На сите ние е познат проблемот кој го претставуваат пластичните сламки кои се користат за пиење на пијалаци, кои исто како пластичните ќеси се сметаат како голем еколошки проблем во светот, додека повеќето други производи продолжуваат да го користат овој материјал во многу поголема количина. Како и да е, тоа не значи дека не некого не може да му дојдат интересни и креативни идеи на оваа тема. The Ice Straw од The Ice Guys е алтернатива на ...

Atlas е изменета верзија од Windows 10 која треба да им овозможи на гејмерите подобро искуство кога ги играат игрите. Од друга страна, Atlas се промовира и како одлична алтернатива на Windows 10 за корисниците кои имаат постари и веќе забавени компјутери. Причината поради која овој оперативен систем е погоден за овие две ситуации е тргањето на голем дел од функциите, процесите и сервисите со кои стандардно доаѓа Windows 10. Со тоа се добива ...

Апликацијата Waze, која е позната по нестандардните функции кои на корисниците им овозможуваат корисни информации при патувањата, тестира уште една ваква за нив карактеристична функција. Овој пат корисниците добиваат предупредување доколку патот ги води во делови кои претставуваат ризик за сообраќајна незгода. Поточно, патиштата каде што често се пријавувани незгоди, ќе биде означувани со црвена боја, а корисниците ќе добијат и едно известување ...

iOS 16 донесува доста добра листа на новости, па иако не се работи за драстична промена на оперативниот систем, променети се делови кои одамна не се „чепнати“ од страна на Apple. За новините во iOS 16 веќе пишувавме, но истите сега може да ги видите во ново видео кое го објави Apple преку кое истакнуваат и на кратко објаснуваат 10 од најдобрите новини. Видеото „10 helpfull iPhone tips“ прикажува новини како што е можноста да се извади објект од ...

„Макпетрол“ АД е компанија која постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива. Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти. Овој пат, ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави новиот јавен повик „Со дигитална трансформација до иновација” кој се реализира во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ. Повикот е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор, со цел да се овозможи зголемување на иновативноства и конкурентноста на ...

Остануваат уште околу месец дена до претставувањето на Galaxy S23 серијата, а најверојатно најважната новина која ќе ја донесат овие телефони е користењето на Snapdragon чипот во сите региони од светот. Тоа значи дека европските корисници, односно корисниците во нашата земја, нема да ја добијат верзијата со Exynos, која не се покажува баш најдобро изминатите години. Најнова неофицијална информација поврзана со перформансите на Galaxy S23 ...

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија. Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото ...

Скопје, 28.12.2022 – Започна пријавувањето за најдобрите е-продавници во Македонија за 2022 година. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија по втор пат го организира овој избор со кој ќе се наградат најдобрите во е-трговијата во нашата земја за 2022 година. Најдобрите македонски е-трговци ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање”, “Најдобри е-продавници по сектори” и ...

LG, поточно подружницата LG Innotek, претстави нов модул за камерите кај смартфоните кој кратко кажано, донесува вистинско оптичко зумирање кое исто така ќе овозможи и задржување на квалитетот на сликата при сликање на вакви слики. Овој нов модул наречен Optical Telephoto Zoom Camera Module, ќе биде официјално претставен на CES 2023 идната недела, а од компанијата веќе добија награда од саемот за овој производ. Најавена е и соработка со ...

Некои можеби и заборавија на Fan Edition верзијата од Galaxy S серијата, додека други сигурно мислат дека Samsung ја имаат откажано. Најнови информации сепак тврдат дека тоа не е случајот, па идната година може да се очекува оваа комбинирана и поевтина верзија, односно Galaxy S22 FE. Тоа што ја прави оваа информација уште поинтересна е што се тврди дека Galaxy S22 FE ќе работи на наредната генерација од наводно откажаниот Exynos чип, поточно ...

OnePlus го најави настанот на кој ќе го претстават нивниот OnePlus 11, како и уште неколку други производи, за 7 февруари идната година. Сепак, овој телефон ќе го видиме месец дена порано затоа што ќе биде претставен прво во Кина, а настанот во оваа земја е закажан за 4 јануари, односно идната среда. Претставувањето во Кина беше најавено преку кинеската мрежа Weibo, на која беа објавени и слики од изгледот на телефонот, како и неколку ...

Според познатиот медиум Reuters, наредните на листата за купување од страна на Microsoft се Netflix. Оваа компанија претставува логичен нареден чекор, а од Reuters имаат и неколку аргументи зошто сметаат дека тоа е така. Тие исто така истакнуваат дека Сатја Надела, по стапувањето на позицијата главен директор на Microsoft во 2014, ги направи некои од најголемите купувања на компании. Тука се купувањето на компанијата која ја развиваше познатата ...

Microsoft ја воведе Delivery Optimization функцијата уште во Windows 10, а истата овозможува надградба на системот користејќи и други компјутери како извор, не само серверите на компанијата. Ова е нешто што ја намалува оптовареноста на серверите на Microsoft, но исто така може да е одлично за компаниите кои може да ја намалат количината на симнати податоци инсталирајќи ги надградбите без потреба да се симнат истите датотеки на сите компјутери. ...

Скопје, 27. Декември 2022 – Компанијата Samsung објави дека постигнала значајно достигнување на патот кон исполнување на целите за одржлив развој или глобалните цели со придонес од над 10 милиони долари во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Средствата беа собрани преку апликацијата Samsung Global Goals и ќе му помогнат на УНДП да ја промовира издржливоста и да го забрза напредокот ширум светот. Глобалните цели поставени од ...

Notepad е една од постарите апликации на Windows која се’ уште е достапна во истата форма и скоро со истите функции до ден денес. Оваа апликација во главно се користи за отворање на „.txt“ датотеките од страна на корисниците кои обично не работат и со другите датотеки кои се отвораат со ваквите апликации. Тие кои работат со такви датотеки користат доста понапредни апликации, а и Microsoft има таква, што значи дека Notepad не се обидува да ...

Полека се ближи денот на претставување на Galaxy S23 серијата, па поради тоа се зголемува и бројот на неофицијални информации кои стандардно излегуваат пред ваквите настани. Вчера можевме да ги видиме првите неофицијални слики од наводно промотивен материјал од Samsung. Овие слики ги прикажаа Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra, потврдувајќи ги информациите за изгледот на уредите, а можеа да се видат и новите бои. Денес нови информации тврдат дека ...

До развојот на подобри батерии, нешто што го чекаме и за преносните уреди, потребни се други креативни решенија за продолжување на километражата која можат да ја поминат електричните автомобили со едно полнење. Веќе е познат системот кој ја искористува енергија при кочење на автомобилот, па батеријата добива мало дополнување, доволно за хибридните возила да немаат потреба од приклучување на електричната мрежа. BMW има и друга замисла за тоа како ...

Galaxy S23 серијата треба да биде претставена на настан на почетокот од февруари идната година, а според информациите, тоа ќе се случи на 1 февруари. Досега можевме да прочитаме доволно информации за уредите, како и обично, па во основа знаеме што да очекуваме. Како и секогаш, истакнуваме дека најголемата новина ќе биде поврзана со чипот на кој ќе работат овие уреди, овој пат во сите земји во светот. Snapdragon 8 Gen 2 треба да биде достапен и ...

Уште се обидувате да се решите како да почнете со некаква физичка активност која е директно поврзана со здравјето, а може да помогне и при одржувањето на саканата тежина, но никако тоа да го направите? Епа Netflix е тука да ви помогне и за тоа, покрај „помошта“ за гледање на филмови и серии. Од компанијата во соработка со Nike, ги донесуваат видеата кои се достапни на апликацијата Nike Training Club за сите корисници на Netflix. Ќе бидат пуштени ...

Познатиот случај од 2018 со британската компанија Cambridge Analytica, ги покажа дотогашните верувања за тоа дали Facebook доволно се грижи за приватноста на своите корисници, односно за нивните податоци. Во основа, за потсетување, овој случај покажа дека компаниите користејќи обична Facebook апликација, можат да дојдат до скоро сите податоци кои се поврзани со корисниците. Тоа го имаат направено од Cambridge Analytica користејќи апликација која ...

YouTube Music е еден од најпознатите сервиси за стриминг на музика на пазарот, иако со некои од карактеристиките заостанува зад конкурентите. Еден пример за тоа е стандардниот квалитет на стримингот, за разлика од некои од конкурентите кои нудат „lossless“ формат. Уште една функцијата кај YouTube Music е нешто полоша од конкурентите, а тоа е прикажувањето на стиховите од песните. Кај Apple Music, на пример, текстот се синхронизира со песната, па ...

Повеќе од 40 компании во Македонија имаат лиценци за увоз на природен гас, што целосно ги демантира тврдењата на министерот за економија, Крешник Бектеши, дека „Макпетрол“ има монополска позиција на овој пазар. Оваа изјава, како и низа други кои што од негова страна беа пласирани, служат само за да ја дефокусираат јавноста од главниот проблем – дека државата и нејзините институции популистички се фалат оти пазарот со природен гас е ...

Netflix минатиот месец го најави „спинофот“ од една од подобрите серии при крајот на деведесеттите, That ‘70s Show. Новата серија која е еден вид на продолжеток е наречена That ‘90s Show и се одвива во 1995 година, повторно во подрумот на Ред и Кити. Секако, Ред не е баш среќен што повторно деца ќе се собираат во неговата куќа, но тоа го прави неговиот карактер интересен. Новата серија се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен ...

На почетокот од месецот познатата компанијата за чување на лозинки, LastPass, излезе со информација дека нивните системи кои се на сервери од трета страна, биле пробиени, по што е дојдено со дел од податоците на корисниците. Ова пробивање, како што беше истакнато и на почетокот од месецот, а повторно и во најновата објава, е резултат на претходно пробивање на системите оваа година кога е дојдено до делови од кодот со кој функционира сервисот. ...

Скопје, 23.12.2022 – На овогодинешната конференција за е-трговија која се одржа на 11 ноември во Скопје беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2022 година со наслов „E-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”, каде што беа презентирани клучните сознанија за состојбата на е-трговијата во земјата и регионот, според кои може да се забележи напредок и раст во бројот и обемот на ...

Скопје, 23.12.2022 – Во изминатите два месеци, се реализираше акцијата за пошумување на шумските насади наречена „СОНЧЕВА ГОРА“ во чии рамки Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу 40.000 дрва – 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Со оваа акција се реализираше ветувањето што беше ...

Twitter можноста за гледање на статистики поврзани со секоја објава, нешто што го има кај бизнис сметките, ја пушти за сите корисници. Сега секој може да притисне на новото копче под нивните објави и да види колку пати таа објава е видена од следбениците и слично. Елон Маск излезе со информација, по додавањето на ваквата можност, дека објавите многу повеќе се читаат во споредба со тоа колку „лајкови“ добиваат. Според него, објавите се читани ...

Ако го запрашате секој креативец, без разлика на областа од уметноста со која тој се занимава, ќе ви одговори дека инспирацијата секогаш надоаѓа неочекувано, во кој било момент, а моментот ако се искористи, тогаш настануваат одлични креативни решенија и дела. Неретко сме гледале луѓе околу нас кои со себе секогаш носат пенкало или молив, некој мал нотес или кнужуле за да го искористат моментот и ја запишат мислата или исцртаат креацијата. Веќе ...

Познато е дека Netflix ќе почне да го спроведува своето правило дека сметките не смее да се користат од корисници во различни домаќинства, односно дополнителните профили на сервисот се замислени да бидат за различните корисници во семејството. Најавите се дека промените ќе почнат да се прават од идната година, а според Wall Street Journal, истите ќе се случат од почетокот на годината. Според најавите од овој медиум, Netflix не сака да навлече ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.25
60%
1018
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
0.63
76%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.71
63%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.48
91%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.19
69%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.35
79%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
68%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.97
81%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.01
63%
1017
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.89
65%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
74%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.68
71%
1016
Currency

61.535

Currency

54.9881

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69