Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги процени изгледите на својот тим за титула пред нивниот натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем. – Го имаме Вест Хем на патот. Премиер лигата е најтешкото натпреварување. Сè уште сме втори, знаејќи дека ако изгубиме бодови, сè е завршено за нас. Секогаш велев дека во последните 10 натпревари, секој тим се бори за нешто – место за опстанок, место во Лигата на Европа, место ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на првата спринт трка во новата Формула 1 сезона што ќе се одржи в сабота за Големата награда на Кина, откако Британецот беше најбрз во денешните квалификации во Шангај. Расел со тоа ја продолжи својата доминација на отворањето на сезоната откако победи на Големата награда на Австралија во Мелбурн минатиот викенд. Британецот во трката од 19 кругови беше најбрза пред италијанскиот ...

Ливерпул е заинтересиран да ги потпише играчот од средниот ред Едуардо Камавинга и дефанзивецот Дин Хејсен, двајцата од Реал Мадрид. Според „TEAMtalk“, англискиот клуб е подготвен да потроши околу 50 милиони евра за да го потпише 23-годишниот француски играч од средниот ред, како и околу 70 милиони евра за 20-годишниот Данец. Камавинга одигра 31 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи два гола и асистенција. Неговиот ...

Организаторите на Финалисма размислуваат за двомеч помеѓу Шпанија и Аргентина, објави „ТНТ Спортс“. Оваа опција ја предложи Аргентинската фудбалска федерација (АФА), која не сака Финалисма да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Натпреварот помеѓу победникот на Европското првенство и освојувачот на Копа Америка првично беше закажан да се одржи на стадионот „Лусаил“ во Катар, но тимовите не се подготвени да патуваат на Блискиот Исток ...

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со 3:0 во првиот осминафинален натпревар, во Лигата на шампионите. Валвердер во првото полувреме постигна хет-трик и го реши натпреварот. Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, не можеше да и се израдува на победата, поради повредата на ферлан Менди. Францускиот репрезентативец, одигра добро прво полувреме, но остана во соблекувалната, во вториот дел играше Фран Гарсија. „Повредата на Менди изгледа многу лошо, ...

Најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз успеа во четвртфиналето на Мастерсот 1000 да го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0 во сетови. Една група навивачи на трибините беа во костуми како пчели, а еден таков по мечот му фрлија на Алкараз, а тој го облече костумот. – Морав да го направам тоа за нив. Тие навиваа за мене од првиот до последниот поен. Па како што беше редот морав да го направам тоа иако беше смешно, изјави Алкараз. Ова ...

По завршетокот на сезоната, Црвена ѕвезда ќе се раздели со двајца фудбалери. Клубот нема да им понуди потпишување нови договори. Српските медиуми објавија дека клубот го напуштаат крилниот напаѓач Немања Радоњиќ и голманот Омри Глазер, кои веќе бараат нови клубови. Радоњиќ е суспендиран, а Глазер застана меѓу стативите само по повредата на Матеус во Нови Пазар. По завршетокот на сезоната, Црвена ѕвезда ќе се раздели со двајца фудбалери. ...

Претседателот на Барселона ,Џоан Лапорта, изјави дека е разочаран од заминувањето на еден од талентите од „Ла Масија“, Дро Фернандез. Дро помина низ фудбалската школа на Каталонците, играше за „Б“ тимот, дебитираше за првиот тим, но, на изненадување на многумина, претежно луѓе од клубот, на крајот на јануари направи пресврт во кариерата и се пресели во Пари Сен Жермен. Парижаните им платија на Каталонците осум милиони евра за ...

Светската фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и правилното функционирање на фудбалската игра. Истите ќе бидат имлементирани на следниот Мундијал кој што ќе се одржи летово во САД, Канада и Мексико. Правилата се едноставни, а се однесуваат најмногу на прекините. Светската фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и ...

Деклан Рајс би можел да потпише нов договор со Арсенал. Би-Би-Си од сигурни извори дознава дека лондончани започнале преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред. Тековниот договор на Рајс е со важност до летото 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона, но клубот сака да потпише долгорочен договор со играчот. Рајс моментално заработува околу 240.000 фунти неделно, а Арсенал му понудил и ...

Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за тренер на месецот во Премиер лигата за февруари. Тимот предводен од шпанскиот стратег изминатиот месец забележа четири победи и едно реми. Гвардиола ја освои наградата во конкуренција на Кит Ендрус (Брентфорд), Мајкл Карик (Манчестер Јунајтед) и Арне Слот (Ливерпул). За Гвардиола ова е 12 награда тренер на месецот, откако прв пат ја освои во декември 2021 година. Повеќе награди од ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето во Индијан Велс. Тој ноќеска го победи Каспер Руд во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс со 6:1 и 7:6(2). Алкараз ја продолжи својата серија без пораз на 15 натпревари на почетокот од сезоната 2026. Тој освои титули на Австралија опен и во Доха, а сега стигна до четвртфиналето на Индијан Велс по петти пат по ред. Дваесет и двегодишниот Шпанец стигна до своето 19. четвртфинале ...

Утре тимот на Манчестер Сити оди на гостување кај Вест Хем, во рамките од новото коло во Премиер лигата, а евентуалниот неуспех според менаџерот Пеп Гвардиола значи и збогување во битката за титулата со Арсенал. „Сега сè е фокусирано на Вест Хем. Овие натпревари се тешки. Освојувањето на Премиер лигата е најтешкиот трофеј. Сè уште сме во борба, но знаеме дека ако изгубиме бодови, тоа е завршено. Задоволство е да се биде во оваа позиција. ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, објави дека нема планови наскоро да се пензионира од Формула 1, и покрај бројните навестувања за спротивното. – Навистина не сакам да се пензионирам. Секако, би сакал трките да бидат малку позабавни. Но, правам и многу други интересни работи. Во наредните години, можеби ќе се тркам во Спа и, се надевам, во Ле Ман. Значи, ги комбинирам трките со други многу возбудливи работи. Тоа е контрадикција во смисла: ...

Советниците во општина Центар на денешната седница ја усвоија иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски, салата во Градскиот парк да го носи името на легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ. Спортската сала во Градскиот парк минатиот месец беше ставена во функција по едногодишна реконструкција според највисоките стандарди⁹ за одигрување кошаркарски натпревари. „На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави ...

Искусниот Рис Џејмс уште долго ќе биде дел од тимот на Челзи, откако денеска тој и официјално го потпиша новиот договор со клубот. Со истиот Џејмс останува во клубот до 2032 година. Англискиот репрезентативец е најплатениот играч во клубот со плата од 250.000 фунти неделно. Тековниот договор на Џејмс требаше да истече во 2028 година, што го прави неговото обновување приоритет за клубот. Тој го потпиша својот претходен договор кратко откако ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби денеска од Летонија со 2-0 во вториот контролен натпревар што двете селекции ги одиграа во Скопје. Селекторот Иљами Исени за денешниот дуел голем број измени во стартната постава со цел да им даде шанса на сите повикани фудбалери за дуелите со Летонија. Летонците беа поквалитетен противник и заслужено дојдоа до победата со головите на Адрианс Куракинс (5 минута) и Андрис Аизсилниекс (69). На првиот ...

Поранешниот фудбалер на Арсенал и репрезентативец на Гана, Томас Парти, ќе се изјасни невин по двете нови обвиненија за силување, најави денеска неговиот адвокат во судот во Лондон. Триесетидвегодишниот фудбалер од средниот ред, кој во моментов настапува за шпански Виљареал, веќе чека судење по претходни обвиненија кои вклучуваат пет обвиненија за силување на две жени, како и едно обвинение за сексуален напад врз трето лице. Новите обвиненија ...

Бем Адебајо ќе остане запаметен по 83-те поени постигнати пред неколку дена против Вашингтон, каде неговиот тим Мајами постигна победа. Повеќе од него има само Вилт Чембрлен, а го мина на вечната листа и Коби Брајант, кој имаше постигнато 81 поен. На синоќешниот дуел со Милвоки Адебајо постигна 21 поен. – Не верувам дека тој некој ќе го повтори. Не постигнав 83, поени туку 21. Ние победивме и тоа е најважно. Играчот на Мајами оваа сезона има ...

Фудбалската федерација на Иран му одговри на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата изјава дека друга држава треба да биде на местото на Иран на Светското првенство од безбедносни причини. „Светското првенство е историски меѓународен настан во организација на ФИФА, а не на некој поединец или држава. Иранската репрезентација меѓу првите благодарение на силата и серијата победи на храбрите синови на Иран, се квалификуваше ...

Последниот натпревар од 18.коло од МТел Супер кошаркарската лига се игра попладнево во Гевгелија (Негорски бањи), а тоа воедно е и дербито на колото дуелот на двете првопласирани екипи ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром. Почетокот на дуелот е во 17 часот. ТФТ кој е лидер на табелата има еден пораз во седмото коло токму од денешниот ривал, додека првакот МЗТ Скопје Аеродром има еден „службен пораз“ од екипата на Ангели притоа и не доби бод за ...

На синоќа одиграните први натпревари од осминафиналето од УЕФА Конференциската лига повеќе радост имаа гостите, кои на половина од дуелите постигнаа победи, додека два натпревара завршија со триумф на домашни екипи и два без голови. Победите на гостински терен на Шахтјар, Стразбур, Рајо Ваљекано и на АЕК им обезбедува убава предност и можност за пласман во четвртфиналето. Резултати на првите осмина финални натпревари: АЗ – Спарта Прага 2:1 ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го намали буџетот за претстојниот Мундијал. Во својот годишен извештај за 2024 година, ФИФА презентираше проектиран буџет за периодот од 2023 до 2026 година, во кој оперативните трошоци за Светското првенство беа проектирани на 1,12 милијарди долари и вкупен буџет од 3,756 милијарди долари, вклучувајќи ги наградите и телевизиските операции. Како што објавува „The Athletic“, повикувајќи се свои извори во ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ). Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15. Во второто полувреме ...

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6, 6:4, 7:6 (7:5). Дваесет и четиригодишниот Британец сервираше 13 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 3 од 7 брејк топки. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ имаше 4 аса, 2 двојни грешки и реализираше 3 од 6 брејк топки. Во четвртфиналето, Дрејпер ќе се соочи со Русинот Даниил Медведев, кој го победи Американецот Алекс ...

Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Денвер на ноќешните натпревари остварија победи предводени од Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. „Езерџиите“ го совладаа Чикаго Булс со 142:130, а Дончиќ беше само на една асистенција од „трипл-дабл“. Дуелот го заврши со 51 поен, 10 скокови и 9 асистенции. Одличен настап во дресот на Денвер имаше Никола Јокиќ, кој го предводеше својот тим до победа на гости против Сан Антонио со 136:131, иако неговиот тим беше во ...

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ќе отсуствува уште 10 дена поради проблем со коленото. „Воините“ објавија дека Кари ќе отсуствува уште најмалку 10 дена поради проблем со десното колено. Ова значи дека 37-годишниот Американец ќе отсуствува уште најмалку пет натпревари од регуларната сезона на НБА. Тој моментално пропушти 15 последователни натпревари поради синдром на пателофеморална болка, познат како синдром на тркачко колено, ...

На осумте први натпревари од осминафиналето во Лигата Европа синоќа на седум дуели беа постигнати од еден до два гола, а единствено три имаше на натпреварот меѓу Штутгарт и Порто. Гостите беа поуспешни откако во период од седум минути постигнаа два гола. Резултати на првите осмина финални дуели: Болоња – Рома 1:1 Лил – Астон Вила 0:1 Панатинаикос – Реал Бетис 1:0 Штутгарт – Порто 1:2 Селта – Олимпик Лион 1:1 Ференцварош – Брага 2:0 Генк – ...

Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027, откако вечерва претрпе убедлив пораз на гостински терен од Данска со 125-57 Во ослабен состав без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која стави крај на професионалната кариера, како и отсутните Ивана Кметовска и Матеа Николиќ, македонските кошаркарки без немоќни да му се спротивстават на данскиот ...

Мексико, кој заедно со САД и Канада ова лето ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство, ќе настапи на завршниот турнир без својот прв голман Луис Анхел Малагон (29), кој ја скина Ахиловата тетива на левата нога. -Се чувствувам повредено, тажно и душата ми е на парчиња. Се обидувам да најдам смисла во сето ова и се прашувам: „Зошто?“. Постојат моменти во животот кои се тешки за разбирање, особено доколку секогаш сте правеле сè како ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
67%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25