Премиерот на Косово Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 26 октомври во Брисел имаа одделни состаноци со лидерите на Германија, Франција и Италија во рамки на напорите да се обнови дијалогот меѓу Приштина и Белград по нападот во Бањска на северот на Косово. Владата на Косово соопшти дека Курти повторил дека е подготвен да го потпише Основниот договор за нормализација на односите со Србија, но оти другата страна не сака. ...

Дворот на Општинското средно медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово на 26 октомври беше собирно место каде учениците со нивните родители и професори излегоа на протест за да го искажат револтот затоа што, како што велат, учениците од дуалните паралелки се изземени од можноста за стипендија. Токму добивањето на стипендија, како и практичната работа во здравствена установа во рамки на дуалното стручно образование, родителите велат дека биле ...

Повеќе случаи на силување на дете деновиве ја вознемирија јавноста, па повторно се вклучи алармот дали регистарот на педофили може да ги превенира овие девијантни појави. Ќе се менува законот за Регистар на педофили поради измените на Кривичниот законик со кој се промени името на делото и казните. Човек на возраст од 81 година од Скопје, кој живее во Кисела Вода заврши во притвор пред речиси две недели за тоа што е осомничен дека извршил „други ...

Медиуми во трка за кликови известуваат сензационалистички за теми за родово и семејно насилство. Ако медиумите не внимаваат може дополнително да ја стигматизираат и етикетираат жртвата. Свесноста на медиумите за оваа тема се зголемува, но се уште има проблем со навиките и со ограничувачките услови во редакциите, вели Марина Тунева во разговор со Радио Слободна Европа. Како медиумите информираат за случаи на родово и семејно насилство? Се ...

Една недела по истражувањето на РСЕ за милионскиот договор за закуп за деловни простории меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија, веб сајтот на компанијата закуподавач е надвор од функција. Во меѓувреме, променет е и сопственикот на доменот www.hej.mk. Ако до 20 октомври се појавуваше името на Шабан Хамза, односно Шабан Амзовски, кој е член на Управниот одбор на Државна лотарија, сега како регистрант на доменот го пишува Армин Машовиќ, сопственик на ...

Лидерите на Европската Унија ќе се состанат на самит во Брисел кој ќе се одржи на 26-27 октомври каде што се очекува да ја повторат својата осуда за војната на Русија против Украина и да разговараат за поддршката на блокот за Киев поради знаците на замор на донаторите кај некои членки, по војната која трае 21 месец. Се очекува лидерите на земјите членки да ја потврдат својата поддршка за „независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет ...

Речиси 9 милиони евра за година и пол се влезени во македонскиот буџет од конфискуван имот. Становите и градежните парцели на Мијалков и Груевски чекаат „амин“ од Владата за продажба. Во меѓувреме агенцијата за одземен имот бара решавање на проблемите со кои цела деценија се справува. Целиот недвижен имот на поранешниот директор на Управата за контраразуавање и безбедност Сашо Мијалков е проценет на 21,4 милиони евра, покажуваат последните ...

Министерот Кренар Лога не планира за амнестијата да се послужи со европското знаменце ниту да бара решенија надвор од Собранието. Таму, пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе го дочека со над 3.000 амандмани и ќе се обиде да ја спречи власта во намерата да се донесе ваков закон неколку месеци пред избори. За една недела Предлог-законот за амнестија по скратена постапка ќе се најде на дневен ред пред пратениците, но прашање е дали тој воопшто ќе ги мине собраниските ...

Улогата на криптовалутите во финансирањето на тероризмот и милитантните групи е под лупа по нападот на Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас во кој загинаа повеќе од 1 400 Израелци. Зошто? Израел заплени крипто сметки за кои вели дека се поврзани со Хамас. Американските законодавци ја повикаа владата да ја запре употребата на криптовалути од страна на Хамас и неговите филијали. Но, криптовалутите се само еден ...

Опасниот отпад од стотици тони олово од топени акумулаторисо откриен во скопската населба Ѓорче Петров е сличен на отпадот од топилницата во Велес каде има складирано 3 милиони тони ваков отпад. Надлежните уште собираат докзи за одговорност на една фирма и физички лица во чија сопственост била парцелата каде што се складирал. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) утврдува дали фирмата Рецикл-Еко Старт е одговорна за депонирање на ...

Агенцијата на Обединетите Нации за палестински бегалци (UNRWA) и Светската здравствена организација (СЗО) повикаа на непречен проток на помош во Газа, пренесува Ројтерс. „Повикуваме на непречен и континуиран проток на хуманитарна и медицинска помош во Појасот Газа“, рече Тамара Алрифаи, портпаролка на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток. Агенцијата соопшти дека е клучно недостатокот на гориво што не ...

Лани од рак на дојка умирала по една жена на ден, најмногу во последата деценија. Министерството за здравство воведе низа мерки да се олеснат процедурите, но останаа проблемите со апаратура и кадар - во Велес цел месец нема лекар, па нема ни прегледи. Минатата недела се расипа и мамографот во болницата во Штип Лидија Јованчевска, 64 годишна наставничка во пензија од скопско, на 1 ноември ќе прави мамографија во болница во центарот на Скопје и ...

Победата на Швајцарската народна партија ќе им даде поттик на оние кои сакаат партијата да се фокусира на радикални позиции, наместо да се обидува да прави компромиси кои се во сржта на швајцарската политика со децении, анализираат светските медиуми. Десничарските популисти во Швајцарија го постигнаа еден од своите најдобри резултати досега на парламентарните избори. Иако гласањето веројатно нема да го промени составот на швајцарската влада, се ...

Дали романската влада евакуираше илјадници украински државјани од Израел во услови на актуелна криза со милитантната група Хамас, додека романските граѓани беа заборавени ? Тоа е тврдење кое стана вирално на социјалните мрежи откако екстремно десничарската партија ги изврти зборовите на премиерот. Романците почнаа да се прашуваат која е вистината откако лидерот на екстремно десничарската партија ги изврте зборовите на романскиот премиер Марсел ...

Граѓанскиот сектор ја бојкотира Владата откако прераспределбата на буџетски пари за НВО од 2022 година на нетранспарентен начин се дадени на Министерството за политички систем. Се жалат дека Владата ги исклучува од дебатите за важни закони. Од Владата молк за се помалата соработка со невладините. Соработката меѓу Владата и невладините организации (НВО) буквално е на стаклени нозе. Иако во земјава имаме и Совет за комуникација на Владата со ...

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за РСЕ. Каков беше одѕивот на огласот за продажба на конфискуваните станови на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо ...

Квинтата порача дека нападот на косовската полиција од 24 септември мора детално да се истражи и оти очекува целосна соработка од Србија за ова прашање. Вучиќ оцени дека имал тежок состанок со „големата петорка“, а Курти излезе со порака дека треба нов пристап во дијалогот. За Србија и Косово нема европска иднина ако не бидат нормализирани нивните односи и не бидат имплементирани договорите, порача специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот ...

Вкупно 216 луѓе сѐ уште се водат како правно невидливи лица за македонскиот систем. Регионот покажува напредок во справувањето со феноменот бездржавјанство, но се уште постојат голем број на пречки кои треба да се надминат, вели помошник висок комесар за заштита при УНХЦР Џилијан Тригс за РСЕ. Бездржавјанството како феномен е распространето насекаде низ светот. Агенцијата за бегалци при Обединетите нации има мандат да им помогне на државите да ...

Партијата која во 2015 ветуваше дека виновниците за нелегалното прислушување ќе одговараат, во 2023, од позиција на власт, набрзина го измени Кривичниот законик. Измените отворија можност многу од делата што произлегоа од прислушувањето да застарат. Капиталното дело за прислушувањето веќе застаре. Дали сте подготвени да ја слушнете „Вистината за Македонија“, праша тогашниот лидер на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев на 9 февруари 2015 ...

Северна Македонија во неизвесност откако Бугарија воводе нов данок за увоз и пренос на рускиот гас преку гасоводот Турски тек, на кој остро реагираа Србија и Унгарија. Претставници на енергетски институции во земјава велат дека оваа одлука ќе влијае врз цените на гасот во земјава, а дел експерти сметаат тоа нема да се случи поради либерализација на пазарот на природен гас. Државните институции засега не даваат никакви одговори. Македонските ...

Американскиот претседател Џо Бајден, во телевизиско обраќање до нацијата, ги осуди милитантната организација Хамас и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека зад нападот врз Израел и инвазијата на Украина стои заеднички мотив. „Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат едно нешто заедничко – сакаат да ја уништат демократијата во соседството“, рече претседателот на САД во обраќањето од Овалната соба на Белата куќа, кое е ...

Њузлетер, 20 октомври 2023 - Кавги за избори и уставни измени, беспарица, војна на Блискиот Исток и во Украина, инфлација, протести... и меѓу сето тоа еден Борко, една Ева, еден Дамјан... Секој со својата борба... Со 60 денари на ден преживуваат 80 илјади граѓани Според најцрното сценарио, во земјава на крајот од годинава ќе има околу 600 илјади луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек. На меѓународниот Ден за искоренување на ...

Граѓаните поделени, едни сметаат дека е добро што сите близу имаат голем мол за пазарување, други прашуваат кој ќе купува во сите нив, трети дека Скопје личи на Лас Вегас. Економистите со кои разговаравме велат на Скопје повеќе му треба саем, но на крај победува интересот на самиот инвеститор. Скопје нема саем, министерскиот состанок на ОБСЕ ќе биде во спортска сала, таму се одржуваат и концерти, театрите кои се монтажни објекти се распаѓаат, ...

Постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата. Никој од седуммината осомничени за продажба на ниви во Малешевијата за 40 пати поскапи за изградба на фотоволтаични централи - нема да одговара. Пропадна случајот со препродажбата на ниви во Источна Македонија, познат во јавноста како „Делчевски ниви“. Наместо предметот да се движи кон обвинителен акт се урна благодарение на ...

Европскиот парламент (ЕП) со оглед на последните настани ќе гласа за Резолуција за Косово и Србија, со која европските претставници најостро ќе го осудат нападот на 24 септември во Бањска на северот на Косово. Европската унија (ЕУ) ќе биде повикана да воведе санкции кон Србија доколку се утврди поврзаноста на земјата со овој напад, а од ЕУ ќе биде побарано да го промени пристапот во дијалогот за да се врати довербата во овој процес. Работата на ...

Синагога во Берлин била нападната со молотови коктели во утринските часови на 18 октомври, соопшти берлинската полиција. Според овие информации, неколку полицајци биле повредени во текот на ноќта во немирите на муслиманските имигранти во областите Нојкелн, Кројцберг и Бранденбуршката порта. Заедницата Кахал Адас Јисроел објави дека две запалени шишиња биле фрлени од улицата на нејзиниот верски објект во населбата Мите. Комплексот згради во оваа ...

Австрија го крева нивото на предупредување за закана од тероризам, објави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. На 18 октомври, на прес-конференција во Виена, тој рече дека тоа е таканаречената „портокалова шифра“, односно второто највисоко можно ниво на безбедност. Како што објавија австриските медиуми, тоа значи дека оценката на властите е дека постои конкретна закана и зголемен ризик од напад во Австрија и дека е донесена ...

Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази својата поддршка за Израел за време на неговата посета на таа земја во екот на војната меѓу израелските сили и милитантното палестинско движење Хамас. Во обраќањето со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бајден рече дека САД ќе се погрижат Израел да има сѐ што е потребно за да се брани. По експлозијата во болницата во Газа во која загинаа стотици луѓе, а палестинските власти го обвинуваат Израел, ...

Од здруженијата на пациенти предупредуваат дека опасно се спушта возрасната граница за болести за кои порано се мислело дека ги добиваат луѓе во поодмината возраст. Лекарите велат дека причини има многу, а една од нив е побрзата дијагностика поради што болестите порано се откриваат Само осум години има најмладиот пациент со мултипла склероза(МС), дијагностициран на Универзитетската клиника за неврологија. Најмалиот пациент со јувенилен артритис ...

Иако спорадични во споредба со борбите околу Газа, континуираните судири на израелската армија на нејзината северна граница со проиранските милитанти на Хезболах ја продлабочија загриженоста дека конфликтот може да се прошири на повеќе фронтови. Со размерите на нападот на Хамас врз јужен Израел, израелскиот напад на Појасот Газа и можното проширување на кризата, ова е најсериозниот развој на арапско-израелскиот конфликт во последните 50 години, ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
55%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
60%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.75
53%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 20ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
64%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
3.6
66%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61