Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години претрпе пораз од Република Ирска (58:83) во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16 место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Нашите кадети одиграа рамноправно прво полувреме. По првата четвртина Ирска имаше минимална предност од 20:19, додека на паузата резултатот беше 37:35 за ирската селекција. Клучниот момент на натпреварот дојде во третата четвртина. ...
Турција се заканува дека ќе го ескалира дипломатскиот одговор заедно со Катар и Египет доколку САД не го принудат Израел да го почитува моментално застојаниот договор за транзиција во Газа, објави „Туркие тудеј“. Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека палестинските фракции ги исполниле своите обврски во втората фаза од договорот. Тој го обвини Израел дека намерно го забавува процесот и одбива да ги преземе следните ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез стапија во брак на интимна церемонија во нивната луксузна вила вредна 30 милиони фунти, сместена во ексклузивната населба Кинта да Мариња во Кашкаиш. Свадбата се одржа во најстрога тајност, а на неа не присуствуваше ниту мајката на Роналдо, Долорес, пишува „Сан“. Меѓу присутните беа единствено нивните деца и четири сведоци. Познатиот фудбалски милијардер и поранешната продавачка се во врска веќе десет ...
Четири земји во Централна Азија – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска пријавија масовни прекини на електричната енергија, за кои казахстанското Министерство за енергетика соопшти дека се предизвикани од „ненадејна промена во протокот на електрична енергија“ од централноазиската мрежа, објави „Ројтерс“. Министерствата за енергетика на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната ...
По десет години, „Инстаграм“ го промени својот препознатлив дизајн на лого, односно натписот со името на платформата. Новиот дизајн задржува дел од карактеристичниот ракописен стил, но носи различни форми на букви и помодерен изглед, пренесува „Тек кранч“. Претходниот натпис беше воведен во 2016 година, кога „Инстаграм“ претстави голем редизајн на својот визуелен идентитет. Новата верзија сега комбинира рачно напишани и класични форми на ...
Хрватската полиција денеска пронашла тело додека вршела увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција.Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. „Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето ...
Алберт Риера денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на Црвена звезда, каде што доаѓа на местото на Дејан Станковиќ. Шпанскиот стратег веднаш по потврдата на ангажманот испрати порака до навивачите, а со својот потег дополнително ги воодушеви „црвено-белите“. Риера се обрати на српски јазик порачувајќи: „Звездаши, оздравете, па да се враќаме“. Станува збор за позната реплика од филмот „Убавите села убаво горат“, која навивачите ...
На социјалните мрежи од утрото се шират драматични снимки од пожарот што во текот на ноќта ја зафати областа Омиш во Хрватска, а за стравот што владееше меѓу жителите од прва рака проговорила инфлуенсерката Вероника Баришиќ, на Тикток позната како verekraljica. „Евакуирани сме, во моментот се наоѓаме во предградието Омиш, ситуацијата е подобра, но сè уште има многу чад. Мојот личен имот, му благодарам на Бога, не е оштетен само затоа што ...
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали законите се во согласност со Уставот, ја блокираше забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години, велејќи дека законот не обезбедува доволни правни гаранции за да се потврди возраста на сите корисници и да се заштити слободата на изразување, пренесе „Ројтерс“. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно се залагаше за забраната и сакаше таа да стапи на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати посебна благодарност до младиот тракторист Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци, кој со својот трактор помогнал да се спречи ширењето на големиот пожар кој беснееше вчера. Ангелов рече дека Аце Чепиговски покажал извонредна вештина во управувањето со својот трактор, при што се изложил на голем ризик за да помогне во гаснењето и локализирањето на ...
Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати. „Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со ...
Зинедин Зидан повторно ќе работи со својот поранешен соиграч од репрезентацијата на Франција. Легендарниот голман Фабиен Бартез денеска е назначен за нов тренер на голманите во националниот тим. Зидан и Бартез заедно ја испишаа историјата на францускиот фудбал. Двајцата беа дел од генерацијата која во 1998 година ја освои светската титула, а две години подоцна се искачи и на европскиот трон. Бартез за Франција забележа 87 настапи, а ...
Композиторот и продуцент Дарко Димитров го сподели најуникатното видео од летото на Халкидики– пливање во близина на делфини. Димитров објави кадар од Посиди, на Касандра, на кој се гледа делфин во морето, додека тој е во вода. „Летање со делфините“, напиша Димитров покрај објавата, а за музичка подлога ја избра песната „Делфина“ од 1977 година, на неговиот татко, познатиот македонски композитор Славе Димитров. View this post on Instagram A ...
Поранешниот украински офицер, Роберт Шегаев кој бил командант на украинската подморница „Запорожје“, па преминал на руската страна, е убиен вчера во експлозија во Севастопол, објави Укринформ. Како што се наведува, Шагеев, кој бил заменик-командант на 4-та посебна подморничка бригада на руската Црноморска флота, која лансирала ракети „Калибар“ кон Украина, бил убиен кога експлозивна направа експлодирала во неговата близина. „Поранешен воен ...
Заслужената среќа пристигнува до 31 август за оние што предолго трпеле е и го чекале својот ред. Небото конечно ги расчистило сметките. Трите хороскопски знаци влегуваат во период на најголем благослов по месеци во кои ништо не поминало непречено. Она што долго го посакувале може да пристигне побрзо отколку што очекуваат. Бик: Времето за наплата конечно доаѓа Биковите во последните месеци носеа товар што не е нивен. Влијанието на Марс до 31 ...
Македонија, Србија и Словенија ги здружуваат силите во обид да бидат домаќини на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Трите ракометни федерации официјално поднесоа заедничка кандидатура до Европската ракометна федерација (EHF), со амбиција заеднички да го организираат еден од најголемите ракометни настани во Европа. Од федерациите потенцираат дека располагаат со потребното искуство, инфраструктура и организациски капацитети ...
Првиот човек на „Амазон“ Џеф Безос, наводно купил пентхаус со шест спални соби во новиот комплекс „Аман“ кој наскоро треба да се отвори. Со цена од 12.000 долари по квадрат, ова би бил најскапиот стан икогаш продаден во Лос Анџелес, пишува „Холивуд репортер“. Извори за „Rambling“ откриваат дека сопственикот на „Амазон“ уплатил капар за пентхаус од 1.580 квадратни метри со шест спални соби во „Аман Беверли Хилс“, новиот суперлускузен комплекс ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва наводно има информации за директна вмешаност на САД во нападите врз руска територија, пренесува „Уа.њуз“. Кремљ очекува објаснување од Вашингтон за овие наводи. Според Лавров, Русија нема да бара прекин на американската поддршка за Киев како предуслов за преговори. „Не поставуваме ултиматуми“, додаде рускиот министер. Тој потврди дека Москва до американскиот Стејт ...
„Зелена народна стража“ алармира дека директорката на основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп побарала да се исечат две стогодишни дрвја од школскиот двор, со образложение дека „децата да не се лизнеле од лисјата“. Едниот од двата јавора е веќе исечен, а група граѓани се одлучни дека нема да дозволат да се исече и вториот. „Директорката овој чин го смета за нешто убаво и дава бесмислени аргументи за негово отстранување. Доколку сте ...
Шон Комбс – Диди е ослободен од самица по тепачка со друг затвореник во федералниот затвор „Форт Дикс“ во Њу Џерси, пренесуваат американските медиуми. Федералното биро за затвори издаде соопштение во кое напиша: „Од причини за приватност и безбедност, не објавуваме информации за условите на затворениците, вклучително и нивните распределби во одделението. Исто така, не коментираме дали некој поединечен затвореник е под истрага или ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...
Новак Ѓоковиќ го дозна името на противникот со кого ќе го започне настапот на мастерсот во Синсинати. Српскиот тенисер, кој е поставен за трет носител, беше слободен во првото коло, а во второто ќе се соочи со Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте, 65. тенисер на АТП-листата. До дуелот со Ѓоковиќ, Тиранте стигна по вистинска тениска драма. Аргентинецот по повеќе од три часа игра го совлада Британецот Јан Чоински со 6-7, 7-6, 7-6, во меч кој ...
Македонската планинарка и авантуристка Илина Арсова деновиве престојува во Охрид, од каде сподели неколку фотографии од плажа, но и упати порака за состојбата на охридското крајбрежје. Арсова објави фотографии во бикини додека се одмора покрај Охридското Езеро, а покрај убавините на крајбрежјето, го привлече вниманието и кон проблемот со отпадоците на плажите. „Туристи дома. Баш ме интересира кој како ќе го интерпретира ова“, напиша таа ...
Американската пејачка и актерка Селена Гомез и нејзината мајка Менди Тифи се соочуваат со тужба од инвеститори поврзана со нивната платформа за ментално здравје „Вондермајнд“ (Wondermind), која ја основаа во 2021 година заедно со претприемачката Даниела Пирсон, пишува „Ролинг стоун“. Според новата тужба, инвеститорите тврдат дека вложиле речиси 1,2 милиони долари (околу еден милион евра) во компанијата „Вондермајнд глобал“, откако наводно ...
Социјалдемократска партија на Хрватска (СДП) вчера одлучи да покрене постапка за гласање недоверба на премиерот Андреј Пленковиќ по откритието дека незаконски се депонирал опасен отпад кај градот Госпиќ, објави „Јутарњи лист“. Пратеничката група на СДП – најголемата хрватска опозициска партија – е задолжена да ја започне постапката и да ги собере потписите од најмалку една петтина од пратениците во хрватскиот парламент. СДП ги повика сите ...
Кондовецот Бесим Красниќи, брат на познатиот Агим Красниќи, се бара само со централна потерница, но не и со меѓународна, според информациите од МВР за „Слободен печат“ откако објавивме дека Красниќи кој беше екстрадиран од Косово во 2024 година, пак избегал откако му бил даден прекин на затворската казна. „Ве известуваме дека по барање на надлежен суд за наведеното лице е распишана централна потерница“, велат од МВР. Кривичниот суд соопшти ...
Додека фудбалерите на Партизан со авион патуваа кон далечниот Казахстан, двајца верни навивачи на белградскиот клуб се одлучија на далеку поавантуристички пат. Новица и Богдан од Белград поминаа неверојатни 5.800 километри со автомобил за да го гледаат својот тим во реваншот против Тобол. Нивната авантура траела цели 24 дена. Тие тргнале од Белград на 19 јули, а патувањето низ повеќе земји завршило во Костанај, каде што пристигнале навреме ...
Астрофотографите во Намибија ја „уловија“ сјајната зелената комета позната како 220П/Мекнот. Кометата ја открил австралискиот астроном Роберт Х. Мекнот и таа прави еден круг околу Сонцето на секои 5,5 години. Во јуни оваа година, кометата достигна перихел, односно најблиската точка од својот пат околу Сонцето, и околу тоа време имаше силна ерупција на активност, поради што нејзината светлина се зголеми приближно 8.000 пати. Овој август, ...
Полицијата вчера уапси 37-годишен маж од Скопје, кој измамил 62-годишен скопјанец за над 7.000 евра, а потоа физички го нападнал и му се заканувал откако тој ги побарал парите назад. „На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно ...
Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е затворен за сообраќај во двата правца поради сообраќајна незгода, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања за влез и ...