Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза. Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос. Ли на почетокот на сезоната настапуваше за Маниса, потоа накратко го облече дресот на ...

Ливерпул направи уште еден чекор кон освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. Во 27.коло, Ливерпул го победи Њукасл со 2:0. Претходно Арсенал освои само бод во Нотингем, па сега Ливерпул со натпревар повеќе има 13 поени повеќе од Арсенал. Ливерпул во 28. натпревар од почетокот на сезоната ја забележа 20.победа. Многумина ќе речат дека шампионската трка во Англија е решена. Сензационалниот Мохамед Салах, изненадувачки, не беше ...

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос. Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“. Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во ...

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд. Причината за ова е поради тоа што неговото опоравување од повредата е продолжено, објави неговиот тим Априлија. Мартин се здоби со повеќе скршеници на раката и стапалото во несреќа што ја доживеа на почетокот на овој месец за време на предсезонските тестирања на патеката Сепанг во Малезија. Нa негово место, тест возачот на тимот, ...

Фудбалерите на Јувентус доживеа шокантна елиминација од Емполи во четвртфиналето во Купот на Италија, На домашен терен Јувентус во 90 минути одигра 1:1, а потоа ја загуби пенал серијата со 2:4. Емполи дојде во Торино по поразот од Аталанта (5:0) во лигата и никој не очекуваше дека ќе му пружи сериозен отпор на фаворизираниот ривал. Емполи поведе во 24. минута преку Малех, Тирам израмни во 66. минута. Тиаго Мота ги фрли сите карти во нападот, ...

Кристијано Роналдо предизвика бура кога во интервју за шпанскиот канал „Ла Секста“ изјави дека е „најдобриот фудбалер на светот на сите времиња“. „Оригиналниот“ Роналдо, одговори на ова прашање во интервју за ESPN. „феномено“ не го дели мислењето на Португалецот. – Кристијано Роналдо имаше фантастична кариера, освои речиси се, постигна голови на секој можен начин. Тој сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња. Го почитувам ...

Фудбалерите на Нотингем Форест ремизираа со Арсенал на „Сити Граунд“, 0:0 во 27. коло од Премиер лигата. Мначестер сити победи кај Тотенхем (1:0), Манчестер јунајтед со фудбалер помалку го победи Ипсвич (3:2), а Брентфорд и Евертон ремизираа (1.1). Арсенал имаше иницијатива, но не успеа да создаде сериозни шанси. Најдобрата „тобџиите“ ја имаа во 23.минута кога калафиори ја погоди стативата. Во следната рунда Нотингем Форест треба да се соочи со ...

Поранешниот фудбалер на Галатасарај и на Челзи, Дидие Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо, откако од Галатасарај го обвинија за расизам. По ремито без голови меѓу Фенербахче и Галатасарај во турското дерби, Мурињо го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито ќе било катастрофа доколку правдата ја делел некој од локалните судии. Тој беше обвинет и дека наводно им рекол на некои играчи ...

По Хајдук на Александар Трајковски и Динамо (З) на Ристовски и Адеми ги заврши настапите во хрватскиот фудбалски куп. Вечерва на „потопениот“ Максимир, екипата на Осијек направи изненадување совладувајќи го шампионот со 0:1 и со тоа елиминирајќи го во оваа четвртфинална фаза од натпреварувањето. Ристовски и Адеми денеска мечот го почнаа од клупата и добија шанса во второто полувреме, но не успеаја да донесат пресврт. мечот се одигра во очајни ...

Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата. Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето. Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. Таа ...

Добри вести за тимот на Барселона и тренерот Ханси Флик. Во тимот ќе се врати Андреас Кристенсен кој што извесно време е во „аут“ поради повреда. Данецот ја мина речиси целата прва полусезона закрепнувајќи се од тендинопатија на левата Ахилова тетива и во јануари успеа да забележи три настапи за тимот, но повторно се повреди и не можеше да се врати на терените. Сега, информациите од Ноу Камп се дека тој повторно е фит и дека ќе се приклучи на ...

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, кој неодамна беше реизбран, најави дека намалувањето на бројот на екипи во Серија А од 20 на 18 не е тема за која се разговара. – Во моментов не е опција намалување на Серија А од 20 на 18 екипи. Повеќе размислуваме на промени во Серија Б, каде што има преј оф односно плеј аут, и каде што одредени екипи калкулираат со бодовите во одредени делови од сезоната – коментира ...

Денешниот број на Газета Дело Спорт објави дека Милан и американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ се договориле за потпишување на нов договор. Истиот ќе има подобрени финансиски услови. Досегашните четири милиони евра по сезона, ќе бидат подобрени за околу милион, со што Пулишиќ ќе стане еден од најплатените играчи на Милан. Со ова, офанзивецот дефинитивно останува на Сан Сиро до крајот на сезоната 2028/2029. Инаку, тој пристигна во Милан ...

Премиер лигата потврди дека тренерот на Ливерпул, Арне Слот е суспендиран на два натпревари. Холанѓанецот претходно во февруари доби црвен картон по натпреварот против Евертон (2:2) на „Гудисон Парк“. Во таа прилика тој се однесувал недолично кон судијата Мајкл Оливер, и му кажал непримерни зборови, за што доби директен црвен картон. Слот ја прина вината, за што беше казнет со два меча и парично со 70.000 фунти. Слот нема да го предводи Ливерпул ...

Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими. Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута. Актуелниот шампион на Македонија Струга го победи Гостивар со голот на Крхинде во ...

Францускиот ракометар Лука Карабатиќ објави дека ставил крај на репрезентативната кариера. Карабатиќ (36) со француската репрезентација има освоено десет медали на големите натпреварувања, од кои пет златни. Во моментов е член на Пари Сен Жермен. „По Олимпијадата дојде до смена на генерацијата, а кога се вратив на тренинзите по мојата повреда во ноември 2024 година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Тоа ме натера да се преиспитам. ...

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има намера да купи значителен дел од акциите на Валенсија и со тоа да стане мнозински сопственик на клубот од „Месталја“, пренесува „Фут Меркато“. Истиот извор додава дека актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим е подготвен да му го продаде на Роналдо мнозинскиот пакет акции во поранешниот шпански шампион и дека целата трансакција би можела да биде официјализирана до крајот на сезоната. Се ...

Манчестер сити започнаа со реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Клубот потроши повеќе од 200 милиони евра за трансферите на четворица фудбалери. Според медиумите реконструкцијата ќе заврши во летниот преоден рок. Пеп Гвардиола на пазарот бара плејмејкер, некој што ќе ја преземе улогата на Кевин Де Брујне кој ќе го напушти клубот. На „Етихад“ не кријат дека прва желба е играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Проблем за Сити е ...

Минатата недела беше најавена новата сезона во Формула 1, 75 по ред, со спектакл во „О2“ арената во Лондон, а неколку дена подоцна Формула 1 реагираше на начинот на кој беа пречекани светскиот шампион Макс Ферстапен и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Наводно, Ферстапен се заканил дека ќе ги бојкотира идните настани во Англија. Ферстапен и Хорнер беа пречекани со свирежи во арената во Лондон, а медиумите тврдат дека Холанѓанецот бил особено ...

Иако деновиве беше најавено дека Барселона нема да го продолжи договорот со Американецот, сепак, новите информации велат нешто сосема поинакво. Пантер изјави дека е задоволен од престојот во Шпанија и рече дека би сакал да ја продолжи соработката за уште две или три години, па сега останува да реагира управата на Каталонците. – Одлично се чувствувам во Барселона, навистина би сакал да останам тука уште неколку години. Размислувал долго на оваа ...

Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на неговиот довчерашен тим Далас Маверикс 107:99. Словенецот, кој го држи рекордот на Далас по вкупен број на трипл-дабл (89, од кои 10 во плеј-офот) и постигнати поени по сезона, доби шанса на дело да покаже колку им недостасува на Маверикс. „Кошаркарскиот бизнис може да биде шокантен, а овој (потег) го потресе светот“. „Сепак, мора да продолжите понатаму… Ја заврши работата, играше ...

Фудбалерите на Арминија Билефелд направија вистинска сензација во 1/4 финалето во Купот на Германија. Тие вечерва славеа против Вердер Бремен со 2:1 и со тоа се пласираа во полуфиналето во ова натпреварување. Значи бајката на Арминија продолжува оваа сезона во Купот на Германија. Стрелци на головите беа Ворл во 35.минута, Малатини потоа си постигна автогол за 2:0 за еуфорија на трибините. Вердер Бремен успеа да го ублажи поразот во 56.минута за ...

Интер – Лацио 2:0 е епилогот од вечерашниот четвртфинален меч во Купот на Италија. Шампионот беше подобар, имаше повеќе шанси и со тоа заслужено се пласира во следната рунда. Момент на средбата на “Меаца“ се случи во 39.минута кога Арнаутович со прекрасен гол, со “бомба“ стрелаше во мрежата на гостите. Точка на победата на Интер стави Чалханоглу во 77.минута и тоа од пенал. Во полуфиналето Интер ќе се сретне со Милан, тоа ќе бидат два интересни ...

Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп. Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март. Четвртфинални двојки: Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија) АЕК (Грција) – Партизан (Србија) Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка) Хаукар (Исланд) – ...

По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вечерва официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера. Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вечерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025. Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на македонската ...

Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња. Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси. „Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон. Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на ...

Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1. Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси. MESSIIIIIIII 🐐😱 What a goal for ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул по завршувањето на сезоната 2025/2026 ќе го смени спонзорот. Ливерпул нема да го продолжи договорот со компанијата за спортска опрема „Најки“. Според актуелниот договор со „Најки“, Ливерпул добива фиксна сума од 30.000.000 фунти по сезона, плус 20 отсто провизија од нето продажбата на клупската стока, со што вкупниот износ е над 60.000.000 фунти годишно. Американската компанија ќе му исплати на клубот 2.500.000 фунти ...

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 4:4 на „Монжуик“ во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј. Тимовите приредија вистински спектакл. Атлетико водеше 0:2, Барселона направи целосен пресврт за 4.2, на крајот мечот заврши без победник. Тренерот на Барселона, Ханси Флик проговори за натпреварот во кој неговите играчи пропуштија голема шанса да остварат предност пред реванѓот во Мадрид. „Горд сум на овој натпревар, но морам да разговарам ...

Фудбалерите на Челзи убедливо го совладаа Саутемптон со 4:0 (3:0), во 27.коло во Премиер лигата. Без сомнение, Челзи го забележа најлесниот триумф сезонава, против најслабиот тим во лигата. Серијата на „Стемфорд Бриџ“ ја отвори Кристофер Нкунку во 24. минута, а по 12 минути Нето го удвои водството за сините. На минута пред паузата Колвил зголеми на 3:0, а во вториот дел Марк Кукуреља стави точка на натпреварот во 78. минута. Челзи повторно влезе ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
41%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.26
38%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
35%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
41%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
47%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62