Скопје е град кој постојано се обновува и повторно се измислува себеси, оценува Euronews во својата репортажа посветена на македонската престолнина, објавена во пресрет на 2028 година кога градот ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата. Авторката на текстот го опишува Скопје како „град на меѓународната солидарност“, потсетувајќи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година, по кој помош за обновата пристигнала од 78 земји ширум ...

Неделата од 15 до 21 јуни носи интересен спој на промени и стабилизација. Photo by claudia lam on Unsplash Венера во Лав создава атмосфера во која односите, љубовта, самодовербата и личните желби доаѓаат во преден план, додека нејзините аспекти со Уран, Нептун и Плутон ќе поттикнат многумина да се соочат со неочекувани пресврти, важни сознанија и подлабоки вистини. Првата половина од неделата бара флексибилност и отвореност кон нови ...

Полицијата го приведе лицето осомничено за сквернавење на гробни места на Градските гробишта Бутел, откако претходно беше пријавено дека со метален предмет оштетил 11 гробови. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К. (24) од Скопје. Скопје Инфо претходно објави дека вработен ...

Тревникот пред зградата Коце Металец 2 во скопската населба Железара синоќа се претвори во необична оперска сцена, каде фестивалот „Комшилук“ ја донесе „Травијата“ од Џузепе Верди директно меѓу зградите, балконите и соседите. Наместо во театарска сала, операта беше изведена на отворено, во срцето на маалото, пред бројна публика составена од станари, случајни минувачи и љубители на уметноста. Настанот беше дел од овогодишното издание на ...

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, како и населбата Кадино. Според најавата, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија е планиран за дел од улицата „10“ во Кадино. Во истиот термин, од 09:00 до 11:00 ...

На 13 јуни Венера, планетата на љубовта, убавината, задоволството и вредностите, влегува во знакот Лав, каде што ќе внесе повеќе топлина, страст и желба за искрено изразување на чувствата. Photo by Seljan Salimova on Unsplash Лавот е знак кој знае да сака со целото срце. Тој не се крие зад маски, не игра игри и не се плаши да покаже што чувствува. Кога Венера патува низ овој огнен знак, љубовта станува погласна, поотворена и подраматична. ...

Ова е еден од најважните денови во месецот за нови почетоци, идеи и планови. Photo by Clay Banks on Unsplash Младата Месечина во Близнаци отвора врата за нови можности, разговори, проекти и одлуки кои можат да имаат долгорочно значење. Во исто време, хармоничниот аспект со Сатурн во Овен помага овие идеи да не останат само желби, туку да добијат конкретна форма. Денес не е доволно само да сонувате за иднината – време е да направите прв ...

На 14 јуни небото ни ја носи младата месечина во Близнаци, почеток на нов лунарен циклус кој ја активира комуникацијата, учењето, љубопитноста и размената на идеи. Photo by Bernd Dittrich on Unsplash Младата месечина секогаш означува нов почеток, а во знакот Близнаци таа нè повикува да размислуваме поинаку, да поставуваме прашања и да бидеме отворени за нови можности кои можеби претходно не сме ги забележувале. Близнаците се знак на ...

20-годишник од Карбинци пријавил дека бил ограбен на паркинг простор. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С.(20) од село Карбинци пријавил дека во 21:30 часот на паркинг простор во Штип, едно лице физички го нападнало и му ги одзело прехранбените производи од возилото, кои претходно си ги купил. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за ...

Ноќеска во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека претходно околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М.. Како што се наведува во полицискиот билтен, при инцидентот Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишник од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот пред неговиот стан на подрачјето на Бит Пазар, неговата тетка А.Н. му упатувала закани и се обидела насилно да влезе во станот, по што истурила боја пред влезната врата, информираат од МВР. Според пријавеното, таа ѝ претходно доаѓала пред неговиот дом. Од МВР додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител. Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, ...

31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на ...

48-годишен скопјанец пријавил дека неговиот 10-годишен син бил физички нападнат на спортско игралиште од страна на 47-годишен сограѓанин. Како што се нааведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:30 часот во СВР Скопје, Д.М.(48) од Скопје пријавил дека претходно дента околу 15:20 часот на спортско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од И.С.(47) од Скопје. Со И.С. е извршен службен разговор и ...

28-годишна скопјанка пријавила физички напад од страна на нејзината 56-годишна свекрва, која исто така ѝ го оштетила возилото. Од МВР информираат дека вчера во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштетила нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извадила од возило и ја турнала на земја. При падот, 28-годишната ...

Едно лице со метален предмет вчера оштетило 11 гробни места во Градските гробишта Бутел. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека лицето К.К. со метален предмет оштетил 11 гробни места. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот. Едно лице со метален предмет вчера оштетило 11 гробни места во Градските гробишта Бутел. ...

38-годишен пробиштипјанец насилно ограбен во центарот на Скопје од три машки лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:40 часот во СВР Скопје, Б.М.(38) од Пробиштип пријавил дека претходно околу 23:50 часот на подрачјето на Центар три машки лица физички го нападнале и му одзеле велосипед и паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 38-годишен пробиштипјанец насилно ограбен во ...

Вчера во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот од река Вардар на подрачјето на Карпош очевидец извлекол машко лице кое се давело во реката. Како што се наведува во полицискиот билтен, станува збор за лицето Д.И.(83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој по укажаната помош на местото од екипа на Итна медицинска помош Скопје бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно ...

Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(24) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, 24-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговиот 49-годишен татко, кој е полициски службеник, дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, му го одзел службениот пиштол и му ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска сподели дека и оваа година Општината ќе застане зад матуранти, за да им овозможи полесно да стигнат до возачка дозвола. „Преку нашиот проект за финансиска поддршка кој континуирано го реализираме, покриваме дел од трошоците за теоретска и практична обука за возачка дозвола од Б категорија. Секој одобрен апликант од генерацијата 2026 година ќе добие субвенција од ...

Ноќеска во 01:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Н.(32) од Скопје. Во полицискиот билтен се наведува дека од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(25) од Арачиново. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за ...

Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава неколку пати силувал 12-годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, биле во Волково, каде го означиле почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје, посочувајчи дека станува збор за улицата „101“ која е реконструирана за првпат откако е изградена. Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека за време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ...

По вчерашниот пожар пред зграда во Кисела Вода предизвикан од дефект на струјна инсталација, се огласи и компанијата „Трим и Лум“ која е инвеститор на објектот. Од компанијата велат дека засегнатите кабли и електро-ормари не биле дел од внатрешната инсталација на Трим & Лум. „Станува збор за инфраструктура на дистрибутивната мрежа, која не е изведена, одржувана ниту управувана од наша страна. Нашите инсталации на објектот се изведени ...

Жители на скопската населба Аеродром алармираат за зачестени инциденти со гаврани и други птици во близина на градинката „Лале“, тврдејќи дека во изминатиот период биле нападнати повеќе граѓани и домашни миленици. Повод за реакциите е објава на социјалните мрежи во која се наведува дека мало дете било нападнато од птица и поради повредите завршило во болница. „Сериозен проблем со птици (чавки, гаврани) кои напаѓаат луѓе и животни во ...

Маж вработен на фарма за крави во Горњи Таванкут во близина на Суботица бил убиен од бик, потврдила полицијата во Суботица за порталот Н1. Несреќата се случила во текот на утрото кога еден човек бил нападнат од бик. Била повикана полиција и брза помош, но можеле само да ја потврдат смртта на човекот. Како што објави N1, починатиот маж бил долгогодишен земјоделски работник на конкретната фарма. Полицијата спроведе истрага, а случајот го ...

Општина Чаир вчера соопшти дека започнале со поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Истовремено, како што велат од Општина Чаир, продолжуваат и со проширување на мрежата на подземни контејнери. „Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку ...

Синоќа во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек. Од МВР информираат дека при извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки ...

Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист во сообраќајна незгода која што се случила вчера попладнето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 16:23 часот од Итната медицинска помош. „На булеварот ‘М.Т. Гологанов’, пред улицата ‘Лондонска’, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘форд’ со дипломатски регистарски ...

Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра за мерки за вработување кои треба да опфатат повеќе од 10.000 граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а биле отворени и близу 2.200 нови бизниси. Средствата за планот биле зголемени за 7,5 милиони евра во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.3
53%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
44%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.6
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.85
48%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.35
48%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.9
53%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.24
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.46

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Цинк

0.00