот на Кофедерацјата, Едналдо Родригез, и директорот на репрезентацијата, Родриго Каетано, учествуваат во преговорите со Анчелоти. Бразил е без селектор од ...

Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА. Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент. Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, и како петти во Серија А и Бундеслигата, добија ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по големиот триумф на неговиот тим (0:3) над Атлетик Билбао во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, се обува да ја смири еуфоријата што владее меѓу играчите и навивачите. Тој им рече на новинарите дека не смее да им дозволи на играчите да мислат дека веќе обезбедиле место во финалето бидејќи една лоша ситуација во реваншот може целосно да го промени текот на настаните. „Ништо не е ...

Еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, Рајан Черки (21) ќе го напушти Лион во летниот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, прашање е само во кој клуб. Според англиските медиуми, Рајан Черки преферира трансфер во Ливерпул, додека неговиот менаџер води преговори со Манчестер Јунајтед. Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 182 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер,досега постигна 29 гола и имаше 44 ...

Пеп Гвардиола за „ESPN“ изјави дека иако сè уште не знае дали ќе се пензионира кога ќе го напушти Манчестер Сити, „сигурен“ е дека ќе направи пауза од тренерската работа. Гвардиола (54) го предводи Сити девет години, што е најдолгиот тренерски стаж во неговата кариера, претходно ја водеше Барселона четири години и Баерн Минхен три години. Во ноември, тој потпиша нов двегодишен договор кој треба да го задржи на „Етихад“ до 2027 година. Претходно, ...

Европа полуде по Ламин Јамал, не само со поради неговите вештини на највисоко ниво, туку и со фактот дека сè уште има само 17 години. Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, тој постигна спектакуларен гол, погоди две пречки и изведе уште неколку феноменални потези. Јасно е зошто е „тема број еден“, а за тоа зборуваше и поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд. „Во моментов не постои фудбалер кој ...

Олимпијакос, тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84. Реал на 122 секунди до крајот на мечот имаше предност од седум поени 78:85, но малку недостигаше да избори мајсторка. Абалде промаши тројка за победа. По деветти пат во последните 15 години, ...

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа. На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0. Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го ...

Фудбалерите на Челзи и Бетис победија во првите полуфинални натпревари од Конференциската лига. Челзи славеше победа од 4:1 на гостувањето кај Ѓургарден и веќе е во финалето, додека Бетис ја победи Фиорентина со 2.1 Челси по првиот дел зачекори во финалето, кога на семафорот стоеше 2:0. Стрелец на првиот гол беше Санчо во 13-тата минута, а на вториот Мадуеке на две минути пред крајот на регуларниот дел. Во вториот дел Џексон постигна два гола во ...

Шпанскиот претставник Барселона покажа друго лице и славеше со 100:89 во соочувањето во „Палау Блауграна“ со што намали на 2-1 во оваа четвртфинална серија. Домаќините водени од своите навивачи покажаа нова енергија и заслужено дојдоа до славје кое носи уште најмалку еден натпревар на овој терен. Петмина играчи на Барса беа двоцифрени, лидер беше Ернангомез со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Џејмс кај гостите исто имаше дабл-дабл од 20 кошеви ...

Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот. Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен. Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од ...

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека евентуалното освојување на Лига Европа само ќе му обезбеди место на тимот во Лигата на шампионите следната сезона, но тоа нема да биде доволно за да ја направи тековната сезона успешна. Јунајтед се среќава со Атлетик Билбао во полуфиналето на второто најсилно европско натпреварување, откако го елиминираше Лион во натпревар за паметење. Сепак, Аморим е свесен дека освојувањето на Лигата на ...

Официјално, шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги е новиот селектор на најдобрите катарски фудбалери. Потпиша договор до крајот на Азискиот куп во 2027 година, кој се одржува во Саудиска Арабија. – Катарската фудбалска асоцијација официјално го објавува назначувањето на шпанскиот селектор Хулен Лопетеги за нов селектор на репрезентацијата на Катар, наследувајќи го сонародникот Шпанец Луис Гарсија – се вели во соопштението на асоцијацијата. Првата ...

Фудбалерите на Брентфорд го победија Нотингем Форест со 2:0 на гостински терен во 34-то коло од Премиер лигата. Со овој натпревар беше комплетирано 34-то коло од елитното ниво на фудбал на островот, а Брентфорд им направи огромна услуга на Њукасл, Сити и Челзи. Овие три екипи сега се на последните три места што водат кон Лигата на шампионите следната сезона, додека Форест е шести, што е доволно само за Лигата на Европа. Гостите поведоа во ...

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс 1000 турнирот на земјена подлога во Рим во мај. Ова исто така фрла сомнеж врз неговото учество на Ролан Гарос подоцна во сезоната. „Се гледаме следната година, Ноле“, стои во соопштението на организаторите на престижниот турнир во италијанската престолнина. Она што беше напишано се однесува на 37-годишниот Србин. Ѓоковиќ има за цел да ја освои рекордната 25-та Гренд слем титула, како и трофејот број 100 од ...

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, ќе отсуствува најмалку две недели поради повреда на бутниот мускул на левата нога. „Тестовите извршени утрово покажаа дека Кунде има повреда на феморалниот бицепс на левата бутина. Враќањето на динамиката во тимот ќе биде утврдено подоцна“, се вели во соопштението на клубот, без детали за должината на паузата. Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на натпреварот со Интер (3:3). Шпанските медиуми ...

Ханси Флик зборуваше по ремито 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против тимот на Интер. -Мислам дека не започнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Ни останува уште еден натпревар и мора да победиме. Ова е финале пред финалето, изјави Флик. -Станува збор за полуфинале во Лигата на шампионите, за одлични екипи. Тие имаат големо искуство и тоа го докажаа. Играат ...

Винисиус Жуниор е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид, но постои клуб кој не се откажува од него и е подготвен да понуди неверијатна сума за неговиот трансфер. Пред една година интерес за Винисиус покажаа клубовите од Саудиска Арабија. Медиумите пренесоа дека Ал Хилал подготвил пакете од 500 милиони евра за да го донесат Винисиус, на кого би му понудиле да биде и промотор на Светското првенство во 2034 година. Сега клубот од ...

Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од првото коло од плејофот ги совладаа Лејкерс во ос Анџелес со 103:96 на гостински терен. Тимбервулвс ја добија серијата со вкупен резултат од 4:1. Најефикасен во тимот на Минесота беше Руди Гобер со 27 поени, заедно со 24 скока (девет офанзивни). Џулиус Рендал додаде 23 поени, Ентони Едвардс имаше 15 поени, 11 скока, осум ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
47%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.54
37%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 26ᴼ
7.2
30%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.0
32%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
64%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
11.83
40%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.81
45%
1022
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315