
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Google, односно YouTube ги објави најпопуларните видеа и креатори за оваа година, од која остануваат уште неколку недели. Оваа година се разликува по тоа што за првпат е објавена топ листа со најпопуларни Shorts видеа, кои нема мрежа на која не се популарни и се „копија“ на TikTok, односно на копијата на TikTok од Meta, Facebook и Instagram Reels. Од YouTube истакнуваат дека најпопуларните видеа оваа година покажуваат дека индивидуалните, онлајн ...
Нема збор дека Tesla автомобилите се можеби најпопуларните во светот и оваа компанија е директно одговорна за почетокот на „револуцијата“ со електрични автомобили. Сега нема ниту еден од поголемите производители кои немаат сопствени електрични автомобили, а повеќето од нив планираат целосно да се префрлат на електрични модели во наредните 15тина години. Tesla автомобилите не се познати само по оваа нивна главна карактеристика. Компанијата ...
Изгледа дека состанокот кој го имаа Елон Маск и Тим Кук во просториите на Apple минатата недела, ги има решено сите проблеми помеѓу овие две компании. Проблемите може да се каже дека беа помеѓу Apple и Елон Маск, во главно поради можниот правец кој ќе го има Twitter по купувањето на мрежата од страна на Маск. Според информациите, Маск за време на Twitter Spaces говор, истакнал дека Apple целосно има продолжено со рекламирање на мрежата. Исто ...
Google ја врати популарноста на својата апликација за SMS пораки, Messages, со воведувањето на новиот систем наречен RCS. Со овој систем, за кој поддршка дадоа операторите, корисниците можат да испраќаат поголеми пораки преку Google Messages, можат да гледаат кога другата страна пишува, кога ја има видено пораката, како и да испраќаат слики. Ова се карактеристики кои се стандардни кај останатите апликации за пораки, па Google ги воведе и кај ...
Airbus објави дека започнале со развој на мотор за авиони кој како погон би користел горивни ќелии со водород. Ова е нешто што веќе се користи кај автомобилите, па е до некаде нестандардно за користење кај авионите. Од компанијата истакнуваат дека има два начина на кои може да се користи водородот како извор на енергија кај авионите. Едниот е преку користење за мотор сличен како кај млазните авиони, преку согорување на водород во гасна турбина. ...
Како што беше најавено во октомври оваа година, Tesla во текот на вчерашниот ден ги достави првите Semi камиони на своите клиенти. Како прв клиент е познатата компанија PepsiCo, кои имаат резервирано 100 Tesla Semi камиони. Доставувањето на првите произведени камиони Tesla Semi беше одбележано со посебен настан, а ова дефинитивно е голем период за компанијата која камионот го претстави пред пет години. Производството требаше да започне во 2019, ...
Apple оваа недела ги објави победниците на апликации на годината на различните уредите кои ги имаат, за првпат доделија и награда за поткаст на годината. Наградата, која е во форма на логото на Apple Podcats апликацијата, беше доделена на Slate поткастот за нивното шоу Slow Burn и најновата сезона „Roe v. Wade“, во која се разгледуваат случувањата кои довеле до познатата одлука на Врховниот Суд во САД во 1973. Укинувањето на одлуката оваа година ...
Еден од најпознатите сервиси за безбедно чување на лозинки и други важни податоци, LastPass, повторно е пробиен од страна на хакери. Информацијата ја објави директорот на компанијата Карим Тоуба и споделува повеќе детали околу тоа што се има случено. Според информациите, забележана била невообичаена активност на сервери од трета страна кои ги користат од компанијата, како и една од нивните подружници GoTo. Од направената истрага, за што била ...
Mozilla како организација се познати по тоа што работат со отворен код и се грижат за приватноста на корисниците. Тоа го прават преку собирање што е можно помалку податоци од корисниците на Firefox и нивните сервиси, како и тоа што се едни од првите кои почнаа да вклучуваат блокирање на тракерите. Firefox Translations е нов додаток за Firefox прелистувачот кој е направен врз основа на овие принципи на организацијата. Преведувањето на веб ...
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година. Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни ...
Ко-основачот на познатиот бренд OnePlus и основач на компанијата Nothing, Карл Пеи, кој имаше доста што да каже за пазарот на смартфони и како неговата компанија ќе претстави нешто поразлично на пазарот, направи рецензија на iPhone 14 Pro. Дефинитивно е интересно да се видат официјалните ставови на директорот на една компанија за некој нивни конкурент. Ова дополнително е интересно и поради начинот на кој Карл Пеи настапува во јавноста, а и ...
Нешто повеќе од две години по претставувањето на новиот вид на Gorilla Glass наречен Victus, Corning ја претстави втората генерација, Gorilla Glass Victus 2. Главната новина која се истакнува со втората генерација од Gorilla Glass Victus е подобрувањето на заштитата при пад на тврда површина. Ова е нешто што е побарано од производителите на смартфони, а и истражувањата на компанијата покажале дека овие ситуации претставуваат најголем проблем за ...
Елон Маск пред неколку денови објави дека Apple се имаат закането дека ќе ја тргнат Twitter апликацијата од App Store. Тој исто така истакна дека од компанијата ги имаат прекинато скоро сите реклами на мрежата, нешто што го направија многу компании по купувањето на Twitter од страна на Маск. Во текот на вчерашниот ден Маск објави кратко видео од езерцето кое е дел од кампусот на Apple и му се заблагодари на Тим Кук што го прошетал низ просторот ...
Apple и Google ги објавија најдобрите апликации во App Store и Play Store за 2022 година. Двете компании имаат нешто поразличен пристап, па Apple самите одлучуваат кои апликации ги добиваат „наградите“, додека Google има комбиниран пристап, а со тоа и повеќе апликации се на нивната листа. iPhone апликацијата на годината за 2022 е BeReal. Ова е нова апликација која брзо доби на популарност и истата функционира преку две минутно снимање со двете ...
27 годишен маж во скоро 2 часот наутро купил 300 iPhone телефони од познатата Apple продавница на Петтата Авенија во Њујорк. Според информациите, не било првпат тој да купи ваква голема количина на телефони, а тоа го правел со цел да ги продава подоцна преку неговиот бизнис. Во тој период биле достапни и попусти поради „црниот петок“, па јасна е одлуката за купување, но не и зошто толку касно во вечерта. Сите телефони биле ставени во три торби, ...
Додека се чека на повторното пуштање на новата Twitter Blue претплата со изменетите правила, Елон Маск објави слајдови од неговата презентација во компанијата. Од овие слајдови може да се видат дел од плановите кои ги има тој за Twitter во периодот што следи, а дел од нив го привлекуваат вниманието и на обичните корисници. За почеток Маск објавува слајдови кои покажуваат дека мрежата има најголем број досега на нови корисници, како и минути на ...
Една од најдобрите серии при крајот на деведесеттите, барем за нас, That 70’s Show, добива продолжение или како што се нарекува „спиноф“. Новата серија е наречена That 90’s Show и е направена од страна на Netflix, каде ќе може и да се гледа со почеток на 19 јануари идната година. Серијата се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен распуст се решава да го помине кај нејзините баба и дедо. Тоа значи дека во оваа серија ќе ги има ...
Втората генерација од одличниот M1 чип од Apple ја видовме во јуни оваа година со претставувањето на MacBook Air M2 и MacBook Pro 13. Како што беше случајот со првиот чип, подоцна се очекуваат нови и посилни верзии, па за идната година ги чекаме M2 Pro и M2 Max. Дел од уредите кои сега ги чекаме идната година, првично се очекуваа за оваа, но веќе е јасно дека Apple заврши со претставување на Mac компјутери за 2022. Идната година ги очекуваме ...
Microsoft оваа недела ја пушти најверојатно последната надградба за Windows 11 за оваа година, а истата донесе две помали новини кои сепак вреди да се истакнат. Првата новина е поврзана со изгледот на системот, односно со Personalize делот во Settings. Корисниците, кои веќе ја имаа можноста да ја изберат Windows Spotlight функцијата, сега истата можат да ја изберат како посебна тема. Со ова Windows Spotlight станува подиректно достапна и ...
Корисниците на познатиот кинески бренд OnePlus кои ќе купат некои од нивните телефони идната година ќе добиваат подолга поддршка од досега. Моменталната политика на компанијата е на ниво на таа од Google, па корисниците на моделите од највисоката класа добиваат три години на надградби на системот, како и четири години на безбедносни надградби. Од идната година, ваквите модели добиваат една дополнителна година, односно четири години на надградба ...
Парискиот стартап Neoplants на пазарот го претстави првото специјално развиено растение кое треба да го однесе прочистувањето на воздухот во домовите на наредно ниво. Веќе е познато дека растенијата во домот се добри за воздухот, па покрај тоа што тие го собираат јаглеродниот диоксид, тие можат да соберат и по некоја од несаканите честички кои се стандардно достапни во просториите. Neoplants, преку нивното Neo P1 растение, сакаат да ја зголемат ...
Twitter дефинитивно има проблеми по промената на сопственикот, а дел од тие проблеми произлегуваат од притисокот кој некои компании сакаат да го направат врз Маск во правец на промената на политиката на мрежата. Една од тие компании е и Apple, кои според Маск се заканиле дека ќе ја тргнат апликацијата од продавницата за апликации, а за тоа немаат дадено објаснување зошто. Маск веќе објави дека очекува вакви случувања, а доколку Twitter биде ...
Продолжуваат информациите за iPhone 15 серијата, иако истата ќе биде претставена идниот септември. Веќе можевме да прочитаме дека треба да се очекуваат поголеми подобрувања кај камерите на оваа серија, а посебно кај Pro моделите, па сега има и конкретни информации зошто тоа може да се очекува. Според информации од Nikkei Asia, iPhone 15 телефоните ќе користат нов сензор за камерите од Sony кој е ново развиен од компанијата и ќе почне да се ...
Елон Маск во текот на вчерашниот ден објави преку Twitter дека планира да ги објави датотеките поврзани со задушувањето на слободата на говор на мрежата. Објавата иронично ќе биде на Twitter, се разбира, а Маск додаде дека јавноста има право да знае што навистина се има случувано. На што се мисли кога се кажува изјавата задушување на слободата на говор, а посебно што според некои тоа што се има правено е правено со причина и е оправдано. ...
Претставувањето на Galaxy S23 серијата е можеби едно од најголемите очекувања кај корисниците кога се во прашање мобилните телефони. Како и секоја година, Samsung својата Galaxy S серијата ја претставува во февруари, а оваа година тоа беше на 9ти. Според неофицијалните информации, идната година Unpacked настанот може да се очекува и нешто порано, односно веќе во првата недела од месецот. Настанот треба да се одржи во Сан Франциско и да биде со ...
Од информациите кои досега можеа да се прочитаат, Galaxy S23 серијата од Samsung ќе биде доста популарна и барана од страна на корисниците. Од идната година Samsung треба да го користи Snapdragon 8 Gen 2 чипот во сите региони во светот, што значи дека веќе нема да се користи Exynos во Европа, а се најавуваат и дополнителни новини, како големо подобрување кај камерите и слично. Една од тие новини кои се најавуваат е и користење на најновиот ...
LG Display најави технологија која ќе овозможи повеќе површини во автомобилите да се претворат во звучници. Оваа технологија веќе се користи кај телевизорите, а од компанијата ја донесуваат кај автомобилите. Се работи за „Thin Actuator Sound Solution“, што во основа е мал панел кој вибрира од екрани, но и од различни материјали, со што се овозможува претворање на повеќе површини во автомобилите во звучници. Со тоа, истакнуваат од компанијата, ...
Скопје, 28.11.2022 г. – Како компанија која е докажан водач во дигиталниот свет и посветена на креирање продукти и услуги кои секогаш нудат дополнителна вредност за корисниците, А1 Македонија со задоволство го најавува најновото и уникатно проширување на своето портфолио и за прв пат, заедно со Триглав Осигурување нуди осигурителни услуги за своите корисници на A1 Combo. Сите А1 корисници на А1 Combo пакетот, од денеска можат да го осигураат ...
После одложување на пуштањето на Twitter Blue претплатата, која сега го вклучува и синиот беџ за верификуван профил, Елон Маск излезе со информацијата дека во компанијата имаат решено како ќе се справуваат со проблемите кои се појавија со промената на функционирањето на овој систем. Како што тој најави при информацијата за одложувањето, ќе бидат воведени различни бои на беџот со кои ќе се разликува видот на профил. Сега Маск објави нешто повеќе ...
Од Европската Комисија објавија дека доделиле посебен спектар за мобилна комуникација во авионите со што се овозможува користење на одредени фреквенции за 5G комуникациската технологија. Со оваа одлука, европските авиокомпании ќе можат да им овозможат на своите клиенти користење на нивните 5G телефони за комуникација, односно за пораки, повици и брз интернет, исто како што беше случајот со претходните генерации на мобилните технологии. Не е ...