Поради ознаката како сервиси „чувари“ според новите закони од ЕУ, Meta ќе мора да им овозможи на сервисите кои ќе побараат да функционираат со WhatsApp и Messenger, тоа да можат да го направат. Со други зборови, WhatsApp и Messenger ќе мора да овозможат комуникација на своите корисници со корисниците од други сервиси, ако тоа биде побарано од страна на тие сервиси. Доброто е што законот не предвидува, дури напротив, нарушување на безбедноста и ...

Од овој месец стапуваат на сила новите правила кои доаѓаат како резултат на два нови закони донесени во Европската Унија. Во случајот на Google и Apple разликата ја прави едниот од законите, а уште сега може да се види дека ќе има и негативни практики поради нив. Една од обврските од законите е компаниите како Google и Apple да им овозможат на корисниците инсталирање на апликации надвор од нивната главна продавница. Во случајот на Google тоа ...

Microsoft ја најави оваа новина минатата есен, а сега го потврди точниот период кога може да се очекува. Copilot ќе стане дел од OneDrive за бизнис корисниците при крајот на идниот месец, односно при крајот на април. Корисниците ќе треба да имаат Copilot for Microsoft 365 лиценца за да можат да го користат овој „асистент“ и во OneDrive до кого ќе може да се пристапи преку веб, како и преку делот за датотеки во Microsoft Teams, OneDrive и ...

„Дали Google станува полош ?“ е името на едно истражување кое ни откри колку е паднат квалитетот на резултатите кои се прикажуваат при пребарувањето, иако не само преку Google. Од компанијата, кои во огромен дел зависат од овој бизнис, најавија надградба на Search со која треба да се подобри квалитетот на резултатите. Тоа би се постигнало со справување токму со проблемите кои беа истакнати во истражувањето, па ќе видиме колку успешно истото ќе ...

Јавниот повик „Стартапувај” е шести по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на ...

Samsung реши да ја тестира камерата на новиот Galaxy S24 Ultra на начин кој досега никој го нема употребено. Од компанијата четири од овие уреди ги испратија скоро до орбитата на Земјата и направија повеќе од 150 слики. Закачени на специјално дизајнирани и лесни држачи направени од јаглеродни влакна, па потоа на балони наполнети со водород, Samsung ги испрати четирите Galaxy S24 Ultra до висина од околу 35 километри. Ова секако не може да се ...

Од вчера вечерта корисниците можат да ја инсталираат најновата верзија од iOS и iPadOS на своите уреди. Најновата верзија е iOS 17.4 (iPadOS 17.4) и истата донесува доста големи новини, а како главни се сметаат тие изнудени од страна на Европската Унија и нивните нови закони кои наводно се за заштита на корисниците. Новините кои се достапни за корисниците во ЕУ, а можно е и нашата земја да е влегува во оваа листа, ги вклучуваат можноста за ...

Meta оваа недела најави неколку новини кои доаѓаат кај нивната Instagram мрежа, поточно новини поврзани со делот за пораки. Сите новини се мали, но добредојдени, па сигурно ќе го направат подобро искуството кај оваа мрежа која се повеќе се користи и за комуникација. Главната новина, иако не е така најавена, е можноста за измена на испратените пораки. Корисниците ќе имаат рок од 15 минути, исто како и на Messenger, да направат измена на пораката, ...

Една од главните нови можности кои беа најавени за Windows, за време на презентацијата на Windows 11 пред три години, беше можноста системот да работи со Android апликации. Иако оваа можност беше најавувана како една од клучните новини, корисниците не ја добија веднаш, а кога конечно беше пуштена, истата никогаш не стана достапна за повеќе земји, покрај САД и уште неколку. Можноста за инсталација на Android апликации беше овозможена преку ...

Како што повеќето од вас веќе имаат забележано, друштвените мрежи од Meta денеска целосно станаа недостапни за повеќето корисници во светот. „Падот“ на мрежите започна после 16 часот денеска, а статусот се’ уште стои дека проблемот се решава. Проблемите предизвикаа одјавување од Facebook и Messenger и неможност за повторна најава, додека во случајот на Instagram мрежата не можеше да ги ажурира објавите. Погодена од падот беше новата Threads, но ...

Nothing денеска официјално го најави нивниот трет смартфон кој беше најавен на почетокот од минатиот месец. За време на презентацијата, ко-основачот и директор на компанијата, Карл Пеи, најави дека очекува Phone (2a) да биде нивниот најпродаван телефон досега, а тој покажува и каква ќе биде иднината на оваа нова компанија. Nothing Phone (2a) е интересно дизајниран телефон исто како и другите два модели од компанијата. Дефинитивно се издвојува од ...

Познатите Malwarebytes претставија нова верзија од нивната апликација за безбедност на компјутерите, Malwarebytes 5. Истата е прва поголема надградба после подолго време, па повеќето корисници ќе ја сметаат за добредојдена. Корисниците на сите платформи каде досега беше достапна апликацијата можат да ја симнат новата, но ќе треба малку време додека истата им биде достапна на сите преку автоматска надградба. Исто така, корисниците на VPN ...

Работилници против врсничко насилство ќе се одржат и во Општина Илинден, која што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците кои што посетуваат настава во образовните установи во оваа скопска општина, ќе се стекнат со знаења за булингот. Овие едукативни средби ги предводи психолог со практично искуство на темата и работа со лица кои што се соочиле со врсничкото насилство. Александар Георгиевски, градоначалник на ...

Apple навистина оваа недела претстави нови уреди, без посебен настан, додадени само на страната од компанијата, како што најави Марк Гурман. Сепак, денеска не беа претставени сите уреди кои ги очекуваме за овој месец, односно оваа пролет, па изгледа останатите ќе бидат претставени до крајот на месецот или почетокот на идниот, можеби и со посебен настан. Тоа што денеска беше претставено е нова генерација од MacBook Air. Надградба добиваат двата ...

По повеќе пријави од страна на корисниците, Google на крај ја потврди информацијата дека корисниците кои користат таканаречени „рутирани“ Android телефони, нема да можат да комуницираат преку RCS протоколот на Messages апликацијата. Рутирање на Android е практика која порано многу почесто се користеше во главно како начин да телефонот се уреди според желбите на корисникот, во време кога производителите не ги средуваа своите измени на Androdi ...

Елон Маск е еден од основачите на сега доста популарната OpenAI компанијата која стои зад развојот на ChatGPT. Тој сега поднесе тужба против компанијата, како и нејзиниот директор Сем Алтман, во главно поради промената на функционирањето на компанијата. Промената на функционирањето, според Маск, е тргањето од почетната замисла вештачката интелигенција да се развива за доброто на човештвото, а не за профит. Со почетокот на соработката со ...

Март е месецот за кој уште од минатата година се најавува дека Apple ќе ги претстави своите први iPad модели со OLED екран. Ова е голема новина за овие уреди, иако повторно имаме големо доцнење од страна на Apple во споредба со конкурентите. Според најновите информации, овие уреди, заедно со уште неколку други, можеме да ги очекуваме уште оваа недела. Apple нема да одржи настан за претставувањето на овие уреди, па како што тоа го има направено и ...

Google најави три нови функции кои треба да овозможат подобро пребарување преку Chrome. Овие новини се поврзани со предлозите при пребарување кои се добиваат преку Search Box полето во прелистувачот, како и уште две новини кои се мали, но ќе им направат разлика на дел од корисниците. Првата новина додава нов дел со предлози од тоа што другите корисниците на Chrome го пребаруваат, а е поврзано со пребарувањето на корисникот. Оваа новина се ...

Има уште доволно месеци до претставувањето на наредната генерација од Galaxy Z серијата на уреди, а истото обично се случува при крајот на јули или почетокот на август. Стандардно, SmartPrix во соработка со @evleaks објавија генерирани слики направени врз основа на информациите кои се достапни досега за Galaxy Z Fold6 уредот. Од тоа што може да се види, Galaxy Z Fold6 нема да изгледа целосно исто со претходните генерации, па Samsung се има ...

За деновите на италијански дизајн во Скопје Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовиира уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан. Темата на овогодинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: “Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“. Деновите на италијански дизајн во Скопје започнуваат на 14 март во Сули ан, со макстерклас на Лука Боскардин, ...

Како што се очекуваше, Microsoft официјално ја најави и пушти најновата надградба за нивниот Windows 11. Се работи за таканаречената „moment“ надградба кои ги има неколку во текот на годината, на страна од едната поголема која обично се пушта во есен. Главниот акцент на оваа надградба е секако Copilot, интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција директно во Windows 11. Со надградбата Copilot добива нови можности, а како главна се смета ...

Една од најпознатите десктоп околини на Linux, KDA Plasma, официјално ја доби својата шеста верзија. Корисниците кои веќе ја користат оваа десктоп околина, ќе можат да ја инсталираат најновата верзија, додека тие кои би сакале за првпат да и дадат шанса тоа ќе можат да го направат и преку некои од дистрибуциите како Kubuntu и слични. Plasma 6 донесува доста новини за корисниците, а дел од нив се и заднински кои ќе направат разлика во безбедноста ...

Функција која Google ја најавија уште минатата година, сега им станува достапна на корисниците на Android и iOS. „Glanceable Directions“ е името на новата функција која е малку потешко да се преведе на македонски, а на корисниците им донесува доста подобро искуство при користење на навигацијата во Maps. Тоа што го овозможува оваа нова функција во основа е можност за следење на корисникот и прилагодување на насоките уште пред да се избере почеток ...

Повеќе од јасно е дека Apple ќе почне да ја интегрира генеративната вештачка интелигенција во нивните производи и апликации, но карактеристично за компанијата, тие тоа го прават подоцна од другите и без многу официјални најави. Тим Кук, директорот на Apple, веќе даде мала најава на почетокот од овој месец дека од компанијата продолжуваат да вложуваат огромно време и напор и дека се возбудени да ги споделат деталите од нивната работа подоцна во ...

Скопје, 28 февруари 2024 – Претстојниот викенд ни го носи најзначајниот настан во регионот, 31. Копаоник бизнис форум, кој ќе се одржи од 3 до 6 март во хотелот Гранд Копаоник. Централна тема на Форумот ќе биде „Новиот глобален контекст: предизвиците на неизвесната иднина“, како и претходните години, Форумот ќе го отвори Јоргованка Табаковиќ, додека во име на главниот партнер на форумот, компанијата Mastercard, ќе се обрати Марк Барнет, ...

Изминатата недела излегоа информации за тоа дека „четоботот“ на Google, Gemini, е толку „woke“ што тоа е веќе проблем дури и за една ваква компанија. Поточно, се работи за проблем со прилично новата можност на Gemini да креира, односно генерира слики од луѓе. Кога корисниците почнале да ја користат оваа нова можност, откриени се две работи. Едната е дека Gemini додава неточни слики за историски моменти, како на пример ставање на црнци и азијати ...

Скопје, 28 февруари 2024 г. – Samsung Electronics денес објави дека Samsung Knox, доверливото безбедносно решение интегрирано во своите телевизори од 2024 година, доби Сертификат за општи критериуми (Сертификат CC) пред самото лансирање на производите. Сертификатот CC е глобален репер, признаен од 31 земја во светот, за проценка на безбедносниот интегритет на ИТ производите. Samsung го добива 10 години по ред за Samsung Knox, најквалитетното ...

Автомобилот од Apple кој со години чекаме барем официјално да биде потврден од компанијата, сепак е откажан и веќе нема да биде развиван. Информацијата, како и сите досегашни информации поврзани со автомобилот, не е официјална, но доаѓа од сигурниот извор на се што е поврзано со Apple, Марк Гурман од Bloomberg. Тој се повикува на извори внатре во компанијата кои како и секогаш би сакале да останат анонимни, со оглед на тоа што одлуката не е ...

Apple генерално доста доцнеа со воведувањето на стапка на освежување од 120 херци кај нивните iPhone модели, а тоа уште го немаат направено кај нивните два основни модели. Поради ова од компанијата добиваат доста критики затоа што сепак се работи за доста скапи телефони, а во случајот со Android ваква карактеристика имаат и доста поевтините од нив. Според информациите, оваа година основите за критика ќе останат, па iPhone 16 и iPhone 16 Plus ...

Во својот најнов неделен билтен поврзан со информации од светот на Apple, Марк Гурман ни открива неколку уреди за кои од компанијата размислуваат дали да ги развиваат. Се работи за два целосно нови уреди, како и надградба на веќе постоечки, односно за развој на фитнес прстен, каков што Samsung претстави оваа недела, потоа паметни очила, како и додавање на камери и вештачка интелигенција кај AirPods слушалките. Двата нови уреди се’ уште не се во ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
18%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
6.17
23%
1010
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
1.54
34%
1007
weather icon

Софија

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
24%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.21
13%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
50%
1010
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.92
29%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
22%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
26%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
7.72
25%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
11.32
100%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346