Челзи, синоќа со импресивен пресврт во Вроцлав, го победи Бетис со 4:1 и го освои трофејот во Конференциската лига. „Сините“ сега се единствениот тим со трофеј во сите натпреварувања во организација на УЕФА. Титулата во Конференциската лига на Челси им донесе и парична награда, кој сепак е мизерна во однос на наградите кои се делат во Лигата на шампионите. Сезоната во Конференциската лига, Челси ја заврши без пораз, со само еден нерешен ...

Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен. Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири. „Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. Тој ќе биде добро и важно засилување за нас со своите технички квалитети, како и со ...

На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути ...

Интер Мајами го победи тимот на Монтреал со од 4:2 и ја прекина лошата серија во МЛС лигата. Тимот од Мајами не славеше во последните четири натпревари, но осовината од Барселона, Меси-Суарез стави крај на лошата низа. Аргентинецот постигна два гола и асистираше во првата победа на Интер во последните пет натпревари. Му помогна и неговиот поранешен соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој исто така постигна два гола и забележа асистенција. Во ...

Индијана Пејсерс се првиот тим во финалната серија на Источната конференција што победил дома, во Индијанаполис ги победија Њујорк Никс со 130:121 (43:35, 26:29, 33:27, 28:30) и поведоа со 3-1 во серијата. Несомнениот херој на оваа победа е плејмејкерот Тајрис Халибартон, кој за 38 минути на паркетот постигна 32 поени (11/23 од поле и 5/12 за три) со 12 скока, 15 асистенции и четири украдени топки, а овој трипл-дабл на 25-годишникот кој играше ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, верува дека неговите играчи ќе имаат корист откако беа со свирежи испратени од теренот во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ загубија со 1:0 од АСЕАН Ол-стар тимот. Откако ја завршија лошата сезона во Премиер лигата со победа против Астон Вила во неделата, клубот прелета 6.600 милји до Малезија, но ни таму не успеаја да ги тргнат проблемите што ги следат низа целата сезона. Натпреварот се одигра по ...

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, веднаш се зафати со работа, целта му е да го убеди Масимилијано Алегри да го преземе тимот. Милан на Алегри му подготви тригодишен договор, според кој би заработувал 10,5 милиони евра фиксна плата плус разни бонуси. Поранешниот тренер на Јувентус, ја одбил понудата. Бара фиксни пет милиони евра по сезона, односно 15 милиони евра за три години. Алегри веќе работеше како шеф на тренерскиот штаб во ...

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го доведе првото засилување за следната сезона. Тригодишен договор со Реал потпиша поранешниот плејмејкер на Асвел, Тео Маледон. Убедливо најдобриот првотимец на тимот од Вилвербан во неодамна завршената сезона во Евролигата, со тоа го официјализираше принципиелниот договор што го имаше со „кралскиот клуб“ веќе некое време. Преминувањето во редовите на најтрофејниот европски клуб несомнено ќе биде чекор напред во ...

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“ во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 (0:1). Челси е првиот тим со титули во трите натпреварувања во организација на Европската фудбалска унија. „Сините“ од Лондон, во вториот дел, во интервал од 18 минути го скршија Бетис, чија игра целосно се распадна по 52.минута, кога поради повреда теренот го ...

Бразилецот Луис Енрике (23) и Интер постигнаа договор, клубовите исто така се согласија, што значи дека поранешниот крилен напаѓач на Олимпик Марсеј ќе му биде на располагање на Симоне Инзаги за Светското клупско првенство. Потврдено е дека Енрике наскоро ќе стане нов играч на „нероазурите“, и прво засилување за следната сезона, која практично започнува кон средината на јуни кога ќе стартува клупскиот Мундијал во САД. Олимпик ќе добие 23 милиони ...

Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите ПСЖ – Интер, фокусот на француските медиуми е на големиот талент на Црвена звезда Андрија Максимовиќ. Бројни новинари од Франција во средата напишаа дека ПСЖ работи на трансферот на Максимовиќ и дека раководството на францускиот шампион сака што поскоро да го заврши трансферот и да ја победи конкуренцијата од Германија и Англија. Максимовиќ ќе наполни 18 години на крајот од следната недела, на 5. ...

Лацио e еден од клубовите во Серија А кој ќе влезе во новата сезона со нов тренер. Јасно е дека по шокантниот пораз од Лече, во последното коло, тренерот Барони си го потпиша отказното решение. Лацио во финишот на сезона одигра лошо, а поразот од Лече го остави без настап во европските купови. Новинарот, Џанлука ди Марцио, објави дека Маурицио Сари добил понуда да се врати на „Олимпико“. Искусниот тренер нема работа откако го напушти Лацио каде ...

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби со 3-2 во сетови од Камерон Нори во првото коло на Ролан Гарос. Британецот Нори, кој пред пет дена загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Женева, ја приреди првата голема сензација на Ролан Гарос. Елиминација на еден од најдобрите тенисери на планетата, Данил Медведев е сензација и покрај тоа што најмалку сака да игра на земјена подлога. Инаку, во проектираното осминафинале Медведев требаше ...

Француската фудбалска легенда Мишел Платини влезе во одбрана на својот сонародник Килијан Мбапе поради критиките за неговата дебитантска сезона во Реал Мадрид, нарекувајќи го напаѓачот „феномен“ и инсистирајќи дека треба да игра на свој начин и да не се споредува со Лионел Меси. -Мбапе е феномен. Тој е напаѓач кој постигнува голови. Не го терајте да игра како Меси, Лука Модриќ, Платини или Зидан. Тој е стрелец. Централен напаѓач или не, не знам ...

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, речиси сигурно ќе го засили Арсенал. Шпанскиот репрезентативец треба да се појави на лекарските прегледи, дознаваат британските „Би-би-си“ и „Скај Спортс“, а трансферот наскоро ќе биде завршен. Единствената пречка за официјализирање на новото засилување на „Емирати“ е лекарскиот преглед. Доколку Зубименди успешно го помине, тој ќе стане првото засилување на Арсенал за следната сезона. Фудбалерот од ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите правни тела и побара покренување на судски постапки против клубовите РК Алкалоид и АЕК Атина, стои во денешното сооопштение на централата по повод неодиграното реванш финале помеѓу двата клуба во ЕХФ Европскиот Куп. Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските ...

Рубен Аморим го извести Манчестер јунајтед дека ќе остане менаџер и следната сезона и во исто време му порача на Алехандро Гарнача да бара нов клуб. По поразот од Тотенхем, минатата среда, во финалето на Лига Европа, Португалецот понуди да го напушти клубот бесплатно доколку одборот или навивачите повеќе не веруваат дека тој е вистинскиот човек за тренерската функција. Сепак, тој постојано повторуваше дека нема намера да поднесе оставка, и ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на играчи повикани за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Белгија на 6. јуни во Скопјe и Казахстан на 9. јуни во Астана. Нa списокот на селекторот Благоја Милевски, единствениот дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Белград. Дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и играчот од средниот ред Лирим Чамили, ќе ...

Жозе Мурињо не успеа да му ја врати титулата на Фенербахче, не успеа да оствари значаен резултат оваа сезона. Двојната круна во Турција ја освои најголемиот ривал Галатасарај, а Фенер не успеа да оствари забележителен резултат ниту во Лига Европа. Жозе Мурињо се наоѓа под голем притисок, трпи критики, не само порди резултатите, туку и поради однесувањето и изјавите што ги даваше во текот на сезоната. Според медиумите, Мурињо и неговиот тим дното ...

Творецот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, како што сега стојат работите ќего напушти клубот. Италијанските медиуми објавуваат дека претставниците на клубот, со исклучок на сопственикот Стив Паљука од една страна, и тренерот Гасперини од друга страна, одржале состанок на кој, била одредена понатамошната судбина на искусниот тренер. По состанокот, според извештаите, Гасперини е поблиску до заминување од клубот, кој во изминатите девет години, од ...

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изјави дека може да игра до 40 години и дека сè уште е во преговори со клубови во Саудиска Арабија за евентуален трансфер откако ќе му истече договорот со Ливерпул, објави во средата британскиот сервис, Би-Би-Си. Напаѓачот на Ливерпул, кој неодамна наполни 32 години, имаше добра сезона во која постигна 29 гола и запиша 18 асистенции. Салах беше најзаслужен за титулата во Премиер лигата, 20. во историјата на ...

Бразилецот Матеус Куња (26) ќе биде првото засилување за Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Трите страни постигнале договор, останува уште напаѓачот да го стави својот потпис на договорот. Манчестер јунајтед на Вулверхемптон ќе му платат 74 милиони евра, на три рати во период од две години. Првата рата од 25 милиони евра ќе биде исплатена ова лето, втората по завршувањето на следната сезона, а третата во летото 2027 година. Јунајтед ...

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека негов „сон“ е да биде селектор на Франција и дека со нетрпение ја чека можноста да ја преземе, објави денес „Лекип“. „Чувствувам дека имам легитимитет кога станува збор за француската репрезентација, за која играв и поминав практично 12, 13, 14 години како играч. Секако дека тоа е сон за мене, едвај чекам“ – рече Зидан за време на настан организиран од ...

Шарл Леклер, возачот на Ферари, не беше задоволен од исходот на трката во Монако. Леклер ја заврши трката на својата домашна патека во Монте Карло на второто место, зад возачот на Мекларен, Ландо Норис. Леклер го освои вториот подиум на Ферари оваа сезона (првиот беше во Кина) и ова е втор пат во неговата кариера да биде на подиумот на домашната трка, откако победи во 2024 година. „Денешната трка ја загубивме вчера. На крајот на краиштата, ...

Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ го објави скратениот список за претстојното СП за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во Полска. Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице. Собирот ќе се одржи на 08.06.2025 во 12:00 часот пред РФМ, а потоа ракометарите продолжуваат за Маврово каде ќе ...

Навивачите на Челзи и Реал Бетис се судрија пред финалето на Конференциската лига во Вроцлав, што предизвика интервенција на полската полиција која употреби солзавец. Судирите избувнаа пред баровите, каде што навивачите фрлаа столчиња и други предмети, а насилството ескалираше до тој степен што полицијата мораше да реагира за да спречи понатамошни нарушувања на јавниот ред и мир. Во Вроцлав има зголемено присуство на полицијата на местата каде ...

Манчестер Сити е подготвен да понуди 80 милиони евра за најдобриот фудбалер на Милан оваа сезона, Холанѓанецот Рејндерс. Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан не сака слушне за трансфер на играчот и најави дека ќе ги одбие сите понуди. 26-годишниот играч од средниот ред на репрезентацијата на Холандија постигна 10 гола и имаше 4 асистенции во 37 натпревари за Милан во италијанското првенство минатата сезона. Засега не се знае ставот ...

Финалето од четвртата сезона на Конференциската лига, најмладото европско клупско натпреварување, е закажано за вечерва во 21:00 часот во Вроцлав. За трофејот ќе се борат Челзи и Бетис. Челзи изгледаше како главен кандидат за титулата од почетокот на лигашката фаза, а тимот на Енцо Мареска пристигна во Полска со цел да постигне уникатен успех. Со триумф, „сините“ ќе станат првиот клуб што освоил трофеи во сите пет големи европски натпреварувања, ...

Шпанските медиуми објавуваат вести за нов потенцијално голем трансфер од Барселона. Матео Морето, новинар на „Релево“, тврди дека каталонскиот гигант силно го сакаат Маркус Рашфорд, 27-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед, кој ја помина втората половина од сезоната на позајмица во Астон Вила. „И тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко го ценат, а Барселона веќе еднаш сакаше да го доведе. Тој сè уште е на нивниот радар“, пишува Морето. ...

Во среда во 21:00 часот, Бетис и Челзи во Вроцлав, Полска, ќе се борат за трофејот во Конференциската лига. Челзи би можел да стане единствениот клуб што го освоил трофејот во сите три натпреварувања на УЕФА, откако Жозе Мурињо го направи тоа како менаџер. Ден претходно, традиционално, се се одржаа прес-конференциите, а капитенот Иско и тренерот Мануел Пелегрини беа пред новинарите од таборот на Бетис. Секако, имаше разни прашања поврзани со ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
64%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.58
40%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
21%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
27%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
51%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
69%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315