Младиот бразилски напаѓач Ендрик Фелипе Мореира де Соуса (19) би можел да го напушти Реал Мадрид оваа зима, пренесуваат денеска шпанските и бразилските медиуми. Бразилскиот фудбалер пристигна во Реал како голема засилување во трансфер вреден околу 60 милиони евра од Палмеирас, но минува низ многу тежок период во клубот за кој оваа сезона одигра само 11 минути. Гласините за можно заминување во претстојниот зимски преоден рок се сè погласни. ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев. ...

Навивачите Лос Анџелес лејкерс добија охрабрувачки вести за здравствената состојба на Леброн Џејмс. Ѕвездата на тимот од Калифорнија оваа седмица ќе тренира со јуниорскиот тим на Лејкерс во развојната лига. Четириесетгодишниот Џејмс е се поблиску до своето деби во 23. НБА-сезона. Тој го пропушта почетокот на кампањата за прв пат во својата кариера поради ишијас на десната страна. Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, претходно изрази ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи претстојниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед за „Меч на неделата“. Македонскиот и унгарскиот претставник во европската Лига на шампионите, силите ќе ги одмерат утревечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде спортската јавност освен домашните ѕвезди ќе ги гледа и познатите унгарски репрезентативци Фазекаш, Бодо, голманот Миклер и интернационалците Готфридсон од Шведска, Јелиниќ ...

Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани нема да има потреба од операција откако доби фрактура на вилицата за време на саботниот натпревар на Тотенхем против Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми. Муани, кој се повреди во судир со дефанзивецот на Јунјатед, Хари Мегваер, беше заменет на полувремето и првично се стравуваше дека ќе мора да се подложи на операција, што ќе го оставеше надвор од теренот неколку месеци, но ...

Екипата на Атланта утрово го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс со 105:102 на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Ниту трипл-дабл ефектот на Џејмс Харден (35 поени, 10 скока и 11 асистенции) не беше доволен Клиперси да го избегнат поразот. Во победничката екипа најефикасен беше Вит Крејчи со 28 поени. За Клиперс ова беше петти пораз во низа по кој с енајдоа на 1.позиција во Западната конференција. Атланта е деветта во Источната ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави денеска дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, а ќе продолжи да игра фудбал на професионално ниво уште година или две. Роналдо, кој постигна над 950 голови на клупско и репрезентативно ниво, дебитираше како тинејџер во лисабонски Спортинг во 2002 година и во интервјуто најави дека наскоро ќе се пензионира за да поминува повеќе време со своето семејство. На прашањето за ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта го назначи денеска Рафаеле Паладино за нов тренер, ден откако клубот од Бергамо му врачи отказ на Хрватот Иван Јуриќ. „Рафаеле Паладино потпиша договор до 30 јуни 2027 година“, се наведува во соопштението на освојувачот на Лига Европа во 2024 година. Поранешниот италијански репрезентативец, 41-годишниот Паладино, ја почна својата тренерска кариера во Монца, првично работејќи во младинските категории, ...

Предводникот на француската репрезентација, Дидие Дешан, потврди дека имал разговори со претставници на саудиски фудбалски клуб за можна соработка откако ќе му истече селекторскиот договор. Дешамп, притоа, ги негираше гласините околу негово евентуално враќање на клупата на Јувентус или назначување во бразилската репрезентација. „Можеби имав некои контакти, но, не конкретно со Бразил. Нема да споменувам имиња, но тие ја знаат мојата ...

Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, дури четворица играчи се отстрането од првобитниот список на селекторот Лионел Скалони, за пријателската средба со Ангола на гости. Енцо Фернандез од Челзи има оток на десното колено и тој затоа нема да игра на овој меч, а тројца играчи на Атлетико Мадрид, и тоа Алварез, Молина и Симеоне, се надвор од списокот поради една бизарност. Имено ситре тројца не успеале навреме да добијат вакцина против ...

Дерби дуелот од 11.коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11.та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз. Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та ...

Познатиот полски напаѓач Роберт Левандовски, кој настапува за Барселона, се наоѓа пред голема одлука во својата кариера. Според неофицијални извори, доколку клубот не му понуди нов договор, тој може да ја заврши кариерата пред истекот на сегашниот договор во летото 2026 година. Иако има 37 години и се соочува со повреди, поради што на теренот поминува помалку од предвиденото, искусниот Полјак е најдобар стрелец на Каталонците во Примера оваа ...

Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Матјаж Кек, јавно го критикува Манчестер Јунајтед поради недостаток на комуникација околу повредата на младата надеж Бенјамин Шешко. Минатиот викенд, Шешко се повреди на коленото за време на ремито 2:2 на Јунајтед против Тотенхем. Ова доаѓа пред важните квалификации за Светското првенство против Косово и Шведска, но репрезентацијата досега не добила официјален извештај од клубот за состојбата на ...

Хрватскиот стратег Дарио Ѓерѓа (50) е назначен денеска за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ). Ѓерѓа седнува на селекторската клупа пред клучните натпревари на БиХ во квалификациите за Светското првенство, против Турција на 27 ноември и против Србија три денови подоцна. -Мојата цел е да воспоставам препознатлив стил на игра, дисциплина и борбен дух за кратко време. Секој натпревар мора да има ...

Шпанскиот напаѓач Ламин Јамал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Грузија и Турција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Медицинскиот персонал на шпанската репрезентација изразува изненадување и загриженост што на 10 ноември, денот на официјалниот почеток на тренинг кампот со репрезентацијата, фудбалерот Ламин Јамал беше подложен на инвазивна радиофреквентна процедура за лекување на непријатност во ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, одговори на извештаите за можна оставка на главниот тренер Антонио Конте. Вчера новинарот Матео Морето извести за состанокот помеѓу 56-годишниот Италијанец и раководството на клубот за да се разговара за неговото евентуално заминување. – Читам приказни на интернет за оставката на Конте. Ги сакам социјалните медиуми затоа што се модерен и брз начин за споделување мисли. Но, како што знаеме, ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци за сезоната 2025. – Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене. Гренд слем титула, првото место во светот втора година по ред и уште неколку трофеи за додавање во мојата колекција… Не можев да го направам тоа без Тим Тајгер – луѓето кои секогаш се покрај мене. Научив толку многу лекции оваа година, благодарение на подеми и падови на секој турнир и тренинзите помеѓу ...

Поранешниот тренер на Фиорентина, Рафаеле Паладино, ќе ја преземе Аталанта, објави Фабрицио Романо. Четириесет и едногодишниот Италијанец ќе потпише договор до 2027 година. На 10 ноември, раководството на клубот од Бергамо го отпушти Иван Јуриќ, кој беше со тимот од 6 јуни. Аталанта е 13. на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 13 бода. Тимот е без победа во Серија А осум последователни натпревари. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми за натпреварувачи на возраст У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите впечатоци од победата на Големата награда на Бразил. Британецот стартуваше од пол-позицијата и заврши на првото место. За време на церемонијата на искачување на подиумот, публиката го исвирка. Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет. – Неверојатна трка! Ја посветувам оваа победа на еден од моите ментори, Жил де Феран. Викендот беше ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, реши да ги прекине сите шпекулации кои кружат околу неговата иднина и можен нов ангажман. Искусниот стратег јасно порача дека нема добиено понуда ниту од Јувентус, ниту од репрезентацијата на Бразил, и дека целосно е посветен на својата работа со „триколорите“. -Не сум добил никакви понуди од Бразил, ниту пак има нешто со Јувентус. Моето место е тука, со Франција, изјави Дешамп за француските медиуми. Во ...

Лоши вести за Реал Мадрид пред продолжението на сезоната. Белгискиот голман Тибо Куртоа повторно се повреди, само неколку недели по неговото враќање на теренот по тешката повреда на лигаментите што ја имаше минатата година. Според шпанските медиуми, Куртоа почувствувал болка на последниот тренинг и веднаш ги прекинал вежбите. Медицинскиот тим на Реал Мадрид извршил првични прегледи кои укажуваат на нов мускулен проблем, а деталната дијагноза ...

Миле Свилар, голманот на Рома и официјално најдобриот голман во Серија А, во минатата сезона, повторно ја одби поканата на тренерот Вељко Пауновиќ да игра за српската репрезентација. Иако дебитираше за Србија кога селектор беше Драган Стојковиќ Пикси, Свилар повеќе не сака да брани за Србија. Голманот, роден во Белгија, во март минатата година одлучи дека нема да одговори на повиците на поранешниот селектор Стојковиќ, а истата одлука важи и ...

Фудбалската легенда Зинедин Зидан најави дека неговото враќање во фудбалот е многу блиску. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој по вторпат ја напушти „кралската“ клупа во 2021 година, сега откри дека повторно има желба да биде дел од играта која му донесе светска слава. -Ќе се вратам наскоро, фудбалот е мојот живот и никогаш не сум престанал да го сакам, изјави Зидан за француските медиуми. Според шпекулациите, легендарниот Французин би ...

Во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед, Карингтон, се случи вистински хаос откако еден навивач успеал да се протне и да се претстави како нов играч на проба. Настанот предизвикал голема збунетост меѓу обезбедувањето и персоналот на клубот, а медиумите во Англија веднаш го нарекоа инцидентот „скандалозен пропуст“. Навивачот пристигнал на главниот влез во Карингтон и на обезбедувањето му рекол дека е на списокот за тестирање на нови таленти. ...

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, смета дека во моментов нема смисла да се гледа табелата во англиската Премиер лига. – Нема смисла да се гледа табелата, тоа е сè. Мислам дека е едноставно бесмислено за нас. Ако губите толку натпревари колку што сме изгубиле ние, не мислам дека треба да ја гледаме табелата во моментов. Но, доволно долго сум во фудбалот за да знам дека сезоната не се решава во ноември или декември. Работите навистина ...

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, е загрижен дека променливите игри на Ливерпул во сезоната 2025/26 би можеле негативно да влијаат на формата на играчот од средниот ред Флоријан Вирц. – Да бидам искрен, целокупната ситуација не му ја олеснува работата. Целиот тим не е толку конзистентен оваа година како што беше минатата година. Сега е многу потешко да се интегрира во тимот. Ако го погледнете натпреварот со Сити, Ливерпул всушност ...

Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив. Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои активно се обложувале. Од вкупно ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за неговото можно пензионирање. – Низ целиот мој живот и кариера, секогаш имав план за неколку години однапред, што сакам и како да стигнам до таму. Откако ги постигнав апсолутно сите можни цели, ги споменав Олимписките игри во 2028 година затоа што сакам да играм уште многу години. Ако можам да се пензионирам на Олимписките игри под српското знаме, тоа би било одлично. Дали ќе можам да го ...

Познатиот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина синоќа на 88-годишна возраст. Тој беше играч, тренер и член на „Куќата на славните“. За време на неговата 15-годишна играчка кариера, Вилкенс беше деветкратен НБА Ол-стар и двапати ја водеше лигата по број на асистенции. Беше играч-тренер четири сезони – три со Суперсоникс и една со Блејзерс – пред да се посвети на тренерската работа со полно работно време. Вилкенс ги предводеше Соникс до ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
999
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
78%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
88%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
91%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
89%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
61%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Калај

48.47