
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Против директор на „Комуналец“ во Кичево и четворица вработени, поднесена е кривична пријава за несовесно работење во службата и загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. Од МВР велат дека директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, З.Ј.во периодот од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. „Формирал дива депонија на повеќе илјади ...
Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување. Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од ...
Скопје имаше баш весели и забавни гости. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од авантурите низ центарот на Скопје на две девојки-туристки. Скопје е како Вегас во Европа, се вели во нивното видео. Тие прошетаа низ плоштадот „Македонија“ и позираа до главните знаменитости. Сепак доминира нивната супер-енергија! Значи Скопје може да се доживее и не само како депресивен, нечист и обичен град? Have fun i guess pic.twitter.com/WbAwA3S5Ei — ...
Летото не е време за пауза, туку за авантури, журки, нови лица и приказни што ќе ги паметиш цела година. Еве ги петте нешта што мора да ти бидат на радар ова лето: 1. Освежи го стилот! Летен шопинг не мора да значи празен паричник. Со Vibe On добиваш попусти на врвни брендови и услуги преку Vibe On клубот: мода и убавина, техника и технологија, храна и фитнес, кафулиња, автошколи и туристички агенции. Летото е пократко од списокот на твоите ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември, соопшти Владата на Република Македонија. Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари. „Реалниот сектор има потреба од стручни, ...
Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Серија ...
Марјан Илиевски ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски. Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна. Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана за ...
Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на ...
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ. „Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји ...
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Сообраќајка меѓу возило и мотоцикл на булевар во Куманово. - На 14.06.2024 околу 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(36) од Куманово и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ж.Д.(37) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од село Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС ОН Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава за Шварцарец кој претходно бил спречен во обидот на граничниот премин Табановце во државата да внесе марихуана и хашиш. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(52) од Швајцарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.06.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во ...
Вчера во Кумановската Општа болница во бессознание била донесена 36-годишната А.Ф. од село Матејче, општина Липково откако претходно се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа. „На 15.06.2025 во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар ...
76-годишен кумановец е тешко повреден при судир со возило управувано од млад возач. Вчера околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во село Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.П.(19) и патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(76), двајцата од Куманово, известија од МВР. Во несреќата со ...
Во текот на вчерашниот ден скопската полиција на различни локации уапси три лица - сите од Скопје, кај кој биле пронајдени и одземени повеќе видови на дрога. „На 15.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.С.(29), А.К.(30) и 37-годишната Х.Р., сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја, стои во полицискиот билтен. По ...
Општина Ѓорче Петров објави јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи ! Општината за прв пат доделува субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи за затоплување на домаќинствата, со цел да ги стимулира граѓаните кон поекономично и еколошки прифатливо затоплување. На јавниот повик може да аплицираат жители на општина Ѓорче Петров кои: - имаат живеалиште на подрачјето на општината - набавиле клима уред или ...
Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 1,5 денари. Според новите цени, ЕУРОСПУЕР 95 од утре ќе се продава по цена од 76 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе чини 78 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 67,5 денари. Поевтинува цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по 67,5 ...
Од скопската Зоолошка градина се огласија по повод вчерашните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ за угината бремена женка од видот сијаманг. Од таму велат дека не е точно дека била бремена, но дека точните причини за смртта ќе бидат соопштени по добивањето на официјалните резултати од обдукцијата. „Во врска со угинатата женка од видот сијаманг, Ве известуваме дека точните причини за смртта ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме официјалните ...
Во фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ една постара објава ги промовира топ-те седум места кои мора да ги посетите во ова туристичко место. Иако, во пресрет и на новата сезона, дискутабилно е прашањето за квалитетот на водата за капење во Дојранското Езеро, реагираат граѓаните. Топ 7 места во општина Дојран, кои ви ги препорачуваме да ги посетите: Фронтовата линија Саат-кулата во Стар Дојран Возење со кајче по езеро Црквата Св.Наум во ...
На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје, соопштија од МВР. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано ...
На социјалните мрежи кружи видео од мало мече како бара храна во контејнери во Требениште, во близина на Маврово и Ростуште. Очигледно, во потрага на храна, овие животни „се спуштаат“ се пониско од своите шумски живеалишта. Пред еден месец, од Националниот парк „Ѓар Планина“ информираа дека сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“. Овој феномен, според нив, е ...
За сите заинтересирани за живот и работа во Словенија, Заводот за вработување на Република Словенија ги организира истоимените настани,оваа недела, од 16-ти до 19-ти јуни, во Куманово, Прилеп и Охрид. На настаните, покрај претставниците на Заводот за вработување, ќе учествуваат и истакнати словенечки работодавачи, од различни дејности како: производство, градежништво, транспорт и логистика, туризам и угостителство, здравство и социјална грижа и ...
Glo* уредот, кој е наменет за алтернативни никотински производи**, има голема веројатност да биде користен од актуелните корисници на цигари во САД и огромно мнозинство од нив имаат намера да го користат уредот за да ја намалат употребата на цигари или пак целосно да се откажат од пушењето. Ваков е еден од заклучоците од истражување спроведено во САД, за употребата на помалку штетните производи*** кои користат технологија на загревање на тутун, ...
Министерот за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи. - Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она ...
ЈП Паркинзи на општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот ...
„Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора за граѓаните и за развојот на домашната економија.“ Ова беше една од централните пораки на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и раководството на Македонската банкарска асоцијација (МБА) – претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева и ...
Реконструкцијата на улицата Дебарца во општина Центар влегува во завршна фаза. Поставен нов асфалтен слој на коловозот, а во тек е финалното уредување и прилагодување на тротоарите. „Сообраќајот на Дебарца ќе се врати во нормала многу скоро. Улицата добива нов лик, а со тоа овозможуваме побезбедно и покомотно движење за сите што живеат и се движат тука,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Се работи за потег долг 220 метри, каде што е ...