
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



МВР не знаело дека склучува договор со фирма под истрага, судии пресудуваат кој може да информира а кој не, а младите не се заинтересирани за политиката и политичарите кои им „продаваат магла“. Њузлетер 17.11.2023 МВР не знаело дека фирмата со која склучи договор за закажување термини за лични документи е под истрага Министерството за внатрешни работи (МВР) неодамна склучи нов договор со фирма за телефонско и онлајн закажување на термини за ...
Покрај Камчев и брачниот пар Самсоненко, на „црната листа“ завршија и пет фирми од Северна Македонија кои се поврзуваат со нив. Меѓу нив и „Орка Холдинг“ и „Систина лајф кеар центар“, соопшти Американското Министерство за финансии. Ратка Куноска-Камчева, која е мајка на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, како и рускиот бизнисмен со македонско државјанство Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко се новите личности од Северна ...
Медиумите се враќаат на државна воденица, откако пратениците од власта и од опозицијата сложно изгласаа измените на Законот за медиуми да се разгледува по скратена постапка. Телевизиите и радијата ќе имаат на располагање околу 4 милиони евра народни пари. Партијата која ги укина државните реклами во медиумите - СДСМ, заедно со ВМРО -ДПМНЕ, се согласија измените со кои се враќаат владините реклами да се носат по брза постапка во Собранието. На ...
Владата ги исцрпува можностите за дополнително задолжување и зголемување на јавниот долг и треба да бара други алтернативи, вели за РСЕ универзитетскиот професор Зоран Ивановски по најавите за нови заеми во Буџетот за 2024 година. Економскиот аналитичар Абил Бауш укажува дека Владата има, но не ги следи стратегиите за сервисирање на јавниот долг, кој надмина 8 милијарди евра. Државата следната година планира да се задолжи за нови 1,2 милијарда ...
Во прашање е реката Јордан, долга околу 250 километри на источната граница на Израел и окупираниот Западен Брег. Морето за кое станува збор е Средоземното Море. Сепак, слоганот на просторот помеѓу, „од реката до морето“, стана борбен крик што може да ги распали страстите на Евреите и пропалестинските активисти по нападот на радикалната група Хамас врз јужен Израел на 7 октомври и одмаздничките бомбардирања на Израел на појасот Газа. Европската ...
На министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1 000 членови на делегации од 76 земји. Министерот Османи неколку пати повтори дека одлуката за (не)присуството на Лавров ја носи земјава, но во своите калкулации Скопје треба да ги земе предвид и ставовите на другите земји. Што се однесува до идното преседавање со ОБСЕ, ако не се најде друг преседавач, Османи ќе и предложи на владата да прифати земјава да преседава уште ...
Поминаа 18 години од ветувањето дека студентите на УКИМ ќе добијат спортска сала. Две влади се сменија, се потрошија над 2,5 милиони евра од државната каса, а студентите не влегоа во спортската сала, затоа што немала сопственик на хартија. Во меѓувреме демолираната сала цела година чека реновирање. Шест години беа потребни да поминат од ветување до првата лопата на камен темелникот на новата спортска сала во дворот на Универзитетот „Св.Кирил и ...
Владата ја зголеми квотата за увоз на работници од странство од 5000 на 7000. Годинава е при крај, но ни квотата од 5000 не е исполнета. Не е само до квотата, и до комплицираните процедури е, се жалат бизнисмените. Најмногу странци кои работат во Македонија се од Турција, а потоа од регионот – Србија, Косово, Албанија. Има и печалбари од Далечниот Исток. При крај на годината не е исполнета квотата за увоз на 5000 работници од странство. Според ...
Нови мобилни скенери од кинескиот производител Nuctech неодамна беа поставени на граничниот премин меѓу Србија и Бугарија на истокот од земјата. Тоа е кинеска донација и не е прв ваков аранжман на Србија со оваа компанија. Сепак, од првиот договор меѓу Србија и Nuctech, во 2009 година, до денес, овој технолошки магнат, специјализиран во областа на безбедноста, го следат бројни контроверзии. Од 2020 година, компанијата е на „црната листа“ на ...
Младите не ги познаваат домашните политичари. Нивниот начин на изразување е поинаков. Тие живеат во друга реалност. Кај мнозинството главна цел е да заминат од земјата, така што тука не помагаат ни етничките теми кои се вадат пред избори. Ова, меѓу другото, е тема за разговор со аналитичарот Џелал Незири во ова издание на поткастот Зошто. Неодамна прашавме млади луѓе ,по случаен избор на скопските улици, колку ги познаваат политичарите во ...
Претседателот на бугарското Собранието се надева дека разумот и политичката волја ќе надвладеат и Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ. А за да се случи тоа земјата треба да ги усвои уставните измени и да се спротивстави на говорот на омраза, вели Росен Жељасков. Неговиот колега, Талат Џафери вели дека од членството на Скопје во ЕУ и Софија ќе има бенефит Повеќе соработка, помалку говор на омраза, усвојување на уставните измени и Северна ...
Активистите од „Еко-свест“ ги критикуваат предложените измени на Законот за земјоделско земјиште, со кои велат дека ќе се загрози виталното земјоделско земјиште за изградба на енергетски проекти. Додека апелираат измените итно да се преиспитаат, ставот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е дека новиот закон ќе го штити квалитетното земјиште. Со потпис на премиерот Димитар Ковачевски е донесена владина одлука за ...
Претседателите на Соединетите Држави и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, во среда (15 ноември) ќе ја одржат својата прва средба лице в лице од минатата година. Аналитичарите велат дека нивната средба може да помогне да се стабилизираат проблематичните односи, но дека најверојатно нема да донесе многу промени на подобро. Односите меѓу Кина и САД долго време се „заматени“ со несогласувања околу трговијата, технологијата, безбедноста и човековите ...
За судијката што пресуди против ИРЛ, формиран е предмет откако ЗНМ поднесе барање за утврдување одговорност. Но, далеку е од некаква одлука зошто допрва ќе се решава дали ќе се поведе постапка или не. За судијата кој пресуди против пратеник деновиве ќе биде поднесена претставка до Судскиот совет. Скандалозни и преседани, се двата епитети што изминативе денови најмногу ги добиваа двете пресуди за клевета и навреда против редакцијата на ...
Фирмата „Симболико“која е задолжена да закаже термин за нови лични документи со името Северна Македонија, е дел од предистрага на Обвинителството за организиран криминал за јавна набавка поврзана со фингерпинт апаратите. Од МВР велат не знаеле за кривичната пријава што ја поднела Антикорупциска. „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени.“ За да не го слушнат ова граѓаните што телефонски се обидуваат да закажат за вадење на лични ...
Италијанската премиерка Џорџa Мелони го претстави планот за изградба на прифатни центри во Албанија во кои ќе се испраќаат мигранти кои ги преземала крајбрежната стража или морнарицата на оваа земја. Планираниот капацитет на центрите е 3000 луѓе дневно и да обработуваат 36 000 барања на баратели на азил годишно. Сепак, критичарите во Италија тврдат дека овој план е неостварлив и потенцијално незаконски, пишуваат светските медиуми. Правни пречки ...
Што прави српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш, Србија уште еднаш беше прашана од Европската Унија, десет години по отворањето на центарот на југот на земјата, кој е предмет на спорови меѓу Русија и Западот. Додека Москва го опиша хуманитарниот центар како „најзначајниот на Балканот“ за одговор на вонредни ситуации и природни катастрофи, западните земји се сомневаа дека тоа е обид за воспоставување воена база. И Европската Комисија побара ...
Коалицијата „Европски сојуз за промена“ ќе понуди конкуренција во албанскиот политички блок со фокус на економските прашања, вели претседателот на Деморатско движење, Изет Меџити, чија партија е дел од опозицискиот фронт, заедно со БЕСА и Алтернатива. За неприфаќањето на отворената покана од Алијанса за Албанците вели: „влегоа во влада за уставни измени, завршуваат како помагачи за враќање на Никола Груевски и донесување на измените во Крвичниот ...
Во Црна Гора живеат голем број руски државјани. Според статистичките податоци, тие поседуваат околу 19 000 недвижности ширум земјата. Црногорските власти минатата година ги измамиле европските функционери дека ги замрзнале имотите на 34 руски државјани кои се на списокот на санкции на Европската Унија. Поранешниот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ во јуни минатата година објави дека властите, следејќи ја европската политика, ги замрзнале ...
Северна Македонија очекува да добие една од вкупно шест милијарди планирани за регионот. Но, дали Западен Балкан ќе ги види овие пари во реалноста ќе зависи од тоа колку државите ќе ги завршат домашните задачи за реформи, но и ќе соработуваат со соседите за создавање заеднички регионален пазар. Шест милијарди евра за шесте земји од Западен Балкан, создавање единствен регионален пазар и пристап до пазарот на ЕУ, удвојување на економиите и ...
Некои изгубиле некој екстремитет или пак животот, други својата слобода. Но, во повеќето случаи, и руските војници со договор да заминат во борба, и нивните семејства не добија ниту една од придобивките ветени од државата за тоа што се пријавија да се борат во Украина. Тие останаа без бонус за учеството во борбите, без ветените помилувања на осуденици, без надомест за повреда или смрт и без документација за да докажат дека воопшто се бореле, ...
Граѓаните перспективата ја бараат надвор од земјата, а политичари не враќаат во минатото. Oткако во Сопот беше отворен меморијален комплекс каде беше изложена карта на Голема Албанија, а присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, универзитетскиот професор Арсим Синани вели дека електоратот повеќе не „се пали“ на националистичка реторика. Кај политичарите опстојува трендот и нивната посветеност кон националистичките теми, и покрај тоа што сите ...
Реален извештај на Европската Комисија и нереални изговори. Изговори и за неизборот на директор на ОТА, незавршениот автопат Кичево - Охрид, застојот во изградбата на гасводот Скопје - Тетово - Гостивар. Њузлетер 10.11.2023 Реален извештај и нереални изговори Европската Комисија во средата, на 8 ноември, го објави извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ. Уредно напишано ни го соопштија она што ние веќе го знаеме: распространета висока ...
На рокот за изградба на автопатот Кичево - Охрид му се гледа крајот, но не и на изградбата на патот, кој се гради 10 години. Неполни два месеца има до одлуката дали проектот ќе му се одземе на кинескиот изведувач Синохидро. И да се продолжи договорот и да се раскине, државата ќе треба да плаќа. И да се прекине договорот за изградба на „вечниот“ автопат Кичево -Охрид и да се продолжи, тоа ќе ја чини државата. Ако се прекине договорот, фирмата што ...
„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ од декември итно ќе ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за исчезнувањето, веднаш да ги споделат. Вакви системи има во Европа и во САД, а веќе и во регионот. За три години во Северна Македонија исчезнале 74 деца. Родителите на Петар Џобески речиси една година чекаат вест за својот тогаш 10-годишен син кој исчезна на 25 февруари лани во село Врпско, мариовско. Таму ...
Распространета корупција, без напредок во судството, прекумерна употреба на европското знаме и политичката поларизација, оценува Европската Комисија во извештајот за Северна Македонија. Министерот Османи за сè ја обвини опозицијата која го блокирала парламентот, а за ВМРО-ДПМНЕ извештајот е одраз на реалноста. Политичката ситуацијата во Северна Македонија остана поларизирана што влијаеше врз правилно функционирање на демократските институции. ...
Нема напредок во судството и во борбата со корупцијата, се наведува во најновиот извештај на ЕК за напредокот на нашата земја. Во голем мера влијание на тоа имале и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура, пишува во извештајот. „Нема напредок во судството минатата година. Судскиот систем останува на одредено и умерено ниво на подготовка. Судскиот советот треба да се залага за заштита на интегритетот и ...
Вонредна санитарна инспекција ќе ги проверува основните училишта во скопската општина Карпош и фирмата која ги снабдува со храна по пријава дека седум деца се заразени со салмонела. Родител за РСЕ вели дека нивното дете пет дена лежи во болница поради влошена состојба. Најмалку седум случаи на деца заразени со салмонела има во три основни училишта во скопската општина Карпош, потврдуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ( ДСЗИ ) ...
Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го измени францускиот устав, така што до следната година „правото на жените на абортус ќе стане уставно загарантирано право“. Со тоа Франција би станала првата земја која експлицитно го означила пристапот до абортусот како уставно право, што пак се гледа како одговор на укинувањето на правото на абортус во Соединетите Држави минатата година, пишуваат светските медиуми. Ветување на 8 март На крајот ...
Ѓубре насекаде, преполни контејнери од кои се шири неподнослива смрдеа, диви депонии со планини од отпадоци. Тоа е секојдневната слика на Скопје. Зошто е највалкан главен град на Балканот? Дали решението се високи казни и комунална полиција која ќе може да казнува и приведува? За овој проблем на градот во поткастот „Зошто“ разговараме со Горјан Јовановски, еко активист и креатор на апликацијата „Мој воздух“, но и советник во Град Скопје. Веднаш! ...