Џоан Колинс, која вчера го прослави 93-от роденден, пред неколку дена ги засени двојно помладите колешките на црвениот тепих во Кан. Таа донесе допир на вистински гламур на Филмскиот фестивалот во Кан. Легендарната актерка носеше скулпторски бел фустан инспириран од орхидеја со долга наметка од колекцијата висока мода на францускиот дизајнер Стефан Роланд. Во фустанот, во комбинација со драматични црни свилени ракавици, дијамантски накит и ...

Германскиот тенисер Александер Зверев денеска се пласираше во второто коло на грен слем турнирот Ролан Гарос откако со 3:0 во сетови го совлада Французинот Бенжамен Бонзи со 6:3, 6:4 и 6:2. Видовме сериозна борба само во вториот сет. Тогаш Бонзи успеа да направи брејк на сервисот на Зверев, односно да се врати во сетот кога го израмни резултатот на 4:4. Сепак, Германецот не дозволи изненадување, па ги освои следните два гема за зголемување ...

Тамара Тодевска откри интимна приказна поврзана со својата автобиографска песна „Кукла жива“. Пејачката со полна пареа ја подготвува својата нова музичка ера. По најавата на новиот студиски албум и истоимената носечка песна, Тамара деновиве ги здружи силите со својот најблизок тим и застана пред камерите за снимање на новиот видеоспот. Преку фотографии „зад сцената“ споделени на нејзиниот инстаграм-профил, пејачката најави уникатен концепт. ...

Директорот на државната „Номагас“ Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово а притоа нема пријавено имот во Антикорупциската комисија, обвини денеска ДУИ. Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, Недим Рама и Л.Х.се поврзуваат со недвижности во Маврово, односно со апартмани лоцирани во атрактивен туристички комплекс. Станува збор за имот кој во јавноста се промовира како луксузно ...

Македонскиот млад борач Лука Ананиев донесе бронза за нашата земја на Европското првенство за натпреварувачи до 15 години во Самоков, Бугарија. Во борбата за бронзениот медал во категоријата до 48 килограми, Ананиев славеше победа против О. Думан од Франција со 5:3. Со бронза се закити и Абдулазиз Азизи кој во категоријата до 62 кг., триумфираше против Тибор Наџи од Романија. Тоа е и првиот европски медал во историјата на боречкиот клуб ...

Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата, кажа на денешната свечена академија за одбележувањето на денот на Св. Кирил и Методиј премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се на борбата против корупцијата. -Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам ...

Канадската полиција потврди дека е пронајдено телото на актерот Стјуарт Меклин (45), кој последен пат беше виден на 15 мај во неговиот дом во Лајонс Беј, град оддалечен околу 40 километри од Ванкувер. Телото на Стјуарт Меклин е идентификувано еден ден откако беше објавено дека исчезнатиот актер е веројатнo жртва на убиство. Интегрираниот канадски тим за истрага на убиства (ИХИТ) објави во соопштение за медиумите во петокот, дека останките на ...

Голем дел од земјиштето на расадникот за овошки „Цветан Димов“ во скопската населба Ново Лисиче е продаден на градежен инвеститор, кој таму планира да гради станбени згради, објави „Фактор“. Купувач, според регистарот на парцели на Агенцијата за катастар, е „Јунајтед билд груп“, компанија регистрирана пред само десетина месеци, во јули 2025, за изградба на станови. Купени се најмалку три големи парцели со вкупна површина од над 25.000 метри ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја употребила моќната хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ за време на масовен напад со дронови и ракети врз Киев, во кој загинале најмалку двајца. Ова е третпат ова оружје да биде употребено во четиригодишната војна, објави „Ен-би-си њуз“. Интензивниот воздушен напад оштети згради низ украинската престолнина, вклучително и објекти во близина на владини институции, ...

Полска се соочува со серија лажни дојави за пожари или други закани, вклучително и една вчера во стан во Гдањск што му припаѓа на член на семејството на претседателот Карол Навроцки, изјави премиерот Доналд Туск. Туск денеска наутро одржа седница на Владиниот центар за безбедност по инцидентот, за кој рече дека е дел од неодамнешна серија вакви лажни повици. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на ноќта центарот за итни ...

Украинскиот боксер Олександр Усик (39) ја одбрани ВБЦ титулата во тешка категорија со победа со технички нокаут над холандскиот кикбоксер Рик Верхувен во 11 рунда, во меч одржан во Гиза, Египет, кој заврши со одлука. Верхувен, во само својот втор професионален боксерски меч, беше на прагот да изведе едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот, доминирајќи против Усик во поголемиот дел од борбата. Непоразениот шампион ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека наскоро му истекува мандатот и дека можеби ќе поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скратува мандатот како што своевремено направи претседателот Борис Тадиќ, со „бесмислена формулација, бидејќи или поднесуваш оставка или си претседател до крајот на мандатот“, објави „Данас“. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг, на почетокот ...

Албино бивол, кој го нарекоа Доналд Трамп поради фризурата на американскиот претседател, привлекува мноштво луѓе во близина на Дака во пресрет на Курбан Бајрам, додека посетителите се собираат за да го видат неговото ретко светло крзно. Биволот тежок 700 килограми му припаѓа на земјоделецот Зија Удин Мрида, а стекна популарност на социјалните мрежи благодарение на долгите, светли влакна, кои многумина ги споредуваат со фризурата на ...

Ракометниот клуб Алкалоид со победа ги заврши домашните натпревари во Суперлигата. Екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров беше подобра од Бутел Скопје, со 37:21. После првото полувреме тимот од Автокоманда имаше предност од осум голови разлика (19:11). Најдобар стрелец на дуелот беше Улфар Тордарсон со осум гола, а Марко Стојковиќ, Урош Борзаш и Филип Николов постигнаа по пет. Голманот Ѓорѓи Николовски имаше 12 одбрани и еден одбранет ...

Откако се појави веста за крахот на нејзината врска, српската пејачка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Пејачката неодамна беше видена во еден белградски локал во интимно издание со Алексеј Бјелогрлиќ, синот на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, а видеата објавени на социјалните мрежи покажаа дека изгледале многу блиски, пишува српски „Телеграф“. Како што дознава „Телеграф“, двојката ...

Централен музички настан на почетокот на јуни во Скопје веќе 25 години е ОФФест, фестивалот на „музиката на светот“, или по ново, како што ни објасни Оливер Белопета, „глобалната музика“, која ќе биде презентирана со учесници од 12 земји. Јубилејно 25. издание на ОФФест ќе се одржи од 3 до 6 јуни во Скопје. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната опера и балет, а последната во Младинскиот културен центар. Следејќи ја ...

Трojцa денеска насилно влегле во продавница на улицата „Тале Христов“ во Скопје и предизвикале пожар, а при неговото гаснење двајца полицајци вдишале чад и биле пренесени на Клиниката за токсикологија. „На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул. ‘Тале Христов’ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски ...

Пелистер во последното 33 коло ќе игра пред својата публика и ќе се обиде да ги подобри своите шанси во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Единствен ривал на битолските „зелено-бели“ е АП Брера, со која минативе кола се ротираа на осмото и деветтото место од табелата, а тоа има важност за тоа кој со кого ќе игра во баражот за опстанок во лигата. На хартија, АП Брера игра со „фенерџијата“ Шкупи и има релативно полесно ...

„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии денеска информираше дека поради неправилности во работењето му ја одзело лиценцата за работа, пишува „Фактор“. „Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените ...

Кошаркарска Европа ќе застане во 20.00 часот кога кошаркарите на Олимпијакос и Реал Мадрид во Атина, Грција, ќе ја почнат финалната битка за титулата во Евролигата. Реприза на драматичното финале од 2023 година и петтиот дуел меѓу двата клуба во борбата за трофејот, што е рекорд во историјата на натпреварувањето. Шпанскиот клуб ја брка својата 12 титула во 21 финале, додека грчката екипа се бори за својот четврти пехар наменет за најдобриот ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е постигнат „значителен напредок“ во разговорите за завршување на американско-израелската војна против Иран и навести дека „светот можеби ќе добие добри вести во следните неколку часа“, кратко откако претседателот Доналд Трамп рече дека меморандумот за разбирање за прекин на борбите е „во голема мера договорен“. Рубио, кој беше во својата прва официјална посета на Индија, денеска изјави ...

Денеска од 17.00 часот ќе се играат натпреварите од последното 38 коло во Премиер лигата по кое ќе дознаеме уште еден клуб кој ќе остане во елитата и следната сезона, а кој се сели во понизок ранг, односно Чемпионшип. Од претходно е познато дека Премиер лигата ова лето ќе ја напуштат Барнли и Вулверхемптон, а во трката за опстанок останаа екипите на Тотенхем и Вест хем. Моментно Тотенхем е на 17 место со 38 бодови, два повеќе од Вест хем на ...

Музичката ѕвезда Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот што се случи во текот на неговиот настап во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, кога среде концертот беше фрлен солзавец во публиката. Иако настапот беше накратко прекинат поради паниката меѓу граѓаните, пејачот, сепак, го продолжи концертот, а сега преку Инстаграм испрати емотивна порака до публиката и им се заблагодари за поддршката. – Црна Гора, ќе изберам да ...

Бомбаш-самоубиец вчера активирал возило натоварено со експлозив во близина на железничка пруга, додека патнички воз минувал низ југозападниот пакистански град Квета во Пакистан. Во нападот загинале најмалку 23 луѓе, а повеќе од 70 се повредени, објави „Асошиејтед прес“. Силата на експлозијата превртела два вагона од возот, кои потоа се запалиле, при што густ црн чад се издигнал во воздухот, според снимки споделени на интернет. Нападот се ...

Фудбалерите на АП Брера ќе играат бараж за опстанок во Првата македонска лига, но за да ја заокружат сезоната со позитивен резултат, посакуваат триумф на денешниот меч против Шкупи. Трите бода се императив за струмичкиот состав на мечот кој го играат на домашен терен. – Треба да ја заокружиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за бараж-натпреварот што нѐ очекува за опстанок во елитата – порачуваат од Брера. Натпреварот меѓу АП ...

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на една од најфреквентните раскрсници во главниот град, во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Според првичните информации од терен, патничко моторно возило удрило во лице кое управувало велосипед. Како последица на возилата кои се наоѓаат на коловозот, сообраќајот во овој дел од градот се одвив со забавено темпо. Сообраќајна несреќа се случи попладнево на една од најфреквентните раскрсници во ...

Во три одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје, тешко повредени се велосипедист, пешак и мотоциклист. Во една од сообраќајните несреќи, пешак бил тешко повреден вчера околу 10 часот на кружниот тек кај улиците „Христо Татарчев“ и „Марко Орешковиќ“ и булеварот „Србија“ во Скопје. „На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул. ‘Христо Татарчев’, ул. ‘Марко Орешковиќ’ и бул. ...

Девојка е повредена во пожар што утрово избувнал во стан на улицата „Разлошка“ во Гази Баба, каде што живеела како потстанарка. „На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.’Разлошка’ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники ...

Живкица Каленикова, сподели емотивна семејна приказна поврзана со својот најстар син. Поводот за славење во нивното семејство е полуматурата на најстариот син Даријан. На фотографијата, Живкица позира гордо и со широка насмевка покрај својот син, кој за оваа свечена пригода е дотеран во класична елегантна комбинација, бела кошула и црни панталони. Под фотографијата, водителката кратко и со гордост напиша: „Со полуматурантот“. Живкица ...

Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија е поставена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.93
66%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
64%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.1
75%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
59%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
81%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 15ᴼ
0.88
93%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
59%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
62%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.94
95%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

51.97

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09