
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Екипата на Арсенал доживеа шокирачки пораз на свој терен од тимот на Борнмут со конечни 1:2. Иако домаќинот според сите очекувања успеа да поведе преку Деклан Рајс во првиот дел, сепак, во второто полувреме противникот на огромно изненадување, направи комплетен пресврт. Хујсен најпрво во 67. минута изедначи на 1:1, а потоа Еванилсон во 75. минута направи комплетен пресврт со голот за 1:2. До крајот Арсенал и нешто и се обиде да поправи но без ...
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот клуб Ал-Ахли испишаа историја со освојување на титулата во Азиската Лига на шампиони, еден од најпрестижните фудбалски трофеи во континентот. Во финалниот натпревар што се одигра во Џеда, Ал-Ахли покажа доминација и со сигурна игра го совлада јапонскиот тим Кавасаки Фронтале со 2:0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, и тоа најпрво Галено со прекрасно изведен удар во 35. минута, а ...
Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук. „Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти. Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше. „Далматински Портал“ пишува дека на ...
Кошаркарите на Игокеа убедливо го победија Морнар во Бар со 114:79 во последното 30. коло од регуларната сезона во АБА лигата. Со оваа победа, Игокеа го обезбеди петтото место на табелата од регионалното натпреварување и ќе игра против Црвена звезда во плејофот, додека Морнар испадна во АБА 2 лигата. Тимот од Лакташи заврши на петтото место со 19 победи и 11 порази, додека Морнар заврши последен на табелата со само две победи и 28 порази. Познат ...
Екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел славеа победи на натпреварите од шестото коло во машкиот ракометен плеј-оф од Суперлигата. Актуелниот шампион одигра цврсто со РК Тиквеш кој пружи силен отпор, но попушти во завршницата и беше совладан со 29-25. Во клучните моменти како вистински лидер кај тимот на Раул Алонсо се истакна Дејан Манасков кој натпреварот го заврши со десет гола. На спротивната страна Славче Шулески постигна пет. Изненадување ...
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи. Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. ...
Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието на јавноста по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата (85:82). Со овој триумф, Ефес се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина во вторник, но наместо да зборува само за кошарка, пораките на Јанакопулос на „Инстаграм“ привлекоа внимание. Во низа објави на оваа социјална мрежа, сопственикот на „зелените“ не ...
Алавес успеа да освои важен бод во борбата за опстанок играјќи без голови (0:0) против третопласираниот Атлетико Мадрид на домашен терен во натпреварот од 34-то коло на шпанската Ла Лига. Првото полувреме на стадионот „Мендизороза“ беше избалансирано, без возбудувања и без ниту еден шут кон голманите Сивера и Облак. Највозбудливиот момент се случи во 40-та минута кога Хулијан Алварез доби директен црвен картон за старт врз Факундо Гарсес. Сепак, ...
Фудбалерите на Баерн Минхен уште една недела ќе почекаат на прославата на шампионската титула. Во 32.коло, Баварците во Лајпциг одиграа 3:3. Фудбалерите на Баерн неколку секунди ги делаа од победата со која и математички ќе ја освоеја титулата, но во 95.минута Пуолсен постигна гол за 3.3. Лајпциг водеше со 2:0 со головите на Шешко во 11-та и Клостерман во 39-та минута. Сепак, во вотриот дел, играчите на Баерн играа шампионски, успеаја да ...
Динамо го победи Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби со 1:3 и со тоа го презеде врвот на табелата. Динамо поведе во 51-та минута со голот на Ронаел Пјер-Габриел, но само пет минути подоцна Марко Ливаја израмни. Сандро Куленовиќ постигна гол со глава во 64-та минута по асистенција на Марко Пјаца, додека Петар Сучиќ ја потврди победата во 102-та минута. Со оваа победа, Динамо го зголемија своето бодовно салдо на 58 и ги прескокнаа Хајдук ...
Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги победија Голден Стејт Вориорс со 115:107 на гостински терен во плејофот на НБА. Со победата, Рокетс ја израмнија серијата на 3:3 и обезбедија мајсторка за пласман во конференциското полуфинале пре пред своите навивачи. Екипата на Хјустон до победата ја предводеше Фред Ванвлит со 29 поени, осум скока и исто толку асистенции, а го следеше Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, односно 21 поен, 14 скока и шест ...
Иако Баер Леверкузен не сака Флоријан Фирц да заврши во Минхен, сепак кога некој ќе ти понуди 125 милиони евра секако дека не можеш да одбиеш. Инаку “баварците“ му нудат и на Вирц 125 милиони евра за пет години или годишно по 25 милиони евра со што би се израмнил во висина платата со Хари Кејн и би земал повеќе од останатите ѕвезди на клубот. Од друга страна овој пакет што Баерн го понуди за Вирц не е гаранција дека и ќе се оствари овој ...
Околу 9 часот утрово, во сплитската населба Пујанке избувна масовна тепачка пред најголемото хрватско фудбалско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, кое се игра на стадионот „Пољуд“. Поголема група маскирани „Бед Блу Бојс“, навивачи на Динамо, упаднаа во Сплит и се судрија со членови на „Торцида“, а наводно станува збор за договорена тепачка, 200 на 200. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, по што настанала целосна турканица, а ...
Фудбалерите на Астон Вила го победија тимот на Фулам со од 1:0 во 35-то коло од Премиер лигата и ја продолжи борбата за пласман меѓу првите пет на табелата. Вила ја продолжи серија без пораз на домашен терен во лигата на импресивни 17 натпревари. Решавачкиот момент се случи во 12-та минута, кога Јури Тилеманс скокна највисоко по корнерот на Џон Мекгин и со глава ја затресе мрежата на Фулам. Голманот на гостите, Бернд Лено, успеа да ја закачи ...
Шпанскиот фудбалски стратег Чаби Алонсо веќе планира големи промени во тимот на Реал, кој ќе го преземе од Карло Анчелоти ова лето, а неговата намера е да го земе со себе 29-годишниот Германец. Џонатан Та е сè уште голема желба на Барселона, но и на Реал Мадрид. Та станува слободен играч, одамна потврди дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен и дека сака да оди во поголем клуб. Тој би имал сигурно конкуренција, но и минути во Реал ...
Англискиот фудбалски репрезентативец Трент Александер – Арнолд по завршување на сезоната оваа лето ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот. Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва сезона му ја донесе титулата на Ливерпул, замената за Трент ја има и тоа во своите редови. Бредли Конор би требало да ...
Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) казни два клуба од Кенија и Виетнам поради манипулирање со исходот од фудбалски натпревари и ги исфрли во третите дивизии на земјите, соопштува агенцијата Ројтерс. Дисциплинската комисија при ФИФА откри дека кенискиот Мухорони спроведувал „активности поврзани со манипулација на фудбалски натпревари и турнири“. Дел од казната е отстранувањето на тимот од втората дивизија и испраќањето во трета. ...
Младинците на македонскиот ракометен шампион на квалификацискиот турнир во Букурешт извојуваа две победи и се пласираа во Келн. Избраниците на Мемиќ и Митревски кон средината на јуни ќе ја почувствуваат атмосферата на еден голем ракометен собир во Келн, а во полуфиналето за противник ќе го имаат младинскиот тим на ГОГ Гудме. Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Барселона. Термините и саатниците за полуфиналните натпревари ќе ...
Марк-Андре тер Штеген ги одбројува минутите до неговото долгоочекувано враќање во протоколите за натпревари на Барселона, откако е надвор од терените 223 дена, а доколку сè оди според планот оваа сабота, против Ваљадолид, тој би требало да биде повторно меѓу стативите. -Тер Штеген ќе брани од првата минута. Тој тренира фантастично веќе некое време, покажа завидно ниво на форма и е подготвен…“, беше недвосмислената изјава на тренерот Ханси Флик ...
Ферари планира да претстави значајни ажурирања на својот болид на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола, која ќе се одржи од 16 до 18 мај, пишува „Autosport“. Италијанскиот тим смета на построги контроли на свиткувањето на предните крила, со новите тестови кои треба да стапат на сила на Шпанското ГП (30 мај – 1 јуни). Ова може да му помогне на Ферари да ја подобри својата позиција против другите врвни тимови. Надградбите се ...
Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути. Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка. Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100). ...
По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал. На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1. Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука. Со буџетот ...
Манчестер сити ќе помине најмалку два дена на третото место на табелата по 35-от одигран натпревар во Премиер лигата. „Граѓаните“ на домашен терен славеа над Вулверхемптон со 1:0, и сега се два бода и еден натпревар пред Њукасл на третото место. Вулверхемптон немаа среќа да го избегнат поразот. Рајан Аит Нури ја погоди стативата, а вториот обид беше блокиран од дефанзивците на Сити. Нико О’Рајли ја имаше првата вистинска шанса за домашниот тим ...
Кошаркарите на Барселона го победија Монако во „Блауграна“ со 79:72, во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата. Барселона го израмни резултатот во плејоф серијата на 2:2, што значи дека „мајсторката“ во Кнежевството ќе го патникот на завршниот турнир. Џабари Паркер ги предводеше Каталонците до победата со 22 поени и два скока, а го следеше Дарио Брисуела со 17 поени. Двоцифрен број на поени во редовите на Барселона постигна уште само ...
Патникот на завршниот турнир од пресметката меѓу Ефес и Панатинаикос ќе го реши петтиот меч. Вечерва, Ефес успеа да го изедначи резултатото во серијата на 2:2 откако победи со 85:82. Панатинаикос го отвори натпреварот подобро и успеа да поведе со 9:4. Следеше серија од 10:0 на Ефес, но ниту еден тим не успеа да направи посериозна предност. Екипите го менуваа водството во текот на првото полувреме, а на крајот Ефес имаше пет бода предност на ...
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, објави дека наскоро може да се направат измени во контроверзните прописи што предвидуваат казни за несоодветен јазик, вклучително и пцуење, во светот на Формула 1. Во текот на зимскиот период, во Меѓународниот спортски кодекс беше додаден Анекс Б, кој им дозволува на судиите да ги казнуваат возачите за навредливи изјави и критики упатени кон ФИА. Според важечките правила, возачот кој три пати ќе ја ...
Спортскиот директор на Фенербахче, Марио Бранко, одржал состанок Душан Тадиќ и Един Џеко на кој им соопштил дека клубот повеќе не смета на нив од ова лето, пишува турскиот „Фанатик“. Состанокот го иницира јавното обраќање на Тадиќ до клупските челници. Тој преку медиумите ги праша каква е неговата иднина во клубот. Договорите на двајца искусни играчи истекуваат на крајот од сезоната, па тие ќе си заминат без обесштетување. Тадиќ и Џеко, и покрај ...
Грег Попович, еден од најтрофејните тренери во историјата на НБА и долгогодишен стратег на Сан Антонио Спарс, официјално повеќе нема да биде главен тренер на оваа франшиза. Веста денес ја потврди новинарот Шамс Чаранија. Тој нагласи дека Попович останува во клубот, но во улогата на претседател на Спарс. Со ова завршува неговата импресивна тренерска ера која траеше дури 29 сезони. Попович веќе некое време отсуствува од клупата поради здравствени ...
Ливерпул стана шампион на Премиер лигата, а прославите на навивачите предизвикаа серија мали земјотреси, објавија научниците. Ливерпул ја освои својата 20-та титула во лигата во неделата, втора во последните пет години, но прва пред навивачите во ерата на Премиер лигата. Претходната беше освоена во корона сезоната. На трибините „Енфилд“ имаше прослава, а научници од Универзитетот во Ливерпул користеа опрема за снимање и мерење на јачината на ...
Кошаркарите на Њујорк Никс, трет пат во плеј-офот славеа во Детроит и со 4:2 ја добија серијата против Пистонс. Изминатата ноќ, благодарение на Џејлен Брансон, Никс победија со 116:113. Најдобриот кошаркар на Никс оваа сезона со тројка во финишот го реши победникот. . Никс обезбедија пласман во полуфиналето на конференцијата, каде што нивен ривал ќе биде тимот на Бостон, кој без поголеми проблеми го елиминираше Орландо. Плејмејкерот на Њујорк ...