Фудбалерите на Вардар се вратија на тронот во македонскиот фудбал, скопските „црвено-црни“ повторно се шампиони на нашата земја по пауза од шест години, за вкупно 12 титула во клупската историја. Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски забележаа 25 победи и пет нерешени резултати и само двапати ја почувствуваа горчината на поразот. По шампионскиот трофеј во Првата лига, следен фокус на клубот ќе бидат квалификациите за Лигата на ...

Англиската актерка Хана Мареј (36), најпозната по улогата на Гили во „Игра на тронови“, проговорила за морничавото искуство низ кое поминала кога во доцните дваесетти години ја привлекол „велнес култ“. Мареј сега ја промовира својата автобиографска книга „Измислување: Мемоари за магијата и лудилото“ (The Make-Believe: A Memoir of Magic and Madness). Во книгата зборува за притисоците на кариерата, како и за привлечноста на алтернативните, ...

Националната полиција на Украина ги објави снимките од камерите што ги носат полициските службеници, од првите минути по рускиот напад врз Киев. На терен тие спасуваат повозрасни жени, гаснат пламен, преврзуваат рани… Најмногу проектили беа насочени кон главниот град, врз обични станбени згради, врз училишта, го запалија пазарот за храна – еден од најстарите пазари во Киев. Рускиот напад всушност го уништи Музејот на Чернобил, оштетен е ...

Нема крај на серијата на титули на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, а не е ни блиску крајот на неверојатната кариера на Војдан Стојановски. Испиша легендарниот македонски кошаркар уште една страница во својата биографија. Сега ја дополни со наградата со МВП признанието, најкорисен играч на финалната серија на плејофот. Еден од најискусните играчи во ново-стариот шампион одигра уште една одлична партија во третиот и решавачки ...

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира ja објави новата песнa „Dai Dai“, која е избрана за официјална химна на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Таа ја сними нумерата во соработка со нигерискиот музичар Бурна Бој, а песната ќе го придружува најголемиот фудбалски турнир кој оваа година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Новата химна комбинира препознатливи латино ритми со африкански звук, додека видеото прикажува сцени од навивачка ...

Во третиот натпревар од финалната серија во „МТЕЛ“ Супер лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш беа подобри од Маџари, сега и на гостински терен (80:74) за максимални 3:0. Доволно за да ја одбранат титулата, и во Аеродром да го донесат и 13 шампионски трофеј во историјата. Маџари беше екипата која имаше подобар почеток на натпреварот број 3 од финалната серија на плејофот. Одлично го отворија мечот домашните кошаркари, кои во ...

Политичката партија Вреди ја поддржува одлуката на Министерството за финансии да ја одземе лиценцата на финансиското друштво „Креди Јес“ и да му затвори 40 филијали. Оттаму велат дека „институциите мора да ги штитат семејствата од должничко ропство“. Владејачката партија Вреди ја поздравува одлуката на Министерството за финансии да му ја одземе лиценцата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, што резултираше со затворање на нивните ...

Стејт Департментот испрати извештај до американскиот Конгрес за односите кои ги има со Западен Балкан, во кои се споменува и Македонија. Во извештајот на 7 страници се наведува дека САД ја напуштаат политиката на „градење држави и интервенционизам“ на Западен Балкан и се свртуваат кон соработка. Ерата на градење нации предводена од САД помина. Политиката на САД во Западен Балкан не е за спасување или реконструкција, туку за стабилност и ...

Холивудската актерка Деми Мур покажа поголема колекција на свечени тоалети на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан, каде што беше и член на жирито, а секоја од нив, од пердувестиот „Гучи“, измамнички едноставниот на Том Браун, до тесниот на „Жакемус“ и класичната на „Нина Ричи“, предизвикаа многу реакции. Но, врвот на модното изразување на американската актерка и врвот на реакциите се случија на премиерата на филмот „Хартиен тигар“ (Paper ...

Турската полиција со солзавец насилно влезе во седиштето на главната опозициска партија во Анкара за да го истера нејзиното соборено раководство, објави „Ројтерс“. Облаци солзавец имало над зградата на Републиканската народна партија (ЦХП), додека оние внатре викале и фрлале предмети кон влезот додека полицијата ја пробивала импровизираната барикада. Засега нема пријавено повредени. Ова доаѓа откако турскиот суд го разрешил лидерот на ...

Ливерпул емотивно се збогува со Мохамед Салах и Енди Робертсон, двајца играчи кои ја одбележаа една од најголемите ери во модерната историја на англискиот фудбалски клуб. По натпреварот и ремито со Брентфорд (1:1) по што „црвените“ како петтопласирани ќе играат следната сезона во Лигата на шампионите, играчите и тренерите на Ливерпул формираа почесен шпалир за Салах и Робертсон, глетка што беше особено трогателна за навивачите на „Енфилд“. ...

Украина повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Претседателот на Украина Володимир Зеленски информираше дека бројот на жртви по нападот врз Киев кој се случи ноќеска, се искачил на 4 лица, а околу 100 луѓе се повредени низ целата земја. Само во ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен дека во двор на основно училиште во Илинден физички и вербално нападнал дете на возраст меѓу 12-13 години, откако неговиот син претходно имал недоразбирање со врсникот. „Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во ...

Денеска во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во Унгарија екипата на ГРК Охрид триумфираше со 29:28 против Татабања. Играчите на тренерот Борис Ројевиќ можат да жалат што не се враќаат во Македонија со поголема предност, откако имаа и „плус седум“ во текот на првото полувреме (12:5). Нашиот претставник контролираше водство од четири-пет голови разлика (15:11, 18:13), а нешто подоцна повторно и до „шест плус“ (25:19). ...

Лишен од слобода е туристички водич во автобус, косовски државјанин поради сторено кривично дело „давање поткуп“, информираат од МВР. Денеска во 6 часот и 30 минути на подрачјето на СВР Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од ...

Мајка од Тексас ги тужи полицајците кои ја уапсиле откако на социјалните мрежи предупредила како валканата вода за пиење во нејзиниот град ги „хоспитализира“ граѓаните, објави „Њујорк пост“. Џенифер Комбс, од Тринидад, беше притворена месецов како наводна политичка одмазда за објава за „сериозната“ загриженост за јавното здравје на Фејсбук – можно кршење на слободата на говорот, според FOX 4. Веројатно тоа беше едно од најпонижувачките ...

Македонската и тетовската одбојка денеска се збогува со својата легенда Владимир Ѓорчески-Ципа, кој на 66. години почина во Тетово. Ѓорчески кариерата ја започнува во Југохром, каде минува две сезони, а потоа пет години е дел од Работнички и пет сезони настапува за Вардар. Интернационалната кариера ја гради во Барселона, Шпанија и грчки Арис. На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром. За репрезентацијата на ...

Aктерот Васил Зафирчев за првпат отворено проговори зошто завршил неговиот брак со Калиопи. Во гостувањето во поткастот „Естраден лексикон“ со многу почит проговори за својот однос со Калиопи. Запрашан за тоа како е да се биде во брак со една таква впечатлива личност, Зафирчев не штедеше пофални зборови за својата поранешна сопруга, опишувајќи ја како исклучителна личност и уметник. За Калиопи, Зафирчев рече дека е ретка билка и посебен ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека им порачал на своите претставници да не брзаат со каков било договор со Иран. Така всушност ослабнаа надежите за неизбежен пресврт во тримесечната војна, кои претходниот ден беа подгреани од двете страни. Еден од најлошите договори некогаш направени од САД беше Иранскиот нуклеарен договор потпишан од Барак Хусеин Обама и аматерите од неговата администрација. Тој договор беше директен ...

Со четири победи македонскиот сениорски репрезентативец во теквондо, Филип Блажевски стигна до златниот медал на Г1 турнирот во Луксембург. Нашиот натпреварувач во категоријата -80 кг. успеа да совлада противници од Норвешка, Британија, Германија и Грција. Во првата борба, Блажевски со 2:0 го совлада Норвежанецот Емил Нигаард, во втората борба беше подобар од Британецот Кристиан Ленгриџ (2:0). Блажевски во полуфиналето со 2:0 беше подобар од ...

Фудбалерите на Вест хем се последните патници во Чемпионшип за следната сезона, ова е исходот од последното, 38 коло од Премиер лигата. Вест хем мораше да го победи Лидс во последното коло и да „навива“ за Евертон да го совлада Тотенхем за да остане во елитата, но на крајот не беше остварена целта. Тотенхем, на кој му беше доволен и бод, славеше со 1:0 на домашен терен против Евертон, а стрелец беше Португалецот Жоао Палиња во 43 минута. ...

Екипата на Пелистер забележа сигурна и рутинска победа на домашен терен во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи го Башкими на стадионот „Петар Милошевски“ со 1:0. Битолчани уште од самиот старт наметнаа силно темпо и висок притисок, а таквата офанзива за малку ќе донесеше експресно водство. Се играше петтата минута од натпреварот кога Ристовски одлично се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе гостинската ...

Пет лица се лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие, информираше МВР. Вчера во 19 часот и 45 минути во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Истиот ден во 23 часот и 35 минути на ул.„11 Септември“ во Кичево, ...

Денеска од 17.00 часот во Унгарија ќе се игра првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп, ракометарите на Охрид му гостуваат на тимот на Татабања. Македонија сигурно ќе има свој шампион во ова натпреварување сезонава, само прашање е дали клупски или индивидуално. Потсетување, во редовите на Татабања настапува левиот бек Филип Талески кој се наоѓа во составот за првите 60 минути од финалето во ЕХФ Европскиот куп. Составот на ГРК ...

Фудбалерите на АП Брера Струмица ја заокружија сезоната во првенството со убедлива победа од 6:0 против Шкупи пред својата публика. Струмичани ги очекува бараж за опстанок, додека чаирчани и официјално се селат во Втората лига. Гостите од Чаир успеваа да парираат само во првото полувреме, кога на пауза заминаа со минимална негатива од 1:0. Но, во продолжението целосно потфрлија и доживеаја вистински дебакл. Серијата голови ја отвори Никола ...

Лишени од слобода се возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, кај кои биле пронајдени непријавени 34.965 евра, соопшти МВР. Полициските службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопреле автобус „мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од село Доброште, тетовско кој сообраќал на релација Германија-Македонија. При преглед на ...

Фудбалскиот клуб Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи тимот. По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи! – стои во објавата на ФК Силекс. Потсетување, клубот од Кратово го освои Купот по ...

Јуни ќе биде одличен месец за одредени хороскопски знаци, предвидуваат астролозите. Ѕвездите им носат космичка правда на четири одбрани хороскопски знаци. Време е да ги откриете точните датуми, специфичните астролошки аспекти и чекорите што треба да ги преземете за да го искористите овој период. Бикот добива материјални благослови и стабилност Сите проблеми со парите и неизвесноста запираат во моментот кога Јупитер ќе започне директен потег ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски информираше дека бројот на жртви по нападот врз Киев кој се случи ноќеска, се искачил на 4 лица, а околу 100 луѓе се повредени низ целата земја. Само во Киев, околу 30 станбени згради се оштетени или уништени. Благодарен сум на сите наши служби кои моментално работат на местата на ноќните напади од Русија: единици на Државната служба за вонредни ситуации, Националната полиција и општинските служби. ...

Организацијата „Архива на јавни собири“, која го следи бројот на присутни на јавни настани, објави дека на синоќешниот протест „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ имало меѓу 180.000 и 190.000 луѓе. Според нејзината објава на „Икс“, проценката е направена врз основа на измерена површина од 107.000 квадратни метри и просечна густина од 1,7 луѓе на квадратен метар. Од организацијата наведуваат дека станува збор за втор најголем ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.93
66%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
64%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.1
75%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
59%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
81%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 15ᴼ
0.88
93%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
59%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
62%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.94
95%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97