Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Македонската православна црква денеска го одбележува споменот на Свети Доротеј, еден од почитуваните христијански светители, познат по својата мудрост, духовност и посветеност на христијанската вера. Свети Доротеј живеел во VI век и бил епископ на градот Тир. Тој останал запаметен како голем духовен учител и богослов, кој со своите дела и поуки ги поучувал верниците на смирение, љубов кон ближните и непоколеблива вера во Бога. Во народната ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение за терористичка организација. Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ...
По емоционалните и напнати енергии од претходните денови, денес доаѓа чувство на стабилност и јасност. Photo by Nadine Rupprecht on Unsplash Тригонот помеѓу Месечината во Лав и Сатурн во Овен помага да се организирате, да ги поставите приоритетите и да направите конкретен чекор кон цел што ви е важна. Ова не е ден за брзи чуда, туку за паметни одлуки и постепен напредок. Она што ќе го изградите денес има потенцијал да трае. Овен Денот ви ...
Најголемата криптоберза во светот, „Бајненс“ (Binance), би можела да се соочи со сериозен удар на европскиот пазар, откако агенцијата „Ројтерс“ објави дека грчкиот регулатор најверојатно ќе го одбие нејзиното барање за лиценца според новата европска регулатива за криптосредства (MiCA). Според информациите на „Ројтерс“, грчката Комисија за капитални пазари се очекува да донесе одлука пред крајниот рок на 30 јуни. Доколку барањето биде ...
Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти. „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката ...
53-годишен гостиварец ќе одговара кривично поради физички напад врз неговиот брат и закани со нож кон него и кон мајка си. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Ќ.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 11.06.2026 во семејниот дом во Гостивар, пријавениот физички го нападнал ...
50-годишна скопјанка го пријавила нејзиниот внук од брат, дека ѝ се заканувал пред домот, а исто така и преку мобилен телефон на нејзиниот син. Од МВР информираат дека вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријавила дека околу 11:30 часот пред домот на подрачјето на Карпош дошол К.Ж., нејзин внук од брат, кој ѝ се заканувал и со камења фрлал по куќата. Според пријавеното, К.Ж., исто така, упатувал закани на мобилен телефон и на ...
Градоначалникот на Општина Бутел, денеска сподели дека започнала Меѓународната ликовна колонија која се одржува по 16. пат во Љубанци. На ликовната колонија „Љубанци 2026” учестуваат 15 ликовни уметници од Република Македонија но и од соседните земји, Република Бугарија и Република Србија а истата трае 7 дена. „Ликовната колонија беше збогатена и со над 40 ученици од нашите основни училишта кои сликаа заедно со уметниците. Оваа година ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска преку социјалните мрежи сподели дека по поставувањето на фотоволтаиците во училиштето „Киро Глигоров“, нови фотоволтаични системи ќе добијат и училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“. Како што посочи во објавата на Фејсбук, на денешната тркалезна маса „Зајакнување на конкурентноста“ во организација на Finance Think, говорел за неговата визија за енергетски независна Општина ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во објава на Фејсбук сподели дека кејот на Вардар добива нов лик. „Едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, просторот каде илјадници скопјани секојдневно пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите семејства, го уредуваме со нова урбана опрема. Поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што кејот станува попријатен, почист и пофункционален за сите ...
Млад кумановец фатен како пијан управува со „бмв“. - На 16.06.2026 во 22:11 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(21) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има ...
Уапсен 49-годишен скопјанец кој се заканувал на полициски службеник преку телефон. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека по телефон упатувал закани кон полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Уапсен 49-годишен ...
Вчера во 14:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 24-годишната С.К. од Велес. Од МВР информираат дека 24-годишната велешанка била уапсена постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнала 36-годишниот вонбрачен сопруг на нејзината мајка, при што употребила и остар предмет и му нанела повреда, по што им се заканувала на двајцата. С.К. била приведена во полициска станица и известен бил јавен ...
Утрово во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.Ц.(39) од Куманово. Од МВР информираат дека 39-годишната кумановка била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзината 61-годишна мајка дека околу 03:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала и оштетила дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од ...
ЈП Водовод и канализација известува дека во сабота поголем број објекти и улици ќе бидат без вода. Од таму информираат дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на булевар Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ќе бидат превземени одредени технички зафати кои ќе се одвиваат во текот на денот.. Прекин на водоснабдувањето ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти: Објектот на МАНУ Основен Суд 2 Младински Културен ...
75-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат по расправија поврзана за стан што го користел под закуп на подрачјето на Карпош. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.Т. (75) пријавил дека претходниот ден околу 16:00 часот бил физички нападнат од С.К. и А.Н. Според пријавеното, тој во придружба на неговиот внук дошол пред зграда со намера да го раскине договорот за закуп и таму ...
Скопјанец смртно настрадал додека работел со мотокултиватор на нива во село Зелениково. - На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот, ...
Каса со пари била украдена од пред влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во тетовското село Брвеница. - На 16.06.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на 15.06.2026 околу 16:30 часот пред влезот од црквата „Св.Атанасиј“ во село Брвеница, тетовско, е одземена каса со пари, информираа од тетовската полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Каса со пари била украдена од пред влезот ...
Единаесет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во Скопје, откако полициски службеници кај нив пронашле и одзеле наркотични материи. Како што информираат од СВР Скопје, вчера и денеска по полноќ, на различни локации во главниот град, биле приведени лица на возраст од 19 до 48 години од Скопје, Сопиште, Катланово и Челопек. При полициските контроли кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја ...
Синоќа, дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија е примено во детската болница во Белград со исклучително тешки повреди, објави „Телеграф.рс“. Според првичните информации, момчето е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот откако целата конструкција на автобуска постојка паднала врз него. Во еден момент, момчето се држело за конструкцијата на постојката. Следната секунда, масивната конструкција целосно попуштила и ...
Во период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката „Другарче“ ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот „Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца“, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот „Мама ми чита“. Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес. ...
Две сообраќајни незгоди утрово предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот низ Скопје. Според информациите од МВР, увидот за двете сообраќајки уште е во тек. Првата сообраќајка се случила на скопската обиколница, во близина на клучката Мирковци. Поради незгодата, сообраќајот во овој дел од градот се одвиваше забавено, со колони од возила. - Денеска (17.06.2026) во 05:40 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, од Бутел ...
Скопје се најде меѓу десетте најдобри градови во светот за соло патници, според најновото истражување на платформата GuruWalk. Рангирањето е направено врз основа на резервациите за бесплатни пешачки тури во последните 12 месеци, при што бил анализиран уделот на туристите кои патувале сами во 150 популарни туристички дестинации ширум светот. На врвот на листата се наоѓа Торонто во Канада, каде повеќе од половина од туристите – 50,5% – ги ...
Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот. Вчера, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело. Во ...
Две сообраќајни незгоди утрово предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот во Скопје, информираат граѓани до редакцијата на Скопје Инфо. Првата сообраќајка се случила на скопската обиколница, во близина на клучките за Радишани и Мирковци. Поради незгодата, сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено, а формирани се и колони од возила. Втората сообраќајна незгода е регистрирана во населбата Аеродром, во непосредна близина на ...
Станари од скопската населба Тафталиџе реагираат дека без претходно известување добиле решенија за извршување поради задоцнето плаќање на сметки за одржување на зградите, при што основниот долг за камата изнесувал само неколку стотици денари, а вкупните трошоци достигнале неколку десетици илјади денари. Тие тврдат дека станбените управители и извршителите пронашле нов начин за наплата, преку активирање на постапки за заостанати камати на ...
Доктор Нико Беќаровски смета дека во рамки на најавениот проект за градски воз во Скопје треба да се разгледа можноста за директно железничко поврзување на Меѓународниот аеродром Скопје со центарот на градот. Во објава на социјалните мрежи, Беќаровски посочува дека речиси сите модерни светски аеродроми се поврзани со подземна или надземна железница, што значително го олеснува превозот на патниците од и до градските центри. „Овие денови ...
Од ЕВН Македонија информираат дека во сабота, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Општина Гази Баба ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето со струја ќе трае во периодот од 05:00 до 15:00 часот. Без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Архимедова“, како и објектите лоцирани во близина и околу Домот „Стив Наумов“, ...
Денот носи две сосема различни енергии. Photo by Bruno Ngarukiye on Unsplash Од една страна, Месечината влегува во Лав и ве поттикнува да се забавувате, да бидете покреативни и да одвоите време за работите што ве радуваат. Од друга страна, опозицијата помеѓу Венера во Лав и Плутон во Водолија може да донесе тензии во односите, љубомора, тврдоглавост или борба за контрола. Денес не е важно кој е во право. Поважно е да не кажете нешто што ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, кој е осомничен за кривично дело „Предизвикување општа опасност“, откако запалил две дипломатски возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 15 јуни околу пладне на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина на амбасадата. Осомничениот најпрво од бензинска пумпа во ...