На четири кола пред крајот на сезоната, фудбалерите на Селтик ја обезбедија 55-тата титула во историјата на шкотската Премиер лига, како и четвртата титула по ред. Селтик го победи Данди Јунајтед убедливо со 5:0 на гостински терен, со што на најголемиот ривал Ренџерс му избега на недостижни 18 бода. Селтик има 84, а Ренџерс 66 бода со натпревар помалку. Прашањето за победникот во Данди беше решено по првото полувреме бидејќи Селтик отиде на ...

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони. Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута. Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на ...

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир. Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората ...

Македонските ракометни судијки, Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе ја имаат честа и задоволството да го судат финалниот меч од завршниот турнир во Лигата на Европа. Овој наш искусен судиски двоец има одсудено многу мечеви во Лигата на шампионите и во Европскиот Куп, па ова секако доаѓа како награда за досега сработеното на највисоко можно ниво. „Рајфајзен Арена“ во австрискиот град Грац ќе биде домаќин на овој завршен турнир. Во првото ...

Новак Ѓоковиќ за точно еден месец полни 38 години, многумина се прашуваат уште колку ќе игра, меѓу нив е и новинарот на шпански ,,AС”. „Не знам, дали ти знаеш“, возврати со смеа најдобриот тенисер на сите времиња, додека Шпанецот инсистираше да добие одговор: „Не знам, да почекаме“. Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградата Лареус на најдобрите спортисти во светот. Тој му ја врачи наградата на брилијантниот шведски атлетичар ...

Во својот подкаст, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, зборуваше за актуелните настани во Премиер лигата и за новиот шампион Ливерпул. „Црвените“ се на прагот да ја освојат својата јубилејна 20-та титула во Премиер лигата, а тоа би можело да се случи утре доколку го победат Тотенхем (17:30 часот). Ова значи дека Арне Слот, во својата дебитантска сезона на клупата на Ливерпул, ќе го направи она што многумена пред него не го ...

Фудбалерите на Челзи го победија Евертон со резултат од 1:0 во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата. pic.twitter.com/AwQAvFYu6n — OvoOno (@OvoOnoX) April 26, 2025 Тимот на Енцо Мареска стигна до важни три бода со голот на Николас Џексон во 27.минута од натпреварот. Џексон ја затресе и мрежата на гостите во 85.минута, но тој гол беше поништен веднаш и без проверка во ВАР собата поради офсајд. Со овој триумф, „Сините“ ги престигнаа ...

Вечерва во Севилја ќе се одигра 260. Ел Класико во историјата. Реал и Барселона на „Ла Картуха“ стадионот во Севилај ќе се бора за трофејот во Купот на Кралот. Барселона досега се појави 42 пати во финалето на Купот на Кралот. Тој има 31 трофеј. Реал во 40. финалињата на ова натпреварување освои 20 трофеи. Финалето имаше бурна предигра, претседтелот на Реал, Флорентино Перез направи вистински хаос откако дозна дека Де Бегоенчеа ќе го суди ...

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон беше многу прецизен во својот одговор на прашањето што му треба за побрзо да се навикне на болидот на Ферари. Британецот им се приклучи на „црните коњи“ на почетокот на годината откако ги помина последните 12 сезони во тимот на Мерцедес. Многумина очекуваа оваа промена на сценографијата да го прероди Хамилтон, чии последни три години во Бракли беа многу тешки. Сепак, реалноста се покажа сосема поинаква ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека пред почетокот на сите полуфинални натпревари во нејзините клупски натпреварувања што ќе се играат следната недела, ќе се одржи минута молк во чест на Папата Фрациск. Оваа одлука доаѓа како знак на почит кон духовниот лидер кој, според зборовите на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, „претставуваше симбол на надеж за целото човештво, особено во овие тешки времиња исполнети со војни и ...

Денеска на теренот на ФФМ во Скопје, со почеток од 16 часот, со мечот Вардар – Беса се отвора 29.коло во ПМФЛ. Во некои други времиња, посебно на почетокот на оваа сезона и тоа во есенскиот дел, немаше да има фаворити на оваа средба, но сега работите се менуваат. Сега Вардар е фаворит на хартија, и поради местото на табелата, и поради формата и игрите кој тимот на стратегот Гоце Седлоски ги пружа оваа пролет. Во случај вардарци да останат ...

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3. Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Позледната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на ...

Тонали беше продаден на Њукасл пред две години за 70 милиони евра. Во клубот сега сметаат дека тоа бил погрешен потег бидејќи Италијанецот беше вистински водач на екипата. Минатата сезона Тонали не ја играше поради суспензија, но оваа година одлично настапува во дресот на Њукасл и за италијанската репрезентација. Ако Њукасл не се квалификува за Лигата на шампиони, можеби ќе се определи да го продаде Тонали. Милан е подготвен да понуди 50 милиони ...

Екипите на Барселона и Фуксе Берлин ги добија ПИК Сегед и Алборг и си го отворија патот до завршниот турнир во Лигата на шампионите. Каталонците иако во последно време покажуваат слабости вечерва во Унгарија славеа со 27:24 и тоа во меч во кој клучно беше второто полувреме кое гостите го реализираа со 18:14. Најрасположен играч беше бекот Мем со десет погодоци. Фуксе Берлин пак експлодираше во вторите 30 минути и го разби Алборг со 37:29. ...

Старо-новите шампиони на Франција, фудбалерите на ПСЖ, во 31.коло го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1. „Светците“ во минатото коло ја одбранија титулата, па овој пораз на домашен терен и не е изненадување. Тимот од Азурниот Брег направи изненадување во 31. коло, победи во Париз со 3:1. Тренерот на ПСЖ Луис Енрике на „Паркот на принцовите“ го изведе најсилниот состав. Морган Сансон ја доведе Ница во водство во 34. минута, а пред ...

Финалето на Кралскиот Куп, во кое Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за трофејот, е закажано за сабота во 22 часот, а во петокот доби многу „жесток“ вовед. Откако Рикардо де Бургос Бенгоечеа кој е делегиран за главен судија, и Пабло Гонзалез Фуертас, кој ќе биде судија во ВАР собата, им се обратија на медиумите на прес-конференцијата, пристигна реакцијата од Реал. Судиите се појавија пред медиумите по таргетирањето на телевизијата на Реал, а Де ...

Кошаркарите на Монако поведоа со 2:0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92:79. Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата. Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден ...

Дресот на Коби Брајант во предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави аукциската куќа. Дресот се совпаѓаше со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996/1997, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16. октомври и дебито во регуларната сезона на 3. ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА. Со ...

Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, сè уште не може да ги контролира емоциите по поразот од Анадолу Ефес (76:79). Ефес направи брејк во „ОАКА“ и со 1:1 влегува во третиот натпревар на домашен терен во Истанбул. Јанакопулос, не го прими добро овој неуспех, на неговиот тим. Нескротливиот гнев на сопственикот на Панатинаикос беше насочен кон Дејан Бодирога, претседателот на Евролигата, како и кон судиите. Јанакопулос ...

Капитенот на Евертон, Џејмс Тарковски, нема да игра фудбал до крајот на сезоната. Тој ја повреди тетивата на натпреварот против Манчестер Сити (0:2) и ќе мора да биде опериран. Менаџерот на „Карамелите“, Дејвид Мојес, изјави дека закрепнувањето на Тарковски (32) би можело да влијае и на подготовките на Евертон за следната сезона. „Тарки имаше огромно влијание врз нашите добри игри оваа сезона“, рече Мојес. Откако пристигна во Евертон во јули ...

Легендарниот тренер Фабио Капело, верува дека Милан има добра основа за следната сезона и дека со две или три здрави засилувања, тимот може да се надева на врвни резултати. Росонерите неодамна стигнаа до финалето на Купот елиминирајќи го Интер во големото дерби со 3:0, но моментално се на скроното деветто место во Серија А. Во колумна за весникот „Ла Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Милан го оцени квалитетот на сегашниот тим. „Клучот за ...

Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб. Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда, се враќа во тимот. Финалето на Купот на Кралот ќе се ...

Дарвин Мачис (32) е познато име на Пиринејскиот полустров, зад себе има респектабилна клупска и репрезентативна кариера. Крилниот напаѓач на Ваљадолид има 52 настапи за репрезентација на Венецуела, додека по пристигнувањето во Европа играше за бројни клубови во Италија, Португалија и Шпанија. Сепак, Мачис ќе биде запаметен е бројот на клубови со кои испадна од елитните рангови на шпанскиот фудбал во последователни сезони. Откако вчера Бетис го ...

Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западот. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серија која се игра на четири победи, Клиперсите водат со 2:1. Кај гостите, Никола Јокиќ беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шут од игра) со по 13 скока и асистенции. Јокиќ беше најдобар играч на натпреварот во сите три најважни категории, но ...

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема. „Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и ...

Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона. На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа. Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека неговиот играч Душан Влаховиќ се здобил со повреда на бутот. „Душан Влаховиќ денеска беше подложен на дијагностички прегледи, кои открија преоптоварување на мускулот на десната нога. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, се вели во соопштението на Јувентус. Српскиот напаѓач е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 14 голови на 38 натпревари. Јувентус е петти на табелата ...

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3:0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2:1. За пехарот ќе се борат против Милан. Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано. Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута. Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 ...

Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивец во американската професионална кошаркарска лига (НБА) за сезоната 2024/2025. 23-годишникот беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари. Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади, 0,9 украдени топки и седум дефанзивни скока по натпревар. Тој ја ...

Денвер доживеа дебакл во Лос Анџелес, Оклахома со нестварен пресврт победи во Мемфис, а Њујорк го врати брејкот во Детроит, во третите натпревари од четвртфиналните серии во НБА лигата. Лос Анџелес Клиперс го прегазија Денвер со 117:83 и поведоа во серијата со 2:1. Залуден беше трипл-даблот на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скока и асистенции. Покрај Јокиќ само двајца кај Денвер беа двоцифрени: Џамал Мареј постигна 23 поени, а Арон Гордон ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 29ᴼ
4.12
29%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.18
29%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
47%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
11.32
38%
1012
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
2.57
15%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.6
23%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.81
34%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
33%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315