Њузлетер 06.10.2023 - Кога не функционираат институциите на државата, граѓаните чувствуваат несигурност, гнев, страв, па некои стануваат и насилни. Зошто македонските граѓани стануваат сѐ понасилни? Алармантно е што само во минатиот месец во државава имало 6 убиства, исто колку што имало убиства во цела 2022 година. И додека убиствата и насилствата ги полнат страниците за црна хроника, изминатиот период чести се и вестите во кои Северна ...

Млади луѓе со аутизам по два пати се запишуваат во средно училиште, само да имаат каде и со кого да се дружат. Ако покажуваат агресија или се самоповредуваат, што неретко е случај кај аутизамот, родителите немаат каде да ги однесат и за да добијат помош. Таква институција во држава – не постои. Филип Војдиноски, млад човек со аутизам од Скопје, двапати бил во средно училиште – прво, три години учел за готвач. Потоа повторно е запишан во истото ...

Се прават ископи на песок, чакал, се вадат суровини од рудници, но концесионерите не ги почитуваат стандардите за заштита на животната средина, велат еколошките организации. Алармираат дека може да стане и полошо затоа што државата подготвува нова стратегија за минерални суровини со која Северна Македонија лесно би можела да стане рударска колонија на ЕУ. Од локалниот пат кај скопското село Средно Коњари се гледаат багери кои извлекуваат песок ...

Има два случаи во кои манастирите и храмовите на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора се поврзуваат со оружје и лица од безбедносен интерес. Едното е објавувањето на транскрипти од разговори од апликацијата СКАЈ (SKY) на двајца наводни членови на „шкаљарскиот криминален клан“ во кои СПЦ се споменува како наводен финансиер на „100 калашникови“ пред парламентарните избори во 2020 година. Вториот случај е престојот на вооружени цивили во ...

За една година повеќе од двојно е зголемена референтната каматна стапка. Каматите растат за да се заузда инфлацијата. По рекордната висина лани, инфлацијата годинава се стабилзира, а тоа може да биде добар знак. Но и покрај високите камати, граѓаните се задолжуваат. Парите стануваат сè поскапи, особено ако ги зајмите од банка. Од лани референтната каматна стапка на кредитите е зголемена за повеќе од двојно. Лани во септември била 3 проценти, а ...

Заинтересирани за директорското столче во Оперативната техничка агенција има, ама пратениците се уште не ги разгледале кандидатите. Во меѓувреме ОТА еден месец е без директор, нема кој да потпише наредби за делување, па се доведува во прашање легалното делување на оваа безбедносна институција. Вкупно 21 кандидат за директор на Оперативната техничка агенција ( ОТА) се пријавиле на јавниот оглас што беше објавен само на два дена пред истекот на ...

Слободата на интернетот во светот се намалува веќе 13-та година по ред, се наведува во извештајот на Фридом Хаус. Според извештајот ситуацијата се влошила во 29, а се подобрила во 20 земји. И додека развојот на вештачката интелигенција обезбедува придобивки, таа исто така се користи за зајакнување на дигиталната репресија. Фридом Хаус истакнува дека владите користат автоматизирани системи за зајакнување на контролата на информациите и цензурата ...

Сите некогаш биле млади. Секоја генерација ја доживеала својата „младост – лудост“. Веројатно многумина некогашни а и сегашни млади ги почувствувале оние прекорни погледи од постарите, кога, нели, постарите вртат глава кога во нивна близина ќе поминеа помлади, по слободно облечени, според нивните модни стандарди, па со она лелеее... цццц... па со нивните коментари „види бре како се облекле децана“. Во ова издание на Поткастот Зошто разговараме ...

Невработеноста, корупцијата, животниот стандард и неефикасната администрација се меѓу проблемите што тлеат и се во пораст, но тие не се фокусот на јавниот дискурс. На политичарите, според аналитичарите, не им одговараат теми кои ќе ги погодат или не може да ги решат, па избираат амнестија, споменици... Кој ќе гласа „за“, а кој е против предлог-законот за амнестија кој денеска по скратена постапка беше доставен во Собранието? Значат ли ...

Мандатот на членовите на ДКСК истекува за четири месеци, без право за реизбор. Од Собранието „абер нема“ за избор на нова комисија, каде треба да се селектираат новите членови. Следи година на избори, што може да го отежне процесот, во неизвесност е и составот на комисијата за селекција. Осми февруари е денот кога ќе „заѕвони“ ѕвончето за седумтемина нови членови на државната комисија за спречување корупција (ДКСК) да седнат во столчињата од кои ...

До крајот на месецов треба да се знае кои посовремени лекови пациентите ќе можат да ги добијат на рецепт. Нема тајминг кога ќе можат да ги земат од аптеките, оти предлозите на Комисијата треба да го поминат и „филтерот“ на ФЗО. Кај нас уште се користат лекови што во Европа се исфрлени од употреба. Девет апликации за да се стават нови, иновативни лекови на позитивната листа на лекови досега стигнале до Комисијата која треба да ја ажурира листата. ...

Откако во септември во Шведска беа убиени рекорден број луѓе во престрелки или бомбашки напади, премиерот на оваа скандинавска земја, Улф Кристерсон најави ангажирање на армијата во борбата против насилството на бандите, како и низа други построги мерки. Некои критичари, пак, ги оквалификуваа предложените мерки како површни, тврдејќи дека тие не ги решаваат причините за насилството и дека владата не успева да ги реши основните општествени ...

Во полициските акции во Истанбул и Киркларели против Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација, по бомбашкиот напад во Анкара на 1 октомври, уапсени се 20 лица, соопштија тамошните медиуми. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, денеска изјави дека 20 лица се приведени во акциите што беа спроведени на 26 локации во Истанбул и Киркларели, пренесе Анадолија. Тој наведе дека утврдиле ...

Само минатиот месец имало 6 убиства, исто колку што имало убиста во цела 2022 година. МВР тврди - стапката на криминалитет паѓа. Гневот и стравот, според психолозите, се дел од факторите кои го поттикнуваат насилството кај луѓето, но влијание имаат и општествените случувања. Телото на скопјанец минатата недела беше пронајдено со 46 убоди во вратот и телото. Со десетици рани во градите, стомакот, вратот и рацете заврши и жената во Кочани која ...

Со неколку кликови ќе можете да проверите и да се спореди - Која банка колку ви наплаќа за вадење пари, проверување на сметка, плаќање на режиски трошоци... Некои банки се „поскромни“, но има и такви кои „дерат“ со провизии. Но во помалите градови граѓаните немаат избор - има само по една банка. Народна банка ја објави алатката што се чекаше со месеци и преку која граѓаните ќе може да видат која банка колку наплаќа за услугите што ги нуди. ...

Началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ ги демантираше наводите на косовските власти дека Србија со нападот во Бањска подготвува анексија на северот на Косово. „Српската армија е сериозна, силна организација која не толерира лаги. Навреда за интелектот е дека српската армија планирала инвазија на Косово. Ги демантирам сите наводи од Приштина“, изјави Мојсиловиќ на 2 октомври. Министерот за полиција на Косово, Џелал ...

Во летото 2022 година, платеничката група Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин, кој загина во сомнителна авионска несреќа во август, два месеци откако водеше краток бунт против руската војска, почна да регрутира осуденици во руските затвори за да одат на бојното поле во Украина. За неколку недели, тие испратија десетици илјади затвореници во некои од најкрвавите борби на боиштата, особено во регионот околу источниот украински град Бахмут. На ...

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами. Вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ. За претстојните претседателски избори Касами најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт На 15 ...

САД и ЕУ се загрижени од трупање на српска војска на границата со Косово. Белата куќа и шефот на европската дипломатија Борел повикаа да се повлечат тие сили. Тензиите меѓу Србија и Косово се зголемија по последните настани во Бањска, каде беше убиен косовски полицаец. Белата куќа ја повика Србија да го повлече, како што рече, големото воено распоредување од нејзината граница со Косово, во услови на зголемени тензии по смртоносните судири оваа ...

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека надлежните органи преку меѓународни партнери ќе бараат екстрадиција од Србија во Косово на „сите кои учествувале во планирањето и спроведувањето на терористички акции“ во Бањска. На 24 септември вооружени групи во ова село, во северниот дел на Косово, ги нападнаа косовските полициски сили при што беше убиен наредникот Африм Буњаку. Пет ...

Радоичиќ преку писмо признава дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“. Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан ...

На прсти се бројат државните институции кои реализирале најголем дел од парите предвидени за капитални инвестиции. Има и такви со нула реализација. На тие што не трошеле, Владата ќе им ги земе и ќе ги пренамени за плати, пензии, субвенции. Нема да се градат и да се реновираат државни објекти, болници, затвори, се намалуваат парите за комунални услуги и урбанизам. Армијата крати од парите за интеграција во НАТО – за купување опрема и машини. На ...

На половина пат е шестиот закон за амнестија во државава, колку што имаше од осамостојувањето на државата досега. Затворите се уште се преполни, условите во нив - нехумани, а ресоцијализацијата и рехабилитацијата на затворениците е „заглавена“ кај недостигот на кадар да работи со нив. Што ќе смени последниот Закон за амнестија? Затворениците штo ќе излезат од другата страна на затворската капија, откако во Собранието ќе помине Законот за ...

Персоналот на американскиот Сенат соопшти дека хакери поврзани со кинеската влада украле околу 60 000 мејлови од сметките на 10 функционери на Стејт департментот во хакерски напад кој се случил летово Новите детали од претходно познат хакерски инцидент не само што би можеле да ја зголемат загриженоста на Вашингтон за хакерските напори на Кина, туку и да го зголемат притисокот врз технолошките гиганти да бидат потранспарентни за начините за ...

Њузлетер 29.09.2023 - Протести, чекање одговори, политички договарања, јавни прозивки... Стари кавги и нови актери. И меѓу нив - едно УСБ Стара приказна, нови актери Неделата ни почна со стара приказна, но со нови актери. По минатонеделната преписка за законот за амнестија во која фејсбук дописи стасуваа и од Будимпешта, на сцена се појави нов „актер“ - УСБ, мемориски стик на кој, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, имало докази за тајна оска ...

Додека опозицијата најавува блокада на предлог-законот за аместија, министерот за правда вели дека ќе им даде албум со фотографии и огледала на пратениците за да се погледнат пред да гласаат. Ако се донесе, законот целосно ќе ослободи најмалку 286 осуденици, а на 996 ќе им се скрати казната. Предлог-законот за амнестија за околу десетина дена треба да се најде пред пратениците во скратена постапка. Иако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ...

Вработени во судската администрација, поделени во два синдикати, во истовреме протестираа низ центарот на Скопје со исти барања - повисоки плати за 78 отсто и да им се исплатат додатоците на плата од 35 отсто, што не ги земаат со месеци. Колкаво покачување добиле судиите, да добијат и административците, порачаа синдикалците. Десетици луѓе чекаат да дојде 11 и 30 часот и веднаш да ја наполнат чекалницата на Кривичниот суд во Скопје. Судската ...

Со можноста да се изрече доживотен затвор за најтешки случаи за уништување на животнта средина, Северна Македонија влезе во друштвото на неколку нации кои го ставија „екоцидот“ во своето законодавство. Но, дилемите се дали ваквиот закон ќе се спроведува или ќе биде само на хартија? Северна Македонија стана дел од глобалното движење во борбата против уништувањето на животната средина, откако го криминализираше „екоцидот“ со последните измени на ...

Од „поддршка“ на стадионот и скандирање „Косово е Србија“ до заеднички собири на кои се величат фашистичките водачи од минатото. Објавите на социјалните мрежи укажуваат на оваа повеќегодишна соработка меѓу ултранационалистичките групи од Србија и Романија. Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификуваше неколку романски и српски организации кои соработуваат во одбраната на „националните“ и „православните“ вредности. Истовремено, тие учествуваат во ...

Дијабетичарите се вознемирени од помагалата што ги добија. Од МАЛМЕД велат дека тендерот е според законот. Од веледрогеријата „Д-р Пановски“ , пак, тврдат оти испораката е направена според нарачката од Министерството за здравство. Од две зла, е бирано помалото, велат извори на Радио Слободна Европа за тоа како по последниот тендер, до дијабетичарите стигнаа глукометри за кои велат дека се без оригинално пакување, во најлонска кеса и без ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
54%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
84%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.72
88%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
1.79
49%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
93%
1009
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
53%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58