Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Андреј Рајатоски, познат по неговите ангажирани видеа како „Градинарот“, како и здружението „Млади од семејна разновидност“ и „Зелени пионери“ се добитниците на Наградите за младинско учество за 2026 година. Наградите беа доделени вчера по повод Меѓународниот ден на младите, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во ...
Британскиот актер Ентони Хопкинс на 21 август ќе го објави својот дебитантски албум со класична музика, насловен „Животот е сон“ („Life Is a Dream“). Албумот содржи 12 композиции што Хопкинс ги создавал во текот на шест децении, а ќе го објави издавачката куќа „Дека рекордс“ („Decca Records“), пишува „Еуроњуз“. На снимањето, одржано во април во лондонската палата Александра, учествувал Филхармонискиот оркестар, со кој диригирал Густаво ...
Маж и жена се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во близина на кичевското село Тајмиште, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале кола и товарно возило. „Несреќата се случила околу 8 часот и во неа учествувале патничко и товарно возило. Повредени се маж и жена кои биле во патничкиот автомобил. Тие биле пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош“ соопшти МВР. ...
Браќата Ендру и Тристан Тејт, обвинети за силување, чувале цела залиха пасоши со различни лажни имиња за да патуваат во странство — меѓу кои и едно име преземено од негативец од роман за познаниот британски шпион Џејмс Бонд, пренесува „Њујорк пост“. Тристан Тејт имал мексикански пасош со својата фотографија и датум на раѓање, но со името „Владимир Скорпиус“, името на главниот негативец во шпионскиот роман за 007 „Скорпиус“, се наведува во ...
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Мркоњиќ Град рече дека „Српската Црква е иста и во Мркоњиќ Град и во Пирот и во Мелбурн и во Скопје“. Од Синодот посочуваат дека МПЦ-ОА, е „легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, како и наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска ...
На 11 август 1999 година, Војчех Кубјак за момент ги симнал заштитните очила за да го фотографира затемнувањето на Сонцето. Во тие неколку секунди не почувствувал ниту болка, ниту печење, ниту каков било знак дека нешто сериозно се случува. Дури подоцна сфатил дека видот му е трајно променет, пишува „РТЛ Белгија“ („РТЛ“). Пред 27 години, Брисел, како и голем дел од Европа, за кратко потонал во темнина поради целосното затемнување на Сонцето ...
Фолк-пејачот Зоран Ванев, кој е роден во Штип, а долги години живее во Швајцарија, со отворено писмо упати серија обвинувања за начинот на кој се организира и финансира фестивалот „Макфест“. Тој ги повика Општина Штип, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го испитаат трошењето на јавните средства за фестивалот. Во писмото насловено „Скандал од Макфест до Пастрмајлијада: Како народните пари од ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 пронашле тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите“ соопштија од Царинската управа. Ова е четврти ...
Утрово е пронајдено телото на еден од двајцата португалски државјани кои исчезнаа пред два дена заедно со уште двајца во Јадранското Море. Телото било забележано од хеликоптер. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, објави Индекс. Четворица млади Португалци исчезнаа во Јадранското Море за време на невреме, имало бранови над три метри Вчера по неколкучасовно пребарување во каналот Велебит беа пронајдени живи маж и жена, а интензивните ...
Душан Влаховиќ официјално e нов играч на Бешикташ, а при пристигнувањето во Истанбул со себе донесе нешто што никој не го очекуваше – две гајби домати. Според турските медиуми, причината за необичниот багаж е поврзана со преговорите за трансферот. Челниците на Бешикташ, кои престојувале во Белград додека се договарал трансферот, наводно биле воодушевени од доматите што ги јаделе за време на заедничката вечера во еден белградски ресторан. ...
Домаќинствата во кои живеат родителите со своите деца и внуци, а понекогаш дури и родителите на родителите, веќе одамна се минато. Современиот начин на живеење, продолжувањето на животниот век, како и работниот ангажман на жените, наметнуваат сè поголема потреба од згрижување на возрасните. Ова создаде една нова стопанска дејност „Социјална заштита со сместување на стари и изнемоштени лица“, шифра под која се евидентирани 36 установи. Цените ...
Градежниот сектор бележи значителен раст. Во јуни 2026 година во земјава се издадени 296 одобренија за градење, што е 39 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани. Според податоците, вкупната предвидена вредност на објектите достигнува 103,5 милиони евра, односно 31 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Од вкупниот број одобренија, 200 се за високоградба, 26 за нискоградба, а 70 за реконструкција. Во јуни е предвидена изградба ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе формираат заеднички политички и воени механизми што произлегуваат од одбранбениот договор потпишан минатата недела. Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека новиот сојуз, исто така, ќе ја продлабочи соработката во одбранбената индустрија, објави Ројтерс. Трите земји го потпишаа „Заедничкиот договор за одбрана од Мека“ на 7 август. Станува збор за сојуз на сунитски партнери на САД, а е ...
По завршувањето на групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, следуваше ден за одмор, но и за преселба на дел од репрезентациите од Скопје во Гевгелија и обратно. Една од селекциите која го продолжува натпреварувањето во Скопје е и македонската кадетска репрезентација. По пет одиграни натпревари во Гевгелија, нашите кадети го продолжуваат шампионатот во борбата за пласман од деветтото до 16 место. ...
Бред Пит се вклучи во дебатата за вештачката интелигенција, велејќи дека таа би можела да биде корисна „алатка“ за филмската индустрија. Искусниот актер и добитник на Оскар го изрази своето мислење за оваа контроверзна тема во ново интервју за списанието „Ескваер“. – Постои големо противење на вештачката интелигенција, но вештачката интелигенција ќе биде токму она што, доколку се користи како алатка, ќе помогне во правењето филмови со среден ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да потроши најмалку 900 милиони долари за градежни проекти во комплексот на Белата куќа, при што се очекува најголемиот дел од средствата да дојдат од даночните обврзници, објави „Вашингтон пост“. Медиумот објави дека администрацијата обезбедила средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директни средства од Конгресот. Средствата биле ...
Романската нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ утрово соопшти дека започнала постапка за контролирано исклучување на вториот блок во нуклеарната централа „Чернавода“, објави „Романија инсајдер“. Постапката за исклучување на Вториот блок започнала во 8 часот. Производството на електрична енергија постепено ќе се намалува, а од 11 часот нуклеарниот блок ќе биде исклучен од националната електроенергетска мрежа. Националниот енергетски систем ...
Брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете во паркиран автомобил пред трговски центар во хрватскиот град Пореч и отишле во продавница, пренесува Кликс. Според соопштението на Полициската управа на Истра, 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина, го оставиле своето дете во заклучен паркиран автомобил со затворени прозорци, со што се прекршени правата на детето. ...
Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за 8.851 место на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во академската 2026/2027 година. Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а учебната година на 23 факултети на Универзитетот ќе започне на 1 октомври. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември. Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 ...
Атхе Мазари и официјално ја продолжува кариерата во Албанија, откако 25-годишниот напаѓач стави потпис со Елбасан, член на најсилната тамошна фудбалска конкуренција. Албанскиот клуб веќе го претстави Мазари, од кого очекува значаен придонес во нападот и голови во новата сезона. Мазари во Елбасан пристигнува по периодот во Шкендија, каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Вараждин. Во досегашната кариера има играно и за Работнички, ...
Директорите на државните инспекторати од први октомври ќе се избираат според правилата утврдени со Законот за високи раководители, а нивниот мандат ќе биде продолжен од досегашните четири на пет години. Ова е предвидено со предложените измени на Законот за инспекциски надзор, со кои се менува начинот на избор, условите за именување и разрешувањето на директорите на државните инспекторати. Една од клучните промени е укинувањето на досегашната ...
Повеќе од 20 цивили се убиени, а десетици други се повредени во судирите во југоисточниот судански град Гејсан, во близина на границата со Етиопија, соопшти канцеларијата на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OЦХА) во Судан. „Локални извори во државата Син Нил во вторникот известија дека повеќе од 20 цивили се убиени, а многу други се повредени во судирите во градот Гејсан. Ескалацијата на насилството ...
Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона, откако Ал Кадисија испратил понуда од 60 милиони евра за холандскиот репрезентативец. Според информациите, клубовите веќе постигнале договор околу трансферот, а единствено што се чека е Рејндерс да даде согласност за преселбата во Саудиска Арабија. Холанѓанецот и претходно беше поврзуван со трансфер во текот на летниот преоден рок, а интерес за неговите услуги ...
Хеликоптер „Апачи“ на американската армија вчера се урна во градот Саладо, во сојузната држава Тексас, а двајцата пилоти загинаа, објави „Си-би-ес њуз“. Портпаролот на шерифската служба на округот Бел, Бил Колман, изјави дека во хеликоптерот имало двајца војници, кои биле прогласени за мртви на местото на несреќата. Тој рече дека хеликоптерот се урнал во поле и не удрил во куќи или други објекти. „Можеше да се види дека станува збор за силен ...
Шпанскиот олимписки скејтбордер Дани Леон успеа да создаде една од највпечатливите фотографии поврзани со неодамнешното затемнување на Сонцето. Тој прецизно го темпираше својот скок токму во моментот кога Месечината поминуваше пред Сонцето, создавајќи неверојатна сцена во која неговата силуета се најде пред затемнетиот сончев диск. Леон снимката ја објави на социјалните мрежи, каде што за кратко време стана вистински хит. Шпанецот моментот ...
Културниот едукативен центар „Лабораториум“, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а хост на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. За разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот нема да се фокусира на формално предавање или еднонасочно ...
Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје на 14 август во Неготино ќе биде отворен театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трето издание на фестивалот што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев (1962-2013). Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има ...
Европската Унија подготвува построги правила за пестицидите во увезената храна, а анализата на Заедничкиот истражувачки центар (JRC) покажува дека во најлошото сценарио цената на кафето би можела да скокне за дури 332 проценти. Новите правила на Брисел би можеле значително да влијаат врз цените и достапноста на дел од земјоделските производи на европскиот пазар – пишува Informat.ro. Европската комисија разгледува мерки со кои би се ...
Брутално убиство се случило среде бел ден на улица во Бразил, кога млада жена со нож брутално нападнала 81-годишен маж додека возел велосипед, пренесува Прототема. Нападот се случил во понеделникот во државата Форминга и е снимен од уличните камери. На видеото може да се види како 24-годишната жена оди по улицата и во моментот кога човекот поминува покрај неа на велосипед таа без никаква причина вади нож од ташната и го прободува постариот ...
Македонската претставничка Ева Величковска го имаше своето прво официјално претставување на Мис на светот 2026, чие јубилејно 75. издание вчера беше свечено отворено во заливот Халонг во Виетнам. Дваесетгодишната Величковска е дел од годинашниот избор заедно со претставнички од 106 земји и територии, а по свеченото отворање сподели фотографии од вечерта со своите следбеници на Инстаграм. „Вечерта на отворањето на ‘Мис на светот’. Каква ...