Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Главниот настан на Ол старот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“. Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред сè атрактивна кошарка, во која присутните фанови на македонската кошарка можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата. Победник беше тимот на ...
Репрезентацијата на Мароко настапот на АФКОН (Африкански куп на нациите) го стартуваше во победа од 2:0 против Комори. Домаќинот на африканскиот фудбалски континетален шампионат првиот натпревар го одигра пред 60.000 гледачи. Двата гола Мароканците ги постигнаа во вториот дел. Водство од 1:0 донесе Брахим Диаз во 55. минута, а конечните 2:0 ги постави Ајуб Ел Кааби во 74. минута. Домашната репрезентација пропушти да дојде во водство во 10. ...
Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ми мине во Скопје до 26. декември, кога се сели во Хрватска. Таму ќе престојува до 30. декември, а ќе биде одигран и еден контролен дуел со Хрватска. По кусиот ...
Египќанецот Хасан Мустафа е повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Точно 73% од гласачите ја поддржаа кандидатурата на 81-годишниот Мустафа. Противкандидати на Мустафа му беа Словенецот Бобинац, Германецот Буцек и Холанѓанецот Де Ланге. Реизборот на Мустафа го поздрави и РФМ „Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и ...
Астон вила вечерва го победи Манчестер јунајтед со 2:1 на свој терен во 17. коло од Премиер лигата. Морган Роџерс постигна два гола за домаќините, додека Матеус Куња го постигна единствениот гол за гостите. Астон Вила ја обезбеди својата шеста победа по ред во англиската Премиер лига 2025/26 и својата десетта победа по ред во сите натпреварувања. Тимот е трет на табелата во Премиер лигата со 36 бода. Манчестер Јунајтед е седми со 26 бода. Во ...
Во женскиот сегмент од „Собирот на сите ѕвезди“ кој денеска се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, свој настап имаа најдобрите кошаркарки во сениорска конкуренција. Поделени во два тима, „Македонија“ и „Свет“, одиграа доста динамичен натпревар во кој на крајот, победата им припадна, на условно кажано, гостинските кошаркарки. Со конечен резултат (91:79). Ја имаа во својата екипа и најкорисната кошаркарка, Алексис Пул. Една од носителите на играта ...
На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански ...
Поранешниот главен тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр, објави дека се пензионира. Последната работа на швајцарскиот тренер беше во Ница, каде што го водеше тимот во текот на сезоната 2022/23. – Сега имам 68 години, а времето лета толку брзо. Речиси ги заборавив моите години бидејќи секогаш бев зафатен, секогаш во движење. Со текот на времето, забележав дека тренери стануваат сè помлади и помлади, па на 58 години, речиси се сметате за ...
Ветеранот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одби да коментира за суспензијата на плејмејкерот на Клиперси, Крис Пол. -Не сум разговарал со него. Искрено, не е моја работа да коментирам. Не е моја работа, рече Џејмс, близок пријател на плејмејкерот. Клиперси го испратија Крис Пол на 3 декември дома откако се појави во 16 натпревари оваа сезона, со просек од 2,9 поени и 3,3 асистенции за 14,3 минути по натпревар. Пол претходно објави дека ...
Нејмар вети дека ќе постигне гол во финалето на Светското првенство 2026. -Ќе направиме сè што е можно и невозможно за да го донесеме трофејот во Бразил. Ако стигнеме до финалето, ветувам дека ќе постигнам гол, рече Нејмар. Фудбалерот на Сантос не играл за репрезентацијата на Бразил од 2023 година. Со цел да го освојат Мундијалот, Бразилците за селектор го донесоа искусниот италијански фудбалски стручњак Карло Анчелоти. „Кариоките“ ќе играат ...
47-годишниот Дејан Станковиќ, кој ја напушти функцијата главен тренер на руски Спартак од Москва, утре треба и официјално да биде претставен како нов тренер на белградска Црвена Звезда. Според „Моцарт Спорт“, Станковиќ ќе пристигне во српскиот клуб во понеделник и ќе потпише договор на две и пол години. Актуелниот тренер на клубот Владан Милојевиќ не се појави на прес-конференцијата ниту во петокот пред натпреварот против Младост лучани, ниту ...
Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, не се согласува со оценките дека возачот на Ред Бул е најдобар за сезоната 2025. – Верстапен имаше силни неодамнешни трки, но не беше најдобар во целина. Ландо Норис беше најдобар во средината на сезоната, а Оскар Пјастри беше најдобар на почетокот. Проблемот е што луѓето се сеќаваат само на неодамнешните резултати. Макс се покажа многу добро во последните неколку трки, но луѓето имаат ...
Лос Анџелес клиперс утрово ги победија Лос Анџелес лејкерс во домашен натпревар од НБА-лигата со 103:88. Кавај Ленард го предводеше својот тим до победата со 32 поени и 12 скока. Џејмс Харден исто така имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази. Тимот победи во седум од 28 натпревари и се наоѓа на 14. место во Западната конференција. Лејкерси, ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Џирона со 3-0 на гостински терен во 17-то коло од шпанската Примера. „Јорганџиите“стигнаа до третото место на табелата со 37 бода, додека Џирона остана во зоната за испаѓање со 15 бода. Два гола гостите од Мадрид постигнаа во првото полувреме. Тимот на Симеоне поведе во 13-тата минута кога играчот од средниот ред Коке ја „скина“ мрежата на Џирона со силен удар од далечина. Водството го удвои ...
Реал Мадрид продолжува да му нуди целосна поддршка на својот фудбалер Винисиус Жуниор кој беше исвиркан од навивачите во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига, објавува „Ас“. Овој инцидент предизвикал загриженост кај раководството на клубот. Тие ја ценат напорната работа и посветеноста на Винисиус на теренот, но забележуваат дека Бразилецот не е во најдобра форма во последно време. Клубот наводно размислува за кратка пауза за ...
Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен, претрпе делумна руптура на предниот вкрстен лигамент на левото колено, објави прес-службата на клубот. Дваесет и деветгодишниот фудбалер ја претрпел повредата како резултат на дислокација на коленото за време на вчерашниот тренинг. По прегледите, му е препишана конзервативна програма за лекување. Според медиумските извештаи, дефанзивецот ќе отсуствува најмалку четири месеци. Кристенсен одигра 17 ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објасни дека го посветил својот гол на Кристијано Роналдо во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига. Французинот славеше во традиционалниот стил на Португалецот. Во натпреварот од шпанското првенство, Мбапе го постигна својот 59. гол за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот на Роналдо за постигнати погодоци во една календарска година. -Кристијано е мој пријател и мој идол. ...
По пораз од Феникс со само еден поен разлика 98:99 вчера на гостински терен, лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, призна дека неговиот тим не е доволно силен. – Ако сакате да бидете добар тим, мора да бидете способни да ги надминете ваквите работи. Ние очигледно не сме добар тим во моментов, а тоа се гледа по нашите резултати и фактот дека постојано се наоѓаме во вакви ситуации одново и одново, рече Кари по натпреварот во кој шутираше ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го критикуваше својот тим и покрај победата со 3:0 над Вест Хем во 17. коло од англиската Премиер лига. – Начинот на кој игравме во нападот треба да се подобри. Во спротивно, нема да биде доволно за да останеме во конкуренција за титулата во март и април. Вест Хем е добар тим. Но, сакам да бидам искрен со себе. Им реков на играчите „Среќен Божиќ на сите, но нема да биде доволно ако не се подобриме. ...
Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, го коментираше поразот од 1:0 од Арсенал вчеравечер на домашен терен во натпревар од 17. коло од англиската Премиер лига. – Беше ден кога многу работи едноставно не функционираа и не функционираа за нас. Неколку наши играчи беа повредени. Судијата свирна пенал во нивна корист. Не мислам дека Арсенал ни предизвика многу проблеми пред пеналот. Веројатно почнавме подобро од Арсенал. Но, беше лоша одлука на Џејк ...
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели, даде свое видување за победата од 2:1 над Рома синоќа на домашен терен во 16. коло од италијанското првенство. – Како што реков многу пати, мора да размислуваме за победа на натпреварите, а потоа да видиме каде сме во март. Најважно беше да започнеме победничка серија и да стекнеме самодоверба. Кога победувате вашата самодоверба расте и можете да правите работи што не можевте претходно. ...
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги искажа впечатоците по триумфот од 1:0 над Рома во 16. коло од Серија А. – Секој натпревар е тежок овие денови. Победата и учењето од неа се двојна победа, бидејќи ви дава самодоверба и ве тера да сфатите дека можете да се натпреварувате со секого. Се боревме до самиот крај, па дури и кога примивме гол во финишот, тимот сакаше повеќе. Сега ќе продолжиме да работиме и, се надеваме, ќе се обидеме да го ...
Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа врвот во Премиер Лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Виктор Ѓокерес од пенал во 27-та минута. Арсенал беше подобриот ривал и имаше шанси и да го зголеми своето водство, но Евертон успеа да се одбрани и да не дозволи дебакл на свој терен. Во ...
Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзи поради замена. Овојпат не пред очите на „Сантијао Бернабеу“, туку пред очите на своите 57 милиони следбеници на Инстаграм. Лут поради свирежите што ги слушна при излегувањето од игра, Бразилецот веднаш по завршувањето на натпреварот Реал Мадрид – Севиља (2:0) ја смени профилната фотографија на Инстаграм, пишува Marca во текст со наслов „Кавгата на Винисиус пред очите на 75 милиони следбеници“. ...
Францускиот фудбалер на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, постигна гол против Севилја во победата од 2:0 на домашен терен во 17. коло од шпанската Премиер лига. Овој гол беше 59. за 27-годишниот напаѓач за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот поставен од Кристијано Роналдо во 2013 година. Во сезоната 2025/26, Мбапе постигна 29 гола и имаше четири асистенции во 24 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Неговиот договор со ...
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата. Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота. Актуелниот МВП го ...
Порто се согласил на договор со 41-годишниот Тијаго Силва, објави новинарот Фабрицио Романо. Португалскиот клуб ќе го потпише дефанзивецот до крајот на јуни 2026 година, со опција за уште една година. Силва играше за Порто на почетокот на својата кариера, од јануари до јули 2005 година. Потоа играше за вториот тим на клубот пред да се пресели во Динамо Москва. Тијаго Силва играше и за Хувентуд, Милан, ПСЖ и Челзи. Неговиот последен клуб беше ...
Ливерпул победи со 2:1 на гости против Тотенхем вечерва во 17. коло од англиската Премиер лига. Во 56. минута, Александар Исак им донесе водство на гостите, а 10 минути подоцна, Хуго Екитике го зголеми водството на „Црвените“. Ричарлисон го постигна единствениот гол за домаќините во 83. минута. Тотенхем остана со 10 фудбалери во 33. минута откако Чави Симонс доби директен црвен картон по стартот врз дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е задоволен во целост од играта на неговиот тим во победата над Севилја. Реал синоќа на домашен терен славеше со 2:0 во 17. коло од шпанското фудбалско првенство. – Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни ...