
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид. По натпреварот тој отиде во прегратките на своето семејство. Хрватскиот фудбалер не ги задржа солзите, а плачеа и неговите деца и сопругата Вања. Вања и нејзините деца, 15-годишниот Иван, 12-годишната Ема и 7-годишната Софија, често го бодрат Лука од трибините Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал. Во последниот натпревар на култниот стадион во Мадрид, ...
Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето 143-то финале на АТП турнирите и во сабота ќе игра против Хуберт Хуркач за својата 100-та титула. Во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Женева, Ѓоковиќ го победи Камерон Нори во три сета. Мечот траеше два часа и 30 минути, а Новак победи со резултат 6:4, 6:7, 6:1. Ѓоковиќ релативно лесно мина низ првиот сет, во вториот, успеа да се врати по водството на противникот 1:4 и 2:5 избори тај-брејк, ...
Антонио Конте рече дека е „многу тешко да се победи со Наполи“, но и дека ова е „извонредна сезона“ во која „момците заслужуваат признание“, откако ја освоија титулата шампион на Италија во последното коло од Серија А. Конте стана вториот тренер во историјата кој ја освоил Серија А со три различни клуба, претходно тоа му успеа на легендарниот Фабио Капело. Конте Серија А ја освојуваше и со Јувентус и Интер. „Овие момци беа одлични. Не беше ...
Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина. Во текстот под наслов „АЕК: Со верба за пресврт во второто финале против Алкалоид“, порталот ...
Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден. На турнирот во Женава, АТП 250, Ѓоковиќ го победи младиот Италијанец со 6:4, 6:4. Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале. Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Мадрид, откако одигра спектакуларен тенис во втората половина од вториот сет. Играчите беа мошне сигурни во ...
Текот на европската сезона на Алкалоид буди задоволство и кај раководството на клубот кој во само неколку години постоење дојде во ситуација да игра за европска титула. Непосредно пред финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, на прес-конференцијата говореше претседателот Горан Минов, кој испрати порака до публиката и благодарност за поддршката. – Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот. Во пресрет на финалниот ракометен напревар ...
Ремонт го очекува Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Англиските медиуми тврдат дека сите играчи, со исклучок на Буно Фернандеш се на продажба. Има и незадоволни кои најавија заминување. Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач, беше исклучително лут по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа, бидејќи одигра само 20 минути. Токму ова е причината зошто Гарнасио сака да го напушти клубот. Дури и пред овој натпревар, Гарначо ...
Ал-Хилал сака да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред и капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, пред Светското клупско првенство, кое започнува на 15 јуни. На фудбалерот му се дадени 72 часа да донесе одлука, објави „Give me Sport“. Ал-Хилал е подготвен да му понуди на 30-годишниот играч плата од 700 илјади фунти неделно и дополнителни бонуси. Доколку Фернандеш се согласи, Ал-Хилал ќе се обрати до Манчестер јунајтед во ...
Еден од најбараните играчи во Европа, Флоријан Вирц, е блиску до преселба во Ливерпул, објави германскиот „Скај Спортс“. Се зборуваше дека може да оди во Баерн или во Манчестер сити, но неговиот траснфер на „Енфилд“ практично е завршен. Наводно, најдобриот играч на Баер Леверкузен му реклол „да“ на актуелниот шампион на Англија откако разговарал со менаџерот Арне Слот. Сега е ред на клубот, Ливерпул треба да испрати понуда до Леверкузен, а ...
Монако ќе му биде противник на Фенербахче во борбата за титулата во кошаркарската Евролига. Монако, во второто полуфинале на завшрниот турнир во Абу Даби, го победи Олимпијакос 78:68 (17:17, 18:15, 22:19, 21:17). Олимпијакос тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, не успеа да стигне до финалето. Ниту еднаш во историјата на Евролигата, откако се игра во овој формат со завршен турнир, од 2016/2017 година, најдобриот тим од ...
Австралискиот возач во Формула 1, Џек Дуан, побара да престане малтретирањето на неговото семејство откако лажна објава на социјалните мрежи погрешно му била припишана на неговиот татко. Таа објава предизвика бурни реакции. „Ве молам престанете да ми го вознемирувате семејството. Не мислев дека ќе морам да дојдам до ова“, напиша 22-годишниот Дуан на својот Инстаграм профил, кој го следат половина милион корисници. Дуан ја започна сезоната како ...
Фудбалерот на Наполи, Скот Мектомини, е прогласен за најдобар играч во Серија А во сезоната 2024/25. Мектомини беше стрелец и во победата над Каљари (2:0), со која Наполи ја обезбеди четвртата титула во италијанското првенство, втора во последните три сезони. Шкотланѓанецот постигна 12 гола и имаше шест асистенции на 34 натпревари во италијанското првенство оваа сезона. Тој е член на Наполи од минатото лето, кога пристигна од Манчестер јунајтед ...
Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби. İlk yarının sonunda Panathinaikos başkanı Dimitris Giannakopoulos, hakemlerin üzerine yürüdü. Devamında böyle uzaklaştırıldı: pic.twitter.com/ToCOwUvxxm — Buğra Balaban (@BugraBalaban_) May 23, 2025 Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на ...
Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз. Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд. „Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме на ...
Фудбалерите на Наполи ја освоија титулата во Серија А. Наполи ја задржа предноста од еден бод во однос на Интер, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0, а сега веќе поранешниот шампион со истиот резултат победи во Комо. Наполи ја освои четвртата титула во клупската историја, втора во последните три сезони. Наполи мораше да победи и тоа го направи со головите на двете големи засилувања, Скот Мектомини и Ромелу Лукаку. Репрезентативецот ...
Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“, Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе. Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција. Главната причина ...
Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0. Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал. ¡NAPOLI CAMPEÓN DE LA SERIE A! pic.twitter.com/HhY7LlIWkB — ...
Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик. „Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението за медиумите на Ваљадолид. Навивачите во последно ...
Кошаркарите на Фенербахче в недела ќе се борат за втората титула во Евролигата во клупската историја. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Абу Даби, Фенербахче го победи се уште актуелниот првак Панатинаикос со 82:76 (22:14, 16:19, 17:15, 27:28). Играчите на Фенербахче одиграа тактички зрел натпревар, имаа предност во текот на целиот натпревар, ПАО имаше предност само на стартот 0:2 и 3:5) и ги имаа Девон Хол и ветеранот Ерик Мекалум. ПАО ...
Вечерва во Абу Даби, актуелниот шампион Панатинаикос и трите предизвикувачи во Олимпијакос, Фенербахче и Монако ја започнуваат битката за најголемиот трофеј во европската кошарка. Завршниот турнир во Евролигата ќе го отворат Панатинаикос и Фенербахче во 17:00 часот, а три часа подоцна ќе играат Олимпијакос и Монако. Во величествената сала со 18.000 седишта, во петок и недела, четири екипи ќе одлучат кој ќе биде шампион, а Панатинаикос ќе се ...
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, наскоро треба да го напушти Динамо Загреб. Откако се врати во Динамо на крајот од летото 2023 година по краток престој во Кина, Адеми сега е повторно пред заминување од „Максимир“. Причината за неговото заминување е недостатокот на минутажа во тековната сезона, во која, по правило, тој беше играч кој влегуваше од клупата. Оваа сезона, настапи во 26 натпревари за Динамо, но одигра само 1213 ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот, Куршумлиска бања 75 откако денеска во мечот од второто коло загуби од Ана Сискова од Чешка со 2:0, по сетови 6:2 и 7:6(2) за 84 минути игра. Ѓорческа следната седмица ја очекува уште еден турнир во Куршумлиска Бања. Неуспешен ден во Куршумлиска Бања имаше и македонскиот тенисер Горазд Србљак. Тој го заврши настапот на ИТФ фјучрсот 15 откако во мечот од првото коло загуби од ...
Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат 20 екипи. Клучениот состанок на челниците на Евролигата се одржа во Абу Даби пред почетокот на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона на најсилното клупско кошаркарско натпреварување ...
Дефанзивецот Родриго де Соуза Прадо, познат во фудбалскиот свет како Родригао, пристигна во Црвена звезда. Бразилскиот фудбалер потпиша двегодишен договор во просториите на клубот и го одбра дресот со број пет. „Многу ми е мило што ќе имам можност да играм европски натпревари, тимот ја освои титулата и оваа сезона, а Црвена звезда веќе еднаш беше шампион на Европа, Мотивиран, заедно со соиграчте да продолжиме да редиме успеси“, рече Родригао. ...
Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп. В недела, Алкалоид ќе го пречека АЕК во финалниот реванш. Натпреварот ракометарите на Алкалоид ќе го запопнат со предност од четири гола, минатата недела во Атина го добија првиот натпревар со 29:25. „Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и за целокупниот ...
Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло. Наполи одигра скромни 0:0 во Парма, но првиот ривал Интер исто така одигра нерешено, со Лацио (2:2), а редоследот на табелата остана непроменет пред ...
Манчестер јунајтед имаше шанса но не успеа да ја спаси сезоната. Во средата, Јунајтед доживеа пораз од Тотенхем (0:1) во финалето во Лига Европа. Тотенхем го освои трофејот и избори пласман во Лигата на шампионите, а Јунајтед ја комплетира најлошата сезона во последните 50 години. Ремонт и тоа целосен. Ова му претсоти на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Наводно сите, со исклучок на капитенот Бруно Фернандеш, сите се на продажба. ...
Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп. Лазаров истакна дека е премногу горд на своите момци Македонци кои покажаа како се брани македонскиот ракомет во Европа. „Мора да им честитам на момците! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри ...
Реал Мадрид и тренерот на тимот, Карло Анчелоти, го официјализираа крајот на повеќе од плодната четиригодишна соработка. Италијанскиот стратег ја напушта клупата на „Кралскиот клуб“ откако освои два трофеи во сезона која, на крајот, кога ќе се повлече линијата, сепак беше неуспешна за Мадрид. Анчелоти ги донесе трофеите од Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп во сезоната 2024/2025. Сепак, неговиот биланс во два мандата на клупата на ...
Лео Меси е при крајот на својата фудбалска кариера. Според многумина тој е еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра. Меси стана професионалец во 2004 година кога дебитираше за Барселона и оттогаш освои рекордни осум „Златни топки“ и четири титули во Лигата на шампионите, со Аргентина два пати ја освои Копа Америка, а во 2022 година го освои и Светското првенство. Тој успеа да постигне 91 гол во 2012 година, најмногу голови постигнати ...