Главната награда „Кромид“ за најдобар долгометражен филм на 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја доби „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ. Фестивалот беше затворен синоќа откако од 21 август се одржуваше под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“. Комисијата во состав Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова едногласно го награди „Земја и крилја“ за „прецизноста на избраната дистанца, измерена со ...

Синоќа заврши 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“. Традиционално на „МакеДокс“ се доделуваат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваа 15 интернационални ...