
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски сподели дека Општината овозможила бесплатно летување за најуспешните спортисти. „И оваа година, продолжуваме со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот. Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска ...
Череп и коски налик на човечки пронајдени во штипско. - На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано „Керезли“, атар на село Степанци, штипско, пронашол череп и коски слични на човечки. По насоки на Јавен обвинител пронајдените коски биле предадени во Институтот за судска медицина Скопје за понатамошно вештачење, соопштија од МВР. Извршен бил увид од увидна ...
Дали сте од оние личности кои често знаат да испешачат до врвот на Водно, или ако не до врвот барем до Средно Водно? Многумина кои се жители, но и оние кои доаѓаат од страна знаат често да се „поткачат“ за да го видат Скопје од повисоко - панорамски. Денес во Скопје од панорамските погледи може да се забележат високи згради и прилично урбанизирано Скопје, но како тоа изгледало во минатото? Во фејсбук групата „Stari Skopjani“ беше споделена ...
„Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред неколку дена, починала млада женка од врстата сијаманг – еден од најретките и заштитени видови на мајмуни во светот. Дополнително трагично е што се работи за бремена женка“, напиша Кирков на социјалните мрежи. Тој обвини дека директорот на Зоолошката, Попов, како и неговиот заменик Стаменов, молчат за случајот. „Истиот тој Стаменов кој закла коњи и против кого е поднесена кривична ...
„Со конкретни мерки и идеи вложуваме во подобрување на образовниот процес. За таа цел преку Министерството за образование и наука за следната учебна година 2025/2026 ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта“, велат од Владата. „За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна ...
Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се државната Фискална стратегија за 2026 – 2030 година , во второ читање, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност во 2024 година. Комисијата за одбрана и безбедност, пак, треба да расправа за Информацијата за потребата од склучување Амандман на договорот за ...
Оваа недела носи важни астролошки транзити кои ќе влијаат на сите знаци на Зодијакот. Photo by Kristina Paukshtite Марс во Девица ги поттикнува практичноста, организираноста и посветеноста на деталите, додека влегувањето на Сонцето во Рак ни носи енергија за внатрешна грижа, поврзување со семејството и емотивна стабилност. Квадратите со Сатурн и Нептун предупредуваат на можни конфузии и дилеми, па ова е време за трпеливост, искреност и ...
Оваа недела астролошките транзити носат предизвици за многумина, особено во однос на реални ограничувања и емотивна стабилност. Photo by Tobi Сепак, три знаци ќе ја искористат енергијата на Марс во Девица и Сонцето во Рак на најдобар можен начин, постигнувајќи важен напредок и внатрешен мир. Рак Со Сонцето во вашиот знак, ова е ваша сезона — време кога сте во центарот на вниманието. Енергијата ве повикува кон грижа за себе и блиските, а ...
Денеска со почеток од 20:30 часот, пред платото на Македонската опера и балет ќе биде одржана комеморација во чест на прерано починатиот Филип Аврамчев. Оваа вест на својот фејсбук профил ја споделија „Skopje Light Art District“ и порачаа дека Филип беше срцето на многу од нивните идеи и настани. „Со тивка упорност и јасна визија, знаеше како да создаде простор каде луѓето ќе се соберат, ќе се слушаат и ќе соработуваат. Овој настан е начин да ...
Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, што ја соопшти минатата недела државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно ...
Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во ...
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот. Според првичните информации земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија. На социјалната мрежа Youtube беше споделено видео кое е направено во Охрид, ...
Шестата по ред Парада на гордоста – Скопје Прајд 2025 ќе се одржи на 21 јуни под слоганот „Ќе (оп)стоиме заедно!“, најавија организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија на вчерашната прес-конференција. Како и претходно, собирањето ќе започне во 18:00 часот во паркот „Жена-борец“, додека протестниот марш ќе тргне еден час подоцна, но со нова рута која, како што велат организаторите, е и симболична и политичка. „Ова не е ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека во саботата во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари. „Откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.“, информираат од МВР. Се преземаат мерки ...
Министерот најави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови, па доби новинарско прашање дали би отишол во Кочани да види за да види каков кадар, опрема и терапија недостасува таму. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека деновиве, без камери, ќе оди во посета Кочани. Утре ќе се сретне со директорката на тамошната болница, а најави и средби со граѓани. Ваквата информација Алиу ја сподели откако претходно објави амбициозен ...
Само на два метри од деца и возрасни кои одмораа во паркот во Ѓорче Петров, вчера падна големо дрво, предизвикувајќи револт кај граѓаните кои веќе две години апелираат за редовно одржување на зелените површини. Според информациите споделени на фејсбук страната "Мое Ѓорче", инцидентот се случил во време кога во паркот престојувале околу 40 граѓани, меѓу кои и деца кои се играле во близина на местото каде што паднало дрвото. Граѓаните тврдат дека ...
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, Министерството апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави пилот-проект со кој ќе се ограничи движењето на возила во внатрешноста на Дебар Маало за време на викендите. Иницијативата веднаш привлече внимание кај јавноста – дел ја поздравија како чекор кон подобар квалитет на живот, додека други ја доведуваат во прашање нејзината изводливост и тајмингот, во пресрет на изборна година. „Овој пилот-проект ќе го доставиме до Град Скопје, а потоа и ...
Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци. – Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за ...
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот. Според албанската полиција, несреќата се случила на делницата Маќелари - Булќиза, кај месноста „Мостот Череница“, кога мотоциклот со скопски регистарски таблички, при непрописно претекнување изгубил контрола и се удрил во заштитниот ѕид. Тие прво биле ...
Ѕвездата на класичниот кросовер, извонредниот пејач и кантавтор Матео Бочели ќе одржи концерт вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија во Скопје. Настапот е дел од неговата нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights. Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко, славниот тенор Андреа Бочели во 2018 година, па сѐ до изведбата на обновената верзија на „Time To Say Goodbye“ со нова ...
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови. Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината ...
Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс. Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава. -На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен протестен марш што ќе започне пред Министерството за внатрешни работи! Кога едно убиство — најтежок ...
42-годишна жена е тешко повредена, а други две лица полесно во сообраќајна несреќа на регионалниот патот Кавадарци-Росоман. - На 13.06.2025 година во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот патот Кавадарци-Росоман, во близина на стопански објект се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (40) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ ...
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ организираше и спроведе превентивна акција во контекст на безбедното патување во летни услови. Притоа полициските службеници им укажуваа на патниците при влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и секако со оглед на високите дневни температури пожелно ...
Дали се сеќавате на весникот со забавна содржина „Екран“? Пред 15 години, овој магазин беше избор на многумина, со оглед дека тогаш Интернетот не беше толку достапен. Убави спомени будат страниците од некогашното списание, а ние за вас издвоивме неколку насловни на кои се најдоа токму големи имиња од македонската музичка сцена, но и манекенство. Андријана Јаневска Сања Николиќ Каролина, Тоше и Нокаут Ружица од „Ареа„ Групата XXL Блага ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за средба со бугарската страна, и дека веќе постои предлог-термин, за кој сè уште се чека потврда од официјална Софија. „Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес, се уште немам повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“, ...
Маж е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид. Вчера во 08.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од село Желино тетовско и патничко возило „форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(52) од село Биџево, ...