Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пензијата во Македонија просечно се користи околу 11 години, покажуваат податоците со кои располага Фондот за пензиското и инвалидското осигурување. Од Фондот велат дека немаат податок со кој би можело прецизно да се утврди дали пензијата подолго ја користат мажите или жените. Во меѓународни рамки, сепак, податоците покажуваат јасна разлика, жените во просек подолго време живеат по пензионирањето, а Јапонија е меѓу земјите со најдолг очекуван ...
Црвена звезда и официјално го назначи Алберт Риера за нов шеф на стручниот штаб. Белградскиот гигант со симболичната објава „тика-така“ го најави и фудбалскиот стил со кој Шпанецот ќе се обиде да ги исполни високите очекувања на клубот. Риера со „црвено-белите“ потпиша двегодишен договор, а на новата функција ќе дебитира веќе в четврток. Црвена звезда од 20 часот ќе ја пречека Викторија плзен во плејофот за пласман во Лигата на Европа, што ...
Поранешната Мис Универзум и манекенка Оливија Кулпо го одбележа првиот роденден на нејзината ќерка со забава со плишани животни. Бремената Кулпо, сподели серија фотографии на својот Инстаграм од прославата на роденденот на Колет. На фотографиите, Кулпо и нејзиниот сопруг Кристијан Мекафри може да видиме дека тие ѝ приредиле роденденска забава на нивната ќерка со нејзините плишани животни, декорации со розови балони и торта на два ката. View ...
Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа. „Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност“, истакна Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид, ...
Протести во Тетово најави СДСМ ако помине контроверзната листа со имиња на улици. Координаторот на советничката група на СДСМ во Тетово, Живе Алексовски, за „Слободен печат“ изјави дека нивните советници ќе гласаат против предложената листа и дека ќе организираат протести за да спречат улици во Тетово да носат имиња на контроверзни ликови. Претходно, Сојузот на борците од Тетово остро реагираше на оваа листа и оцени дека таа претставува ...
На 78-годишна возраст почина Џими Ример, еден од најпознатите англиски голмани од својата генерација и човек кој во кариерата двапати се закити со трофејот во Европскиот куп. Ример најголемиот дел од кариерата го помина во англискиот фудбал, настапувајќи за Манчестер јунајтед, Арсенал и Астон вила. Иако зад себе остави значајни успеси, неговата приказна од најголемите европски финалиња е необична. Во 1968 година Ример беше дел од Манчестер ...
Американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) и Тајната служба на САД во заедничка акција уапсиле турски државјанин кој со години лажно се претставувал како политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Туркије“, повикувајќи се на претставник на Белата куќа. „На 28 јули, ИЦЕ и Тајната служба на САД спроведоа насочена акција за апсење на Мелих Гогебакан“, изјавил претставникот на Белата куќа, додавајќи дека тој ...
Во склоп на просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска е отворен Центар за дневен престој, наменет за луѓе со попреченост кои имаат 14 години и повеќе. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски рече дека Центарот е отворен заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ќе биде место каде секој човек ќе биде прифатен таков каков што е, со своите способности, потреби и потенцијали. „Во овој ...
По речиси цел еден месец, гостиварци конечно добија вода за пиење. Последните резултати покажуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна, информираа на прес-конференција од Генералниот штаб за управање со кризи, каде меѓу другите се вклучени Агенцијата за храна и ветеринарство, Дирекцијата за заштита и спасување и Институтот за јавно здравје. „Исполнети се условите водата повторно да се користи за пиење“, потврдија од Штабот. ...
На универзитетите во земјава годинава се намалени околу 2.000 места за упис на студенти во прва година, особено кај студиските програми каде што има поголем број невработени кадри. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, намалувањето најмногу се однесува на бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските и правните факултети. Јаневска, во интервју за МИА, посочува дека за ...
Македонскиот голман Дејан Илиев е слободен играч откако спогодбено го раскина договорот со романскиот Рапид Букурешт, каде што пристигна во јануари годинава. Илиев веднаш по доаѓањето во клубот ја доби довербата и застана на голот како прв избор, а во изминатиот период запиша 16 настапи. Сепак, двете страни не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката, па македонскиот репрезентативец сега ќе мора да бара нова средина. Во ...
Ако планирате кратко европско патување, не мора да потрошите цело богатство за два дена. Ново истражување ги издвојува градовите во Европа каде што престојот, храната и локалниот превоз се најприфатливи, а Полска убедливо доминира на врвот на листата, пишува „Еуроњуз“. Истражувањето го спровела компанијата за виртуелни платежни картички „Гетсби“ (Getsby), користејќи податоци од страницата за трошоци при патување „Буџет јор трип“ (Budget Your ...
Трансфер сагата околу евентуалниот трансфер на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона трае уште од завршувањето на Светското првенство, но сега сè поизвесно е дека аргентинскиот напаѓач ќе остане во Мадрид. Иако Алварез реши да ги бојкотира тренинзите на „јорганџиите“, челниците на Атлетико не планираат да попуштат под притисок и да продадат еден од своите најдобри фудбалери. Во Барселона, пак, полека се откажуваат од идејата за ...
Македонија располага со исклучително богат и разновиден фонд на археолошки локалитети кои, иако се истражени, сѐ уште се недоволно познати за пошироката јавност. Проблемот, не е во недостигот на вредност на овие наоѓалишта, туку во начинот на кој нивната суштина и приказна се пренесува до посетителите. Во разговор со Ирена Теодора Весевска, археолог и професор на Филозофскиот факултет – Скопје, зборуваме за потребата од современа ...
Француското Министерство за финансии синоќа потврди дека податоците на даночните обврзници, физички и правни лица, биле украдени во кибернапад. Министерството објасни дека напаѓачот во средата објавил дека кон крајот на јуни влегол во системот на Даночната управа, објави Ројтерс. Покрената е истрага која потврди дека нападот навистина се случил и дека податоците биле прегледани и украдени. Во тек се дополнителни проверки за да се утврди ...
Британскиот пејач Роби Вилијамс откри дека неодамна му бил дијагностициран аутизам, а за новото сознание зборуваше отворено за време на настан по повод лансирањето на неговиот нов моден бренд, пишува „Индепендент“. Педесет и двегодишниот музичар, кој и претходно јавно зборуваше за АДХД и Туретов синдром, вели дека дијагнозата му помогнала подобро да разбере одредени аспекти од своето однесување. „Имам АДХД, а неодамна дознав дека имам и ...
Германската автомобилска индустрија продолжува да ги намалува работните места, покажуваат најновите податоци на германскиот Федерален завод за статистика – Destatis. На крајот од првата половина на 2026 година, во германската автомобилска индустрија работеле 691.500 луѓе, што е за 42.300 помалку во споредба со истиот период минатата година. Тоа претставува пад од 5,8 проценти. Со ова, бројот на вработени во германскиот автомобилски сектор ...
На социјалните мрежи сè почесто може да се сретнат објави во кои под превезот на анонимноста, се бараат жени да бидат сурогат-мајки, односно да ја износат бременоста и да родат дете за одредена брачна двојка. Во дел од овие објави каде се бара „сурогат мајка“, се опишуваат лични околности и се повикуваат заинтересирани жени да се јават во приватна порака. Но, сурогат-мајчинството во Македонија не е прашање што може да се решава преку оглас на ...
Големи пожари зафатија повеќе подрачја во Црна Гора, а најкритична е состојбата во околината на Херцег Нови, особено над Бијела и Баошиќи. Пожарот се проширил од ридот над Жагера и се приближил до куќи и црква. Поради опасноста, превентивно биле евакуирани околу 30 жители. Во овие населени места повремено има прекини на струја и вода поради исклучен далековод, јавува Vreme.com. Во гаснењето на пожарите се вклучени пожарникари, војска, ...
Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) бара одговори од владата во Берлин, зошто германската амбасада во Скопје финансирала театарска претстава за правата на ЛГБТИ популацијата. Темата доби на тежина откако таблоидот Билд ја пренесе информацијата, а пратеници и поддржувачи на АфД масовно ја споделија на Х (поранешен Твитер), скандализирани поради содржината на претставата. Се работи за театарската претстава „Ангели во Америка“ ...
Судот не може да го најде синот на бизнисменот Трифун Костовски, Коста Костовски за да му го достави оценетото обвинение за случајот Еуростандард банка, за да закаже рочиште. Кривичниот суд побарал од МВР на 7 август да го извести Судот дали Костовски е достапен. -За оценката на актот во кој осомничен е Труфун Костовски, обвинение сè уште нема примено Коста Костовски. Судот побара МВР да се извести дали истиот е достапен, бидејќи две достави ...
Утре почнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а меѓу екипите кои влегуваат со амбиции за враќање во најсилното друштво сигурно е Работнички. За да ја оствари посакуваната цел, раководството работи на создавање конкурентен состав, па така денеска беа претставени десет фудбалери. Новите засилувања на Работнички се: Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан ...
Арсими ќе ја бара првата победа во првенството против Башкими во Гостивар, во дуел на две екипи кои од првите две кола не успеаја да освојат бодови. Гостиварскиот тим ги засили редовите со неколку нови играчи, верувајќи дека со победа ќе започне посакуваниот пресврт во Првата лига. Во пресрет на овој натпревар, враќањето на Шпанецот Марсел Гони, еден од најдобрите играчи минатата сезона, донесе дополнителен оптимизам. Покрај него, тимот се ...
Посебно запросување се случило за време на затемнувањето на Сонцето, а фотографиите од овој несекојдневен момент брзо го привлекоа вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Фотографот Оливер Такац објавил фотографии од необичното запросување, откривајќи дека негов пријател решил да ја запроси својата девојка токму во текот на овој природен феномен. View this post on Instagram A post shared by Oliver Takáč (@olivertakac) Според ...
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ) вчера соопшти дека остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот на „Рајанер“, по несреќата во која патник од Србија беше вовлечен низ скршениот прозорец, објави „Асошијатед прес“. Според прелиминарниот извештај на НТСБ, се откачила лопатка од вентилаторот во десниот мотор на авионот „Боинг 737-800“. Делови од лопатката излетале од моторот, го искршиле прозорецот и ...
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој со уште седуммина се гони за злоупотреби во „Државна лотарија“, ќе му се суди по фамозниот член 353 од контроверзните измени на Кривичниот законик што во 2023 година ги предложија и ги донесоа СДСМ и ДУИ и со обвинувања од тогашната власт кон ВМРО-ДПМНЕ, дека токму тие обезбедиле кворум на седницата. Со оглед на тоа што во македонското кривично право важи уставното и законското начело на ...
Војната во Украина сè почесто се прелева и во воздушниот простор на Финска и на балтичките членки на НАТО. Додека Киев ги засилува нападите со долг дострел врз руските пристаништа за извоз на нафта на Балтичкото Море, дел од украинските дронови ги промашуваат целите или, според Киев, ја менуваат патеката поради „руското електронско војување“. Нивното навлегување во соседните земји предизвикува воздушни тревоги, затворање аеродроми и ...
Царинската управа на Македонија располага со шест службени кучиња. К-9 инспекторите на Царинската управа се обучени да откриваат дрога, оружје, и непријавени пари. Во репортажата на „Слободен печат“ ви откриваме како изгледа нивната работа, како се обучуваат службените кучиња и на кој начин го користат својот исклучително чувствителен мирис за да спречат шверц. Преку разговор со нивниот водич, ве запознаваме со Рекс и Овен. Началникот на ...
Пејачот од Битола Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена Апостоловска имаа убав повод за семејна прослава – го крстија својот син Адам. Апостоловски сподели фотографии од крштевањето на социјалните мрежи, а откри дека свечениот чин се случил пред еден месец и дека одлуката да го крстат малечкиот Адам била спонтана. „И така спонтано, пред месец дена, го крстивме Адаааам!“, напиша пејачот. Во свој стил, Виктор се пошегува и за самиот ...
Русија ја отфрли идејата за прекин на огнот со Украина во Црното Море, велејќи дека тоа би било половично решение кое само ќе ѝ даде време на другата страна да здивне, јави Ројтерс. Русија и Украина ги засилија нападите врз бродови во Црното Море во последните недели, што ги зголеми цените на житото. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Украина за „дрски терористички напади“ врз бродови. ...