Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп очекува од трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за останатата стока на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се ...

Новиот претседател на Јужна Кореја Ли Џе-Мјунг изјави дека изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето на воена состојба од страна на поранешниот претседател Јун Сук-Јеол и неговата Партија на народната моќ, која не го спречи во тоа. Победата на вчерашните вонредни избори на Ли, кој вети дека ќе ја изведе земјата од политичката криза и ќе ја оживее ослабената економија, е најава за промени во четвртата по големина азиска економија по ...

Министрите за одбрана на НАТО се состануваат на 5 јуни на последен министерски состанок пред големиот годишен самит на НАТО на 24 и 25 јуни, кога 32-цата шефови на држави и влади на воената алијанса, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се соберат во Хаг. Состанокот е само за едно нешто: пари. Тогаш официјалните лица треба да се договорат за следната цел за трошење на НАТО. Бидејќи повеќето членки на алијансата сега трошат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја обвини Русија за „намерно“ таргетирање на цивилната инфраструктура откако во бран воздушни напади рано утрото на 3 јуни загинале три лица, а најмалку 20 биле повредени во регионот Суми, кој се наоѓа веднаш до руската граница. „Русите започнаа дивјачки напад врз Суми - директно таргетирајќи го градот и неговите обични улици со ракетна артилерија. Тоа беше целосно намерен напад врз цивили“, ...

Николај Денков, поранешен премиер и копретседавач на парламентарната група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, изјави дека опозицијата ќе поднесе предлог за изгласување недоверба на владата откако ќе биде утврден датумот за прием на Бугарија во еврозоната. Според него, овој датум се очекува да биде објавен кон крајот на јуни или почетокот на јули 2025 година, при што тој се надева дека Бугарија ќе стане дел од еврозоната од 1 ...

Пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. Во Извештајот се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврдил нестручно и несовесно вршење на судиската функција со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, Асмир Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот. „МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како и за ...

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска (3 јуни) еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. „Бугарија и Северна Македонија треба ...

По повеќемесечни политички превирања, Јужна Кореја денеска (3 јуни) треба да избере нов претседател кој ќе го наследи конзервативецот Јун Сук-Јол, кој беше соборен од краткотрајната, но шокантна вонредна состојба во оваа азиска земја, јавија американските медиуми. Анкетите покажуваат дека либералот Ли Џе-Мјунг е голем фаворит за победа на денешните предвремени избори, бидејќи јавноста е разочарана од потегот на Јун да воведе вонредна состојба во ...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа Мармарис во југозападна Турција рано во вторник (3 јуни), при што еден тинејџер загинал, а десетици лица беа повредени, изјави министерот за внатрешни работи. Земјотресот, за кој турската агенција за катастрофи AFAD соопшти дека се случил во 2:17 часот наутро (23:17 часот по Гринич во понеделник) на околу 10 километри од брегот на Мармарис, бил почувствуван и во Грција и дури во Египет. ...

Во Брисел денеска (3 јуни) ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската Унија. Тоа ќе биде прва рудна дијалог со Петер Соренсен откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари. Делегацијата од Белград ќе биде предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ. Дијалогот требаше да продолжи на 15 јануари, но Петковиќ ги прекина и ги ...

Кога Европската комисија минатиот месец почна да ги информира земјите-членки на ЕУ за следниот пакет санкции што се очекува да ѝ се наметне на Русија, 27-те земји-членки очекуваа да следат конкретни писмени предлози. Тие сè уште чекаат. Нормално, вакви документи - во овој случај потенцијалната 18-та рунда рестриктивни мерки откако Кремљ ја започна целосната инвазија на Украина пред повеќе од три години - се доставуваат само неколку дена по ...

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево (2 јуни) се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдуваат од Кривичен за МИА. Како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, бил на патување надвор од државата. Во ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во претходниот период земјата се соочила со „добро организиран обид за државен удар“ во кој биле вклучени „сите државни институции“. „Од основни и средни училишта, преку факултети и обиди во здравството, до сите електрани од кои зависи животот во Србија. Да не ја спомнуваме полицијата. Застрашувачки податоци ќе излезат на површина само кога ќе видите кој „пумпал“ и кој со кого се договарал“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска (2 јуни) изјави дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. „Да го видам законот. Јас еве и во парламентот дадов предлог да имаме една изборна единица со можност да гласа и дијаспората онаму каде што законите и Уставот на државите дозволуваат тоа да биде и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Јас тоа го кажав. Онаму каде што ...

Иран бара гаранции од САД дека ќе ги укине санкциите како услов за нуклеарен договор, откако Белата куќа наводно испрати предлог што го смета за „прифатлив“. Со оглед на тоа што Иран и САД водат разговори за нуклеарната програма на Техеран од април, предлогот на Вашингтон за договор дојде откако протечениот извештај на ОН вели дека Иран го зголемил производството на високо збогатен ураниум. Врховниот дипломат на Иран и водечки нуклеарен ...

Бугарските власти очекуваат оваа недела да добијат зелено светло од Европската комисија и Европската централна банка за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. До ова доаѓа во услови на анти-евро протести на лути млади Бугари кои носеа национални и руски знамиња и се обидоа да ја запалат зградата на Европската комисија во Софија. Иако усвојувањето на еврото беше услов за пристапување кон Европската Унија, законските неуспеси, вклучувајќи ...

Кандидатот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) и на „Можеме!“ Томислав Томашевиќ е повторно избран за градоначалник на Загреб, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Според резултатите со 100 проценти обработени гласачки места, Томашевиќ добил 57,56 проценти од гласовите во вториот круг од локалните избори, додека независната кандидатка Марија Селак Распудиќ добила 42,44 ...

Делегациите од Украина и Русија треба да се сретнат на 2 јуни во Истанбул за нова рунда мировни преговори, дури и додека дома воздушните напади се засилени. Руските државни медиуми објавија дека преговарачкиот тим на Кремљ пристигнал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул доцна на 1 јуни во очекување на разговорите што треба да започнат во 13 часот следниот ден во турскиот град. Во меѓувреме, во претседателски декрет, Киев соопшти дека министерот ...

Карол Навроцки, независен кандидат поддржан од националистичката опозициска партија Право и правда (ПиС), е избран за нов претседател на Полска во вториот круг од изборите. Резултатите беа објавени кратко по 5 часот наутро на веб-страницата на Националната изборна комисија. Навроцки доби 10 606 628 гласови (50,89 проценти), додека неговиот противник Рафал Тржасковски, либералниот градоначалник на Варшава поддржан од владејачката Граѓанска ...

Шест лица биле повредени, а една жена се здобила со тешки изгореници во напад на мирен митинг за поддршка на израелските заложници во Газа, што се одржа вчера во центарот на Боулдер, во сојузната американска држава Колорадо. Напаѓачот, 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, извикувал „Слобода за Палестина“ додека фрлал запаливи направи кон толпата. ФБИ го третира инцидентот како терористички напад. „Тие се убијци!“ извикувал напаѓачот додека палел ...

Студентите за денеска најавија нови протести на повеќе од 30 места низ Србија со истото барање – да се распишат избори. Во Белград е најавена блокадата на два витални патишта, Бранков Мост и Газела, од 18:00 до 21:16 часот. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Барнабиќ, на социјални мрежи коментираше: „Денеска повторно малтретирање на граѓаните од блокадерите. Без никаква смисла и никаква цел. Само голо насилство и терор врз обичните ...

Во Полска денеска (01.06.2025) 29 милиони граѓани запишани во избирачкиот список, во вториот круг, одлучуваат не само кој ќе биде нов претседател на земјата, туку и за насоката во надворешната политика, избирајќи меѓу либералниот градоначалник на Варшава Рафал Часковски и кандидатот на популистичката десница, историчарот Карол Навроцки. Избирачките места се отворени до 21:00 часот, додека гласањето во некои земји од дијаспората, вклучително и во ...

Експлозија предизвика пад на мост врз железничка пруга кога поминувал воз во западна Русија, при што загинале неколку луѓе, соопштија истражните власти. Локален гувернер изјави дека загинале најмалку седум лица. Во одделен инцидент во соседен регион, експлозија предизвика рушење на друг железнички мост додека товарен воз минувал преку него, повредувајќи најмалку еден од машиновозачите, изјави локалниот гувернер. Засега не е јасно дали двата ...

Неказнивоста во здравството е заради присутниот страв од гонење на лекари, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Во интервју за РСЕ вели и дека успехот на обвинението за Онкологија е важен за целото здравство. Клековски зборува и за црниот пазар на скапи лекови на Балканот, за згрижувањето на повредените во Кочани, но и за недостигот на одредени лекови. Собранието го ратификуваше договорот со Британија, во кој се ...

„Поправка на штетата.“ Вака Предраг Петровиќ од белградскиот Центар за безбедносна политика ја сфаќа најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ќе се прекинат договорите за продажба на оружје и муниција, каде што постои сомневање за злоупотреба и испраќање на украинското боиште. Изјавата на Вучиќ е реакција на соопштението на Службата за надворешна безбедност на Руската Федерација (СВР), која на 28 мај ја обвини Србија дека ...

Во археолошкиот локалитет „Стоби“ денеска, во пресрет на Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, беше отслужена Света Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство. МПЦ - ОА упати повик до сите православни верници од земјава да дојдат и во заедничка радост, соборно да биде прославена 1700-годишнината од одржувањето ...

Пред втората рунда преговори за ставање крај на војната во Украина, најавени за понеделник во Истанбул, борбите продолжија и во текот на изминатата ноќ. Русите изведоа уште еден напад врз украинскиот пограничен регион Суми,додека Укранците го нападнаа Курскиот регион, објави ДПА. Русија изврши воздушен напад врз станбена зона и уништи магацини, при што е повредено најмалку едно лице, соопшти изутрината регионалната воена администрација на ...

Вкупно 52 проценти од граѓаните на земјите-членки имаат доверба во Европската унија (ЕУ), што е највисоко ниво на доверба од 2007 година, покажува последната анкета на Евробарометар. Во земјите од Западен Балкан, кои што беа вклучени во оваа анкета, спроведена во март и април 2025 година, довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и во Албанија, а најниска во Србија. Состојбата во Македонија е: 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, ...

Европската комисија останува на планот следната година да биде укинат Инструментот за закрепнување и отпорност (РРФ) од Ковид пандемијата, вреден 650 милијарди, и покрај противењето на ваквата идеја на некои од поголемите земји членки на ЕУ, како Италија, Шпанија и Полска, јавува МИА. Според дипломатски извори, Еврокомисијата се очекува в среда (4 јуни) да соопшти дека Инструментот ќе биде укинат во 2026 година, како и што е планирано, затоа што ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Белград

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
72%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
72%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.25
68%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
55%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.12
50%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
57%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 12ᴼ
0.91
53%
1024
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
64%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60