
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Менаџерот на Манчестер ити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за рекордната 20-та титула во англиската Премиер лига по убедливиот триумф над Тотенхем на „Енфилд“ во 34. коло. „Апсолутно заслужено, без сомнение. Фантастичен тим. Во следната сезона, како што правевме ние во претходните четири години, тие ќе се обидат да ја одбранат титулата. Се надевам дека ќе бидеме подобри и ќе се натпреваруваме за титулата, а оваа сезона тоа беше ...
Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува со првите полуфинални натпревари, Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник, додека Барселона ден подцна ќе игра против Интер. Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник од 21 часот. „Топџиите“, во претходната рунда го елиминираа актуелниот шампион Реал Мадрид, со две победи (3:0, 2:1). Пари Сен Жермен ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето. Во двомечот ...
Њујорк Никс се на прагот да се пласираат во втората рунда од плејофот во Источната конференција. Тимот на Том Тибодо ги победи Пистонс во Детроит вечерва по средноевропско време, во драматичен финиш со 94:93. Резултатот сега е 3:1 во серијата за „Никербокерс“, а победникот во конференциското полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот Бостон Селтикс – Орландо Меџик. Актуелните шампиони Селтикси водат со 2:1. Апсолутен херој на оваа победа на ...
Ракометниот клуб Вардар е на пат да договори уште едно засилување, овојпат за бековската линија. Станува збор за словенечкиот ракометар од редовите на Слован Љубљана, Јака Малус. 28-годишникот зад себе има и бундеслигашко искуство, а во редовите на тимот на Урош Зорман има централна улога и е меѓу лидерите на тимот. Според информациите од словенечките медиуми, Вардар е пред потпис со Малус и останува да се договорат само детали за овој трансфер ...
Во одличен натпревар во финалето на Кралскиот Куп, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Сепак, главната тема и два дена по натпреварот судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа. https://x.com/ErlingHaaland/status/1880176800564932614?s=19 Пред натпреварот, клупската телевозија „Реал Мадрид ТВ“, објави видео со одлуките на судијата, за кои тврди дека биле против Реал. После тоа, Бенгоечеа се огласи и рече дека поради тоа видео, ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека клубот од Неапол мора да ги искористи максимално сите ресурси ако сака да ја освои титулата во Серија А. Во неделата, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А, откако го победи Торино (2:0) на домашен терен, додека Интер беше поразен од Рома (0:1) во Милано. На четири кола пред крајот на првенството, клубот од Неапол е на првото место на табелата со 74 бода, додека Интер е втор со ...
Фудбалерите на Наполи го победија Торино на домашен терен со 2:0 (2:0) во 34-то коло од италијанската Серија А. Наполи оствари рутински триумф со головите на Скот Мектомини, кој погоди во седмата и и 41.минута. 🚨🔵 SCOTT MCTOMINAY, ANOTHER HUGE GOAL FOR NAPOLI! 🏴🤯 As it stands, Napoli are 3 points ahead of Inter in first place. 🥇 pic.twitter.com/gVr4Xd8h6I — EuroFoot (@eurofootcom) April 27, 2025 Откако претходно Интер загуби ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е горд на целиот тим и додаде дека тимот од „Енфилд“ заслужено ја освои титулата во Премиер лигата. Ливерпул ја обезбеди 20. титула во клупската историја, откако го победи Тотенхем со 5:1 и на четири рунди до крајот на сезоната стекна недостижни 15 поени предност пред Арсенал. „Се чувствувам одлично. Сакам да му се заблагодарам на Јирген Клоп“, рече Слот, кој го замени Клоп на позицијата менаџер на ...
Фудбалерот на Реал, Антонио Ридигер, јавно им се извини на судијата и навивачите за своето однесување во финишот, поради што доби црвен картон во финалето на Купот на Кралот и поразот. Купот го освои Барселона со победата 3.2, остварена во 116.минута. Германскиот репрезентативец, незадоволен од една одлука на Де Бургос, фрли пластично шише кон судијата, а потоа се обид и да влезе на теренот за да се пресмета со нег. Шпанските медиуми објавија ...
Крајот на сезоната се ближи во повеќето европски национални шампионати, а трката за „Златната копачка“, влегува во неизвесен финиш. Мохамед Салах беше и стрелец синоќа во победата на Ливерпул над Тотенхем (5:1). Салах го постигна 28. гол сезонава. Кога бројот на постигнати голови ќе се помножи со коефициентот „2“, се доаѓа до бројката 56. Лидер на листата е Швеѓанецот од Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна четири гола против Боависта. Ѓокереш ...
Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, и на вториот меч од четвртфиналната серија немаше милост за составот на Феникс, па после победата од 81-58, денес славеше со убедливи 87-55 за водство од 2-0. По 2-0 во сериите имаат и ТФТ и МКК Куманово, кои по вторпат славеа над Чаир, односно Кожув. Екипата од скопската населба Тафталиџе, тесно, со 72-66 го победи Чаир, додека Куманово беше убедлив и ги победи кавадарчани со 90-72. Во ...
Ривер Плејт славеше победа над Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико. Натпреваот го обележа најголемиот талент на аргентинскиот фудбал, 17-годишниот Франко Мастантуно. Бројни скаути на најголемите европски клубови беа на „Монументал“ да го видат на дело Ривер Плата победи против Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико, скаути низ целиот свет Франко Мастантуно. Тинејџерот во 26.минута покажа со каков потенцијал располага, постигна гол од слободен удар ...
Фудбалерите на Манчестер сити вечерва се пласираа во финалето на ФА Купот откако на „Вембли“ го совладаа Нотингем Форест со 2:0. Лошата сезона на Сити сепак би можела да заврши со барем еден освоен трофеј, бидејќи момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа својата улога на фаворити против „шумарите“ кои 34 години чекаат на трофеј во англискиот фудбал. „Граѓаните“ го започнаа натпреварот на идеален начин со оглед на тоа што поведоа во втората минута, ...
На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот. Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. Вистината е документирана: во официјалниот записник ...
Кошаркарите на Голден Стејт, без повредениот Џими Батлер, го победија Хјустон со 104:93 во третиот натпревар од првото коло на плејофот на Западната конференција, свртувајќи ја серијата во нивна корист на 2-1. И покрај тоа што играа без еден од своите лидери, кој го пропушти натпреварот поради повреда заработена во вториот натпревар, Вориорс успеаја да го надоместат раниот дефицит и да го свртат текот на серијата. Одличниот Стеф Кари го ...
Фудбалерите на Ливерпул во 34.коло и математички ја обезбедија 20.титула во Премиер лигата. На вечната листа Ливерпул се изедначи со Манчестер јунајтед. Ливерпул го победи Тотенхем со 5:1 и на четири кола до крајот на сезоната стекна недостижни 15 поени предност во однос на Арсенал. Попладнево на „Енфилд“, Тотенхем водеше од 12.минута со голот на Соланке, а потоа се случи дебакл. Четири минути подцна изедначи Луис Дијаз, Мекалистер во 24. погоди ...
Лидерот Шкендија и второпласираниот Силекс не ја искористија предноста од домашниот терен и освоија по бод во денешното 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое не се доигра дуелот меѓу Гостивар и Работнички, откако домашниот тим го напушти теренот. На стадионот во Маџари, Работнички со пресврт дојде до водство од 2-1, а незадоволни од судиските одлуки фудбалерите на Гостивар по консултации со клупското раководство го ...
Фантастичната низа без пораз за момците на Клаудио Раниер продолжи и денеска на дербито со Интер во милано. Фудбалерите на Рома го победија Интер со 1:0 и продолжија да се искачуваат на табелата во Серија А лигата. Избраниците на Клаудио Раниери направија изненадување кое може да ја „скрои“ шампионската трка што се вжештува меѓу „нероаѕурите“ и Наполи, бидејќи избраниците на Антонио Конте со победа имаат шанса да дојдат до три бода предност на ...
Со играч повеќе во завршницата на мечот, Манчестер Ј. се избори за реми на гостувањето кај Борнмут во 34. коло од Премиер лигата. Средбата заврши 1:1, иако домашните имаа победа во рака се до судиското продолжение на средбата. Борнмут поведе во 23. минута од натпреварот, по една глупава грешка во бековската линија на гостгите. Доргу ја загуби топката, а по возвратната топка од Еванилсон, Семењо успеа да погоди за 1:0. Црвениот картон на ...
Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот славеа на големото дерби со првиот тим на Пелистер, „црвено-црните“ денеска забележаа две нови победи, за вкупно три триумфи во „градот на конзулите“ во изминатите три дена. Вардар во полуфиналето беше подобар од екипата на Бутел со ...
Фудбалерите на Милан денеска ја победија Венеција на гостински терен со 2:0, во рамките на 34 коло од најсилното италијанско првенство. Кристијан Пулишиќ го доведе Милан во водство со гол во петтата минута, а Сантијаго Томас Хименез го постави конечниот резултат со гол во шестата минута од судиското продолжение на второто полувреме. Голот постигнат од играчот за врска на Венеција, Џон Јебоа, во 34 минута беше поништен поради офсајд. Милан е ...
Фудбалерите на Барселона го освоија Кралскиот Куп со победа од 3-2 над Реал Мадрид во продолженијата. Драмата на крајот од средбата во Севиља беше обележана со сцени на незадоволство од играчите на Реал, а главниот судија на натпреварот, Рикардо Де Бургос покажа три црвени картони. Излив на бес му донесе црвен картон на Антонио Ридигер, кој фрли предмет во правец на судијата. Тоа му донесе исклучување, а останува да се види каква казна ќе добие ...
Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година. ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Саудиска Арабија, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Австралиецот ја извојува втората победа по ред на улиците на Џеда, откако победи во Бахреин пред една недела, а трета сезонава. Најблиску до Пјастри беше Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, кој заостана речиси три секунди, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер се најде на третото скалило на подиумот. До ...
Кевин де Брујне оваа лето ќе го напушта Манчестер Сити, а за неговите услуги постои голем интерес од неколку европски клубови, но и од САД и Саудиска Арабија. За фудбалерот се најзаинтересиран клуб од Серија А, Комо, но сега се зголемуваат шпекулациите дека во оваа „битка“ се вклучиле уште три клуба – Милан, Интер и Рома. Според „Спортандо“, Де Брујне сигурно би го избрал Интер или Милан пред Комо, а повеќе информации се очекуваат во следните ...
На натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во финалето на Купот на кралот имаше многу нервоза. На крајот, тимот на Барселона победи по голот на Жил Кунде во 116.минута. Пред овој натпревар Реал Мадрид не беа задоволни од изборот на Рикардо де Бургос за главен судија на тој натпревар, па дури и се заканија дека нема да го одиграат натпреварот. Играчите на Реал имаа големи забелешки поради начинот на кој судијата го водеше овој натпревар. Кон ...
Денвер Нагетс изедначија на 2:2 во серијата со ЛА Клиперс. Во ЛА, Денвер со поените на Арон Гордон, буквално со звукот на сирената славеа со 101:99, откако испуштија предност од 22 поени во последната четвртина. По неизвесното прво полувреме во кое Денвер константоно имаше водство и на паузата замина со предост од два поени, во третиот период Нагетс ги декласираа Клиперси. Постигнаа 35 поени, Јокиќ уфрли 16 един поен помалку од комплатниот тим ...
Алберто Ентрериос, Кристина Фернандез Пинеиро, Лоренцо Рико, Валеро Ривера и Веселин Вујовиќ се членовите на втората генерација на Куќата на славните во шпанската АСОБАЛ лига. Петте спортисти беа најгласани во процесот на гласање, кој започна пред неколку недели и, како и во претходното издание, вклучуваше донесување одлуки од страна на жирито составено од специјалисти на „куќата на славните“, како и и отворена гласачка фаза за навивачите. ...
Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето во Севилја го победија Реал Мадрид со резултат од 3:2 (1:0). Барселона со тоа го освои вториот трофеј во сезоната, откако во јануари го победи Реал Мадрид со 5:2 во финалето на шпанскиот Суперкуп. Претходно, во првиот дел од сезоната, тие го победија својот најголем ривал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:0. Хројот на Барселона е Жил Кунде кој го постигна голот за ...
Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 во плејоф серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако победија со 116:104 на домашен терен. Првите победи во серијата од првото коло од плејофот ги забележаа Орландо и Милвоки. Тимбервулвс во првиот натпревар во Минеаполис го одбранија брејкот направен во Лос Анџелес. Натпреварот беше полн со пресврти. По почетното водство на Лејкерси од три поени, Минесота ја презеде контролата врз резултатот во првата ...