Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
18-годишна скопјанка го пријавила нејзиниот татко во полиција затоа што им се заканувал на неа и на нејзината малолетна сестра, по што физички ја нападнал сестра ѝ. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка пријавила дека на 12.06.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Чаир, нејзиниот татко В.А. упатувал закани кон неа и нејзината малолетна сестра, по што и физички ја нападнал ...
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Ј.Ј.(44) од село Нижеполе, битолско. Како што се наведува во полицискиот билтен, 44-годишната жена била уапсена затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода ...
УХМР за утре најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Исто така, утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени Целзиусови, додека максималните ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен. Од четврток до почетокот на следната ...
„Шанса за Центар“ во објава на Фејсбук во која реагираат на, како што велат „неодговорно и неконтролирано градежно дивеење“. На фотографијата која ја објавија се гледа како заштитната ограда од место каде што се одвиваат градежни активности за изградба на објект, а која е поставена покрај главната улица кон Водно е падната и притоа го покрива тротоарот и дел од улицата. „Вака личи главната улица кон Водно кај ООУ Кочо Рацин во Скопје. И не е ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.М. од селото Миладиновци поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според полицијата, на 12 ноември 2025 година пријавениот со товарно возило истоварил 43 метални буриња исполнети со водени раствори на амонијак на земјоделска површина во атарот на неготинското село Кукуричани. Како што соопштија од полицијата, земјиштето на кое ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска сподели дека денеска во рамки на втората фаза од проектите што се финансираат преку унгарскиот кредит, согласно договорот помеѓу Владата и Министерството за транспорт, започнуваат со реконструкција на улицата „Томе Арсовски“ во ДУП за локалитетот Бирарија. Со овој проект ќе се изврши целосна реконструкција на улицата, со што ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, ...
Маж од прилепско се шетал низ булевар со воздушна пушка. Полицијата го уапси. - На 15.06.2026 во 13:00 часот на булeвар „Прилепски бранители” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Н.Н.(58) од село Дупјачани, општина Долнени, затоа што бил затекнат како со себе носел воздушна пушка, известија од полицијата. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. Маж од прилепско се шетал ...
Повозрасен скопјанец бил нападнат од едно лице вчеравечер на подрачјето на Карпош. - На 15.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ѓ.В.(70) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од З.Ѓ.(40) од Скопје, известија од полицијата во денешниот билтен на настани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Повозрасен скопјанец бил нападнат од едно лице вчеравечер на подрачјето на Карпош. - На ...
17-годишник се здобил со сериозни повреди при пад од коњ во Карбинци. - На 15.06.2026 во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од село Почивало, општина Карбинци. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, соопштија ...
Додека Владата води разговори со десетина странски компании за инвестиции вредни до 300 милиони евра, една од најголемите веќе постоечки инвестиции во земјата со години чека разврска. Станува збор за проектот „Иловица-Штука“, чија вредност се проценува на повеќе од 340 милиони евра. Во услови кога ММФ препорачува фискална дисциплина и нови извори на приходи, се поставува прашањето дали Македонија може да си дозволи да држи во место ...
Remove Format Вчера во 16:55 часот на улица „Брегалница” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Б.(26) од Битола. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој се заканувал со остар предмет на неговиот сосед Г.Р.(45) затоа што го пријавил дека неговото куче го нападнало и повредило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Remove Format Вчера во 16:55 часот на ...
Двајца тетовци, од кои едниот на возраст од 74 години, се расправале во полициска станица во Тетово. Ќе се соочат со соодветни пријави. - На 15.06.2026 во 10:10 часот полициски службеници ги привеле М.И.(29) од село Ломница и К.М.(74) од село Дебреше затоа што во во полициската станица Гостивар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, информираа од СВР Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Двајца ...
Бебе оставено само на клупа во скопска Шутка. По извршен преглед на скопските клиники, било констатирано дека бебето е во добра состојба. - На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка ...
Малолетник возел мопед без дозвола притоа паднал на коловоз и завршил во болница. - На 15.06.2026 околу 23:10 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, 17-годишен малолетник од Тетово, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, малолетникот отишол во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, а подоцна поради управување на мопедот без возачка дозвола, информираа од полицијата. Тој лишен од слобода и во ...
Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид. Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот ...
Со цел подобрување на јавните простори и создавање покомфорна средина за сите жители, Општина Карпош изврши замена и санација на чешмите со питка вода. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Од Општината посочуваат дека во моментов, три локации веќе се активни и граѓаните можат повторно да ги користат: ТЦ Лептокарија, Плоштад Делфина во Влае и плоштадот во Бардовци. Исто така, ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со ...
Од Царинската управа денеска информираа дека мобилен царински тим спречил криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари. „Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин“, ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа и поддршка што Општина Аеродром им ја обезбедува на своите највозрасни сограѓани. Од Општина Аеродром нагласија дека пензионерите се важен дел од нивната заедница – генерации кои со својот труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров денеска информираше дека ООУ „Мирче Ацев“ ќе добие нова фитнес зона. Тој посочи дека во дворот на ООУ „Мирче Ацев“ ќе биде поставена нова современа фитнес зона на површина од 160 метри квадратни, со тартан подлога и 20 модерни елементи за калистеника. „Ова не е само ново спортско катче - ова е простор каде нашите ученици ќе вежбаат, ќе се дружат, ќе градат дисциплина, самодоверба и здрав дух. ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека Спортско-рекреативниот центар во Радишани (Горна зона) е во завршна фаза. „Првиот од трите нови спортски центри е во завршна фаза. Новиот спортско рекреативен центар кој се наоѓа во населеното место Радишани горна зона се протега на повеќе од 2.000 метри квадратни“, истакна Костовски. Спортско-рекреативниот центар ќе располага со следните содржини: Ново модерно фудбалско ...
Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. На годинешното издание на Balkans International ...
Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Куманово. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, посочија од таму. Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ј.(44) од ...
Организираме летен камп за учениците од средните училишта во Скопје. Ова лето, Охрид ќе биде место каде нашите средношколци ќе учат поинаку, ќе размислуваат послободно и ќе создаваат нови пријателства и искуства кои се паметат, сподели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Од 19 до 31 август, организираме летен наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта во Скопје. Знаењето е најголемата инвестиција во иднината, ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски сподели видео од состојбата во Скопје пред шест месеци - хаос, несобрано ѓубре, купови отпад... Денеска, според видеото и тврдењата на надлежните, се мијат улици и контејнери, се перат улици, редовно се собира отпадот. - Скопје беше град оставен на заборав - валкан, со запуштени простори, хаос во хигиената и проблеми што со години се туркаа под тепих. Денес, Скопје се менува. Се чисти, се ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. „ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување ...
Полицијата го пронајде и приведе осомничениот за опожарувањето на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје кое се случи вчера. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е задржан во полициска станица. При преземените дејствија била пронајдена и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Од МВР информираат дека во ...
Трагедија денеска на една струшка плажа. Младо момче кое било пронајдено починато, се удавило во водите на Охридското Езеро. - На 15.06.2026 година, во ОВР Струга е пријавено дека, на струшкото крајбрежје од водите Охридското езеро кај „Машка плажа”, било забележано безживотно машко тело кое веднаш, било пренесено во Општата болница во Струга. Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е ...
Денот носи нежна, инспиративна и романтична енергија. Photo by Artem Kovalev on Unsplash Тригонот помеѓу Венера во Лав и Нептун во Овен ја засилува емпатијата, креативноста и желбата да се поврземе со другите на подлабоко ниво. Луѓето денес полесно покажуваат разбирање, а искрената добрина може да отвори врати што силата не може. Ова е одличен ден за љубов, уметност, простување и разговори што доаѓаат од срце. Овен Вашата топлина и ...
Маж се приближува до двата автомобила, истура запалива течност врз нив и си заминува без да трча. Мажот што ги палеше двата дипломатски автомобила на бугарската амбасада во Скопјe не е вознемирен и со апсолутна смиреност го извршува инцидентот, додека полицијата не презема ништо – се наведува во описот на снимката која ја објави бугарската агенција БГНЕС. „Човекот се приближува до двата автомобила, ги истура со запалива течност и си ...