Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека Реал и Барселона најмногу прифитираат од судиските грешки. Тебас смета дека Реал без потреба ја форисираа прказната дека се оштетени на секој натпревар, а за Барселона рече дека ќе добие казна за „случајот Негреира“. „Сакаме да го промениме судискиот систем. Ако ги прашате другите клубови, сите тие ќе ви кажат дека Реал Мадрид и Барселона најмногу профитираат од судиските одлуки. Сепак, тие ...

Мојзе Кен се наоѓа во болницата во Верона, од каде пристигнаа првите информации за неговата здравствена состојба. „Фиорентина соопштува дека фудбалерот Мојзе Кен заработил трауматска повреда на мозокот (trauma cranico) на натпреварот со Верона. Фудбалерот е во болница каде се прават тестови“, се наведува во краткото соопштение на официјалниот сајт на Виола. Трауматска повреда на мозокот е промена на функцијата на мозокот или друга евидентна ...

Шкендија го доби дербито со Силекс (4:2) и се оддалечи од најблискиот конкурент во борбата за титулата на три бода. Втор на табелата сега е Работнички по победата над Воска спорт и ремито на Гостивар прптив Беса. Дербито на колото все одигра во Тетово, Шкендија го победи Силекс со 4:2. Гостите од Кратово го отворија натпреварот со голот на Алиќ во петтата минута. Шкендија одговори со три гола. Пет минути подоцна изедначи Крстевски, а во вториот ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Џирона (2:0) на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 25.коло на Ла Лига. На овој начин Реал одговори на вчерашните победи на Барселона и Атлетико. По 25 рунди Барселона и Реал имаат по 54, а Атлетико 53 бодови. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за Џирна настапи од 75.минута. Лајт мотив на овој натпревар, во кој Реал ја оправда улогата на фаворит, е голот на 39-годишниот Лука Модриќ. Во 41. минута ...

Арсенал доживеа неочекуван пораз од Вест Хем на „Емирати“, а Микел Артета со право по мечот им беше лут на своите играчи. Титулата сега е само мислена именка за „тобџиите“, за ова е свесен тренерот на Арсенал: „Тоа веќе не зависи од нас. Навистина, навистина сум лут во моментов поради она што зависи од нас, а тоа се нашите перформанси и резултати, а ние не го направивме она што можеме“, рече Артета. Арсенал статистички беше подоминантен ривал од ...

Тимот на Комо приреди големо изненадување денеска откако на стартот на Серија А програмата го совлада тимот на Наполи на свој терен со конечни 2:1. Домаќинот на овој меч стартуаше одлично откако Рахмани погреши и си постигна автогол по само седум минути игра. Следуваше израмнување од страна на Распадори десет минути подоцна. Сепак, домаќинот кому бодовите му се потребни за мирен финиш на сезоната, стигна до победа со гол постигнат во 77. минута. ...

Фудбалерите на Њукасл се вратија во трката за Топ 4 во Премиер лигата. „Страчките“ во исклучително ефикасен натпревар го победија Нотингем Форест со 4:3. Играчите од Нотингем први постигнаа гол преку Хадсон-Одои во шестата минута, но потоа доживеаја дебакл во првото полувреме. Во интервал од 11 минути (од 23. до 34.минута) Њукасл постигна четири гола. Маили изедначи, Марфи го комплетираше пресвртот, а потоа Исак постигна два гола. Исак дијде до ...

А, кој ако не капитенот? Интер одигра уште еден натпревар под своето ниво, но сепак вечерва на “Меаца“ во Милано, успеа да го победи составот на Џенова со 1:0. Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во 78.минута и тоа откако претходно беше проигран од Чалханоглу кој од корнер ја уфрли топката пред голот на гостите а таму Аргентинецот со шут со глава стрелаше за 1:0. Со овие три бода шампионот сега има 57, значи изби на лидерската позиција на ...

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе се најде меѓу европскиот крем на возачи на настанот во Љубљана кој го организираа словенечката метропола и сојузот на возачи, со цел да бидат наградени најдобрите на европското ФИА првенство на брдски патеки. Стефановски беше најдобар оваа година во неговата ФИА група 1 и доби признание кое го прими пред присутните и доби аплауз за постигнатото. Новата сезона на брдските патеки се отвора на 13 ...

Со головите на Дани Олмо и Феран Торес, Барселона вечерва како гостин успеа да победи Лас Палмас со 0:2. Ова е значајна победа, значајни три бода па така каталонската гордост сега одново е лидер на табелата и по ова 25.коло. Не им беше лесно на момците на стратегот Ханси Флик. Домашниот состав пружи силен отпор, имаше и свои закани. И така беше се до 62.минута кога по асистенција на Јамал, Дани Олмо со помош на пречката постигна убав гол за ...

Останува само уште едно коло од квалификациите за Европското првенство во кошарка. За жал 42. издание на Евробаскетот на ФИБА, кое ќе се одржи во четири држави ќе мине без Македонија. Во пресрет на последната рунда за пласман на ЕП остнаа уште четири места. Пласман на турнирот кој ќе се одржи од 27. август до 14. септември веќе обезбедија организаторите: Кипар (Лимасол), Финска (Тампере), Полска (Катовице) и Летонија (Рига). Покрај веќе ...

Шокантна изјава на Џанпјеро Гасперини, стратегот на Аталанта. Изјава која е топ тема во Италија, пред се во Серија А. Познато е дека со овој стратег клубот од Бергамо се вивна во врвот на фудбалска Италија, но дека сепак не било се така идеално, говори податокот дека по само еден меч некои не така добри работи излегоа на површина, а тоа е натпреварот со Бриж во ЛШ. – На крајот од годината ќе видиме што ќе правиме. Дали предвреме ќе си заминам ...

Англискиот фудбалски репрезентативец Џон Стоунс се повреди на мечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и ќе одсуствува подолго време од фудбалските терени. – Стоунс е повреден, тешко. Ќе знаеме во наредните денови дали му треба операција или не… Да, тоа е долг период на отсуство, исто како Ману Аканџи, го цитира Гвардиола ESPN. 30-годишниот Англичанец оваа сезона настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и ...

Двократниот шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, изјави за „Спорт клуб“ дека неговиот поранешен тим Мекларен врши одлична работа и дека можат да ја освојат титулата во конкуренција на возачите оваа година. Бразилецот, кој ја освои титулата со Мекларен во 1974 година, откако ја освои круната две сезони порано како возач на Лотус, беше еден од шампионите кои присуствуваа на спектакуларното отворање на новата сезона во Формула 1, во „О2 арена“ ...

Фото РК Алкалоид Ракометарите на Алкалоид со втората победа над италијански Бриксен само си го официјализираа пласманот во четвртфиналето од Европскиот куп. „Фармацевтите“ на реваншот победија со рутински 38-31 и со вкупни 82-63 се изборија за пласман помеѓу најдобрите осум екипи во третото по ранг натпреварување во ЕХФ. За Алкалоид ова беше шестта победа на шесттиот меч во европа оваа сезона. Најдобар поединец во редовите на актуелниот ...

Поранешниот кошаркар на Торонто Репторс, Црвена звезда, Макаби, сега член на Монако Цордан Лојд, во Париз поднел барање за добивање на полско државјанство, јавуваат полските медиуми. Американецот наскоро би можел да заигра за оваа европска земја на инсистирање на селекторот Игор Миличиќ. Се очекува Лојд да го замени 38-годишниот Еј Џеј Слејтер. Покрај асот на Монако, Полјаците сакаат да натурализираат уште еден Американец Џерик Хардинг кој ...

Никола Јокиќ ги сподели своите размислувања за кошарката, семејството и животните вредности во емисијата „Патот кон златото“ во продукција на Денвер Нагетс. Патот на Јокиќ до врвот во НБА беше сè само не обичен. Тој беше избран како 41. пик на драфтот во 2014 година, а моментот кога беше прочитано неговото име остана запаметен по една необична сцена, преносот беше прекинат со реклама за американскиот ланец за брза храна „Тако Бел“. „Мислам дека ...

Останува само уште едно коло од квалификациите за Европското првенство во кошарка. За жал 42. издание на Евробаскетот на ФИБА, кое ќе се одржи во четири држави ќе мине без Македонија. Македонските репрезентативци, синоќа во Талин, загубија од естонија 84:65 со што остнаа без шанси за пласман на шампионатот. Во пресрет на последната рунда за пласман на ЕП остнаа уште четири места. Пласман на турнирот кој ќе се одржи од 27. август до 14. септември ...

По натпреварот со Евертон тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим кој беше искрен за ситуацијата и зборуваше за проблемите. – Мораме да ја прежимееме оваа сезона. Дури потоа ќе мислиме да ја унапредиме играта. Губиме топка без притисок, не го правиме тоа што треба. Бевме премногу меки, изјави Аморим Португалскиот стратег смета дека неговиот составв треба само да продолжи да работи во ист ритам. – Она што треба да продолжиме е да продолжиме ...

Борусија Дортмунд го совлада Унион Берлин со 6)0 во 23. коло од Бундес лигата. „Милионерите“ сезонава играат променливо, не можат да влезат во вистинскиот ритам, за нив ова беше деветтата победа од почетокот на сезоната. Дуелот против Унион Берлин го обележаа Гираси и искусниот Грос. Напаѓачот од Гвинеја постигна четири гола, а Грос забележа четири асистенции. едвај мина половина од теренот на стадионот „Вестфален“, а на крајот семафорот покажа ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4. Третопласириот на АТП листата и прв носител на турнирот во Доха одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем од првиот сет. Сепак, Алкараз не успеа да го задржи темпото што го наметна и потклекна во втората половина од првиот сет. Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го ...

Ракометниот клуб Алкалоид се насочува кон новиот европски предизвик во ЕХФ Европскиот куп каде македонскиот тим е пред портите на четврт-финалето. Следува реваншот со италијанскиот клуб РК Бриксен, против кого нашиот претставник славеше со високи 12 гола разлика на првата меѓусебна средба во Италија. Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Бриксен ќе се игра денеска со почеток од 18.00 часот во салата „Автокоманда“ – Скопје. За играчите предводени од ...

Во Сан Франциско на НБА Ол-стар викендот најголемо воодушевување кај присутните во Центарот Чејс предизвика 18-годишниот студент Јарен Барахас, кој во конкуренција против Демијан Лилард освои 100.000 долари. Популарниот YouTuber MrBeast и Лилард организираа интересен натпревар на кој еден фан, по случаен избор од публиката, имаше шанса да освои 100.000 долари. Правилата беа јасни. Двајцата натпреварувачи шутираа од центарот, на Лилард му беа ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за два случаи отворени против Хрватската ракометна федерација и Ракометната федерација на Македонија. Двете федерации не ги пријавија термините во важечките рокови за натпреварите од квалификациите за Европското првенство во 2026 година. Ракометниот суд утврди дека недавањето на задолжителните информации е јасно и крајно сериозно прекршување на прописите на ЕХФ и на обврските кои произлегуваат ...

Атлетико Мадрид триумфално мина низ Валенсија. Во 26.коло „јорганџиите“ славеа победа 3:0. Меч-винер беше Хулијан Алварез кој ги постигна првите два гола во 12. и 29.минута. Популарниот Арања (Пајак) дефинитивно е еден од најдобрите трансфери оваа сезона во Европа. Во Манчестер сити најчесто беше резерва, а во Ла Лига е еден од клучните играчи на Атлетико. Точка на натпреварот стаци уште еден Аргентинец, Анхел Кореа во финишот на натпреварот. По ...

Во дербито на 23. коло на хрватскиот фудбалски шампионат, Риека го декласира Динамо Загреб со 4:0. Шампионската трка во Хрватска е многу возбудлива и се води меѓу три клуба. Или барем се водеше до ова коло. Риека го задржа првото место во поредокот со убедливиот настап против „модрите“, кои сега заостануваат седум бода зад вечерашниот ривал. Помеѓу е Хајдук, кој заостанува само еден бод зад Риека. Водството на Риека го донесе Џуара во 27. ...

Зимските засилувања Маркус Рашфорд и Марко Асенсио, во копродукција со голманот на Челси, Филип Јоргесен и ја донесоа победата на Астон Вила прптив „сините“ од Лондон (2:1). Гоманот на Челси „придонесе“ за поразот на Челси со аматерската реакција во 90.минута. Челзи поведе, и тоа во раната фаза од мечот, во деветтата минута, кога Нето брилијантно го проигра Фернандез, а Аргентинецот рутински го совлада својот сонародник и соиграч од ...

Фудбалерите на Торино го совладаа Милан со 2:1 во 26. коло во Серија А. Натпреварот во северна Италија го одбележа брилијантниот голман на Торино Вања Милинковиќ-Савиќ, која беше и играч на натпреварот. Српскиот репрезентативен голман му одбрани пенал на Кристијан Пулишиќ при резултат 1:0, откако „биковите“ до предност дојдоа со авоголот на Малик Цхау. Вања Милинковиќ-Савиќ оваа сезона одбрани четири од петте пенали кои беа судени против Торино. ...

Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија. Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), ...

Натпреварот на „Гудисон Парк“ меѓу Евертон и Манчестер јунајтед заврши нерешено 2:2, но детаљот кој ги засени головите се случи во судиското надополнување кога првично беше досуден пенал за Евертон, а потоа одлуката беше поништена по интервенција на ВАР. Контакт меѓу Де Лихт и Ешли Јанг имаше, Холанѓамецот цо 93.минута го вечеше за дрес левиот бек на „карамелите“, кој падна во шеснаесетникот. Судијата Медли веднаш покажа на белата точка, но ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
16%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
1.54
30%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
21%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.45
18%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
4.47
40%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
26%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
27%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
26%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
50%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62