Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Парламентот на Црна Гора се обидува да ја „демонизира Русија“ со своите „антируски активности“, а црногорското раководство ги зголемува тензиите и го зајакнува статусот на „непријателска држава кон Москва“, објави рускиот амбасадор во Подгорица, Александар Лукашик. Ваквите обвинувања, кои по својата острина потсетуваат на реториката од времето на заладување на односите меѓу Подгорица и Москва пред десет години, се сслушнаа на 14 ноември. Во ...
Анкетните собраниски комисии не беа ефикасни во вршењето на контролната функција врз извршната власт, покажа праксата, велат поранешни пратеници за РСЕ. Често не ја постигнуваат уставната цел - утврдување на политичка одговорност, додаваат тие. Анкетна комисија за трагедијата во Кочани е задоцнета затоа што судскиот процес започна, смета јавниот обвинител. Осум месеци по трагедијата во кочананската дискотека Пулс, во која загинаа 63 млади луѓе, ...
Резиме Индустријата ќе може да сокрива какви хемикалии, суровини и материјали согорува и сето тоа да биде под превезот на „деловна тајна“, ако државата тоа го одобри. Ова го предвидува новиот Закон за контрола на индустриските емисии, кој ѝ дозволува на големата индустрија да бара од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) одредени нејзини информации да станат недостапни за јавноста, иако токму тие податоци можат да ...
Резиме Родена една година по договорот со кој заврши војната во Босна и Херцеговина, Ела Љубиќ од Мостар припаѓа на генерацијата што ги наследи нејзините последици, поделени училишта, постојани политички тензии и товари од родителската траума. Растејќи во Мостар, град кој беше сцена на жестоки конфликти во текот на 1990-тите, Ела посетуваше училишта кои сè уште ги делат децата по етнички линии. „Беше принудена да се одлучиш, за едната или за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сретне со високи претставници на Министерството за одбрана на САД во Киев на 20 ноември, поради извештаите дека Москва и Вашингтон изготвиле мировен план кој предвидува големи отстапки од Украина. Според новите предлози, за кои се вели дека се изготвени од Соединетите Американски Држави со цел да се запре војната во Украина, Киев треба да се откаже од дел од својата територија и оружје, беше ...
Кибер актерите со седиште во Кина постојано ги компромитираат мрежите на големите американски и глобални телекомуникациски провајдери за да спроведуваат широки кампањи за кибер шпионажа, соопшти американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа. „Со оглед на значителната големина и обем на злонамерните кибер активности на Кина, Владата на Соединетите Држави работи со сојузниците и другите за проширување на капацитетите за кибер безбедност ...
Резиме И Министерството за одбрана и приватните компании од областа на воената наменска индустрија се на иста линија дека треба да се зајакне сопственото производство на воена опрема и оружје во Северна Македонија. Европскиот план за ревооружување и зајакнување на одбранбената подготвеност на европските земји до 2030 година го отвори прашањето за нивото на наменската индустрија во земјава, при што и домашните малкубројни компании и државата ...
Серија руски напади со беспилотни летала и ракети погодија повеќе региони на Украина утрото на 19 ноември, предизвикувајќи експлозии и прекини на електричната енергија, соопштија украинските власти. Украинските медиуми објавија дека експлозии се слушнале низ регионите Хмелницки, Ивано-Франкивск, Ривно, Лвов и Дњепропетровск, додека нападите биле насочени кон источна и западна Украина. Градоначалникот на западноукраинскиот град Лвов, Андриј ...
Обвинети, адвокати, обвинители, роднини на загинатите, новинари, утрото на 19 ноември ја преполнија судницата во Идризово за првото рочиште од судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во судница дојдоа и дел од повредените, а некои од роднините носат маици со фотографии од загинатите. Стартот на судењето го следат и бројни новинарски екипи, меѓу кои и медиуми од странство. Обвинети се 34 физички лица и три фирми. Станува збор ...
Обвинети, адвокати, обвинители, роднини на загинатите, новинари, утрото на 19 ноември ја преполнија судницата во Идризово за првото рочиште од судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во судница дојдоа и дел од повредените, а некои од роднините носат маици со фотографии од загинатите. Стартот на судењето го следат и бројни новинарски екипи, меѓу кои и медиуми од странство. Обвинети се 34 физички лица и три фирми. Станува збор ...
Европската Унија разгледува три опции за задоволување на финансиските потреби на Украина, вклучувајќи заем со користење на замрзнати руски средства, за следната година и годината потоа, додека блокот се обидува да помогне во ублажувањето на ефектите од намалувањето на поддршката на САД за Киев. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 17 ноември ги наведе трите опции со кои се соочува блокот за да обезбеди финансирање за ...
Хартиените свидетелства ќе заминат во историјата. Постепено, од идната година ќе добиваат електронска верзија во рамките на е-дневникот. Дел од родителите скептични, се жалат дека е-дневникот не функционира. Образовни експерти предупредуваат - внимателно да се воведувада, да не се експериментира. Учениците од прво до трето одделение, во јуни идната година ќе добијат само дигитални свидетелства. Останатите ученици до деветто одделение ќе ги ...
Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нејзината рафинерија мора да работат, велат српските власти, бидејќи се ближи рокот на САД за излез од руската сопственост од националната нафтена компанија. НИС е под санкции на САД поради мнозинскиот руски удел во сопственоста, бидејќи Вашингтон сака да ја спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина. Едно од решенијата за националната нафтена компанија би можела да биде ...
Резиме 19 ноември 2025 година. Судница во затворот „Идризово“ на периферијата на Скопје. Ова се датумот и местото за кога е закажан почетокот на судскиот процес за една од најголемите трагедии во поновата историја на Северна Македонија - пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 жртви, а над 200 лица беа повредени. На обвинителна клупа треба да седнат вкупно 34 лица и застапници на три фирми опфатени со обвинителниот акт. Меѓу нив, ...
Европа ги зголемува трошоците за одбрана. Сепак, едно прашање е во голема мера занемарено - како да се премести воената опрема од една земја во друга што е можно побрзо во случај на конфликт? Со години се зборува за „воен Шенген“, област во зоната без пасоши на Европската Унија каде што оружјето и војниците би можеле да се движат слободно како и цивилите. Сепак, таков систем останува нереализиран и за ЕУ и за НАТО, и покрај зголемените ...
Од мафијашки мрежи за трговија со дрога, перење пари, финансиски криминал и инвестициски измами до институционална слабост и висока корупција. Ова е сликата за криминалот во Северна Македонија на скалата на Глобален индекс на организиран криминал за 2025 година. „Не е страшно, ама не е ни добро“ – со оваа реплика од култната серија „Чернобил“ може да се опише состојбата со организираниот криминал во Северна Македонија. Земјата доби оценка пет од ...
Околу 12.000 пензионери кои стекнало право на пензија во Северна Македонија но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, не добиваат повисоки пензии. Нема да ги добиваат ни идните зголемувања доколку повторно не се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување. За ова се поднесени три иницијативи пред Уставниот суд. Остаревме, во пензија сме, отидовме кај децата во Словенија - и ние да не сме сами и на нив да им помогнеме. Зошто ...
Откако прво летаа од Кина до Србија, а потоа патуваа со автобус до соседна Босна и Херцеговина, двајца млади Кинези се обидуваат да влезат во Европската Унија преку Хрватска. Јонг и Чен патуваа низ таканаречената балканска рута за мигранти, придружувајќи им се на илјадници баратели на азил од Блискиот Исток, Јужна Азија и Африка кои бегаат од војна, сиромаштија и репресија со надеж дека ќе започнат нов живот во ЕУ. Тие се исто така меѓу ...
Резиме „Сите се обединети против нас“, вели Албин Курти, опишувајќи ја политичката сцена во Косово така како што ја гледа неговата партија Движење Самоопределување. Според најголемата партија во земјата, секој потег на опозицијата претставува директен предизвик за неа. Сепак, според политичките аналитичари, таквиот поглед на ситуацијата е повеќе стратешки избор на Самоопределување отколку одраз на политичката реалност. Во ноќта на вториот круг ...
Русија ги продолжи своите смртоносни воздушни напади врз украинските градови, при што најмалку три лица загинале во регионот Харкив во текот на ноќта, соопштија локалните власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак се подготвува за следната станица од неговата турнеја низ европските престолнини за да ја зајакне поддршката кон својата земја. На 17 ноември, Службата за итни случаи на Украина објави дека три лица се убиени, а најмалку 13 ...
Резиме Тимур Миндич, истакнат бизнисмен и наводен мозокот на големиот корупциски скандал во енергетскиот сектор во Украина, користел луксузна такси-услуга за да ја напушти земјата и да избега во Полска во часовите пред властите да започнат претреси во рамки на истрагата, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ). Истражувањето на „Шема“, истражната единица на украинската служба на РСЕ, покажува дека Миндич ја користел услугата на „Тајм Лукс“, ...
СДСМ не смее ни да го игнорира, ни да го заборави поразот, вели во интервју за РСЕ пратеничката Славјанка Петровска. На прашањето дали Филипче треба да остане лидер, одговара дека опстанокот на СДСМ не зависи од една личност, туку од способност на тимот да ја врати партијата на победничката патека. 126,000 гласови на локалните избори и шест освоени општини. Резултат за којшто координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Оливер ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски неодамна наговести дека Европската унија (ЕУ) работи на нов пакет санкции против Русија, по помалку од еден месец од договорениот нов сет мерки насочени кон тоа да го погодат Кремљ поради целосната инвазија врз неговиот сосед. Првото прашање е колку брзо би можел да се појави таков нов предлог. Дипломати на ЕУ со кои разговараше Радио Слободна Европа (РСЕ) под услов на анонимност велат дека се ...
Руските воздушни напади го погодија Киев и други градови низ Украина преку ноќ, при што загинаа неколку луѓе и беа повредени десетици други - вклучувајќи и една бремена жена - додека Москва продолжува да напаѓа цивилна инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските сили употребиле 430 дронови и 18 ракети во нападот на 14 ноември, што го прави еден од нивните најголеми напади во последните месеци. Тој додаде дека ...
Резиме Најмалку 1,8 милиони евра „легнале“ на изборните банкарски сметки на 10 поголеми политички коалиции и партии за локалните избори. Ова го покажуваат првите извештаи за финансирање на изборната кампања поднесени до Државната изборна комисија (ДИК). Конечниот извештај ќе биде објавен за два месеца. На овие избори легнале 400 илјади евра помалку од парите донирани во минатогодишната двојна изборна кампања за претседателските и парламентарните ...
За првите осум месеци во 2025 година Агенцијата за заштита на личните податоци поднела само 2 барања за поведување на прекршочна постапка. Но институции продолжуваат со откривање идентитети на граѓани - имиња и презимиња , банкарски сметки, матични броеви, телефонски броеви на сајтови на институции. Нема напредок во заштитата на личните податоци, констатира и Европската комисија. За осум месеци, во периодот од јануари до август 2025 година ...
Ирина Чишиќ го прослави својот прв роденден на 8 октомври 1993 година. Само четири дена подоцна, таа беше погодена од куршум од снајпер додека шеташе со мајка си по улиците на сараевската населба Циглане. „Бидејќи Ирина само што прооди, мојата сопруга Стана ја водеше за рака. И никогаш не разбравме зошто тој некој пукаше во мета од 50-60 сантиметри, со големина на едногодишно девојче, а не пукаше во голема мета, мојата сопруга, која беше многу ...
Поранешниот градоначалник и актуелен пратеник на ДУИ, се гони за имот на кој никнала зграда на пет ката. Тој и други функционери и службеници од Сарај и Град Скопје се сомничат дека издале одобрение за градба за парцела каде немало ДУП. Приватна фирма, како инвеститор, со дејност трговија со отпадоци, „заработила“ 1,7 милиони евра. Зграда на пет ката со 40 станови на парцела од речиси 2.400 квадратни метри во скопската општина Сарај. Ова е ...
Резиме Жителите на село Љубојно, на падините на планината Баба, веќе три месеци стојат на блокади решени да го одбранат селото, од како што велат, масовната сеча. Откако шумата над селото е оголена, тие велат дека дождот за само половина час ги поплавува дворовите и улиците во Љубојно. Причината според нив е очигледна: „Не треба да си генијалец за да сфатиш колку се важни дрвјата. Народот стои на блокади против ова масовно уништување“, ...
На 12 ноември, претседателот Доналд Трамп потпиша закон за финансирање со кој се стави крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом гласаше за одобрување на мерката. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерките беа усвоени во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални работници без плата и ги наруши јавните услуги. „Значи, со ...